КАФЕ ПАУЗА

Tag: рекламна кампања

  • Најлудите руски рекламни спотови

    Најлудите руски рекламни спотови

    Знаеме дека Јапонците се светски лидери во креирање луди реклами, но добро котираат и Русите. Погледнете и уверете се: 🙂Најлудите руски рекламни спотовиrn

    1. Пеколна верверица

    rnЦелта на оваа кампања, спонзорирана од руската влада, е борба против алкохолизмот. Насловена е „Пеколната верверица“ (Адская белочка) или во преносна смисла на зборот „делириум од алкохолизам“.rn


    rn

    „Едно утро, бев во куса посета на пријател. Тој извика: ‘Blya, затвори ја вратата, ќе избегаат пајаците. Фати ги, ќе избегаат.’ И така скокавме од ѕид на ѕид, собирајќи пајаци. Не се смири, сè додека не ги собравме сите. И тогаш реков: ‘Ајде да одиме и да уловиме неколку kudyabliks (не е реален збор, во Русија можат да го разберат само пијаниците), ќе ги испржиме и ќе ги изедеме.’ И тој извика: ‘Сакам, јас сакам kudyabliks.’ И тогаш реков: ‘Кој е?’ …жена му стои таму… И тој рече: ‘Тоа е ѓаволот. Ќе го убијам и ќе празнуваме по тој повод.’ Од далеку, долго време, плови Реката Волга… Исправете се, доаѓа судијата. Се преплашивте? Доаѓам по вас…“

    rn

    2. Жирафата Скитлс

    rnРекламите за бонбоните „Скитлс“ се луди насекаде во светот. Па, зошто Русија би била исклучок? :)rn


    rn

    3. Ништо екстра…

    rnСекси танчерки во реклама за гуми. Уште еден доказ дека сексапилот продава.rn


    rn

    4. Злобна руска социјална сфера

    rnАко одлучите да му соопштите на мажот дека го напушатате додека сте во автомобил, а тој управува со него, не заборавајте да го ставите сигурносниот појас…rn

    rnЖената: Сакам да ти кажам веќе извесно време… Имам… Одлучив да те напуштам. Одлуката е конечна. Не постои ништо што би можел да направиш или кажеш во врска со тоа.rnrnИ не преправај се дека не знаеш заради кого те напуштам… Знаеше цело време дека имам афера со него… Само одбиваше да поверуваш… Другар од детството! Пораснавме заедно.rnrnЌе го земам детето. И како што знаеш, откако ќе станам разведена мајка, која треба да се грижи за мало дете, секој судија ќе ми го додели апартманот мене.rnrnКуќата на плажа, како што се сеќаваш е на мое име, така што, ќе ја задржам и неа. Сите потребни документи се подготвени.rnrnИ, тука е и автомобилот… Но, се надевам дека нема да си го бараш подарокот назад, нели?rnrnПа?!… Кажи нешто!… Не ти треба ништо?!rnrnМажот: Имам сè што ми треба.rnrnЖената: Навистина? И што е тоа, ако не ти пречи што прашувам?rnrnМажот: Сигурносниот појас.rnrnПорака: Не заборавајте да го прицврстите сигурносниот појас. :)rn
    rn

    5. Колбас

    rnОва е последната и најморбидна реклама на оваа куса листа…rn


    rn

    „Еднаш ќе се сретнеме сигурно. Ќе се вљубиш во мене на прв поглед. И, се разбира, од тој момент ќе бидеме заедно. Ќе ме допираш со твоите елегантни прсти и ќе се споиме заедно во кохерентна целина. Ти, толку убава и модерна, а јас… колбас од Империјата од месо.“

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Самозадоволување со новата кампања на Плејбој

    Самозадоволување со новата кампања на Плејбој

    Печатените медиуми полека умираат, па нивните маркетинг кампањи мора да стануваат многу покреативни и поактрактивни за да ги натераат луѓето повторно да читаат од хартија.rnrnРекламната агенција „Neogama BBH“ од Сао Паоло, Бразил, за американскиот Плејбој смислила уникатен начин да ја прикаже убавината на женското тело и воедно да ги врати своите „читатели“ на уживањето насамо со нивните страници. На наивен, но сепак провокативен начин, преку цртежи на машки раце, и самото име на кампањата „Pleasure in your hands“ упатува токму на очигледното…Самозадоволување со новата кампања на ПлејбојСамозадоволување со новата кампања на ПлејбојСамозадоволување со новата кампања на ПлејбојСамозадоволување со новата кампања на ПлејбојСамозадоволување со новата кампања на Плејбој
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој стои зад популарното смајли?

    Кој стои зад популарното смајли?

    Ова жолто, среќно лице попознато како смајли, секој од нас барем еднаш во денот го споделува со пријателите од другата страна на компјутерот, на крајот од некоја шега, после некоја позитивна мисла или забелешка. Не постои човек кој не го познава г-динот Смајли, но ретки се оние кои знаат дека ова насмевнато лице има свој автор. За првпат го нацртал американскиот уметник Харви Бел (Harvey Ball)…rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnВо почетокот на 60-тите години, во Америка стартувал процес на спојување на големите осигурителни компании. Тој се одвивал бавно и болно, и започнал да влијае негативно на осигурениците. Со други зборови, несигурноста за иднината ги направила расеани и тажни. Такво било расположението и во државната осигурителна компанија.rnrnПретставниците на „State Mutual Life Assuracne Cos. оf America“, одлучиле да го подигнат духот на своите соработници и да ги натераат да се насмевнуваат секогаш кога се сретнуваат со некој клиент, кога ја креваат телефонската слушалка или работат со документи. За да ја постигнат својата цел, тие дошле до идеја да спроведат необична рекламна кампања. Сфатиле дека имаат потреба од јасен симбол, кој лесно ќе се запомни, па затоа во декември 1963 година, се обратиле до уметникот и графичар Харви Бел и од него побарале да креира лого за кампањата. Така настанало среќното жолто лице.rnrnПодоцна Харви признал дека работата ја завршил за не повеќе од 10 минути. За трудот му платиле 45 долари и тоа е целата сума која некогаш ја добил за логото. Тој дури и не побарал да го регистрираат како трговска марка, ниту пак ги заштитил авторските права. Според зборовите на неговиот син Чарлс Бел, тој никогаш не зажалил за тоа. На оваа тема, Харви обично велел:rn

    Сепак, јас можам да јадам само еден бифтек и не можам да возам истовремено неколку автомобили.“

    rnВо 1971-та, францускиот претприемач Френклин Лоуфрани ја искористил ситуацијата, го регистрирал симболот како трговска марка во повеќе од 80 земји и го нарекол смајли. Лоуфрани тврдел дека токму тој го измислил насмеаното лице, во 1968 година во Париз. Тој ја основал корпорацијата „Smiley licensing“ и за неколку години заработил огромно богатство низ целиот свет, многу јасно заобиколувајќи ја Америка. Харви никогаш не го тужел Лоуфрани, но се појавиле и други „креатори“ коишто тврделе дека токму тие го дизајнирале насмеаното лице.rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnНасмевката за кусо време станала хит, се појавила врз картички, маици, капи…, со други зборови на сè што можело да се продаде. Кон крајот на 1972 година, биле произведени над 50 милиони смајли беџови. Никој во тоа време и не помислувал на некакви авторски права. Поштенските служби на САД отпечатиле дури и марка со насмевнатото лице на Харви. На крајот на краиштата, уморен од сето тоа, Харви одлучил да патентира нова верзија на насмевката, на која ги ставил и своите иницијали. Тој со воодушевување раскажувал за својот пронајдок.rn

    Никогаш во историјата на човештвото и на уметноста не е создадено нешто кое е толку широко распространето, и кое носи среќа, радост и задоволство. Нема ништо друго кое е толку едноставно, а кое станало поим за сите, велел Харви.

    rnНо, како и за сè друго, некои фрлаат сомнеж и врз оваа, засега најприфатена историја на смајлито. Бернард Спајн тврди дека фирмата „Sunkist“ уште во 30-тите години ги рекламирала своите портокали со овој симбол, дека цртала смешни усни врз овошјето, а дека слични насмеани човечиња се забележани и во детската книга „Мanners can be fun“ на Munro Leaf`s, издадена во 1936 година.  Но, таа црно-бела далечна сличност, тешко може да се спореди со делото на Харви.rnrnПо извесно време, Харви конечно ја определил својата мисија на земјата. Тој се видел себеси како амбасадор на среќата и го измислил Меѓународниот ден на насмевката (World smile day). Сметал дека треба да постои ден посветен на доброто расположение и на добрите дела, кој ќе се одржува под слоганот „Направи добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“rnrnКој стои зад популарното смајли?rnrnХарви очигледно бил еден среќен човек. Неговите деца тврдат дека тој никогаш не почувствувал злоба и омраза кон оние кои незаконски располагале со неговото дело, заработувајќи милиони. Починал на 12 април, во 2001 година, на 79 годишна возраст.rnrnДенес неговиот син Чарлс ја предводи корпорацијата и внимателно следи кој и како го користи брендот на неговиот татко.rn

    Нашата мисија е да создаваме, продаваме и лиценцираме сè што го носи брендот „Harvey Ball signature smiley“. Потписот на Харви Бел гарантира дека производот е оригинален, објаснува Чарлс.

    rnНо, она што всушност е важно, е дека целата добивка по исплатата на даноците оди за добротворни цели.rn

    Ние им помагаме на децата во целиот свет. Ниту една друга корпорација која ги користи насмеаните лица не го прави тоа, додава тој.

    rnГодинава, на 7 октомври „Меѓународниот ден на насмевката“ ќе се прославува по 14-ти пат. И како и секогаш, повикот до сите луѓе ќе биде: „Направи нешто добро. Помогни му барем на еден човек да се насмевне.“ Традиционално, на овој ден, насекаде ќе грее жолтото насмеано лице, насликано од Харви.rnrnКој стои зад популарното смајли?

  • Џиновски предмети од секојдневниот живот

    Џиновски предмети од секојдневниот живот

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледале некои предмети што постојано ги користиме, но во многу поголем размер? Ви ја претставуваме колекцијата на џиновски предмети од целиот свет.rn

    Џиновски LEGO човек

    rn

    Овој предмет висок 8 метри се наоѓа во холандското одмаралиште Zandvoort.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска лажица

    rn

    Оваа креативна џиновска лажица со цреша на врвот се наоѓа во парк во Минеаполис.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска фудбалска топка

    rn

    Најк имаат многу креативни идеи за рекламирање. Оваа топка е една од нив.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновски авион од хартија

    rn

    Компанија во Сиетл, Америка го има овој хартиен авион над нивната влезна врата.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновски играчки

    rn

    Овие големи плишани мечиња се дело на холандскиот артист Florentijn Hofman.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска туба млеко

    rn

    Овој бокал млеко е стациониран на метродромот во центарот на Минеаполис, Минесота.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска сијалица

    rn

    Направена од полиетилен, оваа уникатна ламба е во форма на огромна сијалица.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска шопинг-торба

    rn

    Оваа торба е дел од изложбата „Unstern. Sinistre. Disastro“ во Германија.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновско сечило

    rn

    Создавањето на ова сечило е дело на компанијата BIC како дел од својата рекламна кампања.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска цигара

    rn

    Работниците од комуналната хигиена во Лондон инсталираа огромен опушок од цигара со цел да се зголеми свеста кај граѓаните, да не ги фрлаат цигарите на улиците бидејќи зафаќаат 78% од целосниот отпадок во Лондон.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновски чевел

    rn

    Ова е една креативна рекламна кампања на Woodland Shoes.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска шолја за кафе

    rn

    Шолја за многу кафе, за луѓето кои не можат да се расонат наутро…Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска гума

    rn

    TITAN гумата за трактор се наоѓа на саемот за автомобили SEMA 2008.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновска виљушка

    rn

    Металната скулптура на виљушка изникнува од Лак Леман пред Алиментариум Музејот во Вевеј, Швaјцарија.Џиновски предмети од секојдневниот живот

    rnrn

    Џиновски пржени јајца

    rnНеколку големи пржени јајца биле распоредени по улиците на Леуварден, Холандија од страна на Henk Hofstra како дел од изложбата „Art Eggcident“.џиновски предмети од секојдневниот животrn

    Џиновски предмети за на плажа

    rnСе наоѓаат во пределот Римини.џиновски предмети од секојдневниот животrn

    Џиновска корпа за пикник

    rnОваа креативна зграда во форма на корпа за пикник се наоѓа во Њуварк, Охајо.џиновски предмети од секојдневниот живот