КАФЕ ПАУЗА

Tag: регион

  • Дали ова е најубавиот регион во Италија?

    Дали ова е најубавиот регион во Италија?

    Од прекрасните градби во Милано, до прекрасната и бујна долина Вале Камоника, тројца жители на Ломбардија ги издвоија убавините на нивниот регион од Северна Италија.rnrnАко се подготвувате да патувате во Ломбардија кога ќе ви дозволат можностите за патување, еве неколку или повеќе корисни совети затоа што често е најдобро да научите слушајќи ги локалните жители.rnrnДали ова е најубавиот регион во Италија?rnrnЕмилија Антонија Де Виво е архитект и живее во Милано осум години, а таму се преселила од друга метропола – Лондон. Мисли дека ова е единствениот италијански град во кој живеете во меѓународен ритам, а во исто време се овозможени сите одлични работи што Италија ги нуди. Вистинската револуција тука започнала во 2015 година, со одржување на саемот ЕКСПО, и оттогаш ИТ-индустријата постојано се развива. Сè е подобрено, од транспорт до реконструкција на населби како Порта Гарибалди и Тортона. Таа обожава да посетува места познати по својот стил, дизајн и модерна архитектура. Смета дека одењето во новиот универзитетски кампус и ручекот во ресторанот „Потафиори“ е идеален ден.rnrnЕлио Уберти е уметник кој цел живот бил во провинцијата Бреша, која е голема, многу тесна, но долга и се протега од долината на реката По, сè до планините. Се граничи со езерото Гарда, но и со езерото Исео. Исто така, покраината вклучува дел од Францијакорт каде што 140 лозја произведуваат пенливо вино, што според него, слободно може да се спореди со француското. Тој го обожава езерото Гарда. Вели дека постојат места како Сирмиона, каде што можете да се опуштите во римска вила со термални базени. Долината Вале Камоника е една од најдолгите алпски долини во Европа. Купил мала куќа во близина на селото Вестоне, северно од градот Бреша затоа што отсекогаш сакал да има свое катче овде.rnrnАлесандро Занони е графички дизајнер и фотограф кој живеел цел живот во Ломбардија: Мантова, Милано, Кремона, но и во мали градови во долината на реката По. Му се допаѓа пејзажот, рамен, со дрвја на брегот, топли лета и влажни и магливи зими. Тоа е меланхолично, па не е ни чудо што Антониони и Бертолучи, познати италијански режисери, го поминале времето тука. Исто така, тој го сака регионот поради уметноста. Семејството Гонзага, кое владееше со Мантуа, ги донесе најголемите таленти на ренесансата да создаваат во градот. Дури и денес, фокусот е ставен на храната, па дури и во селата „живеат“ познати ресторани како Траторија Де Алба во Пјадена, неговиот роден град. Ако можете да си го дозволите тоа, Дал Пескаторе во Кањето сол’Оглио е еден од единаесетте италијански ресторани кои можат да се пофалат со три Мишелин ѕвезди.rnrnДали ова е најубавиот регион во Италија?rnrnДали ова е најубавиот регион во Италија?rnrnДали ова е најубавиот регион во Италија?rnrnДали ова е најубавиот регион во Италија?rnrnПрочитајте за ова место во Индија кое изненадува со своето шаренило, но и со една необична приказна.

  • Каде се произведува најскапото вино во светот?

    Каде се произведува најскапото вино во светот?

    Иако првите асоцијации за квалитетно вино се Италија и Франција, во потрага по една од светските престолнини на вино, не мора да одите далеку – доволно е да ја посетите Унгарија, во која има дури 22 развиени вински региони. Регионот Токај е првиот затворен регион за вино во светот (регистриран уште во 1737 година), но од 2019 година може да се пофали дека е дом на веројатно најскапото вино во светот. Имено, едно шише вино „Royal Tokaji Essencia“ чини неверојатни 35.000 евра.rnrnКаде се произведува најскапото вино во светот?rnrnАко се прашувате што е толку посебно во ова вино, одговорот е – сè. Како прво, потекнува од регион познат по своите вина кои се служеле на дворовите на Петар Велики и Луј XIV и го задоволиле бараниот вкус на големиот Бетовен. Потоа, 2008 година била особено погодна за производство на вино.rnrnДолгото суво лето придонело квалитетното грозје Азу да стане уште подобро. Ферментацијата на најскапото вино на светот трае меѓу шест и осум години, а секое зрно од двесте килограми грозје, колку што е потребно за едно шише вино, се бере рачно. Сложеноста на процесот е само половина од цената, а другата половина е фактот дека има нешто помалку од 3.000 шишиња „Royal Tokaji Essencia“ ширум светот.rnrnКаде се произведува најскапото вино во светот?rnrnНо, и оние со поплиток џеб можат да си го дозволат ова вино. За „само“ 120 евра, можно е да се купи една лажица од овој пијалак! Ако навистина сакате да го доживеете ова кралско задоволство во кралски амбиент, во хотелот „Four Seasons Gresham Palace“ во Будимпешта, во новоотворениот бар „Múzsa“ е сместена највредната колекција на оваа сорта грозје, па можете да нарачате шише вино за неверојатни 80.000 евра.rnrnПоради својата важност, во 2002 година УНЕСКО го прогласи целиот вински регион Токај за светско наследство. Оваа област сè уште има уникатни карактеристики на културната традиција и сведочи за вековната лозарија што се развива и што произведува вкусни бели вина.rnrnПогледнете кои се најчудните куќи во светот што можете да ги изнајмите, но не се евтини.

  • Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регион

    Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регион

    Италијанската кулинарска традиција носи безброј традиционални варијанти на пицата кои се разликуваат од регион во регион. Патеписецот Алисон Бинг ја пренесува нивната историја и разликите кои ги носи секој крај од Италија.rn
    rn

    Пицата во Рим

    rnПредокот на денешната римска пица е т.н. офа, густо тесто кое се прави со повеќе брашно и вода така што може многу да се развлече без да се раскине. На него можат да му се додаваат било какви состојки, а ќе биде доволно вкусно и само со маслиново масло, рузмарин и сол. Денес, кога римјаните можат да користат разни состојки донесени од други континенти, препознатлив белег на Рим е пицата капричиоза.Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регионrn

    Лигуриска пица

    rnВо периодот пред Колумбо да ја открие Америка и да ги донесе во Европа доматите и компирите, во Лигурија, областа околу Џенова, била особено популарна пица д‘Андреа или пица Џеновезе. Тоа било тесто покриено со мали црни маслинки, кромид, мали рипчиња и сол. Дури и денеска во Лигурија секаде може да се најде овој стар традиционален рецепт.Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регионrn

    Неаполска пица

    rnКонечниот рецепт на пицата е создаден во Неапол кога во 1889 година генералот Рафаеле Еспозито направил пица со боите на италијанското знаме. На тестото ставил домати, сирење и босилек, со што ја направил пицата маргерита. Од неа наполитанците ја развиле пицата наполитана, која всушност е маргерита на која ѝ се додадени моцарела сирење направено од млеко од бивол и мали домати Сан Марзано. Покрај овие, неаполците имаат уште многу рецепти за пица. Еден од најпознатите е оној за пица ала пескатора, на која врз лутиот доматен сос и лукот ѝ се додаваат морски плодови.Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регионrn

    Пицата во Милано

    rnМилано ја создал последната варијација на италијанската пица. Според Алисон Бинг до тоа довела внимателноста на фашонистите да не ја извалкаат својата скапа облека. За нив, Миланските готвачи ја направиле малата панцерота, на која ѝ претходела неаполската преклопена пица калцоне.Варијанти на традиционалната италијанска пица од регион во регион
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат

    Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат

    Серијата фотографии „Вахан, другата страна на Авганистан“ на француските фотографи Fabrice Nadjari и Cedric Houin на фасцинантен начин ги портретира жителите на изолираниот авганистански регион Вахан, во ситуација кога тие за првпат во животот се среќаваат со фотоапарат.Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратВоодушевени од земјата, Фабрис и Седрик сакале на светот да му го прикажат овој ретко посетуван регион лоциран близу границата со Таџикистан, Пакистан и Кина. Портретите се направени така што ги сликале помалку срамежливите селани додека во рацете држеле сопствени фотографии кои претходно биле направени со Полароид.Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратВахан е толку изолиран што на ниту еден начин не се чувствува дека во земјата владее војна. Фотографиите се направени токму со цел да го урнат стереотипот кој Авганистан го поврзува само со Талибанците, тероризмот и со убивањето.Фотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапаратФотографии од Авганистанци кои никогаш не виделе фотоапарат
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.