КАФЕ ПАУЗА

Tag: реални

  • Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

    Мудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркер

    Една од најпознатите американски поетеси, писатели, критичари и сатиристи, Дороти Паркер, останува запаметена како жена која нема влакна на јазикот. Неверојатно умешна во давањето иронични критики, нејзините зборови се реални и напати груби, но секогаш мудри и поучни.rnrnМудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркерrnrn rn

    „Убавината е плитка, но грдотијата е длабока до коска.“

    rn

    „Ако сакате да знаете што мисли Бог за парите, само погледнете ги луѓето на кои им ги дал.“

    rn

    „Наутро прво си ги мијам забите и си го острам јазикот.“

    rn

    „Хетеросексуалноста не е нормална, но е вообичаена.“

    rn

    „Кај маж гледам три нешта: тој мора да биде згоден, безмилосен и глупав.“

    rn

    „Постојаната употреба не ја излити ткаенината на нивното пријателство.“

    rn

    „Никогаш ништо нема да постигнам. Тоа ми е совршено јасно. Никогаш нема да бидам позната. Моето име никогаш нема со големи букви да биде запишано на списокот на оние кои ги остваруваат работите. Јас не правам ништо. Ниту едно единствено нешто. Едно време си ги гризев ноктите, сега веќе ни тоа не го правам.“

    rn

    „Постои огромна разлика меѓу паметното зборување и мудроста. Мудроста има вистина во себе, а паметното зборување се само добро осмислени зборови.“

    rnМудри и сурово-реални цитати на неповторливата Дороти Паркерrnrn rn

    „Не ми е грижа што пишуваат за мене, сè додека тоа не е вистина.“

    rn

    „Има четири нешта без кои би била подобра: љубов, љубопитност, пеги и сомнеж.“

    rn

    „Би сакала да имам пари. Исто, би сакала да бидам добра писателка. Овие две нешта може да одат заедно, и се надевам дека ќе биде така, но ако тоа едноставно е премногу, тогаш повеќе би сакала да имам пари.“

    rn

    „Жените и слоновите никогаш не забораваат.“

    rn

    „Јас не сум писателка која има проблеми со пиењето, јас сум алкохоличарка со проблеми со пишувањето.“

    rn

    „Секако дека си зборувам самата со себе. Сакам добри говорници и ценам интелигентна публика.“

    rn

    „Сосема сум во ред. Не сум ни исплашена. Знаете, научив дека постои само едно нешто пострашно од осаменоста, а тоа е стравот од неа.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси

    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси

    „Ти не си Бенкси“ е досега нејнеобичната „репродукција“ на делата на мистериозниот цртач на графити, зад која стои британскиот фотограф Ник Стерн. Тој користејќи вистински предмети и луѓе како модели, направил реални верзии на најпознатите дела на Бенкси. Деталите во неговите фотографии во кои „оживува“ уметноста на талентираниот стрит артист, се речиси идентични со оригиналите. Овие исклучително креативни дела на Стерн за кусо време станаа ултрапопуларни на интернет.rnrn

    Оживеаја мистериозните графити на Бенкси
    Бес
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Слугинка во Лондон
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    ББ

    rn

    „Отсекогаш ме интригирала работата на Бенкси и помислив дека ќе биде фасцинантно да се обидам да направам фотографии преку кои на поинаков начин ќе ги прикажам неговите најпознати графити. Изненаден сум и поласкан што на толку многу луѓе им се допадна идејата“, вели британскиот фотограф.

    rn

    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Мир
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Пештерски човек
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Гол човек
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Девојче и војник
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Гвантанамо
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Мајка и син
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Гушкач на бомба
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Мона Лиза со базука
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Дете војник
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Полицаец-шмркач
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Што?
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Потрошувачот Исус
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Куче
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Стражар
    rnrn
    Оживеаја графитите на мистериозниот Бенкси
    Полицајци што се бакнуваат

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатно реалистични интерактивни илустрации

    Неверојатно реалистични интерактивни илустрации

    Овие илустрации, направени од колумбискиот уметник Цезар Дел Вале се навистина неверојатни. Тој црта карактери кои интерактивно кореспондираат со материјалот и просторот во кој се нацртани. Тие се потпираат на ѕидови, одржуваат баланс, ја држат хартијата на своите плеќи…Неверојатно реалистични интерактивни илустрацииВрвно изработените илустрации направени со големо влијание многу лесно можат да се помешаат со фотографии. На прв поглед ќе си помислите дека луѓето се со вас во просторијата.Неверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрацииНеверојатно реалистични интерактивни илустрации
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 16 универзални закони

    16 универзални закони

    Автор: Вера МартиноскаrnrnМожеби не ги паметите наизуст Њутновите закони, но овие закони сигурно ќе ве потсетат на одредени ситуации во кои сте се нашле, а сте посакале да не е така. Сурови и на моменти драконски, ова се дел од универзалните закони. Добро е да знаете дека не сте единствените на кои им ѕвони телефонот додека се во бањата и дека космосот ги има однапред регулирано овие работи за вас, така што не треба да се грижите. Слободно може да се опуштите, но сепак внимавајте на законот на веројатноста.rnrn16 универзални закониrnrn1. Закон на механичко поправање – Откако сте ги извалкале вашите раце со масло, носот ќе почне да ве чеша и ќе ви се оди во тоалет.rnrn2. Закон на гравитацијата – Секоја алатка, завртка, навртка, клинец, кога ќе ви падне, ќе се истркала до најнепристапниот ќош.rnrn3. Закон на веројатноста – Веројатноста дека некој ве гледа е правопропорционална со глупавоста на тоа што во моментот го правите.rnrn4. Закон на случајните броеви – Ако свртите погрешен број, никогаш не е зафатено и секогаш некој одговара.rnrn5. Закон на алибито – Доколку му кажете на шефот дека доцните на работа затоа што ви се дупнала гумата, веќе следното утро навистина ќе ви се дупне гумата.rnrn6. Закон на варијацијата – Ако го смените редот во кој чекате (лента во сообраќај, на  каса во супермаркет или на шалтер во банка), редот којшто сте го напуштиле секогаш ќе се движи побргу од оној во кој сте сега (секогаш!).rnrn7. Закон на бања – Кога целосно ќе се потопите со вода, ѕвони телефонот.rnrn8. Закон на блиските средби – Веројатноста да сретнете некој познаник, драматично се зголемува кога сте со некого со кој не сакате да бидете видени.rnrn9. Закон на резултатот – Кога сакате да му докажете некому дека одредена машина не работи, таа проработува.rnrn10. Закон на биомеханиката – Интензитетот со кој некое место ве чеша е обратнопропорционален со достапноста на тоа место.rnrn16 универзални закониrnrn11. Закон на театарот и стадионот – На секој настан, луѓето чии седишта се најдалеку од коридорот пристигнуваат последни и тие неколку пати ќе станат за да си земат храна, пиво или да одат во тоалет и ќе си заминат порано, пред крајот на претставата или натпреварот. Додека пак, оние кои седат покрај коридорот доаѓаат навреме, никогаш не стануваат, имаат долги нозе или големи стомаци и остануваат до самиот крај на изведбата, а можеби и повеќе. Овие луѓе се најчесто и груби.rnrn12. Закон на кафето – Штом ќе седнете да си испиете едно топло кафе, вашиот шеф ќе ви рече да направите нешто што ќе трае толку долго, колку што ќе му треба на кафето да се олади.rnrn13. Марфиев закон на шкафчињата – Ако има само двајца во соблекувалната, ќе имаат шкафчиња кои се наоѓаат едно до друго.rnrn14. Закон на логичниот аргумент – Сè е можно, ако не знаете за што зборувате.rnrn15. Вилсоновиот закон на комерцијалната маркетинг стратегија – Штом најдете производ што навистина ви се допаѓа, ќе престанат да го произведуваат.rnrn16. Закон на докторот – Ако не се чувствувате добро, додека да стигнете на доктор, веќе ќе се чувствувате подобро.rnrnВо колку од овие закони се пронајдовте? Имате ли некои амандмани на горенаведените закони?  Или можеби ќе споделите некој ваш, а сепак универзален закон?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.