КАФЕ ПАУЗА

Tag: размена

  • Правила за комуникација: Претворете ја караницата во размена на мислења!

    Правила за комуникација: Претворете ја караницата во размена на мислења!

    Понекогаш караницата, вистинската бесна караница, со викање, наредби и поставување ултиматуми е единствен начин за да ги канализираме бесот и фрустрацијата, кои сме дозволиле да се насоберат. Но, тоа е само понекогаш. Глупаво е да дозволиме постојано да бидеме толку бесни, да не умееме поразлично да се расправаме и да се соочуваме со ставовите, да изнесуваме барање и да бараме внимание, освен со викање и драма. Некои луѓе веднаш се расправаат, а некои веднаш се навредуваат и ја прекинуваат комуникацијата – механизам на самоодбрана, но многу деструктивен. Сè уште никој на овој начин не успеал навистина да го реши проблемот или пак донел некоја важна одлука. Затоа, за добар однос, партнерски, работен, родителски, пријателски, треба што е можно повеќе да се придржуваме до златните правила на комуникацијата, да разменуваме мислења и да ги согледуваме можните решенија, па дури и да ја разгледаме опцијата дека нечиј став, кој воопшто не ни се допаѓа, можеби е исправен и треба да го прифатиме. Кога на овој начин ќе го промениме нашето мислење, не сме лабилни, туку сме стекнале увид.rnrn1-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Прилагодете го тонот

    rnПовишувањето на тонот не е опција. Размислувајте за својот глас како за музички инструмент кој треба да се вклопи или јасно да се усклади со композицијата чија импровизација следи. Создавајте музика која не е напорна за слушање.rn

    2. Критикувајте педагошки

    rnАко сте во позиција да упатите критика, немојте тоа да го правите со осуда. Кажете дека не сте задоволни со резултатот, дека тоа не ви се допаѓа и дека мислите дека таа личност може подобро. Прашајте ја личноста дали ги увидува недостатоците на кои укажувате, подобро отколку да ја терате да ви објасни зошто го направила тоа – ќе ја заобиколите потребата за предавање и ќе ја свртите критиката во правец кон барање на подобро решение или поправање на последиците од лошото решение.rn

    3. Сетете се дека не влегувате во битка во која морате да победите

    rnКажете си го тоа себеси, потсетете се. Ако енергијата од караницата започнува да ве вовлекува, вдишете длабоко, издишете и кажете си дека ова не е борба до победа, туку прилика за проблемот да се реши. Можеби другата страна е дефанзивна, бидејќи има проблем за кој не зборува, во нешто што можете да ѝ помогнете. Потребно е да ги разберете мотивите на другата личност, за да остварите комуникација, а кога ќе се појави разбирање, бесот се намалува и исчезнува. Онолку колку што караницата е борба, толку е и комуникацијата разоружување.rn

    4. Барајте ја заедничката вистина

    rnВистината е субјективна и ако секој се држи до својата точка на гледиште, ќе останеме на скарани страни, докажувајќи дека сме во право. Не е важно кој е во право, бидејќи најверојатно секој од својата позиција до некаде е. Важно е што е вистина за нас и за оној другиот и откако ќе сфатиме дека тоа се 2 различни вистини, најважно е да побараме некоја со кој ќе се сложиме, која ќе важи за двата наши различни системи на вредности – а човечките односи изобилуваат со такви вистини, наспроти сите поделби на кои подлегнуваме.rnrn2-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_rn

    5. Зборуваме со различен јазик

    rnНие се служиме со различни зборови за нешто да изговориме, опишеме, објасниме, и често се случува некој да не нè разбере баш тогаш кога сме се обиделе да бидеме совршено прецизни. Зборувајте во свое име (јас чувствувам, јас мислам, мене ме прави), барајте повратна информација од соговорникот, дали тој ве разбрал и барајте објаснување секој пат кога нешто не ви е јасно. Немојте да мислите дека изговореното мора да подразбира исто значење како во вашиот речник.rn

    6. Препознајте ја проекцијата

    rnНие ги стартуваме нашите чувства, мисли и осуетените стремежи на соговорникот и тој ги проектира на нас. Научете да ги препознавате тие проекции и да не дозволите да влијаат на вас во текот на комуникацијата.rn

    7. Препуштете ја на својата агресија личноста која е агресивна

    rnКога комуницирате со агресивна личност, не смеете да ја преземете целата одговорност за комуникацијата, само затоа што таа не е способна за мирен разговор. Ваше е да го дадете својот дел за ненасилна комуникација (мирен тон, пристап без осудување, потрага по заедничката вистина и конструктивни решенија, јасно изнесување на мислење и предлози) и да го препознаете моментот кога треба да излезете од комуникацијата и да го затворите каналот за разбирање и внимание кон агресивната личност.rnrn3-pravila-za-komunikacija-pretvorete-ja-karanicata-vo-razmena-na-mislenja-www.kafepauza.mk_rn

    8. Свртете се кон личноста со која разговарате

    rnОва е енергетска техника, за која не ви е потребен никаков зен, само будно внимание и фокус. Сè што изговарате упатете го право кон суштината на таа личност, во нејзината душа, во нејзината личност, бидејќи на тоа ниво нема погрешни сфаќања. Обраќајте се на соговорникот како да е рамен на вас, создавајќи атмосфера на комуникација на две зрели, свесни личности во потрага за конструктивни решенија.rn

    9. Завршете го разговорот на пријатен начин

    rnКажете дека ви е драго што сте поразговарале, заблагодарете се на времето и трпението, изразете надеж дека повторно ќе се видите или нешто слично на тоа, примерно за ситуацијата, возраста и положбата на личноста со која го завршувате разговорот.

  • Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

    Едно пени – доволен почетен капитал за бизнис

    На почетокот од оваа година Англичанецот Лук Сеил од Брингтон решил да провери за што сè може да ја замени својата стара паричка од едно пени изработена во 1987 година. Тој се надева дека за една година ќе добие нешто оригинално за својот почетен капитал од едно пени. Проектот го нарекол „1 пени“.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисСвојата паричка тој најпрво ја заменил за три златни рипки, но не планирал да ги задржи, па преку интернет набргу ги сменил за стара гитара.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисЗа гитарата Лук добил неколку понуди, но неговиот избор бил велосипед. Велосипедот бил во добра состојба и му требало само мало дотерување за да изгледа како нов. Во тоа му помогнал неговиот пријател Хари, па размената можела да продолжи. Понудите кои ги добивал, не му изгледале особено привлечни и кога веќе почнал да го губи трпението, му биле понудени 50 фунти за велосипедот. Секако таа понуда ја прифатил.rnrnИако бил задоволен од последната размена, не му било цел да ги задржи парите. Но, што може да се купи за 50 фунти? На интернет му нуделе разни нешта, како кревет, телевизор, флејта, принтер, па и стар Форд фиеста, но најинтересна понуда стигнала од Бугарија.rnrnИдејата на Лук многу му се допаднала на господин Пол Холман од Бугарија, па затоа тој решил да му продаде 10 метри квадратни земја, во близина на брегот на Црно море, за неговите 50 фунти. Тој му кажал дека со неа може да прави што сака. Може да гради на неа, да кампува, да одгледува нешто или да ја продаде.Едно пени - доволен почетен капитал за бизнисИако Лук не знаел ништо за Бугарија, тоа сепак, било понуда што не можел да ја одбие, па сега е сопственик на прекрасно мало парче земја.rnrnКојзнае, можеби ентузијазмот, авантуристичкиот дух, позитивната енергија, креативноста и оригиналноста која ја поседува овој човек, ќе му помогне да создаде од ништо – многу.rnrn