КАФЕ ПАУЗА

Tag: расказ

  • Краток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“ (Black Mirror)

    Краток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“ (Black Mirror)

    Можеби не сте чуле за писателот Фредрик Браун, но најверојатно сте прочитале нешто од него. Сигурно сте ги прочитале барем делата на Даглас Адамс и Стивен Кинг кои тврдат дека Браун извршил најголемо влијание на нивниот стил на пишување. Можеби сте виделе делови од работата на Браун во филмовите на Гилермо дел Торо или сте го чуле Стивен Хокинг како го цитира овој помалку познат писател.rnrnКраток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“rnrnФредрик Браун има оставено голем белег на фантазијата, научната фантастика, па дури и на самата наука, но многу е тешко да се дојде до неговите книги и раскази. Тој почнал да пишува во 30-тите и поголемиот дел од неговите стотици раскази биле објавени во списанија за научна фантастика. Освен тоа, неговите раскази биле навистина многу кратки. Тие зафаќале помалку од една страна. Браун бил експерт за кратки раскази, уште пред да станат популарни кратките форми на пишување, како што е „микро-расказ“.rnrnБрилијантните бизарни кратки приказни на Браун ги поставиле темелите за ТВ сериите од типот на „Зона на самракот“ (The Twilight Zone) и „Црно огледало“ (Black Mirror). Фредрик Браун пишувал неверојатни научно фантастични раскази со необични пресврти уште пред да станеме опседнати со технологијата и со тоа дали некој ги прислушува нашите разговори или нѐ набљудува преку камерата на лаптопот.rnrnКако за почеток, прочитајте ја неговата најкратка научно фантастична приказна, напишана во 1948 година. Верувале или не, таа е само 2 реченици долга.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Последниот човек на Земјата седеше сам во една соба. Некој чукна на вратата…[/message_box]rnrnБраун го проширил овој драматичен крај на неколку страници и го напишал краткиот расказ „Чук“ (Knock), каде што се открива дека личноста која чукнала на вратата била последната жена на Земјата.rnrnКраток расказ од 1950-та година кој ја надминува бизарноста на епизодите од „Црно огледало“rnrnУште пострашна е неговата кратка приказна „Одговор“ (Answer) која иако била напишана во 1954 година, многу лесно би можела да се вклопи во следната сезона на ТВ серијата „Црно огледало“. Таа започнува вака:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Дван Ев церемонијално ја залеми последната врска со златото. Очите на дузина телевизиски камери го гледаа и подетерот пренесе дузина фотографии од она што го правеше низ целиот универзум. [/message_box]rnrnКако што можете да забележите, Дван Ев привршува некаков суперкомпјутер од галактички размери. Станува збор за единствена мрежа на вештачка интелигенција која ќе ја поврзе целата цивилизација преку притискање на едно единствено копче.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnОва копче ќе ги поврзе сите компјутерски машини на чудовиштата од сите населени планети во универзумот, од сите 96 милијарди планети. Ова суперколо ќе ги поврзе сите нив во еден суперкалкулатор, во една кибернетска машина која ќе го искомбинира сето знаење од сите галаксии.rnrnЗастана за момент за да ги поздрави трилионите гледачи чии очи беа залепени за екраните за да го видат овој несекојдневен момент. И потоа тој го притисна копчето.rnrnНастана моќен шум, ненадеен напон од енергијата на 96 милијарди планети. Светлата блеснаа и замолкнаа долж инструменталната табла која беше долга неколку километри.rnrnКога машината оживеа, Двар Ев се повлече и му понуди на партнерот Двар Рејн да го постави првото прашање.rnrn„Ти благодарам“, рече Двар Рејн, „Ќе поставам прашање што ниту една кибернетска машина не успеала да го одговори“. Го сврти лицето кон машината. „Има ли Господ?“rnrnБез двоумење, моќниот глас одговори:rnrn„Да, сега има Господ.“rnrnНенадеен страв го обзема лицето на Двар Ев. Тој скокна за да го стисне копчето. Го удри молскавична искра од безоблачното небо и го скрши копчето.rnrn[/message_box]rnrnТоа е тоа. Тоа е целиот расказ! На помалку од една страница, Браун може да го исплаши човечкото срце и да го натера да се посомнева во технологијата. И покрај незамисливиот напредок што го имаме постигнато во науката и вештачката интелигенција, делата на Браун сѐ уште можат да ни предизвикаат анксиозност и да ни го преплават умот со прашања од типот: „Дали отидовме предалеку?“, „Што ако го поставиме погрешното прашање?“, „Што ако овие интересни уреди придонесат за падот на човештвото?“.rnrnНареден пат кога ќе посакате да си пружите кратко застрашувачко задоволство, погледнете ги кратките раскази на Фредрик Браун и подгответе за бессона ноќ полна со прашања и загрижувачки мисли.rnrnДоколку сте љубители на овој жанр, прочитајте зошто појавата на научната фантастика е заслуга на една тинејџерка.

  • Како тоа мирисаш на колонска вода, а јас не сум бричен?

    Како тоа мирисаш на колонска вода, а јас не сум бричен?

    Автор: Бојан БачанrnrnСѐ е лесно кога си мал. И да згрешиш ќе ти речат: да си жив и здрав – од маестро Игор Џамбазов. Ама ова беше лоша одлука како Есма на Евровизија. Мижеечки да гаѓаше ќе погодеше. Ако не во центарот макар во полето. А таа го утна целиот ѕид на кој беше пикадото.rnrnКако тоа мирисаш на колонска вода, а јас не сум бричен?rnrnТАА одбра еден „може не сум згоден ама сум незгоден“ од оние што учеа во школите што завршуваат на УЦ. Он со училиштето имаше само една допирна точка. Тоа беше на раскрсницата на булеварот по кој се движеше неговата 57-ца. Е од таа точка тој го менуваше правецот на движење и секој ден успешно се разминуваше со учењето, училиштето и сите поими што почнуваа на У и завршуваа на УЦ. Го имаше меморирано бројот на школскиот психолог во именикот под: екстра досадна. Не сакаше да пие кафе со неа и да ѝ објаснува зошто му рекол на тој по географија дека не знае кај се наоѓа. Повеќе сакаше да пие розе во маалското меанче кај неговата омилена конобарка и да пишува утакмици со минимален 2 коефициент. А кога он ќе побараше „розе“, конобарката не ни помислуваше дека ја вика неа. И секогаш беше во право. Тип што сите го сакаат на ТВ ама никогаш кај нив дома. Едино го вадеше што имаше плави длабоки очи и беше смеѓ, а таа воопшто не беше плитка и беше црна.rnrnТАА учеше во ЈБТ и имаше просек 11 од можни 10. Беше редовна како неговата чаша вино. Секогаш во исто време. Макар и да го сретнеше Александар Македонски ќе му речеше: „Војсководецу имам час, хемија, многу е лоша, запишува и морам да одам“ без да го праша дали е Грк или наш. Сигурно знаеше дека е наш.rnrnБеше поубава од него. Еден ден реши да ѝ избега на некој саат, на „Розе“, за да види дали е исто розето и на друго место. Така само се лажеше самиот. Сакаше да прошета. Да избега на кратко од киселиот вкус додека седи и чека да дојдат ќебапите кои ги нарача пред саат… Сврте по некои улици и го виде местото кое ќе го памти засекогаш. Местото каде што се спојуваат земјата и небото. Кафичот „Хоризонт“. Го дуваше ветрот во грб ко да сакаше да му каже: побрзај море кецарош!!! Ја виде додека тој влегуваше, а таа излегуваше. Не ја удри со рамо. Беше сељак, ама не до толку. Не ја праша ни колку е саат зашто се плашеше од можниот одговор: па чекај да видам… време е да продолжиш… Му се имаше случено неколку пати. Ја погледна и ѝ рече: Немам facebook, не ме барај. Мислеше дека ја збуни и слушна: Немам ни јас. Значи ова ти е времето да покажеш што можеш. Му направи контра напад. Го збуни како кога ќе му побараш 1 денар кусур на локалниот трафикант. Беше ко вулкан.rnrnРече: Така значи? Кога и каде? Ајде да видиме.rnrnТаа: Ми личиш на hit and run фраер? Од нив остана само run. Ама еве, штом уште стоиш значи не си од тие.rnrnТој: 7 и 45, Holliday in. Чекам до 7 и 46.rnrnТаа се насмеа и си отиде. Си помисли сладок е ама нема шанси. Забава. А тој па мораше да го краде југото пак. Ама за ваква фолирантка, си рече, ќе го наместам стариот да гледа додека го крадам. А мама, може и да снима ако сака.rnrnТочен беше. Ја качи во неговото југо, ферарито на татко му, и ја однесе на вино. Не знаеше дека повеќе сака кафе. Знаеше што сака он самиот. Среќа. Мислеше дека ќе ја ќари со брзо возење. Уствари поентата не беше таму. Она се заљуби коа на црвено му кажа дека му свети сијаличката за плин, а он онака у негов клупарски стил ѝ рече: не ти е добро затворена вратата, лупни ја пак. Тогаш се смееше точно саат и 10 минути додека да му изгаси колата. Тогаш се смееше повеќе.rnrnНамерно се флекаше за да му каже: не се јаде со полна уста, херој улице. Ама види го ти разбијачот, јак е! Направи да научи која четка за трепки за која е и како се става. Прирачник: мајка ѝ. Секогаш тука за неа. Иако за нејзините дома тој беше неприфатлив. За нејзините дома он беше Scarface, а за неа Robin Hood. Ама кој можеше против нив? Таа го сакаше таков каков што е. Со исфлекана маица од ќечап од евтина сендвичара. А тој ја сакаше зашто… не знаеше зошто ама многу ја сакаше. Врската им беше како популарната временска прогноза на Радио Скопје. Дур да кажат дека ќе врне искочило сонце и обратно. Иста. Од -10 до +11.rnrnСакаа да живеат заедно. Неговата исфлекана маица навечер да преспие на некој паркет од нејзината Mango-маичка. Така сакаше. Најдоа стан со доволен број соби. За кога ќе се скараат да имаат каде да одат. Логично, нели? Таа веќе беше повозрасна, со 2 завршени факултети, титула за издржливост и неколку модрици на грбот покриени со пудра (ама не како оние од Balkanika TV). Си рече: Па кој знае дека се модрици? Ќе мислат дека е трага од ружотСо многу повеќе гласови „против“ него „за“ од општеството, почнаа да одат несигурно. Не беше тоа веќе младалачка љубов. Ова веќе стана жестоко. Но, со оглед на тоа дека мајка ѝ се викаше Надежда, таа именка беше постојано во нејзината глава ама малку во поинаква форма. НАДЕЖ.rnrnСтана комплицирано. Старата навика во ново руво. Пиеше. Сè повеќе и повеќе. Не јадеше. Пиеше. Нејзината глава се разбиструваше. И проработе долго заборавениот саат. Не требаше примена на Питагорова теорема за да сфати дека 1+0=1.rnrnЕдна ноќ:rnrnТој: Како тоа мирисаш на after shave, а јас не сум бричен?rnrnТаа: Можеби е од списанието Avon кај што се тријат точките со мирис и останало на мене – рече и ѝ се стресе камчето Preciossa што го имаше на ланчето…rnrnНема таква опција, нели?!rnrnТаа: И престани да пиеш, ти се познаваат вените на главата… – не докажа. Тој ја урди. И ѝ се стресоа обетките од охридската чаршија. Се затвори во соба и слушна само кршење на стакло, а тишината слушна пад на солза на подот…rnrnРано изутрина кога стана лупусарот, виде два пикавци со кармин, пола чаша вода со хлор и ливче.rnrnТаа: Не сакав ова да се случи ама мачката не паѓа на грб. Земи си ја колата и ноќта. Другото е мое. Оди со лифт, уште си пијан и не го пуштај кучето надвор, знае сѐ, ќе останеш сам цел живот.rnrnА додека тој го читаше ова, првенецот на 86/87 како Sharon Stone излегуваше од таксито внимателно… „лева па десна“. Пред да влезе во неговиот живот отиде да си купи Орбит од лубеница. Додека ги отвори мастиките беше готово со нив. Сладок вкус на осамен живот, а и Надежд(т)а беше во право.rn
    rn

    „Uvek sam zeleo da je neko drugo vreme, ja da budem Romeо a ti Juliet…“ – Херој улице, Прљаво казалиште


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Блуз и три коцки мраз

    Блуз и три коцки мраз

    Автор: Анаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnКој би рекол дека таа умее така прекрасно да танцува? Старото радивце беше вклучено и насекаде низ станот се разлеваа звуци на блуз… Како тој да ги пиеше нејзините грациозни движења со своите жедни очи, желни за уште и уште. Ја гледаше неуморно додека цигарата му гореше меѓу прстите, а вискито стоеше на масата. Таа се насмевна заводливо и во меѓувреме ја виде желбата во неговите очи и реши…Блуз и три коцки мраз.rn

    „Ќе танцувам цела вечер, сè додека тој сака, сè додека тој не ме замоли да престанам. А потоа ќе се препуштам на ноќта, ќе ù дозволам таа да се погрижи за останатото…“

    rnКако да стана неподносливо жешко во премалиот стан, што од нескротливата желба, а што од страста што гореше секаде околу нив. Тој со брзо и отсечно движење посегна кон масата и си стави три коцки мраз во вискито. Испи две-три голтки и повторно ја врати чашата на старото место. Таа бавно се приближуваше кон него, а потта се слеваше насекаде по нејзиното тело. Очите ù беа како дијаманти кои сјаеја непрестајно во бескрајната ноќ…rnrnСе гледаше дека и обајцата гореа од желба да бидат заедно, да се спојат во едно и никогаш да не се разделат. Нивните погледи го покажуваа тоа, а и говорот на нивните тела. Сè уште се слушаше стариот блуз од радивцето, но девојката престана да танцува. Ја подотвори устата со цел да изусти нешто, нешто што одамна требаше да биде кажано, а остана скриено, како тајна во нивните срца што чукаа едно за друго.rn.rn

    „Ах, драга моја, нема потреба од зборови. Ти си тука, а јас сум до тебе. Зар можеме да посакаме нешто друго?!“ – ù се обрати тој нежно покривајќи ù ги усните со неговата рака.

    rn

    „Не, остави ме да го кажам она што одамна го чувам недокажано… Знаеш ли колку долго ја чекав оваа ноќ кога повторно ќе бидеме заедно, колку ноќи го сонував истиот сон… Загаснати светла, твојот стан и тивки звуци на блуз. Ти, потпрен на старата фотелја, виски во раката, а во него – три коцки мраз. rnrnПотоа доаѓам јас и танцувам, танцувам сè додека не паднам на нозеве од умор и сè додека зората не ме разбуди. И иако можеби не те познавам толку долго време и имам поминато само една ноќ со тебе (можеби безвредна за другите, но проклето вредна за мене), јас сепак мечтаев за уште една таква ноќ кога повторно ќе ти се предадам не размислувајќи… зошто и како.“

    rnВо моментот кога и последните зборови излетаа од нејзината уста, тој почна страсно да ја бакнува, насекаде и без престан. Не можеше да се воздржи, тој толку многу ја посакуваше, а и таа него… А и мислата дека можеби веќе никогаш нема да ја види и да го почувствува оној мирис на ванила на нејзината кожа, го тераше сè повеќе да се препушти на моментот и да ужива во него… Зашто истиот можеше да му е последен.rnrnСе зазори, веќе стана утро. Тој само што се разбуди, а таа не беше веќе крај него. Другата страна на креветот беше празна. Тој како да се насмевна, можеби со надеж дека повторно ќе ја сретне „неговата газела на ноќта“, која како да ја имаше моќта да ги направи и најневозможните работи – возможни… Мирисот на кафе и свежо лиснато тесто допираа до него од кујната. Кафето беше сè уште топло… Изгледа таа си заминала пред малку, но не сакала да го разбуди. Имаше и порака на масата.rn.rn

    „Ти направив кафе и ти купив лиснато тесто, пред да заминам… Шприцнав и неколку капки од мојот омилен парфем од ванила во твојата соба, со надеж дека ќе се задржи што подолго и ќе те потсетува на мене… Ти благодарам на прекрасната ноќ за која имам преголема желба да се повтори, а и ти го знаеш тоа… А, ако веќе никогаш не се вратам, сепак, чувај ја оваа порака и секогаш кога ќе ти недостасувам – посегни по неа и ќе ме најдеш мене во неа. rnrnСè најдобро, твојата ноќна газела.“

    rnTој само воздивна и промрморе…rn

    „Ах, драга, да знаеш дека ќе те чекам, вечно ќе те чекам да се вратиш… и да останеш со мене.“rn

    rnИ така, ноќта си замина, трите коцки мраз беа одамна стопени, а вискито испиено. Звуците на блузот повеќе не допираа до него, тие како да беа изгубени во ноќта која пребргу си замина и ја однесе грациозната танчерка со неа… Сега, кога веќе не постоеше ништо како остаток од таа прекрасна вечер, остана нивната љубов, да живее засекогаш.rnrnА, таа никогаш не се врати. Само остана да живее во неговото срце, како бескраен спомен кој никогаш нема да се избрише…rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.