КАФЕ ПАУЗА

Tag: рано

  • Што ќе се случи ако секое утро почнете да станувате 2 часа порано?

    Што ќе се случи ако секое утро почнете да станувате 2 часа порано?

    Повеќето утра стануваме набрзина од нашите кревети, се миеме и тушираме, се облекуваме и излегуваме. Со тоа сме ја завршиле работата и сме се подготвиле за работниот ден, но краткото време ни предизвикува стрес и многу често се прашуваме како би изгледало доколку станеме неколку часа, а не само неколку минути пред времето за излегување низ врата. Доколку и вие сте во поголемата група која станува и набрзина, речиси механички се подготвува за долгиот ден кој следува, размислете колку многу придобивки би имале доколку наместо во 7, станувате, на пример во 5 наутро? Ви звучи малку прерано? Ви нудиме неколку причини зошто би требало да го сторите тоа, па можеби ќе се предомислите и од утре ќе почне вашиот нов дневен ритам.rnrn(0) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?rn

    1. Повеќе ќе уживате во вечерите

    rnКога станувате рано, имате повеќе време да си го организирате денот и да ги завршите редовните обврски во текот на денот. Најдобро е пред заминување в кревет, секоја вечер да си направите мала листа на обврски за утрешниот ден, за да можете уште рано наутро да почнете со нивно исполнување. Вечерите ќе ви бидат резервирани за релаксација и добро друштво, без обврска да средувате по дома, да пазарувате или да ги средувате здодевните сметки коишто треба да ги платите.rnrn(1) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?rn

    2. Ќе си легнувате порано

    rnЛуѓето кои се ранобудни не значи дека спијат помалку часови од останатите, туку поголемиот дел од нив заминуваат в кревет порано. Можеби ќе ви требаат неколку дена да се навикнете на новиот распоред и наместо во 1 часот по полноќ, да си легнувате во 22 часот. Но, по неколку дена нештата ќе си дојдат на свое место, а вие ќе бидете благодарни на идејата да си легнувате и да станувате порано.rn

    3. Можеби ќе бидете попродуктивни

    rnСекој човек во текот на денот има еден час кога е најпродуктивен. Тој период од денот е различен кај секоја личност, но според статистиката, има големи шанси вашиот најпродуктивен час да го преспивате. Направете си едно тестирање и наместете го алармот да заѕвони два часа порано од времето кога вообичаено се будите. Дајте си неколку дена да видите дали во тие два часа ќе забележите одреден скок на вашата продуктивност, енергија и креативност. Не значи дека вашиот „златен час“ е токму рано наутро, но нема ништо да изгубите доколку не направите мала проверка. Ако откриете дека навистина сте продуктивни рано наутро, тогаш не двоумете се воопшто и продолжете со тој дневен ритам.rnrn(2) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?rn

    4. Помалку ќе доцните

    rnСтанувањето рано, што би значело неколку часа пред да ги започнете секојдневните активности, ви овозможува да го започнете денот порелаксирано и без непотребните стресови, кои вообичаено се јавуваат кога стануваме во „5 до 12“. Имате време убаво да се расоните, да ги проверите вашите задачи, да завршите некоја од нив, да ги разбудите и подготвите децата за на училиште. Тие два часа, ќе ви овозможат секогаш да бидете точни и навремено да стигнувате на училиште, на работа, на состаноци…rn

    5. Имате можност да се храните поздраво

    rnКога сте притиснати од недостигот на време, кога станува збор за појадокот, вообичаено го земате првото нешто што ќе ви дојде при рака или воопшто не појадувате. Добивајќи повеќе време наутро, имате можност да си подготвите здрав оброк, кој ќе го изедете во мир и тишина, без никакво брзање и стрес. Без оглед дали станува збор за пржени јајца, сендвич, џем и млеко или пак чинија полна со житарици, појадокот е многу важно да се јаде на маса, полека и без многу бука наоколу.rnrn(3) Што ќе се случи ако почнете секое утро да станувате 2 часа порано?rn

    6. Имате можност да вежбате

    rnВежбањето навечер е во ред, но по напорниот работен ден веројатно немате сила да ги направите сите вежби кои сте ги предвиделе. Затоа пак за утринското вежбање сте наспани и физички одморени. Тоа може убаво да ве расони и да ве наполни со енергија којашто ќе ве држи во текот на денот.rn

    7. Ќе бидете пријатно изненадени

    rnНикој не вели дека ќе ви биде лесно да се привикнете на станувањето неколку часа порано. Но, доколку се потрудите, за краток период ќе ви стане навика и ќе се чувствувате неверојатно добро од вашето постигнување. Раните утрински часови се најмирни и најтивки, а вие во тој период ќе се релаксирате и ќе се подготвите за „брзиот“ ден пред вас. Станувањето рано е начин да излезете од дома полни со самодоверба, без чувство дека со доцнењето сте го нарушиле распоредот на денот.

  • Зошто нашите тела мразат да се будат рано наутро?

    Зошто нашите тела мразат да се будат рано наутро?

    Сите сме чуле дека 8 часа спиење се доволни за секој нормален човек. Иако за некои луѓе ова е точно, многумина имаат проблем да се разбудат наутро, без разлика кога си легнале да спијат. Зошто се случува ова? Секако дека сите луѓе се различни. Некои се ранобудници, додека, пак, некои се ноќни птици. Останатите припаѓаат и во двете категории. Но, и покрај сите овие разлики, многу малку луѓе сакаат да се будат во раната зора.rnrnЗошто мразиме да се будиме рано наутро?rnrnЗа среќа, експертите неодамна успеаја да го објаснат овој проблем. Истражувачите од Универзитетот Оксфорд дознале дека работниот распоред на поголемиот дел од луѓето не се согласува со нивниот природен биоритам. Тоа може да доведе до многу здравствени проблеми, психички и физички, анксиозност, дебелеење и висок крвен притисок.rnrnРезултатите покажале дека раниот почеток на денот може да биде штетен по здравјето на луѓето. Децата на возраст помеѓу 8 и 10 години не треба да почнуваат со училиште пред 8:30 часот. Оние, пак, на возраст помеѓу 16 и 18 години треба да почнуваат со часови најрано во 10 часот или подоцна.rnrnИ возрасните би можеле да добијат некои придобивки од будењето подоцна. Според научниците, луѓето на возраст помеѓу 18 и 55 години треба да почнуваат со работа во 10 часот или подоцна. Младите луѓе помеѓу 14 и 24 години најмногу страдаат од недостаток на сон и губат околу 2 часа од него секоја вечер. Луѓето помеѓу 24 и 30 години просечно губат по час и половина сон секоја вечер. Па така, изгубените часови сон од секој ден се додаваат на наредниот, сѐ додека не добиеме можност да спиеме повеќе и да ги надополниме.rnrnИстражувачите исто така откриле дека часовите поминати пред нашите компјутери, телефони и други уреди негативно влијаат на квалитетот на сонот. Затоа треба да ги исклучуваме сите електронски уреди барем еден час пред да си легнеме за да добиеме поздрав и помирен сон.rnrnМожеме да заклучиме дека е време да обрнеме внимание на овој проблем и да ги промениме часовите за време на кои работиме. Не можеме повеќе да одиме против мајката природа!

  • 5 кратки совети за успешен работен ден

    5 кратки совети за успешен работен ден

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСамо мали измени во секојдневната работна рутина, може да ве направат попродуктивни и да постигнете многу подобри резултати. Ви нудиме пет куси и едноставни совети, кои ќе ви помогнат да внесете свежина во вашата работна средина, да ги подобрите односите со колегите или да ги обновите контактите со подзаборавените пријатели и соработници.5 кратки совети за успешен работен денrn

    1. Разбудете се порано

    rnЗапочнете да се будите барем половина час порано од вообичаено. Колку повеќе обврски ве чекаат, толку порано нека ви ѕвони алармот. Најдобро време да ги завршите обврските е токму утрото, пред да започне да се полни вашата електронска пошта со пораки и нови задачи од колегите и соработниците. Со новиот почеток на денот, ќе избегнете натрупување на обврските, а со тоа ќе им ставите крај и на главоболките.5 кратки совети за успешен работен денrn

    2. Читајте весници и гледајте вести

    rnАко го практикувате ова, вие ќе бидете чекор пред останатите. Не само што ќе знаете што се случува во светот, туку и полесно ќе ги препознаете, односно откриете новите можности за ваш личен напредок или напредок на вашиот бизнис. Ќе имате јасна претстава и планови за денот, уште пред вашите конкуренти да го испијат првото утринско кафе.5 кратки совети за успешен работен денrn

    3. Испратете по некој неформален имејл

    rnВо знак на внимание, испратете ù нешто на личноста која ја гледате како ваш иден работодавач или на вашите потенцијални купувачи. На пример, пуштете им по еден кус имејл кој ќе содржи некој корисен линк или едноставно поздравете ги и прашајте ги како се.5 кратки совети за успешен работен денrn

    4. Стапете во контакт со некој стар пријател или соработник

    rnПробајте да искомуницирате со некој стар пријател или поранешен соработник. Одберете некој што не сте го виделе со години и пријатно изненадете го. Прашајте го како е, што работи во моментот, дали и како можете да му помогнете или пак, вие сугерирајте му помош. Верувајте, ќе му го разубавите денот.5 кратки совети за успешен работен денrn

    5. Испратете рачно напишана порака

    rnЗаблагодарете се на стариот добар начин. Испратете рачно напишана белешка до колегите или соработниците. Сериозно. Тоа е изгубена навика, но ве уверуваме дека впечатокот ќе биде оригинален. Сигурно постои некој кому сè уште не сте му кажале благодарам. Ова е вистинскиот начин да го сторите тоа.5 кратки совети за успешен работен ден
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живејте здраво, разбудете се порано!

    Живејте здраво, разбудете се порано!

    Упорно се обидувате да станете од кревет порано, но ни родителите, ни ѕвонењето на мобилниот, ниту кој било аларм на светот не можат да ве разбудат. Еве каде грешите…rn.rn

    1. Легнете да спиете кога ќе почувствувате замор и будете се секој ден во исто време

    rnСигурно ви се случува да си легнете во кревет порано, надевајќи се дека ќе заспиете и ќе бидете доволно одморени за утрешните обврски. Но наместо тоа, останувате будни уште 2-3 часа, гледајќи некоја безначајна ТВ емисија или сурфајки на интернет. Ако пак се мачите да заспиете, најверојатно на крајот ќе бидете исфрустрирани зашто залудно сте потрошиле време во кревет, а не сте се одмориле.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrnrnАко имате проблем со заспивањето, не грижете се, има решение и за тоа. И да останете будни до подоцните часови од ноќта, задолжително наместете го алармот порано од вообичаено. Утрото ќе се чувствувате поуморни, но вечерта ќе можете да заспиете малку порано. Затоа заспијте кога ќе почувствувате умор, а станувајте секое утро во исто време. На тој начин, ќе го регулирате ритамот на живот.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrnrn rn

    2. Сте слушнале ли за 90 минутното правило за спиење?

    rnСите сме слушнале дека спиењето по 8 часови дневно е идеално за одморање на човекот, но оваа теорија е спротивна на истражувањето кое вели дека луѓето се најдобро одморени, кога спијат во повеќекратни интервали од по 90 минути. Затоа, обидете се наместо по 8 часа, да спиете 5 интервали по 90 минути, што би биле 7, 5 часа. И да спиете точно 6 часа, би се чувствувале поодморено, отколку ако го нарушите 90 минутното правило.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrn

    3. Намалувајте ги часовите поминати во спиење, постепено.

    rnНајверојатно мислите дека колку повеќе спиете, толку поодморени ќе бидете наредниот ден, но вистината е дека човекот може добро да функционира и со помалку од 8 часа сон, доколку создаде таква навика. Тоа не значи дека треба да се навикнете да го преживувате денот со помалку „гориво“, туку да се истренирате да спиете поквалитетно во определените часови. За да го направите овој процес безболен, намалувајте на неделно ниво по 20-30 минути од вашето спиење. На пример, наместо по 8 спијте во 7,5 часа во текот на една недела. Наредната недела спијте по 7 часа итн., додека не го постигнете посакуваниот ефект.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrn

    4. Смислете си добра причина за станување.

    rnАко немате некоја особена причина за станување порано, најверојатно нема да се разбудите до пладне. Затоа, решете дека утрото ќе одите на џогинг, ќе учите за испит, ќе работите на некој проект или ќе го исчистите домот. Верувајте, што и да изработите наутро, ќе биде покорисно отколку да го преспиете денот.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrn

    5. Дозволете им на сончевите зраци да влезат низ вашиот прозор

    rnАко спиете во темница, со спуштени ролетни или темни завеси, вашето тело реагира со лачење на хормонот за спиење наречен мелатонин, кој престанува да се лачи со изложување на очите на светлина. Затоа, кренете ги ролетните, наместете го алармот на најјак звук и ставете го на другиот крај од собата. Ако ви е алармот во близина, ќе си го одложувате ѕвонењето на 10 минути, па уште на 10 и додека се освестите, поминал час и половина, а вие доцните за на работа, училиште или факултет, а не сте ни одморени, благодарение на постојаното вклучување на алармот.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrn

    6. Напијте се 2 чаши вода пред спиење

    rnАко мачната потреба за уринирање наутро не ве разбуди, тогаш вие имате и некој многу поголем проблем од спиењето. 1-2 чаши пред спиење ќе ве кренат на нозе наутро, уште пред да го испиете кафето.rnrnЖивејте здраво, разбудете се пораноrn

    7. Вашиот метаболизам може да биде аларм

    rnМожеби ќе ви звучи лудо, но ако се убедите себеси дека утредента ќе станете во точно определено време, тоа ќе се случи на природен начин, без звуците од алармот. Направете експеримент. Испланирајте да станете во 9 часот, а наместете го алармот во 9:15 за секој случај. Ќе се изненадите од фактот, дека без никаква помош, сте се разбудиле точно на време.rnrnrnrnrnrn