КАФЕ ПАУЗА

Tag: рак на кожа

  • Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

    Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

    Знаеме дека гелот за нокти е нешто без кое поголемиот број жени не можат да го замислат своето секојдневие. Со него сте сигурни дека вашите нокти нема да се кршат, ниту да пукаат, нема да се случуваат оние неуредни моменти или оштетувања, накратко кажано секогаш ќе имате совршен маникир. Но, не е сè така идеално!rnrn1-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_rnrnГелот за нокти навистина делува убаво на нашите раце, ги чува ноктите, ни ги скратува маките околу лакирањето, го штеди нашето време и сето тоа е убаво, само што во овие ситуации секогаш постои некое „Но“. Она што сериозно може да ги ослаби вашите нокти и да ја оштети кожата на рацете е самиот процес на ставање на гелот, поточно – изложувањето на УВ-зраците.rnrnЗа да се исуши гелот на вашите нокти, тие треба да се сушат под УВ-светло, а овој процес се повторува околу 3 до 4 пати. Токму и во тоа се крие недостатокот – вие вашите нокти и кожа ги изложувате на штетно зрачење.rnrnНаучниците дури и утврдиле дека ризикот за добивање рак на кожата се зголемува доколку често користите УВ-ламби. Затоа докторите советуваат да нанесете крем со заштитен фактор пред да ги изложите вашите нокти и раце на УВ-светлина, но тоа нема потполно да ја заштити вашата кожа.rnrn2-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_rnrnДруг недостаток на гелот за нокти е тоа што создава еден вид „зависност“ – кога еднаш ќе го ставите, најверојатно потоа нема да престанете да го правите тоа во брзо време, бидејќи по отстранувањето, вашите нокти навистина се во ужасна состојба – тенки, слаби и многу лесно пукаат.rn

    „Не сакам гел на ноктите, бидејќи тој ги прави нежни и слаби, па тие брзо и лесно се кршат. Но, сепак, го штеди моето време, и затоа е одлично решение кога одите на одмор“, истакнува Џин Сун Кои, експерт за маникир.

    rnТаа советува и да ги мачкате ноктите со витамин Е додека имате гел, за донекаде да ја зачувате цврстината на ноктите.rnrnКакво е вашето искуство и дали сте љубител на овој маникир?

  • Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?

    Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?

    Според една неодамнешна студија спроведена од страна на Британската асоцијација на дерматолози, повеќе од 3/4 од луѓето не ги препознаваат знаците на опасност за рак на кожа. И поголемиот дел од нас не ги правиме месечните проверки препорачани од дерматолозите.rnrn(1) Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?rnrnОваа студија открила и дека 81% од сите учесници не се чувствувале способно да ги препознаат знаците за рак на кожата кој не е меланом. Овие видови рак се карактеризираат со појава на грутка или промена на бојата на кожата која не зараснува, најчесто на лицето, ушите, рацете или рамената. Па, како најлесно да ги препознавате знаците и симптомите на различни видови рак?rn

    Рак на базални клетки

    rnРакот на кожа може да дојде во форма на рак на базалните клетки, кој понекогаш се нарекува и чир глодач.rnrn(2) Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?rnrnЗнаците и симптомите за овој рак вклучуваат грутка која:rn

      rn011

    • изгледа мазно и сјајно
    • rn011

    • делува восочно
    • rn011

    • делува како цврст и црвен израсток
    • rn011

    • понекогаш крвави
    • rn011

    • развива кора или лишај
    • rn011

    • започнува да заздравува, но никогаш целосно
    • rn011

    • ве чеша
    • rn011

    • изгледа како рамна црвена дамка која всушност е сува и крастава
    • rn011

    • се претвора во безболен чир
    • rn

    rnСкоро 75% од сите видови рак на кожата се од овој вид, кој најчесто се развива бавно и скоро никогаш не се проширува на други делови од телото. Доколку се третира во рана фаза, тој скоро секогаш може целосно да се излечи. Но, постојат и некои кои се поагресивни, па доколку се остават да растат можат да се прошират во подлабоки делови од кожата, како и во коските, а со тоа и да го отежнат лекувањето.rn

    Сквамозен карцином на клетките

    rnУште еден вид рак на кожа, кој не е меланом, е ракот на кератиноцитните клетки, во надворешниот слој од кожата. Тој најчесто се појавува на лицето, вратот, скалпот, рацете, како и на внатрешната страна од рацете и долниот дел од нозете. Овој вид рак е вториот по ред најчести видови рак.rnrn(3) Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?rnrnЗнаците и симптомите за овој рак вклучуваат грутка која:rn

      rn011

    • изгледа суво
    • rn011

    • има цврста и корава обвивка
    • rn011

    • ја подигнува кожата во својата околина
    • rn011

    • делува чувствително на допир
    • rn011

    • понекогаш крвави
    • rn

    rn

    Меланом

    rnИстражувањето исто така открило и дека 77% од учесниците не се чувствуваат способни да ги откријат знаците за меланом – најсмртоносната форма рак на кожа. Меланомот може да се појави насекаде ширум телото, но најчесто се појавува на грбот, нозете, рацете и лицето, а понекогаш дури и под ноктите. Иако тоа поретко се случува, сепак овој рак може да се прошири и на другите делови од телото, правејќи го посмртоносен.rnrn(4) Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?rnrnНајчестите знаци вклучуваат појава на нова бемка или промени во онаа која веќе ја имате. Токму затоа внимавајте на бемката која:rn

      rn011

    • станува поголема
    • rn011

    • променува форма
    • rn011

    • променува боја
    • rn011

    • крвави или станува крастава
    • rn011

    • ве чеша или ве боли
    • rn

    rnДруг начин на кој можете да направите разлика помеѓу нормална бемка и меланом е доколку ја следите следнава АБВГД листа за проверка:rnrnАсиметричност: Меланомите имаат 2 различни половини и неправилна форма.rnrnБоја: Меланомите можат да бидат комбинација од 2 или повеќе бои.rnrnВисина и зголемување: Бемката која менува големина со текот на време има поголеми шанси да е меланом.rnrnГраница: Меланомите имаат груби краеви.rnrnДијаметар: Меланомите се често поголеми од 6 милиметри во дијаметар.rn

    Опасности кои ги носат изгорениците од сонцето

    rnРезултатите ни откриваат и дека 72% од луѓето кои учествувале во студијата биле изгорени од сонцето во текот на претходната година и тоа експертите го објаснуваат како шокантно. Луѓето ја потценуваат штетата која може да настане од изгорениците од сонцето, па токму затоа и треба да се преземат мерки со кои тие ќе можат да уживаат на топлото време додека се заштитени.rnrn(5) Дали е можно да имате канцерогена бемка без да бидете свесни за неа?rnrnЛуѓето сметаат дека зацрвенувањето на кожата е сосема безопасен дел од процесот на сончање, но вистината е дека станува збор за штета која може трајно да ја оштети вашата кожа. Оние кои изгореле додека се сончале имаат многу поголема шанса за развивање меланом од оние кои никогаш не изгореле…

  • Кафето како лек против некои посериозни болести

    Кафето како лек против некои посериозни болести

    Кафето ја поттикнува активноста на одредени човечки органи како срцето, мозокот, нервите, бубрезите и мускулите. Повеќето од луѓето кои редовно пијат кафе, консумираат од една до две шолји на ден. Експертите велат дека разумното пиење кафе (2-3 шолји дневно) не може да им наштети на здравите луѓе, туку напротив може да го подобри нивното здравје. Ова не се однесува на оние кои дневно внесуваат прекумерни количини кофеин. Еве неколку резултати добиени од поголем број британски експертски истражувања поврзани со улогата на кафето врз некои видови болести.Кафето како лек против некои посериозни болестиrn

      rn011

    • Зачудувачки е фактот, дека комбинацијата од алкохол и кафе, во суштина штити од заболување од цироза на црниот дроб. Секако најефикасната заштита од оваа болест е воопшто да не се пие алкохол, но според резултатите од спроведеното британско истражување, оние кои пиеле помалку од една шолја кафе дневно, го намалиле ризикот за заболување од цироза за 30%, оние кои пиеле од една до три за 40%, а оние кои пиеле четири или повеќе шолји до 80%.
    • rn011

    • Кофеинот го намалува ризикот од заболување од рак на кожа. Исто така, млеката за тело кои содржат екстракти од зелен чај и кофеин, го имаат ова заштитно дејство на вашата кожа.
    • rn011

    • Консумирањето една до две шолји чисто кафе на дневна база, го подобрува вашето расположение и целокупното здравје. Оваа карактеристика е објаснета со фактот дека кофеинот содржи допамин – супстанца, која според научниците е одговорна за нашата зависност од пиење кафе.
    • rn011

    • Докажано е дека луѓето кои не сакаат и не пијат кафе, имаат поголем ризик од заболување од Паркинсонова болест.
    • rn011

    • Кофеинот содржи многу антиоксиданси.
    • rn

    rnКафето како лек против некои посериозни болестиrn

      rn011

    • Истражувањата потврдуваат дека кафето ја елиминира болката во мускулите, предизвикана од тежок, долготраен стрес. Во ваквите ситуации, кафето може да делува поефикасно од аспиринот.
    • rn011

    • Според ново истражување, 4-5 шолји кафе на ден, го прават телото помалку чувствително на различни кардиоваскуларни болести.
    • rn011

    • Оние луѓе кои често пијат кафе, не треба да се грижат дека ќе ја изгубат нивната меморија на стари години.
    • rn011

    • Кафето исто така, ја подобрува и краткотрајната меморија. Научниците сугерираат дека најверојатно тоа е резултат на мозочната стимулација, која тоа ја предизвикува.
    • rn011

    • Кафето не доведува до хипертензија (зголемување на крвниот притисок во мирување). За оние пак, кои имаат низок крвен притисок, кафето е добро бидејќи им го качува.
    • rn011

    • Кафето во одредени околности е корисно и за децата. Во 1999 година, официјално беше одобрена кофеинската инјекција, која го стимулира дишењето кај бебињата.
    • rn011

    • Пиењето кафе може да го намали бројот на вашите посети на забар. Но, ова повеќе се однесува на пиење кафе без млеко, шеќер и други додатоци. Печените зрна кафе ја имаат способноста да ја убијат бактеријата „Streptococcus mutans“, која е една од причините за појава на кариес на забите.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.