Златарката Ола Шектмен создава деликатен и импресивен накит инспириран од омилените светски пејзажи на големите градови. Секои 2 до 3 години, Ола се сели во различни метрополи и дозволува околината што ја опкружува да прерасне во нејзините креативни идеи. Таа рачно ги топи, кова, превиткува и полира металите за да создаде прстени кои ја рефлектираат архитектонската убавина на светот, нагласувајќи ги најголемите монументи и знаменитости кои им се познати на скоро сите.rnrnrnrnТокму овие препознатливи детали кои се дел од дизајните на Ола се и најпривлечниот и највпечатливиот аспект на нејзината уметност и вештина, бидејќи им дозволуваат на потрошувачите да ги носат со себе популарните знаменитости од нивните омилени градови, како Лондон, Париз, Њујорк, Берлин, Хонгконг, Вашингтон, Чарлстон, Бостон, Сан Франциско, Амстердам, Стокхолм и Единбург.rnrn
Понекогаш артистите се толку вешти што кога ќе создадат нешто, како овие реалистични кукли, тоа може да биде по малку застрашувачко. Таков е примерот на рускиот уметник Михаел Зајков. Кога го следите процесот на изработка на куклите, она што најмногу ви се врти низ главата додека ги гледате е мислата: „Те молам немој да трепнеш…“rnrnrnrnЗајков дипломирал на кубанскиот државен универзитет во Русија во 2009-тата година. Од 2010 до 2013 работел во куклен театар, паралелно привршувајќи ги своите магистерски студии. Но, тој стекнал домашна, па и светска слава, откако ги прикажал своите дела на уметничката изложба „Art Dolls“ во Москва. При изработката на своите кукли, Зајков користи најразлични материјали како полимер глина, рачно нацртани очи на стакло од Германија и француски мохер за косата. Погледнете…rnrn
Креативен глушец ни ги искажува своите чувства преку илустрирана љубовна приказна. Рачно изработените илустрации се дело на костариканскиот студент по графички дизајн Џекс Баркеро. Техниките кои тој ги користел за цртање се различни (водени бои, пенкало, пастелни бои), а инспирацијата ја нашол во страшното чувство наречено љубов.rnrnrnrnМожеби не сум многу паметен, но за тебе можам да нацртам илјада срца.rnrnНе можам да те одведам во Париз, но за тебе ќе насликам галаксии.rnrnНекои денови немам време. Но, тоа што не го знаеш е дека твојата насмевка постојано живее во моите мисли.rnrnПостојат толку многу нешта што сметам дека се убави кај тебе, што дури и да не ме сакаш јас сум среќен што воопшто те запознав.rnrnНо би сакал да знам… Дали некогаш ќе имам шанса?rnrnТи си прекрасна.rnrnАко сакате да знаете како ќе заврши оваа љубовна приказна, следете го авторот на овој линк.
Овие чанти биле дизајнирани од страна на Пико, домаќинка која живее во Јапонија и обожава мачки. Поради очигледниот тежок начин на рачна подготовка, тие не се достапни за продажба во секое време, но кога се, нивната цена се движи околу неверојатни 600 евра. Пред да одлучите дали тие ви се допаѓаат или не, треба да знаете дека не станува збор за вистински мачки, туку за морничаво реалистични плишани имитации кои се рачно боени со цел да изгледаат на овој начин. Погледнете…rnrnrnrn
Инспирирана од австралиската флора и фауна, Брита Бокман спојува фрагменти од дрво со обоена смола за да добие прекрасни додатоци кои можат да се носат. Секој брош, прстен и пар обетки се рачно направени и уникатни – Бокман работи без одреден шаблон – наместо тоа, таа има цел да ги нагласи природните карактеристики на секое парче преку материјалот од кое е направено. За да го направи ова, таа нежно му дава облик на накитот и потоа додава политура за дополнителен сјај. Конечниот резултат се прекрасни бои споени со парчиња дрво.rnrnБекмен започнала да прави накит откако дипломирала индустриски дизајн. Во 2013, таа се преселила од Германија во Мелбурн каде се придружила на групата дрводелци Вангарата и научила голем број фабрички техники. Нејзиниот накит е достапен преку нејзината онлајн продавница.rnrnrnrn
Во лето дозволени се секакви експериментирања со косата – од „неуредни“ и опуштени фризури, па сè до бојадисување на косата во сина, кое стана хит особено помеѓу познатите личности. Дури прифатливи се и сите бои од виножитото кои се опфатени во техниката „коломбре“.rnrnrnrnОва лето е модерно нешто што е наречено „таписерија во косата“. Се работи за техника при којашто со помош на волна или конец за везење во разни бои, директно на косата се плете парче рачна изработка. Доволно е мало познавање од изработката на таписерии, што некогаш се учеше на часовите по домаќинство, а не е тешко да се совлада. За овој тренд е заслужна Алекс Браунсел, која со таков потфат ја инспирирала традиционалната аргентинска таписерија.rnrnrnrnОвој тренд на летна фризура совршено се вклопува во хипи стилот, кој е популарен секое лето. „Таписеријата во косата“ ви овозможува да ја отворите фантазијата и вашата коса да ја украсите на необичен начин. Во продолжение прикажуваме видео туторијал кој ќе ви помогне полесно да ја совладате оваа техника.rnrnrnrnПогледнете уште неколку интересни идеи!rnrn
Ен Керингтон е артистка која сака нејзините дела да раскажуваат приказни и во својата работа најчесто користи отфрлени материјали кои никој повеќе не ги користи. За нејзиниот најнов проект таа со години собирала ѓердани од бисери со кои планирала да изгради големи галии.rnrnrnrnИнспирацијата за овие бисерни галии ѝ дошла додека гледала документарен филм за фабрика во Кина каде што се произведуваат секаков вид бисерни декорации во огромни количини. Токму затоа таа решила да направи 2 огромни брода кои ќе пловат низ бескрајното море од тијари, ѓердани и обетки…rnrn
Резбите од дрво се уметност која многу луѓе ја немаат усовршено, но меѓу тие кои ја имаат, Ливио Де Марки е еден од најдобрите. Неговата работа се состои од дрвена облека која изгледа толку вистински што би посакале да ја облечете. Дрвени автомобили кои не само што се движат по пат, туку и на вода.rnrnrnrnГолемината не е никаков проблем за Ливио. Тој знае да работи на мали предмети како и на огромни. А како доказ за тоа е дрвената куќа која изгледа како да е направена од книги.rnrnПогледнете ја дрвената уметност на Ливио Де Марки.rnrn
Често сретнуваме природни декорации во накитот и модата, но постои нешто посебно во поседувањето вистински цвеќиња во вашите модни додатоци. Сара Смит, артистка од Орегон, рачно изработува прекрасни алки и обетки од вистински пердуви, цвеќиња, школки и слични убавини на природата така што ги обвиткува во смола. Таа вели дека за едно парче накит ѝ е потребно околу 2 до 3 недели за целосно да го изработи. Погледнете колку прекрасно изгледаат нејзините дела…rnrnrnrn
Вилијам Вајлд е моден дизајнер од Лондон чија специјалност се исклучителните рачно изработени гумени модели и модни додатоци. Неговите колекции изобилуваат со елеганција и уникатност која ретко може да се најде, но никогаш не може да се заборави. Вајлд има долгогодишна опсесија со костуми и дизајни кои вклучуваат латекс и кога во 2010 година ја претставил својата нова колекција „Madame Boucherie“, тој веднаш добил голем број фанови, вклучувајќи ја и Ријана. Погледнете во неговото интересно и талентирано модно портфолио и погледнете ја неговата најнова колекција „Dairy Queen“…rnrnrnrn