КАФЕ ПАУЗА

Tag: психопати

  • 6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!

    6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!

    Машките психопати можат да бидат исклучително шармантни за да ја привлечат жената.rnrn6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!rnrnЌе зборуваме за мажите психопати. Можеби ќе речете дека ова е груб израз, и дека во денешно време веќе се користат поблаги варијанти, како што е „нарушување на личноста“ но дефинитивно може да се каже дека психопатијата е на граница помеѓу патолошката и здравата состојба на психата.rnrnМажите психопати се многу интересни за жените. Бидејќи овие луѓе можат да бидат многу шармантни, романтични, оригинални, образовани и интелигентни, тие често можат да ја изненадат жената со некаков бестрашен чин.rnrn6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!rnrnПрвите знаци на психопатија, жените ги толкуваат како излив на голема љубов.rnrnЕве како да препознаете психопат во 6 чекори:rn

      rn 011

    1. Првиот знак е преголема самодоверба. Тие секогаш се убедени дека се во право.
    2. rn 011

    3. Вториот знак е патолошко лажење.
    4. rn 011

    5. Третиот знак е различното претставување во јавноста (тој прикажува едно лице на работа, а дома сосема поинакво).
    6. rn 011

    7. Четвртиот чекор е љубомората.
    8. rn 011

    9. Петата точка е заканувањето. Внатрешниот свет на мажите психопати е исполнет со борби, закани и насилство.
    10. rn 011

    11. Шестата точка е неможноста да ја контролира агресијата. Тој скоро секогаш избувнува и не може да се сопре.
    12. rn

    rn6 знаци дека вашиот сопруг е психопат: Животот со него е страдање!rnrnМногу жени кои се во врска или во брак со таков човек на крајот стануваат жртви. Стравувајќи од таа личност, тие со години остануваат со нив. Стравот ги парализира и поради тоа не можат да го прекинат односот со таквата личност. Тие живеат во еден маѓепсан круг од страв, страдања и закани.rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • 10 професии во кои психопатите се најдобри

    10 професии во кои психопатите се најдобри

    Досега повеќе пати сме пишувале дека е доста тешко да се забележи психопат „од прва“, особено затоа што во реалниот живот овие луѓе се многу поразлични отколку оние во книгите и филмовите. Тие, дури, во прв момент изгледаат премногу нормално, можете да ги најдете како тим-лидери или менаџери, бидејќи имаат способност да се изборат за она што сметаат дека ми следува. Бестрашни се и полни со харизма, но кај нив отсуствува емпатијата, а истакната е и способноста за манипулација со другите.rnrn10 професии во кои психопатите се најдобриrnrnПсихолозите често ги нарекуваат и „функционални психопати“, бидејќи тие се присутни секаде и успеваат да се изборат да опстанат во општеството. Всушност, животот со нив и покрај нив може да се чини како прилично едноставен, ако се изземат некои нивни карактеристики. Нив може да ги најдете во многу професии, но ова се 10 во кои ги има најмногу:rn

    1. Вработен во јавна администрација или советник

    rnТие се во служба на граѓаните, па затоа и ова е еден од најпопуларните избори на професија за психопатите. Всушност, тие се добри за да ги одржуваат нештата во ред, одлично се снаоѓаат во кризни моменти, немаат чувства, ниту морален код и тежнеат кон тоа да постапуваат интелигентно и логично.rn

    2. Готвачи

    rnПовеќето психопати не се грижат ако повредат некого, па затоа и им е лесно да работат со остри ножеви и покрај отворен оган. Тие лесно се снаоѓаат во хаос, за разлика од другите, кои би „паднале“ уште при првиот обид, па затоа и не им е тешко да бидат во кујна.rn

    3. Претставници на религиозни организации

    rnПостојат повеќе причини зошто психопат би се приклучил во религиска организација, па дури и да добие улога на проповедник. Тие сакаат да даваат совети, кои често не се правилни, но поради професијата добиваат „на тежина“. Исто така, ваквите организации се одлично место да наоѓаат „следбеници“ и да ги манипулираат, за да можат од нив да влечат доверливи информации.rnrn10 професии во кои психопатите се најдобриrn

    4. Полицајци

    rnТие се добри во оваа професија бидејќи реагираат со ладна глава во секоја ситуација. Всушност, нивната работа е интензивна и опасна и потребна е личност која има силен карактер и стабилна емотивна состојба, за да може да се носи со одговорностите што доаѓаат со полициската професија.rn

    5. Новинарство

    rnШармот, фокусот, самосвесноста и немилосрдноста се само дел од карактеристиките кои ги бара новинарството, а кои психопатите природно ги имаат. Овие квалитети особено доаѓаат до израз кога треба да се земе изјава од соговорник, да се „ископа“ информација за истражување или да се достави работата до одреден рок.rn

    6. Хирургија

    rnХирурзите покажуваат повисоко ниво на психопатска личност за разлика од другите медицински лица, кои пак се повеќе психопати од општата јавност. Но, тие мора да бидат такви, бидејќи за време на операциите им е потребна концентрација и стабилност. Едноставно, за да можат да го отворат телото на личност чиј живот треба да го спасат, мора да развијат имунитет кон стресот и да прават брзи, но тешки одлуки во секоја секунда.rn

    7. Агент за продажба

    rnВо една компанија, агентите за продажба постојано се во натпревар кој ќе оствари повеќе профит. Иако одделите за продажба во фирмите се едни од најголемите, сите вработени таму се индивидуалци, а не тимски играчи, па затоа нема многу да се двоумат да „украдат“ клиент од пред носот на колегата. Во зависност од професионалната област на фирмата, психопатот може да биде или одличен или кошмарен кандидат.rnrn10 професии во кои психопатите се најдобриrn

    8. Медиумска личност на телевизија или радио

    rnНарцизмот често оди рака под рака со психопатското однесување. Овие личности сакаат да бидат видени од што повеќе луѓе, но во исто време успеваат да бидат смирени и да се изборат со тремата, ако воопшто ја имаат, за да можат совршено да го одработат своето.rn

    9. Адвокати

    rnКарактеристиките на социопатите им одат во прилог на адвокатите. Тоа ги прави подобри во нивната работа. Адвокатите мора да располагаат со голема самодоверба и тврдо срце, но и голем шарм, потребен во судницата.rn

    10. Извршен директор

    rnОсвен што успеваат да задржат ладна глава кога се под стрес, психопатите умеат да создадат непоправлив хаос околу себе, знаејќи дека оние кои се „под“ нив ќе го средат. Но, тие го прават ова само за самите да напредуваат во кариерата. Но, постојат и директори кои не се психопати, а ќе ги препознаете по тоа што во нивните фирми сè е во најдобар ред, а тие напредуваат благодарение на своите вештини.rnrnПрочитајте ги и овие 7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат.

  • 10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

    10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатите

    Нарцисите и психопатите се личности кои имаат голема манипулативна моќ, но и неверојатна способност да создаваат хаос каде и да се појават и притоа да ве убедат дека ви се пријатели и дека се грижат за вас. Тие, исто така, се и одлично способни да ги кријат овие карактеристики, па тешко е да ги забележите на прв поглед и најчесто на видик излегуваат кога е предоцна. Иако не прават никакво насилство и криминал, тие нема да размислат два пати пред да повредат некого и да го уништат психички. Ова се причините поради кои е тешко да ги забележите:rnrn10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатитеrn

    1. Тие не се Џек Мевосек

    rnИако филмовите нè научија дека секој психопат е сместен во затвор или во лудница, во реалноста воопшто не мора да значи дека ќе биде криминалец или убиец. Понекогаш, за да констатираме дали некој е психопат или не, во него бараме видливи знаци на лошо однесување, но тие навистина можат да бидат волци во јагнешка кожа.rn

    2. Нивната општествена позиција не кажува ништо за нив

    rnМногупати сме чуле или сме прочитале дека некоја почитувана личност во своето опкружување всушност е насилник, убиец и силувач. Професионалниот ангажман често знае да излаже во впечатокот кој го добиваме за некоја личност. Така, доколку некој е воспитувач во градинка, веднаш помислуваме дека е добра личност затоа што работи со деца, но ситуацијата може да е сосема спротивна.rn

    3. Способни се за сочувство и емпатија

    rnЛажна или вистинска, без разлика, овие луѓе можат да бидат тука за вас кога ви е тешко. Она што ги прави различни од оние кои не се психопати е што тие самите можат да иницираат да бидат емпатични кога тоа е потребно, особено ако треба да ја придобијат вашата доверба или да бараат подоцна услуга од вас. Тие веќе имаат научено како да имитираат однесување кое е соодветно на ситуацијата, но зад тоа нема ништо реално.rnrn10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатитеrn

    4. Можат да бидат исклучително шармантни

    rnКога е потребно некого да придобијат, можат да бидат најшармантните личности на светот и со тоа да ве врзат покрај себе. Но, крајната цел е манипулација и извлекување лична корист од секоја ситуација. Затоа, не потпаѓајте кон нечија претерана љубезност и присутност.rn

    5. Прават лични истражувања со вас

    rnТие ќе ве уверат дека средбата со нив била судбина, но во реалноста сè е однапред испланирано и многу е веројатно дека одамна сте им биле цел. Кога ќе влезете во око на ваква личност, таа ќе се обиде да дознае што повеќе за вас и тоа да го искористи за да го отвори патот кон вас.rn

    6. Нагласуваат колку им значите

    rnКој не би сакал да чуе дека му е важен на некој друг? Секако, тие многу добро го знаат тој дел од човечката личност и им оди во прилог да ви кажуваат колку сте важни за нив. За жал, подоцна можете да бидете извисени, повредени и напуштени од ваквата личност и најлошо, вината за тоа да ја барате во себе. Ќе ве опсипат со изјави на љубов и поврзаност за кога ќе згрешат, да го игнорирате фактот дека всушност се работи за лоша личност.rnrn10 причини зошто е тешко да ги забележите нарцисите и психопатитеrn

    7. Не е секогаш лошо

    rnДури и во најлошите меѓучовечки односи, наоѓаме нешто добро и во тоа и ја основаме причината зошто да останеме во односот во кој сме. Кај некои дури и постои хемиска поврзаност со таа личност, што резултира со впечаток дека заеднички поминатата траума е доволен доказ дека имате вистински човек покрај себе. Исто, очекувано, кога е најлошо, ќе бидете убедени дека вината е кај вас.rn

    8. Располагаат со трогателни приказни

    rnКога ќе запознаете нарцис со тенденција за психопат, прво за нив ќе ја дознаете трогателната и трагичната приказна, со која од вас ќе изнудат емпатија и доверба. Ќе откриете многу за нивното тажно минато, за проблемите во семејството и за претходните неуспешни врски. Слушајте внимателно, бидејќи ако забележите дека секогаш другите се виновни за тоа што им се случило, си имате работа со нарцис.rn

    9. Бараат емпатични луѓе

    rnСекако, не можат да се „закачат“ за некој сличен на нив, па секогаш се во потрага по некој кој има повисока емоционална интелигенција. Но, многу е веројатно дека ќе ја искористат таа наклонетост за да добијат што сакаат, по цена на тоа да ја повредат другата личност и воопшто да не се грижат за нејзините чувства.rn

    10. Создаваат лажна реалност

    rnБлагодарение на манипулативните способности, тие ќе создадат свет и ќе ве убедат дека е реален. Овие личности умеат да ги уништат вашите перцепции и да ве наведат дека само нив можете да им верувате. Се вплеткуваат во лаги и манипулации, но секогаш ќе ве уверуваат дека тоа го прават за ваше добро. Често, од ваквите личности можете да бидете сериозно изгорени и оштетени.rnrnДоколку уште не сте сигурни, прочитајте ги и овие знаци по кои може да откриете дали разговарате со психопат.

  • 7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

    7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопат

    Знаците кои покажуваат дека едно дете може да биде психопат во иднина се забележуваат уште на 3-годишна возраст. Постапките на родителите понекогаш ги тераат децата да ги демонстрираат овие знаци. Проблемот е што многу често родителите не мислат дека овие показатели се важни. Многу сериски убијци ги покажувале овие знаци во нивното детство, но за жал никој не забележал. Постојат 3 вида однесување кои укажуваат на можност за насилство во иднината. Ова „тројство“ е создадено од Џ. М. Мекдоналд, американски психијатар кој го анализирал однесувањето на околу 100 криминалци.rn

    1. Насилство кон животни

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnНасилството кон животните е еден од најочигледните знаци кои ги покажуваат децата. Ако му објасните на вашето дете дека не е во ред да ги повредува животните и тоа ве послуша, нема за што да се грижите. Но кога децата ги повредуваат, па дури и убиваат животните време е да преземете нешто. На овој начин тие го искажуваат својот гнев кон животните кои немаат никаква заштита. Она што е морничаво е фактот дека убијците често ги убиваат нивните жртви слично како што го правеле тоа со животните. Врската помеѓу насилството кон животни и психопатите е толку очигледна што од ФБИ почнале да ги забележуваат случаите на насилство кон животни. На фотографијата се наоѓа Џефри Дамер, американски сериски убиец кој добил 15 доживотни затворски казни. Обрнете внимание на начинот на кој тој го држи мачето.rn

    2. Желба за подметнување оган

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnПироманијата или желбата за подметнување оган е вториот знак. Ова е уште еден начин за искажување гнев.rn

    3. Принудно уринирање

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnСе разбира, не значи дека 6-годишното дете кое го мокри својот кревет е иден психопат. Но, ова нарушување често предизвикува криминално однесување бидејќи е понижувачко за детето. Како резултат на нарушувањето, детето може да биде гневно и навредено. Ако родителите не реагираат на оваа појава, или ако детето е мета на шегување од страна на пријателите, може да има лошо влијание. На пример, Андреј Чикатило страдал од ова нарушување и бил најозлогласената личност во Советскиот Сојуз. Неговата мајка го тепала секогаш кога ќе се случела оваа „несреќа“. Подоцна тој почнал да ужива во страдањето на други деца, а ова водело до многу ужасни злодела.rnrnПсихолозите спомнуваат уште неколку знаци покрај тројството на Мекдоналд. Важно е да се обрне внимание на знаците бидејќи понекогаш разликата помеѓу нормално и абнормално однесување е многу мала.rn

    4. Кршење правила

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnНе постои личност која не скршила некој сад или не задоцнила. Секое дете се нашло во ситуација каде што мора да излаже или да се соочи со вистината. Но децата со психопатски особини многу различно го сфаќаат кршењето на правилата – тие чувствуваат задоволство од тоа. Истото важи и за луѓето кои уживаат во крадењето. Овој случај е многу добро опишан во книгите „Хари Потер“. Ако се сеќавате на детството на Волдеморт, професорот Дамблдор наоѓа неколку украдени играчки во фиоката на Волдеморт. Играчките им припаѓале на други деца и навистина не му биле потребни на Мрачниот господар. Едноставно, тој уживал да гледа кога некој губи нешто што му е драго.rn

    5. Лажење без каење

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnАко дете лаже плашејќи се од казна, тогаш е разбирливо зошто ја прикрило вистината. Но ако детето лаже без причина, без каење и со доверба на лицето, можеби е време за грижа. Можеби навистина ужива во лажењето. Друго важно нешто е тоа што децата со психопатски особини стануваат гневни и хистерични кога ќе ги фатите „на дело“. Ова е еден вид манипулација. Причината за гневот не е тоа што згрешиле, туку тоа што е откриена нивната лага. Се разбира, не мора веднаш да значи дека детето е психопат, но подобро е да се посети психолог.rn

    6. Малтретирање

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnНе секое дете што малтретира е иден психопат. Луѓето малтретираат од многу причини – сакат внимание, моќ, сакаат да изгледаат како нивните родители или идоли и слично. Но ако детето понижува некој само затоа што ужива во тоа, може да станува збор за проблем.rn

    7. Нечувствителност

    rn7 знаци дека детето има потенцијал да се претвори во психопатrnrnДецата со психопатски особини не демонстрираат страв толку лесно како другите. Тие не го чувствуваат стресот со ист интензитет. Исто така, не им е јасно што значи сочувството. Според психологот Хедер Ирвин, првата година од животот на детето е клучна за одредување на иднината на неговото психолошко здравје.rn

    „Психопатите не се појавуваат од никаде. Потребно е да погледнете кон првите години од нивниот живот и да видите што им се случувало на овие луѓе веднаш по раѓањето. На пример, ако тие плачеле првите 6 месеци, а никој не се грижел за нив, никој не ги хранел кога биле гладни, никој не им помогнал, нивниот мозок го запомнил тоа и сфатил дека чувствата не се важни. Нашата мозочна структура почнува да се формира врз основа на овој концепт.“

    rnПокрај тоа, ако детето пораснало во добро опкружување, но откако наполнило 5 години искусило некакви насилство, помали се шансите дека ќе стане психопат бидејќи неговата свест е веќе развиена. Ова значи дека родителите имаат голема одговорност не само за здравјето на детето, туку и за начинот на кој тоа го гледа светот. Ако кај детето има какви било отстапувања, секогаш е подобро да се побара помош од професионалец отколку сами да се обидувате да го средите проблемот.rnrnДознајте и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.

  • 5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

    5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себе

    Кога ќе го слушнете зборот психопат, можеби често помислувате на Ханибал Лектор, но повеќето психопати се всушност ненасилни членови на општеството. Големи се шансите тие да изгледаат како сосема добри и мирни луѓе.rnrn5-те фрази со кои психопатите ве тераат да се сомневате во себеrnrnПсихопатите, пред сè, се друштвени предатори. Без грижа на совест, тие го користат својот шарм и способноста за манипулирање за да го добијат она што го сакаат, без разлика дали тоа е пријателство, љубовна врска или работно место. Тие често го менуваат својот карактер и стануваат личноста која вие сакате да бидат. Но, кога повеќе немаат да имаат потреба од вас, почнуваат да се однесуваат „лудо.“ Во продолжение погледнете неколку фрази кои ги користат психопатите кои сакаат да се посомневате во вашето психичко здравје.rn

    1. „Премногу анализираш“

    rnСе разбира, постојат луѓе кои навистина премногу анализираат. Разликата помеѓу оваа изјава од страна на психопатите и обичните луѓе е тоа што ќе откриете дека сте биле во право. Тие често намерно прават работи кои ќе ве натераат да станете параноични. Кога ќе почнете да се сомневате во нешто, тие ќе ве обвинат дека премногу анализирате. Тие сакаат да се сомневате во вашата интуиција и да се чувствувате како луд детектив.rn

    2. „Мразам драми“

    rnИако го викаат ова, ќе сфатите дека тие се опкружени од драми многу повеќе од другите луѓе. Психопатите прво ќе ве идеализираат и ќе ве издигнат над сите други. Ќе ве фалат за вашата совршена, мирна и едноставна природа. Но бидејќи често им станува здодевно, тоа нема да трае долго. Тие се патолошки лажговци и вечни жртви. Нема да помине многу пред овие особини да излезат на површина. Наскоро, секој пат кога ќе спомнете дека сте загрижени или незадоволни, тие само ќе ви речат дека мразат драми.rn

    3. „Многу си чувствителен/чувствителна“

    rnПсихопатите знаат како да создадат емоции кај другите. После константното фалење и ласкање, тие ќе почнат да ве игнорираат на неколку денови, а потоа ќе ја очекуваат вашата реакција. Кога ќе го направите тоа, ќе ве обвинат дека сте премногу чувствителни. Можно е да ве навредат, да ве критикуваат и да ве омаловажуваат. Ќе ве притискаат сè додека не прозборите, а потоа ќе го искористат тоа против вас.rn

    4. „Не ме разбираш“

    rnНедоразбирањето може да се случи секому. Но, кога сте со психопат, тој намерно ќе кажува работи кои знае дека ќе ве испровоцираат. А кога ќе почнете да реагирате, ќе ве обвини дека не сте го разбрале. Дури ќе одрекува дека рекол нешто. Всушност вие одлично сте го разбрале, но тој само сака да се сомневате во вашиот разум.rn

    5. „Ти си луд/а, љубоморен/на, биполарен/а, заљубен/а во мене“

    rnНарекувањето со вакви имиња обично почнува кога работите се движат надолу. Според психопатите, сите нивни поранешни партнери, пријатели и колеги се луди, биполарни, љубоморни или вљубени во нив. Единствен излез од оваа ситуација е прекинување на контактот со психопат. Тоа значи без пораки, јавувања, па дури ни Фејсбук пријателство. Во спротивно бидете сигурни дека тие ќе направат сè за да помислите дека сте полуделе. Добрата вест е тоа што кога психопатот сака да ве натера да се сомневате во вашата интуиција е знак дека тоа им предизвикува неволји.rnrnТие сакаат да го уништат секој кој може да им ја наруши илузијата на нормалност во светот. Па кога ќе почнат да играат ментални игри со вас, тоа е некоја индиректна и чудна почит кон вашата способност да ги забележите „грешките“ кај нив.rnrnДознајте и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.

  • Како да откриете дали разговарате со психопат?

    Како да откриете дали разговарате со психопат?

    Отприлика 1% од населението може да се смести во категоријата психопати, односно личности кои не се грижат за другите, им недостасува емпатија, склони се кон насилство и гнев, немаат емоции, лажат и имаат способност да ги манипулираат другите. Околу 25% од машките затвореници ѝ припаѓаат на оваа категорија. Но, многу често психопатите се функционални луѓе кои имаат високи позиции како директори, адвокати, полицајци и слично.rnrnkako-da-prepoznaete-dali-razgovarate-so-psihopat-kafepauza.mkrnrnЛесно е да препознаете дека разговарате со психопат ако знаете кои знаци да ги барате. Кога зборуваат, луѓето свесно и несвесно користат одредени зборови со цел да го искажат своето мислење. Според истражувањата кои се фокусирале на интервјуирање убијци, психопатите делеле некои особини во нивниот говор.rnЗа да го истражат емоционалниот контекст во говорот на убијците, Ханкок и неговите колеги користеле неколку фактори. Овде спаѓа користењето минато време кога ги опишуваат нивните злодела. Користењето минато време може да биде индикатор на психолошко одвојување, а истражувања покажале дека психопатите често го користат ова.rnПсихопатите кои ги среќаваме во секојдневниот живот се уште полесни за забележување. Лесно е да препознаете разговор со нарцис или психопат кога ќе сфатите дека тие се обидуваат да создадат маска за нив. Односно, алтернативна личност која ја користат за да се поврзат со разни луѓе на разни начини. Ова се некои од „триковите“ кои ги користат психопатите кога разговараат.rn

    1. Лесно се доверуваат

    rnОва доверување е обид за сочувство и присилена интимност. На некој начин тие се обидуваат да ве импресионираат. Колку побргу се поврзете, толку им е полесно да почнат да ве манипулираат. Најјасниот знак е предвременото откривање информации за себе. Овие луѓе ќе почнат да споделуваат лични работи со вас многу брзо, можеби дури и неколку минути откако сте се запознале.rn

    2. Повторуваат „доверливи“ информации кои веќе ги споделиле со вас

    rnАко постојано споделуваат исти информации со вас, веројатно тие користат сценарио за кое заборавиле дека го искористиле со вас. Понекогаш психопатите лажат само заради забава и без никаква друга причина. Но, понекогаш лажат за да ја продолжат својата приказна. Во овој случај веќе и не ги контролираат приказните и настаните кои ги измислуваат. Психопатите и нарцисите немаат никаков интерес за другите луѓе, па често забораваат што кажале и на кого го кажале тоа.rn

    3. Не поставуваат лични прашања

    rnАко не ви постават никакви прашања и не покажуваат интерес за вас, тогаш тие работат по своето сценарио. Ако ви поставуваат многу прашања, но брзо преминуваат од едно на друго без да му дозволат на разговорот да слободно да тече, голема е веројатноста дека само собираат информации од вас. Овие информации се со цел да ги откријат вашите слаби точки. Кога разговараат со некоја нова мета, психопатите често се обидуваат да откријат проблеми кај соговорникот за да можат да се претстават како личност која ќе помогне. Се разбира, ова е со цел да ја стекнат вашата доверба.rn

    4. Бараат посебни услуги

    rnДодека повеќето луѓе бараат услуга од некој поради вистинска потреба или обид за поврзување, психопатите го прават ова бидејќи сметаат дека имаат право на туѓото време и труд. Овие барања имаат неколку функции. Најчесто тие ве гледаат како личност која можат да ја искористат за своите потреби. Вашата согласност за услугата, без разлика колку е мала, може да биде тест. Ќе го поминете тестот ако покажете волја да бидете контролирани или манипулирани. По ова следуваат поголеми барања кои најчесто ќе водат до нивната примарна цел.rn

    5. Прават чудни претпоставки за вас

    rnЗамислете си дека разговарате за вашето семејство и од соговорникот добивате коментар: „Мора да е тешко да бидеш најпаметниот во собата.“ Ова е чудно бидејќи воопшто не сте спомнале дека сте паметни, ниту пак сте се споредиле со членовите од семејството. Целта на овој коментар е ласкање, но и истовремено понижување на вашето семејство. И ова е тест на некој начин. Целта е да види дали ќе се борите за себе или пак ќе ја прифатите неговата добрина. Суровите изјави кои не се поврзани со разговорот може да бидат сигнал за намерното или ненамерното тргање на неговата маска. Овие личности не ве сакаат и на некој начин ве потценуваат во текот на целиот разговор. Чудните коментари се можеби најдобриот показател дека си имате работа со психопат. Ако разговарате подолго, овие изјави ќе станат почести и погневни.rnrnПогледнете и кои се најизразените карактеристики на психопатите во реалниот живот.

  • Само психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?

    Само психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?

    Научниците дознале кој пијалак им е омилен на психопатите и садистите иако не успеале да ја објаснат таа поврзаност. Според резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Инсбрук, ако сакате да пиете џин тоник, постојат големи шанси дека сте психопати. Освен џин тоник, психопатски особини покажале и поединците кои обожуваат темно чоколадо и црно кафе, односно воопшто горчливи вкусови.rnrnСамо психопатите и садистите го обожуваат овој пијалак: Дали и вие сте дел од нив?rnrnВо истражувањето учествувале илјадници луѓе, а задачата им била да пробаат различни видови храна и пијалаци и да оценат колку им се допаѓаат. Потоа, морале да пополнат прашалник за нивната личност, ја мереле нивната емоционална стабилност, склоност кон садизам, агресија и слично.rnrnСе покажало дека луѓето кои претпочитаат горчливи вкусови, како што е вкусот на џин тоник, покажуваат знаци на психопатија, нарцисоидност и садизам.rnrnНаучниците сѐ уште не можат да ја објаснат врската помеѓу овие вкусови и психопатските особини, но некои велат дека тоа е поврзано со преземањето ризици. Имено, горчливите вкусови воглавно се поврзуваат со отровната храна, а „лошиот“ вкус би требало да нѐ одврати од јадењето такви намирници.rnrnШто мислите вие за ова? Дали џин тоникот е вашата омилена пијачка?rnrnВо продолжение дознајте каква музика најчесто слушаат психопатите.

  • Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете внимание

    Дали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете внимание

    Општеството веќе долго време се интересира за феноменот познат како психопатија. Оваа состојба истовремено ни предизвикува и љубопитност и страв, па затоа обожуваме да ги гледаме документарците за најпознатите сериски убијци. Јасно ни е дека овие поединци им нанеле голема болка на луѓето, но не можеме а да не се запрашаме како размислуваат психопатите. Која е причината што лежи зад нивното однесување? Нѐ интересира мотивот и менталната состојба што доведува до такви ужасни злодела.rnrnДали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете вниманиеrnrnДали навистина ги разбираме особините на психопатите и дали нашите омилени ликови од филмовите се однесуваат во согласност со дефиницијата за психопатија? Верувале или не, психопатите не се секогаш негативци, но за да си го олесниме овој комплициран концепт, ние сме одбрале да размислуваме на таков начин.rn

    „Проблемот кај психопатијата што се прикажува во популарната култура е тоа што ликот без свест може да се гледа од 2 страни: Како влијателно чудовиште и како човек што сака да си ги исполни желбите. Сите понекогаш помислуваме што би се случило кога би се ослободиле од сите ограничувања, како што се вината, стравот и срамот. Тоа го објаснува фактот дека во популарната култура негативците не се единствените психопати. И хероите се честопати просоцијални психопати. Тие можеби имаат цели кои ги цениме и со кои се идентификуваме, но сепак убиваат без чувство на вина и каење, лажат без проблем за да го добијат тоа што го сакаат и немаат страв. Ова се класични психопатски особини. Сите знаеме дека во фикцијата, негативците се психопати што сакаат да убиваат невини луѓе. Ретко се разговара за фактот што и хероите честопати се психопати кои сакаат да спасуваат невини луѓе“, објаснуваат експертите.

    rnПсихопатијата е прифатена како неминовен дел од нашето општество, но мора да се запрашаме колку навистина го разбираме ова нарушување. Психопатијата ни е далечен концепт, наменет за филмските негативци, сериските убијци и хорор приказните. Вистината е дека, тие се насекаде околу нас, незабележани и недијагностицирани. Експертите проценуваат дека 1% од популацијата на 18-годишна возраст се психопати, додека 16% од луѓето во затвор ги исполнуваат условите за да им биде поставена ваква дијагноза.rnrnДали вашето дете покажува симптоми на психопатија? 4 знаци на кои треба да обрнете вниманиеrnrnУште потешко ни е да прифатиме дека децата на многу рана возраст почнуваат да покажуваат психопатски тенденции. Психолозите препорачуваат да се одбегнува зборот „психопат“ кога се работи за деца и многумина ја одбегнуваат ваквата дијагноза. Наместо тоа, експертите ги нарекуваат овие деца „ладнокрвни и бесчувствителни“.rnrnОва се 4-те знаци на психопатија кај децата на кои треба да се обрне внимание:rnrn1. Недостаток на вина и каење за нивните постапкиrnrn2. Знаци на агресијаrnrn3. Недостаток на емпатијаrnrn4. Површни емоции или отсуство на емоции, рамнодушност кон добиените казни и последицитеrnrnОпштеството честопати ја игнорира можноста дека некое дете е психопат што доведува до лошо поставена дијагноза. Но, експертите сфатиле дека ако го игнорираат постоењето на психопатски тенденции кај децата, проблемот нема да исчезне.rnrnДецата психопати може да бидат поделени во 2 групи. Првите се оние кои ги развиваат нивните тенденции како последица од надворешни влијанија, како на пример деца кои растат во лоши домашни услови. Вторите се деца кои покажуваат знаци на насилство. За да се справат со втората група деца, родителите мора да дадат сѐ од себе за да им го пружат најгрижливиот и најфункционалниот можен дом, но сепак и тоа не е гаранција дека детето ќе се смири и ќе престане да предизвикува неволји.rn

    „Мислиме дека родителската љубов може да ги смени работите, но постојат случаи кога родителите прават сѐ што можат, а детето е едноставно лошо уште од самиот почеток“, откриваат психолозите.

    rnВо денешно време, се верува дека нема лек за луѓето кои се родени со предиспозиција за ова нарушување. Овие деца најчесто го поминуваат животот во психијатриски установи и групни домови каде што учат како да се справат со нивната психопатија. Експертите и понатаму ја истражуваат оваа појава со надеж дека еден ден ќе го најдат вистинскиот лек.rnrnЗа да можете да ги препознаете луѓето со ова нарушување, прочитајте кои се 5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот.

  • Контроверзно научно откритие: Каква музика најчесто слушаат психопатите?

    Контроверзно научно откритие: Каква музика најчесто слушаат психопатите?

    Иако Ханибал Лектор, психопатот од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, беше голем обожавател на класична музика, најновите истражувања покажуваат нешто сосема поинакво. Музиката што сакате да ја слушате може да открие многу работи за вашата личност. На пример, ако сте фанови на Еминем, постои голема веројатност дека сте психопати. Така барем тврдат последните откритија.rnrnКонтроверзно научно откритие: Каква музика најчесто слушаат психопатите?rnrnИмено, научниците од Њујорк откриле дека луѓето кои поседуваат психопатски особини најчесто слушаат рап музика. Истражувачите отишле чекор подалеку и заклучиле дека рап музиката може да ги предвиди таквите нарушувања во иднина.rnrnПесните кои се покажале како „најкритични“ се „No Diggity“ од групата Блекстрит и песната „Lose Yourself“ од Еминем.rnrnОд друга страна, пак, испитаниците со најмал процент на психопатски особини слушале поп музика, вклучувајќи ја песната „My Sharona“ од The Knack и „Titanium“ од пејачката Сиа.rn

    „Медиумите ги претставуваат психопатите како сериски убијци и насилници, но во реалноста тие не се толку очигледни и воопшто не личат на Џокер од ’Бетмен’“, открил доктор Паскал Волиш, еден од авторите на истражувањето.

    rnТој додал дека психопатите се опасни за општеството ако добијат можност да направат голема штета, па затоа многу е важно да се откријат на време. Музиката што ја слушаат може да стане новиот веродостоен метод.rnrnДа бидеме искрени, ние сме малку скептични околу овие откритија, бидејќи музиката иако го отсликува нашето моментално расположение, не би требало да влијае на нашиот карактер. Исто како што рокерите и металците не се наркомани и сатанисти, така и раперите сигурно не се сите психопати. Најдобро е да се земат овие информации со малку резерва, барем додека не се направат нови поголеми и попрецизни истражувања.rnrnВо продолжение прочитајте ги и 5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот.

  • 6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчат

    6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчат

    Голем број луѓе се жртви на нарцисите и психопатите. Во денешно време, со оглед на тоа што многумина гледаат како да ги искористат луѓето околу нив, не е толку лесно да се препознаат нарцисите, психопатите и социопатите. Ваквите поединци се големи манипулатори и тие постојано наоѓаат разни начини да ги контролираат и повредат останатите за да стигнат до целта. Освен тоа, тие знаат како да се извлечат од целата ситуација и да направат нивните жртви да се чувствуваат виновни поради тоа што се случило.rnrn6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчатrnrnКолку и да ви се чини тешко, мора да бидете претпазливи и да стоите на страна од овие поединци. Најчесто, социопатите, нарцисите и психопатите користат 6 тактики со кои ги манипулираат, контролираат и замолчуваат нивните жртви. Дознајте за што станува збор…rn

    1. Погрешно ги толкуваат зборовите

    rnСе сеќавате на ситуациите кога сте им кажале нешто на вашите пријатели и тие веднаш започнале војна? Психопатите многу добро знаат како да ги злоупотребат зборовите. Кога кажувате нешто, тие го разобличуваат тоа на таков начин што другите погрешно ве разбираат и стекнуваат погрешно мислење за вас. Благодарение на нив, може да добиете лоша репутација и да оставите впечаток на злобна и сурова личност. Треба да бидете многу внимателни доколку забележите такво однесување. Никогаш нема да можете да ги предвидите нивните постапки.rn

    2. Ги контролираат другите

    rnНарцисите секогаш се обидуваат да ги контролираат другите, но не го прават тоа директно. Најпрво, ќе се обидат да ве изолираат од семејството и пријателите. Кога ќе успеат во тоа, ќе се фокусираат на вашата ранливост. Замислете си ситуација во која најблиските луѓе почнуваат погрешно да ве разбираат, па дури и да ве обвинуваат без никакви причини! Како последица на тоа, ќе ја изгубите вашата самодоверба и ќе станете емотивно слаби.rnrnНаредниот чекор што го преземаат овие луѓе е следниов: Се однесуваат како да ви се најдобри пријатели! Тие ќе ве натераат да поверувате дека ве разбираат и ќе ја придобијат вашата доверба. Откако ќе завршат со тоа, ќе ја побараат вашата помош и ќе ви кажат точно што треба да направите. На тој начин, тие ќе воспостават целосна контрола врз вас и ќе ја постигнат својата цел.rn

    3. Ја менуваат темата

    rnНарцисите и психопатите секогаш ја менуваат темата на дискусија, доколку не им се допаѓа или доколку постои ризик да ја разоткрие нивната вистинска природа. Тие ќе кажат шега или ќе наведат безначаен пример за да ја одбегнат првичната тема на разговор.rnrn6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчатrn

    4. Манипулираат со реалноста на таков начин што ве наведуваат да помислите дека сте луди

    rnПсихопатите се способни да ја извртат реалноста и да ве натераат да помислите дека реалноста во која вие верувате произлегува од вашата имагинација. Тие ги изместуваат фактите и ве наведуваат да се сомневате во вашето лично разбирање за светот. Ако почнете да верувате во нивната верзија на реалноста, може да полудите, бидејќи ќе ја изгубите вашата самодоверба.rn

    5. Триангулација – Користат туѓи мислења за да ја докажат нивната поента

    rnНарцисите секогаш се обидуваат да додадат повеќе референции за нивните мислења. Тие ги спомнуваат туѓите ставови за да ја докажат нивната поента кога се расправаат. Како последица на тоа, ќе ви се чини дека многу луѓе ги поддржуваат нивните аргументи, па затоа ќе добиете впечаток дека сте надгласани. Нема да знаете каде сте погрешиле, но ќе ве измачува идејата дека имате погрешно мислење за работите.rn

    6. Проекција – Ги истакнуваат недостатоците

    rnЕден од најчестите методи на манипулација е истакнувањето на туѓите недостатоци. Психопатите секогаш ќе се обидат да ве натераат да поверувате дека негативните работи се случуваат поради вашите маани. Ќе ве доведат до точка да посакате да се поправите, иако во реалноста, тоа е само нивен обид да ги скријат сопствените маани.rnrnСекогаш треба да бидете претпазливи со ваквите луѓе. Нарцисите, психопатите и социопатите се хранат со вашите негативни мисли и недостаток на самодоверба. Само вашиот оптимизам може да ве спаси од овие поединци.rnrnВо продолжение, дознајте ја и вистинската разлика помеѓу социопат и психопат.