Филм за загубата и за тоа како понатаму откако ќе ви се случи најстрашното. Што откако сите грижливи пријатели ќе си заминат дома и ќе останете сами со своите мисли?rnrn
Режија: Џон Камерон МичелrnrnСценарио: Дејвид Линдзи-АбаирrnrnУлоги: Никол Кидман, Арон Екхарт, Даен Вест,rnСандра ОхrnrnВреметраење: 91 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnrnНаша оценка: 8/10rnrn__________________________________________________________________________________________rnРетки се оние филмови кои како да не се направени само за да не забавуваат, туку и за да ни помогнат, кои ни делуваат како психијатар – ни носат катарза, не прават да се чувствуваме помалку луди или чудни во овој свет или ни ја намалуваат тежината на сопствените чувства и мисли. И покрај тоа што е одлично изведено кинематографско парче, главниот адут на „Зајачка дупка” е во тоа што како да сака да не стави на психијатрискиот кауч и да не праша „И, како се чувствуваш ти во врска со тоа?”. Иако фокусот на филмот е најстрашното нешто за секој родител – загубата на сопственото дете, во основа „Зајачка дупка” поставува прашања вредни за размислување. Сепак, од овој филм не очекувајте некаков одговор, најверојатно затоа што и во реалноста не постои само еден, за секој човек е различен.rn_________________________________________________________________________________________ rn
rn
Приказна: Бека и Хауви се среќен брачен пар кој целосно се губи по смртта на нивниот 4-годишен син, Дени. Иако целата филмска приказна започнува откако Дени е починат, гледачот е апсолутно сигурен дека претходно тие биле идилично мало семејство затворено во својот сопствен мал универзум на совршени слики. Но сега не останува ништо освен сопствените чувства, тага, јад. Не постои збор кој што може да помогне, ниту пак во филмот има прекршен момент кој магично им ги прави животите на Бека и Хауви подобри…
Никол Кидман како и секогаш нежно и женствено, но и доволно драматично, темно и напатено ја претставува Бека. Нејзиниот начин на соочување со тагата можеби не е вообичаен, таа има кратки средби со тинејџерот кој случајно го прегазил нејзиниот син, но кој тука може да суди што е правилно, а што не. Нема точно време кога некој ќе престане да тагува, нема ни точно време кога некој повторно ќе посака секс, друго дете…
На маестралната Кидман (за среќа) сосема достојно и издржано ѝ парира Арон Екхарт, чиј лик Хауви е повеќе свртен кон игнорирањето на тоа што се случува и со опкружување на себеси со секојдневните случувања, со она што треба (а не сака) да се направи… Од друга страна, туку е и мајката на Бека, Нет која низ играта на одличната Даен Вест ја доживуваме како вистинска поддршка, доволно нежна и подготвена да ги прими сите твои „го*на” за да ти е подобро, но и доволно реална за понекогаш да ги каже работите в лице. Овој филм не е за обвинувањата на кого било, за потрага по правдата, за прашањата зошто и како, туку за тагата и за неоспорниот факт дека после некои настани тагата повеќе или помалку останува, независно што и да направиме.
Кинематографија: И музиката и кадрите се и мачни и тажни како што треба да бидат во филм за пар кој се соочува со смртта на сопственото дете. Ако „Зајачка дупка” го начекате на некој телевизиски канал и притоа не знаете за кој филм станува збор, прво што ќе помислите е дека сигурно тука се случило нешто страшно. Нема дилема, атмосферата на неподнослива тишина едноставно протекува од секоја секвенца на филмот.
Кога и како да го гледате: Сепак „Зајачка дупка” е филм за домашна атмосфера, така полесно и поубаво се гледа. Можете и сами, а и во друштво. И покрај тематиката не очекувајте дека ќе пуштите солзи. Да, темата е можеби тешка, но обработена е реално и без никакви претензии од гледачот да испровоцира сожалување и евтини емоции. „Зајачка дупка” ги прикажува работите точно како што се – откако ќе завршат прегратките останувате сами и треба да се снајдете со чувствата, а тогаш не е потребно сожалување, тогаш немате потреба некој да ве гледа со солзи во очите.


Колку пати ви се случило да се најдете во ситуација некој ваш пријател однапред да донесува правилни одлуки, а при тоа немајќи повеќе информации од останатите луѓе, ниту големо животно искуство? Вашиот пријател најверојатно се водел според својата интуиција.rnrnИнтуиција е претчувство за крајниот исход на ситуациите, кои сѐ уште не завршиле. Сите од самото раѓање располагаме со одреден степен на интуиција и ако знаеме како да ја препознаеме и развиваме, може да ни користи во сите полиња од животот.rnrn
Ако претчувствувате дека нешто ќе се случи во некоја точка во иднината, значи дека имате интуиција. Во ситуациите во кои сте постапиле правилно, дури и кога не сте биле сигурни што треба да правите, поверојатно е дека одлуката сте ја донеле како резултат на вашата интуиција, а не поради тоа што сте имале среќа.rnrn
rnrnИнтензивната интуиција е дарба и оние кои се среќни да се родат со таква, со вежбање можат да ја доразвијат и да умеат да дадат одлични совети за тоа како треба да се справуваме со нерешените проблеми.rnrn
Да претпоставиме дека започнувате ваш сопствен бизнис, при што имате избор да одлучите какви ќе бидат правилата на работа во фирмата. Од некој ваш соработник имате големи очекувања и мислите дека можете да му верувате, но во вистинскиот момент некој ваш близок човек со моќни интуитивни способности ве насочува во друг правец, советувајќи дека тој колега не е вистинскиот избор за вас. На крајот и самите сознавате дека тој бил во право.
rnrnСекој од вас има слушнато дека луѓе решаваат во последен момент да не се качат во авион, бидејќи јака интуиција им кажува дека не треба да патуваат тој ден. После кратко време, се дознава дека авионот се срушил. Убавината во интуицијата е токму во тоа, можноста да ја користите како голема дарба, каде и да сте.rn
Ако настојувате да станете што е можно посвесни за природата на сите случувања околу вас, ќе развиете и посилно чувство за функционирањето на животот воопшто. На тој начин ќе го избистрите умот и ќе и помогнете на вашата интуиција да ве води до вистинските одговори кои ги барате.rnrn
Интуицијата ја носите секаде со вас и таа може да ви помогне во многу различни животни ситуации. Но, понекогаш емоциите и секојдневните работи може да ви ги засенат мислите и да не сте во можност да ја препознаете.rnrn
rnrnОд друга страна, психијатрите кои располагаат со јака интуиција можат многу почисто да проценат кои се вистинските одлуки кои треба да ги донесете во дадената ситуација, бидејќи тие не се лично инволвирани. Нивниот мозок не е исполнет со лични мисли кои ја блокираат интуицијата. Тие пред сè се професионалци, кои со години ја развивале својата интуиција, за да можат да ги уловат оние нешта, кои обичниот човек не може да ги види.rnrnrnrn