Имате проблеми со лошо расположение, не можете да спиете навечер, хронично сте уморни, немате волја да станете од креветот, тешко се сконцентрирате, често заборавате, го менувате расположението, имате самоубиствени мисли…? Ова се само дел од причините за барање стручна помош и тоа што е можно побрзо. Како да го направите вистинскиот избор помеѓу психијатар, психолог, терапевт и советник? Прочитајте каква услуга нудат овие стручни лица за да знаете кој може да ви помогне најдобро, доколку ви е потребна помош.rnrn
rn
Психијатар
rnПсихијатарите се доктори кои се специјализирани за менталното здравје. Психијатарот е медицински доктор, што значи дека тој има завршено медицински факултет и специјализирал психијатрија. Бидејќи психијатарите се доктори, во лекувањето можат да користат и фармакотерапија, што е главна разлика во однос со останатите професии кои нудат помош.rnrnТие обично работат во болниците и можат да имаат пациенти кои лежат во одделот на психијатрија. Тие се консултираат со невролози, ендокринолози, педијатари, а често работат и со психолози во тим.rnrnЛуѓето бараат помош од психијатар поради панични напади, визуелни и звучни халуцинации, самоубиствени мисли, анксиозност, шизофренија… Психијатарот исто така може да биде вклучен во лечење други болести кај пациенти со психијатриски манифестации.rnrnНајчесто работат со лекови како што се антидепресиви, седативи, лекови за спиење, психостимуланси и стабилизатори на расположението.rn
Психотерапевт
rnПсихотерапијата е процес на помош кој се одвива со разговори помеѓу лиценциран терапевт и клиент. Едукацијата за психотерапевт трае најмалку 4 години и можат да ја завршат доктори, психолози, педагози, социолози, дефектолози, социјални работници и други хуманистички професии.rnrnПостои индивидуална и групна психотерапија, со различни теориски правци и пристапи. Психотерапијата се користи за лечење голем број ментални нарушувања како што се фобии, анксиозност, панични напади, депресија, алкохолизам, анорексија и слично.rnrnВо некои случаи, психотерапијата е доволна и подеднакво ефикасна како и лековите, но понекогаш е потребно да се вклучи и психијатар. За користење психотерапија не е потребна дијагноза, таа може да биде составен дел од работата на себе и грижата за ментално здравје кај некоја личност.rnrnВо поголемиот дел случаи, сеансата изгледа така што терапевтот и клиентот седат еден спроти друг, а понекогаш клиентот може да биде и легнат. Разговорот е доверлив и собраните информации за клиентот, терапевтот мора да ги чува во согласност со Законот за заштита на личните податоци.rnrnНекои од популарните методи на лечење со помош на психотерапевт се когнитивно-бихевиорална терапија, конструктивна терапија, семејна терапија, психоанализа, уметничка терапија…rnrnНа цената влијае видот на психотерапијата, дали е групна, индивидуална, онлајн, бројот на закажани термини и слично.rn
Психолог
rnПсихологот има завршено студии за психологија и претежно се занимава со здрави луѓе. Со нивната едукација, тие не се стекнуваат со називот психотерапевт, за што се потребни дополнителни студии по нивното дипломирање. Често се ангажирани како поддршка во здравствените установи, училишта, градинки, компании…rnrnПсихологот е квалификуван за изведување различни психолошки тестови и процени, што се од голема важност за разбирање на состојбата на личноста и нејзиното понатамошно лекување. По прегледот кај психијатарот, личноста може да го продолжи лекувањето кај психологот и обратно доколку психологот процени дека е потребна психијатриска помош.rnrnИако имаат различни методи, психолозите и психијатарите често работат заедно и имаат заедничка цел, а тоа е превенција, откривање и лечење на различни психички феномени кои не секогаш мора да бидат патолошки.rn
Советник
rnСоветување, тренер за живот, мотивационен тренер, советник за кариера… Често луѓето кои не се квалификувани да се занимаваат со психотерапија, се одлучуваат за некоја од професиите кои нудат помош, за кои едукацијата обично трае од 1 до 2 години.rnrnБлагодарение на сопственото искуство, социјалниот капитал и конкретните техники за развој, помошта и услугите од советниците можат да бидат вистинскиот избор на поддршка. Тие не се занимаваат со лекување, и исклучително работат со здрави луѓе.rnrnПрочитајте и кои прашања да му ги поставите на вашиот терапевт за да го извлечете најдоброто од терапијата?



Режија: 
Во имагинарниот свет кој Питер го создал за време на сеансите, одбивајќи да се соочи со трагедијата, тој креирал нов идентитет. Од шифрата W1-1L 8-10-10 под која се лекувал, го сменил името во Вил. Смислил нови имиња и за сопругата и за ќерките. Но, кога се враќа во куќата, на Питер полека почнува да му проработува потсвеста и да се присетува на некои работи. Најпрво не ја препознава неговата сосетка Ен Петерсон (Наоми Ватс) и блиска пријателка на неговото семејство. Таа станува свесна дека Питер сè уште не е излекуван и дека ги замислува мртвите ќерки и сопругата. Клопчето започнува да се одмотува кога на Питер му се причинува дека неговите ќерки гледаат како некој човек ги набљудува. Полицијата одбива да му помогне и тој одлучува да поведе сопствена истрага…

rnrn

Иако има проблеми со нејзината палава ќерка и води војна со нејзиниот маж околу разводот, сепак ненадејно и се отвора шанса да работи со познати спортисти, политичари, новинари и слично кои моментално се во центарот на вниманието, а токму таквиот начин на живот ù создава нерешливи проблеми, кои само таа може да им ги реши. Нејзиниот начин на работа брзо ја прославува, а односот со колегите и семејството од епизода во епизода станува сè поинтересен.


rn