КАФЕ ПАУЗА

Tag: психичко нарушување

  • Талентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувања

    Талентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувања

    Кога 21-годишниот Кристијан Сампсон од Перу, Индијана почнал да посетува напреден курс по фотографија во 2014 година, немал поим колкаво ќе биде неговото влијание на луѓето со ментални нарушувања. Имено, тој добил задача да создаде колекција од фотографии и Сампсон одлучил да се фокусира на менталното здравје. Но, тоа не било неговата прва идеја.rnrn

    Талентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувања
    Анорексија
    rn

    „Колекцијата на почетокот вклучуваше физички болести како што е ракот, но сакав да создадам нешто со коешто луѓето се борат секој ден, а не можат да го видат. Сакав поголемиот дел од луѓето да се поврзат со фотографиите“, објаснил фотографот.

    rnТој ја разбрал сериозноста на темата што ја одбрал и затоа се посветил целосно и спровел големи истражувања за најчестите ментални нарушувања ширум светот.rn

    „Станува збор за многу чувствителна тема, па затоа многу истражував за да можам да ја претставам најточно што можам“, открива Сампсон.

    rnНеговото истражување го одвело до 14 различни ментални болести како што се анксиозност, несоница и биполарно нарушување. Имал само 8 недели за да ја реализира неговата идеја, па затоа ги замолил неговите пријатели да му бидат модели и почнал со работа.rnrnПроектот ја разбудил креативноста во Сампсон и тој сега планира уште да работи на оваа тема. Фотографот направил Фејсбук албум со неговата колекција насловен како „Визуелно претставување на менталните нарушувања“ (A Visual Depiction of Mental Disorders) каде што ги охрабрува неговите следбеници да му коментираат и да му дадат идеи за наредните фотографии.rn

    „Менталното здравје е многу важна тема за мене, бидејќи познавам луѓе кои мора да живеат со менталните нарушувања. Само затоа што не се гледа, не значи дека не може да направи штета. Фотографиите се многу мрачни зашто сакам да им покажам на сите дека постојат луѓе кои страдаат од тоа“, изјавил фотографот.

    rnВо продолжение, погледнете ги неговите моќни фотографии кои ќе ви ја подигнат свеста за постоењето на менталните нарушувања и нивните последици…rn

    Шизофренија

    rnТалентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувањаrn

    Биполарно нарушување

    rnТалентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувањаrn

    Зависност

    rnТалентиран фотограф успева да ја долови ужасната реалност на менталните нарушувањаrnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn

  • 8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатото

    8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатото

    Отсекогаш постоеле одредени предрасуди и стереотипи поврзани со психичките болести. Овие предрасуди биле најнагласени во случајот на жените, кои честопати биле обвинувани за вештерство и на кои им било кажувано дека единствениот лек за болеста е враќањето во домот и преземањето на улогата на покорна мајка и сопруга. Во продолжение, прочитајте ги следниве 8 факти за тоа како биле третирани жените со ментални болести низ историјата…rnrn8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатотоrn

    1. Матката ја носела вината за речиси секое женско ментално заболување

    rnВо 1900-тата година п.н.е древните Египќани биле меѓу првите кои сметале дека причината за женските психички нарушувања е „спонтаното движење на матката“. Луѓето навистина верувале дека зголемената анксиозност и вознемиреност кај жените се јавува како последица на „движењето на матката“. Ова верување траело до 16-ти век и поттикнало многу стереотипи за жените кои сѐ уште постојат и денес. Освен тоа, поимот „хистерија“ кој го означува првото ментално нарушување поврзано со жените доаѓа од терминот „hystera“, грчкиот збор за матка.rn

    2. Непријатните миризби биле „лекот“ за спонтаното движење на матката

    rnВо најстариот медицински документ од 1600-та година п.н.е пишувало дека матката треба да се врати назад во својата природна позиција за да може жената да се излечи од менталното заболување. Ако матката била подигната нагоре, пациентката требала да вдише непријатни миризби преку устата и носот, додека истовремено биле поставени парфимирани миризби во близина на нејзината вагина. Доколку, матката се „придвижила“ подолу од нејзината природна позиција, тогаш непријатните, горчливи миризби се поставувале блиску до вагината, а парфимираните миризби блиску до устата и носот.rnrn8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатотоrn

    3. Хистеријата кај жените се лечела со сексуални односи

    rnСпоред грчкиот доктор Мелампус, психичките проблеми се јавувале како последица од „меланхолијата на матката“ и недостатокот на оргазми. Грчкиот филозоф Платон исто така сметал дека матката е тажна кога не може да се спои со маж и да носи бебе. Дури и Хипократ тврдел дека вознемирената матка е причината за хистерија. Тој верувал дека овој орган станува вознемирен како резултат на лошиот сексуален живот кој можел да се подобри само доколку жената стапи во брак.rnrnОд друга страна, пак, Соранус, грчки гинеколог од вториот век од н.е., промовирал револуционерни лекови за хистерија. Тој тврдел дека ако жените сакаат да го извлечат најдоброто во себе и да имаат одлично здравје, треба да ја зачуваат својата невиност и да апстинираат од секс. Значи, психички болните жени во овој период требале или да си најдат маж или воопшто да немаат секс за да ја излечат болеста.rn

    4. Оргазмите на жените биле нарекувани „хистерични пароксизми“

    rnКако што веќе споменавме, еден од начините на кои жените можеле да ја излечат хистеријата бил доживувањето оргазам. Но, бидејќи жените се сметале за мистични и енигматични суштества кои се контролирани од нивните матки, оргазмите не можеле да се нарекуваат „оргазми“. Морало да им се даде медицински термин како што е еуфемизмот „хистеричен пароксизам“.rnrn8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатотоrn

    5. Порано докторите користеле секс играчки на нивните пациенти

    rnЛекарите од викторијанскиот период во Англија веројатно не биле свесни за тоа, но тие биле првите кои почнале да користат вибратори. Не само што женските оргазми биле нарекувани „хистерични пароксизми“ туку и на жените не им било дозволено да се самозадоволуваат. Оваа задача му била препуштена на машки доктор кој правел карлични масажи на неговите пациентки. Карличните масажи, односно задоволувањето на жените со прсти, може да биде многу напорно и да предизвика грчеви во раката. Па така, благодарение на доктор Џозеф Мортимер Гренвил се појавил првиот вибратор. Станува збор за уште еден метод кој се користел за да се излечат психичките заболувања кај жените, но и да се контролира нивната сексуалност.rn

    6. Многу долг период, жените кои страдале од ментални болести биле обвинувани за вештерство

    rnВо многу случаи биле и убивани поради тоа. На сите ни се познати судењата на вештерките во Салем. Експертите претпоставуваат дека во рок од неколку стотици години, околу 40.000 – 50.000 луѓе биле погубени поради тоа што биле обвинети за вештерство.rnrn8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатотоrn

    7. Зборот „хистерија“ не бил отстранет од Дијагностичко-статистичкиот прирачник за ментални заболувања (DSM) сѐ до 1980 година

    rnОвој прирачник е главниот водич кога станува збор за дијагностицирање ментални нарушувања. Можете колку сакате да негодувате поради верувањето во „движењето на матките“, но реалноста е дека сите овие теории биле отстранети од прирачникот дури во 1980 година! Ако ни требале неколку векови за да отстраниме еден обичен збор од речникот, замислете колку долго ќе ни треба за да се ослободиме од предрасудите што постојат поради него.rn

    8. Последиците од овие теории се присутни и ден денес

    rnСте ја чуле реченицата „Сите симптоми се во твојата глава“? Ова се зборовите кои голем број жени секојдневно ги слушаат кога бараат помош од медицински лица. Половите стереотипи во однос на менталното здравје сѐ уште постојат. Честопати не им се верува на жените кога тврдат дека биле сексуално злоупотребени, но оваа недоверба е многу опасна кога се работи за нечие здравје.rnrnПсихичките нарушувања треба да се третираат подеднакво и кај мажите и кај жените. Можеби ќе треба да помине повеќе време за целосно да се ослободиме од стереотипите што останале како последица од верувањата во минатото, но време е барем да го преземеме првиот чекор со тоа што ќе станеме свесни за нивното постоење.rnrnПрочитајте и за овие одвратни женски професии кои за среќа не постојат повеќе.

  • 10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

    10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

    Депресијата е сѐ почест проблем во денешно време и многу млади луѓе страдаат од неа. Но, и покрај нејзината голема застапеност, сѐ уште не се посветува доволно внимание на неа. Луѓето кои имаат ваков проблем не се сфатени сериозно и честопати другите мислат дека се преправаат и дека ги преувеличуваат работите. Реалноста е дека проблемот е многу посериозен отколку што мислите. Иако секој човек различно поминува низ депресијата, сепак постојат неколку универзални вистини кои можат да ви помогнат подобро да го сфатите ова нарушување. Во продолжение прочитајте кои работи треба да ги знаете за депресијата…rnrn10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаатrn

    1. Депресијата може да е генетски предодредена

    rnНајновите истражувања покажуваат дека можно е да постојат биолошки предиспозиции за појава на депресија. Пронајдени се одредени локации во човечката ДНК кои можат да се поврзат со ова нарушување. Научниците откриле дека постојат околу 15 гени кои можеби се виновници за појавата на депресија. Станува збор за истите гени кои се одговорни за развојот на невроните во мозокот.rn

    2. Депресијата е физичка болест

    rnДепресијата има многу физички симптоми кои ги надополнуваат емотивните компоненти. Луѓето со ова психичко нарушување честопати имаат промени во апетитот, главоболки и нарушен сон.rn

    3. Научниците постојано наоѓаат нови, ветувачки терапии

    rnНеодамнешните истражувања откриле дека нов вид на терапија преку разговор може да им помогне на пациентите да научат како да се справат со ситуациите кои ја поттикнуваат депресијата. Станува збор за ефикасна терапија која нема да чини многу. Одредени лекови исто така можат да бидат корисни за луѓето кои страдаат од ова психичко нарушување.rn

    4. Депресијата е многу честа појава

    rnОколу 350 милиони луѓе на глобално ниво страдаат од депресија. Таа една од најчестите психички нарушувања во светот.rn

    5. Може сериозно да влијае на работата на човекот

    rnЕден од главните симптоми на депресијата е недостатокот на мотивација, што може да остави белег на професионалниот живот на еден човек. Ова психичко нарушување значително ја намалува продуктивноста на вработените, што доведува до намалена заработка па дури и губење на работата.rnrn10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаатrn

    6. Секому може да му се случи

    rnДепресијата, како и секое друго психичко нарушување, може да му се случи секому, без разлика на возраста, општествената класа или националната припадност. Познато е дека еден од најпопуларните комичари во светот, Робин Вилијамс, пред две години го одзема животот токму како последица од ова нарушување. Деми Ловато и тенисерот Андре Агаси исто така имаат јавно говорено за нивното искуство со депресијата.rn

    7. Постојат многу стереотипи поврзани со депресијата

    rnНегативните стереотипи кои кружат околу психичките нарушувања се многу чести. Термините за менталните заболувања се користат како навредувачки имиња или туку-така се споменуваат во секојдневните разговори. Исто така, многумина ги поврзуваат и со насилство. Сите овие предрасуди можат да доведат до лажна перцепција за психичките нарушувања.rn

    8. Многумина не зборуваат отворено за она што им се случува

    rnСтравот од осудување и срам честопати ги замолчува оние кои страдаат од психички нарушувања. Тоа може да ги спречи да побараат помош и соодветна терапија, што е особено честа појава кај мажите. Според едно истражување од 2015 година, постои голема веројатност дека мажите нема да зборуваат отворено доколку размислуваат за самоубиство.rn

    9. Во најлош можен случај може да доведе до самоубиство

    rnПсихичките нарушувања можат да бидат многу сериозни. Поради тоа, многу е важно да се добие потребната лекарска помош и сочувство од блиските. 90% од самоубиствата се последица од некакво ментално заболување.rn

    10. Депресијата не ја дефинира личноста

    rnДепресијата не е личен недостаток или маана. Идентитетот на еден поединец не зависи од неговото психичко нарушување. Менталните заболувања можат да се контролираат со вистинската терапија. Сосема возможно е да се живее среќен, здрав и исполнет живот и покрај депресијата.

  • Помалку познати ментални болести за кои би требало да бидете свесни

    Помалку познати ментални болести за кои би требало да бидете свесни

    До неодамна, менталното здравје се сметаше за табу тема која не треба да се дискутира. Денес, бариерите полека се рушат и многу луѓе повеќе не се плашат да разговараат отворено за менталните болести. Не е чудно тоа што најчесто дискутираните нарушувања се оние кои се најмногу застапени, како што се депресијата, анксиозноста и нарушувањата во исхраната. Но, постојат и многу други ментални болести за кои помалку се зборува, иако би требало да знаеме дека постојат. Тие не се толку чести, меѓутоа важно е да бидеме свесни за нивното постоење за да можеме да ги препознаеме. Во продолжение прочитајте за помалку познатите ментални болести на кои треба да им се обрне повеќе внимание…rnrnПомалку познати ментални болести за кои би требало да бидете свесниrn

    Синдромот на Минхаузен

    rnЛуѓето со ова опасно нарушување намерно си предизвикуваат симптоми за физички да се разболат. Тие имаат интензивна потреба да се преправаат дека се болни или повредени и одат до екстреми за да го постигнат тоа, се повредуваат себеси или подлегнуваат на болни медицински тестови и процедури. Важно е да се напомене дека ова нарушување е многу поразлично од хипохондријата. Хипохондриците вистински веруваат дека се тешко болни, додека, пак, оние кои патат од ова нарушување знаат дека не се.rnrnЛуѓето со синдромот на Минхаузен имаат голема, но непостојана медицинска историја, променливи симптоми, навика да бараат терапија во голем број различни клиники и болници и влошувања веднаш штом нивното здравје се подобри. Тие може да поседуваат големо знаење за болниците и медицинските термини. Исто така, без проблем подлегнуваат на медицински процедури и операции, дури и кога истите се многу болни.rnrnПричината за појавата на синдромот на Минхаузен е непозната, но многу експерти ја поврзуваат со запоставеноста во детството и историја на вистински физички болести за кои била потребна хоспитализација. Најчеста е кај младите луѓе, но не постојат точни податоци за нејзината застапеност. Тоа е така поради фактот што болеста се заснова на лаги и тешко е да се воспостави конечна дијагноза. За да се излечи потребна е терапија со цел да се идентификуваат емоционалните проблеми кои лежат зад неа и предизвикуваат пациентот да се преправа дека е физички болен.rn

    Абуломанија

    rnАбуломанија е патолошка неодлучност која е толку сериозна, што го спречува човекот да функционира во секојдневниот живот. Честопати болеста е придружена со анксиозност, депресија и голем стрес. Луѓето со абуломанија не си веруваат на сопствената проценка и затоа се парализираат и вознемируваат кога треба да одлучат нешто. Обично стануваат зависни од партнерот, бидејќи се плашат од тоа што ќе се случи ако останат сами. Други симптоми вклучуваат страв да бидат напуштени, преголема чувствителност на туѓите критики, пасивност во врската и проблеми при изразувањето несогласност со другите луѓе.rnrnПсихотерапијата е најефективна за лечење на ова нарушување, но на пократок период, бидејќи долгорочната терапија може да доведе до зависност од докторот. Терапевтот работи со пациентот и му помага да развие стратегии кои ќе го направат поодлучен и независен.rnrnПомалку познати ментални болести за кои би требало да бидете свесниrn

    Дисоцијативна амнезија

    rnАмнезија е комплетно губење на меморијата од мозокот, но дисоцијативна амнезија се случува кога личноста блокира одредени сеќавања, најчесто затоа што се поврзани со некој трауматичен или екстремно стресен настан. Сеќавањата сѐ уште постојат, но толку длабоко се закопани, што немаат пристап до нив. Болеста е тесно поврзана со доживувањето или сведочењето на трауматични настани, како што се злоупотребата, природни катастрофи или војна. Основниот симптом на дисоцијативната амнезија се големите дупки во меморијата. Но, некои луѓе покажуваат и знаци на анксиозност и депресија.rnrnОва психолошко нарушување може да се излечи. Главната цел е да му се помогне на човекот да ги врати неговите изгубени сеќавања. Откако сеќавањата ќе избијат на површина, може да се продолжи со терапијата. Пациентите учат на здрав начин да се справат со нивните трауми и да функционираат во секојдневниот живот.rn

    Антисоцијално растројство на личноста

    rnКако што може да се заклучи од самото име, лицата со ова растројство често се повлекуваат и одбегнуваат голем број друштвени и професионални ситуации бидејќи се плашат дека ќе бидат понижени и осудувани. Тие се многу срамежливи и имаат ниска самодоверба, поради што се чувствуваат толку непријатно помеѓу други луѓе. Тие се сметаат себеси за инфериорни во однос на другите и тешко им е да создаваат пријателства и љубовни врски, бидејќи се плашат дека ќе бидат отфрлени доколку некој ги запознае интимно. Овие стравови и анксиозност доведуваат до тоа луѓето што патат од ова растројство да живеат во екстремна изолација.rnrnНајефективната терапија за антисоцијалното растројство на личноста е разговорот, заедно со антидепресивите. Иако не може да биде целосно излечено, луѓето со ова растројство можат да ја зголемат нивната самодоверба и да најдат начин подобро да се поврзат со другите. Доколку ова растројство не се лекува, може да доведе до изолиран животен стил и развој на дополнителни нарушувања како што се депресијата и злоупотребата на супстанции.

  • Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)

    Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)

    Внимавајте на знаците кои ви ги дава животот…rnrnФилм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Режија: Дејвид О. РаселrnrnУлоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт Де НироrnrnВреметраење: 122 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2012rnrnЖанр: романтична комедија, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) е брилијантна романтична комедија. Колку и да изгледаат чудно овие зборови во една иста реченица, тие најсоодветно го опишуваат овој филм. Не е многу различен од останатите во поглед на контурите на приказната – и овде се работи за маж и жена меѓу кои уште од почетокот се чувствува хемија и го чекате моментот кога можеби ќе завршат заедно, но оваа приказна е обвиткана со многу други елементи кои филмот жанровски го доближуваат до драма. Емоционалните проблеми, менталните нарушувања, односите во семејството, важноста на шансите кои постојат само во сегашноста толку убаво се прелеваат едни во други, создавајќи позитивен амбиент што овој шармантен филм го прави вистински прирачник за оптимисти.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Тоа што најпрво паѓа во очи е фактот што и двата главни лика имаат проблеми со психичкото здравје. Пет (Бредли Купер), кој има биполарно нарушување, речиси до смрт го претепал љубовникот на сопругата и затоа поминал 8 месеци во болница за ментални болести. Излегува оттаму само благодарение на снаодливоста на својата мајка, по што се враќа да живее кај родителите. Набргу ќе оди на вечера кај пријатели каде што ќе ја сретне Тифани (Џенифер Лоренс), млада вдовица која се обвинува себеси за смртта на својот сопруг. Таа веднаш ќе пројави интерес за Пет, но тој не е заинтересиран да се гледа со неа.rn
    rn

    Пет: „Изгледаш убаво“.rnrnТифани: „Благодарам.“rnrnПет: „Не флертувам со тебе.“rnrnТифани: „О, не ни помислив дека флертуваш.“rnrnПет: „Гледам дека си се потрудила, а јас сакам да се подобрам поради мојата сопруга. Работам на тоа. Сакам да ѝ дадам до знаење дека е убава. Никогаш не го правев тоа. Сега само вежбам. Како почина Томи?“

    rnФилм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Пет е полн со некаков ирационален оптимизам за животот, сметајќи дека сопствената волја му е доволна за да си ги врати назад сопругата, работата и целиот претходен живот. Не може веднаш да го постигне тоа затоа што судот му наредил да не ѝ се доближува на неговата сопруга, и тоа на нејзино барање. И покрај тоа, тој упорно се спрема за големиот момент кога сè ќе се врати на свое место. Секој ден тренира за да ја импресионира сопругата, чита многу книги и оди на психијатар каде што учи да ги контролира емоциите. Обидите некако да дојде во контакт со сопругата нема да престанат, а надежта дополнително ќе му ја подгрее Тифани. Таа ќе му ја вети својата помош, но зад тоа се кријат мотиви кои само таа ги знае.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Покрај двајцата главни протагонисти, филмот изобилува и со многу други ликови. Сите тие се преправаат дека живеат совршен живот, а всушност се дават во емоционални проблеми. Неверојатно суеверниот татко на Пет (Роберт Де Ниро) или пријателите кои не уживаат во бракот изгледаат како да се уфрлени во приказната за да се направи паралела со Пет и Тифани и да ја доловат хипокризијата со која околината им приоѓа на нивните проблеми.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Во тоа придонесува и брилијантното сценарио. Моќните дијалози ќе почнат да го освојуваат вашето внимание уште од првата сцена. Одлично се пренесени преку извонредната глума за која Бредли Купер, Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс добија номинации за Оскар за нивните улоги, а последната успеа и да го добие покрај останатиот куп награди.rn
    rn

    Пет Сениор: „Да ти кажам нешто. Мора да обрнеш внимание на знаците. Кога животот ќе ти подаде рака во еден ваков момент, грев е да не му возвратиш… ти велам.“

    rnФилм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) ја заслужува сета врева која се крева околу него. Ја прикажува љубовта како совршена состојба на која не ѝ се потребни совршени луѓе според општо прифатените стандарди за да биде таква и сигурно ќе ве остави со позитивно расположение откако ќе заврши. Кога само ваквите филмови би се нарекувале романтични комедии, овој жанр не би имал углед на некој кој цели на женската публика и служи за привремено лечење на нивните рани или за градење илузии. „Прирачник за оптимисти“ е филм кој одлично обработува секојдневни човечки теми и затоа вреди да се изгледа.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)
    rnrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје

    Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје

    Дали постои вистина во изреката „во здраво тело, здрав дух“? Еден од најстарите митови во психологијата е дека нашите умови се одвоени од нашите тела. Но, денес постојат премногу истражувања кои ни покажуваат како нашето психичко здравје е директно под влијание на мозокот и биологијата. Голем дел од ова влијание доаѓа од она што сме го наследиле преку гените, за кое немаме многу голема контрола. Секако, здравата исхрана и вежбањето исто така играат многу важна улога во одржување на здравјето на нашето тело и ум и токму тоа е тоа, над кое секој од нас има целосна контрола.Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеПрочитајте за неколку од најновите откритија кои ни ја укажуваат важноста на здравата исхрана и вежбањето за психичкото здравје, како и неколку совети со чија помош ќе можете да ги подобрите овие аспекти од вашиот живот:rn
    rn

    Храната која ја јадете влијае на вашиот мозок

    rnВашиот мозок има потреба од здрава исхрана за да функционира најдобро што може. Храната која е потребно да ја консумирате мора да биде богата со карбохидрати (извор на енергија за мозокот), витамини, минерали, протеини (за изградба на нови невротрансмитери) и незаситени масти (посебно омега-3 киселини кои ги подобруваат когнитивните способности).Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје Можете да задоволите голем дел од овие нутрициони потреби така што ќе јадете многу свеж зеленчук, овошје, житарици, квалитетно месо и риба. Психолошките студии покажале дека здравата исхрана која се состои од овој вид на храна, значително го намалува ризикот од психолошки нарушувања како анксиозност и депресија.rnrnКлучна „храна за мозокот“ која мора да ја имате на ум е:rn

      rn011

    • Риба, јајце, месо од животни кои биле хранети само со трева.
    • rn011

    • Бадеми, лешници, ореви…
    • rn011

    • Производи од житни растенија
    • rn011

    • Многу овошје и зеленчук
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Кафе или чај
    • rn

    rn
    rn

    Вежбањето помага при подобрување на психолошкото здравје и когнитивната способност

    rnПоследниве неколку години, научниците успешно докажале дека вежбањето е исто толку важно за нашето психичко здравје како и одржувањето на балансирана исхрана. Една студија покажала дека децата кои не биле физички активни имале понизок академски просек во однос на оние кои редовно вежбале, кај кои се забележало зголемено подобрување на меморијата, вниманието и донесувањето одлуки. Истите резултати биле пронајдени и при тестирање на помлади и постари возрасни луѓе.rnПоврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеСпоред истражувачите, постои цврст доказ дека вежбањето може да биде од корист при голем број извршни функции кои вклучуваат мултитаскинг, планирање и себе-контрола. Вежбањето исто така помага при намалување на ризикот за појава на депресија, бидејќи на тој начин се испуштаат невротрансмитери како ендорфин, серотонин и анандамид, кои се познати по подобрување на расположението и чувствата на задоволство.rn
    rn

    Намалете со алкохолот, цигарите и употребата на дрога

    rnДругата страна од нашето физичко и психичко здравје се опасните навики кои вклучуваат претерано консумирање алкохол, цигари и дрога. На многу начини, злоупотребата на овие супстанци претставува наша сопствена ментална болест. Исто така, постои вистина и во тоа дека оние кои се впуштаат во ова однесување, можат понатаму во животот да развијат различни видови мозочни абнормалности и ментални болести како на пример, оштета на мозокот предизвикана од алкохол.rnПоврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеНаправете разумна одлука да бидете попаметни кога станува збор за дрогата и исфрлете ја целосно од вашиот живот. Што се однесува до алкохолот и пушењето, ако не можеме да ве убедиме во спротивното, барем обидете се да бидете повнимателни и посвесни за нивното влијание на вашето тело, бидејќи како и сѐ останато што внесувате во вашиот организам и тие ќе влијаат на некој начин врз вашиот мозок и психичкото здравје.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    „Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.rnrnТој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rn

    „Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.

    rnПорција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Јадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:rnrn1. Најбарана е „Салатата Лари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.rnrn2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.rnrn3. Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.rnrn4. Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.rnrnДенеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.