Дали би се осмелиле да патувате по најстрашните железнички пруги во светот?rnrn
Tren a las Nubes, Аргентина
rnЗавршена во 1932 година во аргентинскиот град Салта, железничката пруга Tren a las Nubes или „Воз во облаците“ е една од најголемите пруги во Јужна Америка. Долга е околу 435 километри и потребни се 16 часа за да се помине целата пруга. Првичната цел на оваа линија била подобрување на економијата, а денес функционира единствено за туристи. Линијата минува низ полиња со тутун, низини, 29 мостови и 21 тунел пред да се искачи по вијадуктот Ла Полворила, на висина од 4.200 метри.
rn
Белиот премин и рутата Јукон, Канада и САД
rnОваа железничка пруга долга околу 177 километри ги поврзува пристаништето Скагвеј во Алјаска, денес популарна станица за бродови и Вајтхорс, главниот град на канадската територија Јукон. Тесната железничка пруга била завршена во 1900 година, кон крајот на популарната Златна треска. Линијата минува низ многубројни стрмнини, десетици мостови и карпести свиоци, сите проследени со огромни глечери, планини и водопади.
rn
Nariz del Diablo, Еквадор
rnЖелезничката линија Nariz del Diablo или „Носот на ѓаволот“ поминува покрај еквадорскиот град Алауси, во близина на градот Риобамба кој се наоѓа на Андите, спуштајќи се 80 километри јужно, кон градот Палмира. Возот по оваа линија се движи бавно за патниците да може да уживаат во глетката на Еквадор, позната како „Авенија на вулканите“. До пред извесно време на патниците им беше дозволено да седат на покривот од возот за повеќе да уживаат во пејзажите покрај кои минува линијата. Ова задоволство беше укинато заради стрмнините по кои се искачува возот.
rn
Железницата во Џорџтаун, САД
rnИако е долга само 7 километри, железницата во Џорџтаун повеќе од еден век е главна туристичка атракција. Возот ги зема патниците од Џорџтаун, Колорадо и ги носи во соседниот град Силвер Плум, искачувајќи се повеќе од 6.000 метри и минувајќи низ спектакуларен планински терен. Оваа железница работи само во периодот од април до декември.
rn
Железница на смртта, Тајланд
rnПовеќе од 90.000 работници и 16.000 воени затвореници загинале за време на изградбата на железничката пруга долга 415 километри, која ги поврзува Бангког во Тајланд и Мјанмар во Бурма. Возењето по оваа железничка линија денес е популарно за посетителите на градот Канчанабури, кој се наоѓа северозападно од тајландската престолнина. Линијата минува покрај големи карпи и преку голем број дрвени мостови.
rn
Мостот Памбан, Индија
rnГрадот Рамешварам на островот Памбан е поврзан со индиското копно преку мост долг околу 2,5 километри, кој истовремено претставува и железничка линија. Оваа линија е посебно популарна кај верниците затоа што и самиот град Рамешварам е едно од попопуларните места за аџилак.
rn
Бамбусовата железница, Камбоџа
rnВо обид да се справат со земјата која е позната по несигурната и примитивна железничка мрежа, жителите на Камбоџа ги презеле работите во свои раце и создале сопствен сервис, користејќи „возови“ направени од бамбус. Овие возови може да достигнат брзина и до 40 километри на час, генерирајќи енергија од мали мотори и може да носат до 10 патници. Проблемот се јавува кога два воза поминуваат по иста пруга. Во тој случај, бидејќи има само една линија, возот со помало оптоварување, се трга од пругата и се враќа откако другиот воз ќе помине.
rn
Железницата Курунда, Австралија
rnЗавршена во 1891 година, железницата Курунда ги поврзува градовите Кернс и Курунда во Квинсленд, Австралија. За да стигнете од едниот во другиот град, потребни се 1 час и 45 минути возење по оваа железничка линија, која минува низ Националниот парк и покрај многубројни водопади, тропски шуми и 15 тунели.
rn
Планинските железници, Индија
rnЖелезниците Дарџилинг, Калка – Шимла и Кангра биле изградени уште во времето кога територијата на Индија била британска колонија. Денес овие железници сè уште функционираат и секоја од нив поминува низ подножјето на Хималаите, без да го уништат пејзажот. Кога биле изградени, овие железници се сметале за чудо на инженерството, а денес возовите кои сообраќаат по овие линии се неудобни, бавни и преполни со патници.
rn
Outeniqua Choo Tjoe, Јужна Африка
rnИзградена во 1928 година, оваа железничка линија ги поврзува градовите Џорџ и Нисна во провинцијата Западен Кејп, во Јужноафриканската Република. Долга околу 68 километри, патувањето по оваа линија трае два часа и нуди неверојатна глетка на крајбрежјето на лагуната во Нисна. За жал, оваа линија е укината од минатата година.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.