Автор: М. Давидовскаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВелигден е најголемиот Христијански празник, но во секоја земја различно се празнува. „Мокар понеделник“ е името на вториот ден од Велигден во Полска, долгогодишна традиција зачувана до денес.
На овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.
Во минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.
Но, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.
Покрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.
rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
Tag: прска
-

Mокриот понеделник во Полска
-

Фотографии од најинтересните распрскувања на кафе
Автор: Теодора ТрповскаrnrnСигурно досега ви се случило во кафето, чајот или млекото кои ги пиете, случајно да ви падне колаче, коцка шеќер или резанка лимон. Ако тој момент не ви значел ништо тогаш, еве што може да значи ако успеете да го замрзнете времето во вистинската секунда. Уживајте во магијата на фотоапаратот, моментите и секако, вашето утринско кафе.rnrn
















