КАФЕ ПАУЗА

Tag: противење

  • За и против на првиот состанок

    За и против на првиот состанок

    Без разлика какви сте, колку години имате, дали сте срамежливи или не, првиот состанок е секогаш предизвик. Во пролет чувствата се будат, расположени сме за излегување, разговарање, запознавање… па разбудете ја романсата во вас! Сте знаеле дека најмногу први состаноци и најмногу вљубувања се случуваат во пролет? На вас останува да бидете прекрасни и достапни за нови познанства. Еве на што треба да внимавате на првиот состанок.rnrnЗа и против на првиот состанокrnrn1. ПРОТИВ – доцнење – глупаво е, неодговорно и секогаш остава лош впечаток. Доколку тоа се случува вон ваша контрола, навреме најавете го вашето доцнење. Девојките би можеле да задоцнат, но не повеќе од 5 минути, за момците поволно е да се појават малку порано.rnrn2. ЗА – лична хигиена – исчеткајте си ги забите, никој не би сакал да ги види остатоците од вашиот ручек во вашата усна шуплина.rnrn3. ПРОТИВ – носење цвеќе – ова важи за мажите, навистина е старомодно, а може да оставите впечаток дека сте очајни. Да, девојката секогаш заслужува да биде изненадена со цвет, но кога сте во врска, не на првиот состанок.rnrn4. ПРОТИВ – несоодветна облека – не бидете ни премногу ни премалку облечени. Облечете се соодветно на вашите години и согласно со местото и времето. На ова еднакво би требало да внимаваат и девојките и момците, но посебно девојките. Вашата убавина и сексапилност се видливи и преку облеката. Вашата шминка нека не биде премногу јака, на првиот состанок практикувајте лесна шминка и природен изглед.rnrn5. ЗА – плански состанок – Момци, бидете подготвени, имајте план за вашиот состанок, но планот нека ви биде флексибилен. Така би можеле лесно да се снајдете доколку заврне, или на пример, доколку на вашата партнерка не ѝ се допаѓа италијанската кујна. Девојки, бидете подготвени за повеќе пригоди, нека не ве ограничува облеката или времето.rnrn6. ПРОТИВ – претерано конзумирање алкохол – во ред е да пиете нешто алкохолно, всушност така би биле поопуштени, но во никој случај тоа не смее да заврши со пијанство. Доколку пиете премногу, дефинитивно партнерот/ката ќе помисли дека сте алкохоличар, или сте премногу нервозни.rnrn7. ПРОТИВ – нарцисоидност – целта ви е да се запознаете, па во ред е да зборувате за себе. Но не светот да се врти околу вас, не дозволувајте да звучи како фалење. Секогаш внимавајте вашите одговори да се во контекст на поставените прашања. Ако премногу се фалите би изгледале како личност која или нема доволно самодоверба, или ја има премногу.rnrn8. ЗА – блага таинственост – бидете по малку таинствени, разбудете ја интригантноста и љубопитноста. Но, вашата таинственост да не се граничи со онаа на личност која ја прикрива својата склоност кон вршење кривични дела.rnrn9. ПРОТИВ – зборување за вашите бивши партнери – доколку ве праша, одговорете кратко без навлегување во детали. Зборувањето за вашите бивши дава до знаење дека не сте ги преболеле и дека не сте подготвени за влегување во нова врска.rnrn10. ПРОТИВ – дебатирање за политика и религија – ова се осетливи теми, доколку не можете да ги одбегнете, без осудување, ненаметливо кажете го вашиот став.rnrn11. ЗА – внимателно слушање – слушајте што другиот ви зборува, но не изгледајте како пасивни слушатели. Давајте фидбек за да не звучите како да ви е здодевно или како да не сте доволно информирани. Користете насмевки, климање со глава или кратки коментари.rnrn12. ПРОТИВ – гледање во телефон или часовник – некои грешки се прават несвесно. Не враќајте на пораки и не воспоставувајте телефонски повици. Доколку гледате во телефонот или рачниот часовник, би изгледале како да не може да дочекате сето тоа да заврши.rnrn13. ПРОТИВ – флертување со други – дури би било глупаво да објаснуваме зошто, нели?rnrnЗа и против на првиот состанокrnrn14. ЗА – џентлменски став – бидете џентлмени, но не претерувајте. Во ред е таа да нарача прва или да ѝ ја отворите вратата од колата за да влезе, вака дури добивате плус поени. Но внимавајте, девојките секогаш би препознале дека се преправате.rnrn15. ЗА – давање комплименти – момци, делете комплименти, но само кога тоа навистина го мислите. Најбезбеден комплимент е насмевка и пофалба за нејзиниот убав изглед веднаш штом ќе се сретнете.rnrn16. ПРОТИВ – целосно природно однесување – ќе ви речат „бидете свои“. Во ред, но бидете внимателни. Ако сите треба да бидат свои на првиот состанок, зошто тогаш постојат еден куп совети за првите состаноци? Да бидеме искрени, никој не е целосно „свој“ на првиот состанок. Некои ваши навики можеби би изгледале неприфатливи сè додека другиот добро не ве запознае. Сепак, не преправајте се дека сте нешто што ни од далеку не сте.rnrn17. ЗА – внимание што порачувате – не порачувајте премногу храна, ниту храна која е „тешка“ за вашиот желудник. Исто така, одбегнувајте храна која прави неред.rnrn18. ПРОТИВ – дозволување на девојката да ја плати сметката – учтиво е девојката да понуди да плати макар дел од сметката, но логично е момчето да го одбие овој предлог. Колку и да сме рамноправни, првиот состанок носи други правила, тоа е време и место каде треба да внимавате и да бидете џентлмени, со сите ситници кои одат во „пакет“.rnrn19. ПРОТИВ – филозофирање за вашата заедничка иднина – всушност, против какво било филозофирање. Ова е ваш прв состанок, забавувајте се и запознавајте се. Дури и потајно да размислувате за иднина со него/неа, не кажувајте го тоа гласно.rnrn20. ПРОТИВ – оставање впечаток на нестабилна личност – човекот наспроти вас не е психијатар, туку ваш партнер за состанокот. Првиот состанок не е пригода да го спомнете вашиот однос со родителите или кавгата со вашата сестра.rnrn21. ЗА – внимателен крај на состанокот – крајот на состанокот, особено за мажите е критичен момент. Првиот состанок не мора да заврши со бакнеж или со нешто повеќе. Дури е пожелно да ја поздравите со бакнеж во образ и прегратка, но задолжително дајте ѝ до знаење дека е прекрасна личност и би сакале да ја видите повторно. Немојте ни да го одолговлекувате овој чекор зашто по неколку состаноци останувате во фазата пријатели. Девојки, вие не бидете пасивни, доколку сакате да ве бакне поттикнете иницијатива, охрабрете го!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашето справување со староста

    Астрологијата и вашето справување со староста

    Дали сè уште ќе носите мини здолништа, модерни очила за сонце и кул облека кога ќе имате 50 години? Или прерано ќе се помирите со фактот дека сте стари и немате што да правите повеќе со себеси? Ќе бидете кул старче или досадна баба/дедо? Некои хороскопски знаци грациозно се справуваат со староста, а други бесно се борат со неа. Во која категорија спаѓате вие?rnrnАстрологијата и вашето справување со старостаrnrnЈарецот е интересен, бидејќи го живее својот живот во обратен редослед. Припадниците на овој знак, додека се деца се многу сериозни и одмерени, а како што стареат стануваат сè повесели и опуштени.rnrnВодолиите се најчесто позаостанати во однос на нивните другарчиња додека се деца. Но, како што одминуваат годините тие стануваат поексцентрични и не им е гајле што другите мислат за нивниот необичен стил на облекување. Не се изненадувајте ако видите осумдесетгодишна водолија како носи големи округли обетки како оние на Доринда, од ТВ серијата „Касандра“.rnrnОвенот и стрелецот го игнорираат одминувањето на годините. Тие живеат во моментот, мислејќи си дека утре никогаш нема да дојде. Луѓето со овие хороскопски знаци, во нивната зрела фаза, најчесто безрезервно се впуштаат во истите оние активности кои ги правеле пред 30 години. Нивната енергичност и виталност, ги одржува млади во душа во текот на целиот живот.rnrnЛавот со текот на годините станува посмирен, умерен и сериозен, па поради побавното темпо на живот, може да качи некој килограм плус со тек на време. Потајно, лавовите сакаат да бидат почитувани како мудри возрасни личности, а тоа е статус до кој овој хороскопски знак може да дојде на свој начин.rnrnБлизнаците немаат намера да го забават нивното темпо, па тие најверојатно ќе го одржуваат нивниот луд набиен распоред во текот на нивниот средовечен живот, а и понатаму.rnrnРакот со текот на годините може да се јави во две варијанти. Едната варијанта е тој никогаш вистински да не порасне, а другата варијанта е да стане личност која постојано ќе ги негува и чува луѓето околу себе. Како што стареат, раковите сакаат да бидат сметани за личности достојни за почит.rnrnНа вагата ѝ е многу важен нејзиниот изглед, па затоа ќе направи сè што е во нејзина моќ да ги намали брчките и да не качува премногу килограми. Вагите сакаат суптилно да пловат низ времето и да веруваат дека на 90 години, сè уште го живеат својот средовечен живот.rnrnБиковите сакаат добро да се хранат, така што за нив е многу веројатно дека ќе се поправат и ќе станат помалку флексибилни, како што одминуваат годините. Во умот, исто така стануваат побавни. Но, за овој знак се смета дека е многу жилав, издржлив и може многу да поднесе, па така може да тера долги години.rnrnДевицата може да стане по малку негативна со текот на годините, ако ѝ дозволи на нејзината тенденција за критикување на другите луѓе да излезе надвор од контрола. Припадниците на овој хороскопски знак, мораат да останат љубезни и мили, доколку сакаат убаво да ја проживеат нивната зрела фаза од животот.rnrnСкорпијата има тенденција да стане отмена и грандиозна како што созрева, гордеејќи се со сопствената мудрост, која несомнено ја поседува. Но, таа може да стане и премногу нефлексибилна и тврдоглава да направи некакви промени во животот, дури и ако знае дека тоа е вистинската работа која треба да ја стори.rnrnРибите ги мразат физичките знаци кои ја одбележуваат фазата на стареење, поради што можат да станат премногу загрижени, раздразливи и неспокојни. Може да се каже дека, ако помалку се нервираат, рибите подолго и ќе живеат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.