КАФЕ ПАУЗА

Tag: продавачи

  • Им јадеме од раце: 5 трикови со кои трговците нѐ наговоруваат да купиме повеќе од планираното

    Им јадеме од раце: 5 трикови со кои трговците нѐ наговоруваат да купиме повеќе од планираното

    Скоро секој девојка која сака шопинг живее во дебела заблуда, бидејќи вистински кралеви на шопингот се трговците кои со проверени трикови нѐ наговоруваат да купиме сѐ што не сме знаеле дека ни е потребно, а сега очајнички ни е потребно. Ова се најчестите трикови на кои ќе „паднат“ голем број жени.rnrn1-im-jademe-od-race-5-trikovi-so-koi-trgovcite-ne-nagovoruvaat-da-kupime-povekje-od-planiranoto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Бесплатни артикли со купувањето

    rnОва е згоден, но прилично евтин трк на кој паѓаат голем број купувачи. Можеби нема ни да помислите на марамчиња за бришење очила за сонце, пешкир за тенис, силно црвени чорапи и уште еден балсам за усни можеби, но ако е БЕСПЛАТНО, ќе ве поттикне за купување на производот кој инаку можеби ви е прескап.rn

    2. Понуда 1+1

    rnКупете еден производ и ќе добиете уште еден потполно бесплатно! Веројатно не ви паднало на памет да го купите ниту првиот, но сега ќе добиете два, а на касата најверојатно ќе ве разочара информацијата дека понудата важи само на ограничен асортиман или дека плаќате поскап производ.rn

    3. Распродажба која кратко трае

    rn„Голема распродажба, трае само еден ден!“ Пораката стигнува од вашата омилена парфимерија или бутик и вие брзате да ги претркате другите жени за да ги купите работите кои воопшто не сте ни имале намера да ги купите. Па, распродажба е, би било штета да ја пропуштите.rn

    4. Последни броеви

    rnДали тоа навистина се последните броеви или само уште еден згоден трик?rn

    5. „Ќе ви го дадам мојот попуст“

    rnМожеби продавачката е само страшно љубезна (и непрофесионална), а можеби нејзиниот шеф ѝ рекол дека на овој начин полесно ќе продаде нешто кое и онака е на попуст.

  • Трикови со кои продавачите се служат за да нѐ натераат да купуваме повеќе

    Трикови со кои продавачите се служат за да нѐ натераат да купуваме повеќе

    Експертите за маркетинг, користејќи напредни техники за следење на активацијата на одредени делови во мозочната кора, како и брзината на дишење, отчукувањата на срцето, движењето на телото и потењето, утврдиле дека скоро сите потрошувачи слично реагираат кога се изненадени, воодушевени или разочарани.rnrnОбјаснувањето за тоа се наоѓа во нашиот анимален инстинкт, потсвеста и емоциите, кои честопати го надвладуваат разумот, па во склад со тоа понекогаш одлучуваме и непромислено.rnrn(1) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrnrnВаквите истражувања од една страна им помагаат на компаниите да продадат повеќе производи, но исто така им помагаат и на купувачите подобро да го разберат своето однесување и моментот кога мозокот им соопштува „купи го ова, а не нешто друго“.rn

    Големина

    rnПроизводителите на облека често означуваат со помали броеви за да мислиме дека можеме да влеземе во помала големина и заради тоа сме среќни што купуваме.rnrn(2) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrn

    Колички

    rnОд големината на количките за пазарење зависи колку ќе купиме, па така ако се поголеми, подложни сме да купиме за 37% повеќе.rn

    Мириси

    rnАромите се подеднакво важни. Благодарение на нив, на купувачите им се отвора апетитот, поттикнувајќи поголема потрошувачка на прехранбени продукти.rnrnМирисите кои нѐ потсетуваат на детството и придонесуваат за создавање чувство на сигурност, ги зголемуваат шансите за купување или за трошење пари.rnrn(3) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrn

    Музика

    rnДури 76% од американите купувачи на прехранбени продукти одлучуваат што ќе купат во продавница, без разлика на претходно подготвената листа, а експертите објаснуваат дека тоа е така бидејќи вниманието им го одвлекуваат и другите производи на рафтовите. И музиката влијае на купувачите. Што погласна, тоа повеќе купувачот ја губи самоконтролата, со што се зголемуваат шансите за импулсивно купување.rn

    Осветлување

    rnДали некогаш сте се запрашале зошто овошјето и зеленчукот се секогаш во близина на влезните врати на големите маркети? Тоа е бидејќи тие изгледаат поздраво и посвежо на природно светло. На одделот за долна облека пак, осветлувањето е послабо отколку во останатиот дел од продавницата за да се добие чувство на интимна атмосфера.rnrn(4) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrn

    Време

    rnТрговците исто така често се обидуваат да ве задржат што подолго во продавницата, а овој метод особено го практикуваат продавачите на мебел. Штом влезете во нивниот лавиринт од прекрасно дизајниран изложбен мебел, лесно ќе бидете убедени, покрај со ламба, од продавницата да излезете и со нови завеси.rn

    Мирис на кокос

    rnЗаради мирисот на кокос може да се почувствувате како да сте на плажа, па дури и ако не ви треба, ќе посегнете по нов костим за капење.rnrnWomen in boutique.rn

    Само пробајте…

    rnПрезентациите на кои имате можност да го пробате производот ви даваат прилика да го „запознаете“, а така многу полесно ќе се одлучувате и за купување.rnrnДобра вест е што сепак можеме да го излажеме мозокот и да купуваме помалку. Тоа ќе го постигнеме доколку ја промениме свеста за тоа што би претставувало вистинска добивка за нас.rnrnИстражувањата покажуваат и дека постои поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција и способноста за одложување на некое пријатно искуство, па така попаметните луѓе можат подобро да го контролираат купувачкиот нагон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да знаете кога одите на пазар?

    Што треба да знаете кога одите на пазар?

    Ништо не ги најавува годишните времиња како плодовите на пазарските тезги. Изобилство од свежина, бои и вкусови… Имајте ги предвид следните совети кога ќе одите да пазарите:Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    1. Кој рано рани, две среќи граби

    rnСите знаете дека продуките наутро се оние најсвежите. За време на викендите, обидете се да станете порано и да испазарите уште изутрина. Така ќе бидете сигурни дека сте го купиле најсвежото и најквалитетното на пазарот.Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    2. Пробајте пред да купите

    rnСекој продавач треба да биде среќен кога купувачот сака да проба од неговиот производ. Ако тоа не е случај, не купувајте од таа тезга. Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    3. За квалитет/свежина и органски производи се плаќа повисока цена

    rnИмате две опции: да испазарите во блискиот супермарект или да отидете на пазар. Пазарот е подобра опција, затоа што имате поголем и подобар избор на повеќе продукти. Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    4. Не се ценкајте

    rn…или па ако баш морате или сакате, правете го тоа со усул. Невкусно е да барате премногу ниски цени, а да знаете дека добивате квалитет и свежи производи.Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    5. Работата на земјоделецот не е ни малку лесна

    rnОва е уште едно дополнување на правилото погоре. Копање, орање, садење, наводнување… Сето ова бара физичка работа и многу труд. Имајте го тоа предвид кога ќе ги видите цените на продуктите на пазарите. Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    6. Поголемиот дел од продавачите се трговци на мало

    rnТие се оние на кои треба да им се вреднува трудот повеќе. Има и такви кои купуваат на големо и препродаваат. Пазарот треба да постои за земјоделците.Што треба да знаете кога одите на пазар?rn

    7. Купувајте во зависност од сезоната

    rnНема смисла да купувате домати во зима и тикви во лето.Што треба да знаете кога одите на пазар?rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.