Прекрасниот регион во централниот дел на Италија е атрактивна дестинација за многу туристи, но и за фотографи кои сакаат да фатат дел од тамошната убавина во нивните уметнички дела. Инспирација за својата работа во Тоскана пронашол и фотографот Аднан Бубало кој создал серија прозрачни фотографии карактеристични по начинот на кој се фатени различните слоеви, боите и светлината. Уживајте!rnrn

Tag: призма
-

Призматични фотографии од прекрасната Тоскана
-

Големиот призматичен извор – колоритно чудо на природата
Автор: Александра ЧакаровскаrnrnНајголемиот геотермален извор во Америка, Големиот призматичен извор, претставува вистинско колоритно чудо создадено од природата. Сместен во Националниот парк Јелоустон, по својата големина е трет во светот, веднаш после природните базени во Нов Зеланд. Пронајден е во 1871 година, а името го добил токму поради своите бои, кои гледани низ призма наликуваат на прекрасно виножито. Сина, зелена, жолта, портокалова, црвена и кафена се боите кои му даваат оригинална убавина на овој природен извор.
Причина за разнобојноста на Големиот извор се пигментираните бактерии кои се размножуваат околу рабовите на водата којашто е богата со минерали. Овие бактерии создаваат бои од зелена до црвена нијанса, а која боја ќе доминира зависи од односот на органските пигменти хлорофил и каретеноид, како и од температурата на водата. Во лето, доминираат портокаловата и црвената боја, а во зима обично преовладува темно зелената боја. Центарот на изворот е стерилен поради екстремната жештина, а неговата неверојатна сина боја доаѓа од бојата на самата вода, која е многу нагласена заради нејзината чистина и длабочина во овој дел.







rnrnПогледнете го изворот и одблиску, како да се наоѓате таму.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.