Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е традиционална смотра која секоја година се одржува со цел да го издигне, зајакне и стимулира драмското и театарското творештво на македонскиот, турскиот и албанскиот театар. Во чест на синоќешното свечено отворање на 51-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, прочитајте нешто повеќе околу неговата развојна генеза.rnrn
rnrnКако симбиоза на сите театарски сцени од земјава, па и пошироко, театарските игри ја вреднуваат и восхитуваат уметноста во една од своите најбазични и паралелно најнеобични форми: Кога таа е жива. Почнувајќи од првата изведена претстава која ги отворила завесите на овој фестивал одржана на 4-ти јуни 1965-тата година, па сѐ до денес, прилепските театарски сцени гордо го носат доказот од стапките на едни од најголемите театарски имиња и великани во македонската театарска уметност.rnrnМанифестацијата го носи името на основоположникот на македонската драма и театар – Војдан Чернодрински. Иако бил самоук во областа на драматургијата, Чернодрински разбира дека театарската уметност не е теоретска, туку практична и текстовите не се наменети за да бидат читани, туку изведувани. Токму со таа техника тој ги содава едни од најпрепознатливите драмски дела кои сѐ уште воодушевуваат со својата мисловна содржина: „Македонска крвава свадба“, „Зло за зло“, „Срешта“, „Дрварите“… И заслужено ја стекнува титулата претставник и создавач на македонската битова драма.rnrnУште од самите почетоци, фестивалот има натпреварувачки карактер и ги оценува најдобрите театарски и драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција. Идејата било да се пронајде начин да се прослави драмската уметност на македонското тло и да заживее традицијата на македонската театарска култура. Во тој контекст, биле повикани сите постоечки театарски куќи од земјава да ја изберат својата најуспешна претстава работена според делата од светската и македонската драматургија. Целта била сите претстави да се изиграат на една иста сцена и меѓу нив да се избере најдобрата.rnrn
rnrnСледејќи ја таа шема, со тек на време се развива концептот на официјална и придружна програма создаден со намисла да се прикажат сите професионални театри и независни театарски групи и продукции. Ваквиот концепт важи и се практикува и денес и се предложува од уметничкиот директор, па фестивалот зема институционална рамка со организација составена од собрание, извршен одбор и жири.rnrnСекоја година, во натпреварувачки дух, се врши селекција на претстави со најголем уметнички дострел на секое поле со цел да се воведат поголеми свежини и импулси во репертоарот и да се привлече вниманието на верната и новата театарска публика. Жирито, составено од тројца театарски работници (актери, режисери, театролози, драматурзи…), ги избира своите фаворити и миленици на публиката и доделува вкупно 14 награди:rn
- rn011
- Награда за рекламен материјал
- Награда за кореографија и сценски движења
- Награда за млад актер „Трајко Чоревски“
- Награда за женска епизодна улога
- Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“
- Награда за музика
- Награда за костимографија
- Награда за сценографија
- Награда за режија
- Награда за текст
- Награда за современа сценска драматизација
- Награда за главна женска улога
- Награда за главна машка улога
- Награда за уметничко остварување на претстава во целина
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnКако посебна се издвојува наградата за животно дело која се доделува на тројца театарски доајени со цел одбележување на долгогодишната работа и придонес за театарската уметност во Македонија.rnrn
rnrnОсвен театарското гледалиште, на фестивалот се презентираат и бројните уметнички креации од севкупниот уметнички и литературен опус на државата: Изложби на скулптури, слики, цртежи, фотографии, театарски костими, реквизити, промоција и читање на театарска литература и тркалезна маса.rnrnОваа година на МТФ ќе настапат 12 претстави во официјалната програма, и тоа: „Име“ од НУ Театар Комедија – Скопје, „Јов“ од НУ Драмски театар – Скопје, „Ревизор“ од НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, „Прометеј“ – НУ Турски театар – Скопје, „Арсеник и стари тантели“ од Албански театар – Скопје, „Суд“ од НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, „Ни ќар ни зијан“ од НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, „Старицата од Калкута“ од НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес, „Ајнштајновите соништа“ од НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и Театарот на навигаторот Цветко – Скопје, „Кралски игри“ од НУ Народен театар – Битола, „Парламентарки“ од НТ „Григор Прличев“ – Охрид и „Животот е прекрасен“ – НУ Македонски народен театар – Скопје.rnrnОд придружната програма пак ќе настапат 8 претстави: „Мртви уши“ од Факултетот за драмски уметности – Скопје, „Дафина од Серез (Некрстени денови) од Културниот центар „Скрб и утеха – Тиха“, „Последната ноќ“ од НУ Народен театар – Битола, „Класен непријател“ од НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес, „Обѕрни се во гнев“ од НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, „Малата сирена“ од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, „Животот е магичен круг“ од Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Есра“ – Скопје и „Централ парк – Запад од Независна продукција Театар 007 – Скопје. Фестивалот свечено ќе биде затворен со концертна изведба на операта „Кармина Бурана“ од Македонската опера и балет.rnrn
rnrnЖири комисијата се состои од Васе Манчев – драмски писател, Владо Јовановски – актер и Јани Бојаџи – режисер. Одлуката за наградените претстави ќе ја прочита уметничкиот директор на фестивалот, Петар Темелковски. Овогодишните добитници на наградата за животно дело се Сабина Ајрула-Тозија – актерка, Елхаме Билал – актерка и Лилјана Мазова – театарска критичарка и публицистка.

Првото издание на овој фестивал се одржа во 2007 година, во центарот на Киев, пред околу двеилјадна публика. Како додаток на спектаклот, имало и акробатски точки, како и музички и театарски претстави. Настанот кулминирал со спектакуларна парада, за која организаторите се надеваат дека ќе му дадат „живост“ на еден нов жанр во уличната уметност.












