КАФЕ ПАУЗА

Tag: претседател

  • Барак Обама објави плејлиста што уживал да ја слуша додека бил претседател

    Барак Обама објави плејлиста што уживал да ја слуша додека бил претседател

    Поранешниот претседател Барак Обама состави плејлиста што уживал да ја слуша додека бил претседател, објавувајќи ја на Твитер. Меѓу неговите најомилени се Д Битлс кои и денес ги слуша, а на листата се најде и Бијонсе. Списокот опфаќа широк спектар на музички жанрови, па погледнете во што уживал Барак тогаш.rn

    rnrn

    The Beatles – Michelle

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=_AWhTCIQdk4rn

    Aretha Franklin – The Weight

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=iKhuEkYCN4srn

    B.B. King – The Thrill Is Gone

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=SgXSomPE_FYrn

    Beyoncé – Halo

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=bnVUHWCynigrn

    Beyonce – At Last

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Q8FHwsATN0Ern

    Bob Dylan – The Times They Are A-Changin’

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=90WD_ats6eErn

    rn

    rn

    rn

    Brooks & Dunn – Only In America

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=GN1iI-DaJNwrn

    Bruce Springsteen – The Rising

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=6i-fiRgbpr4rn

    Frank Sinatra – Luck Be A Lady

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=X69P_Vce9vwrn

    Gloria Estefan – Always Tomorrow

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=MeRT6_h6q3wrn

    Jay Z – My First Song

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=-iA1p5tj6Lsrn

    U2 – Beautiful Day

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=co6WMzDOh1orn

    Stevie Wonder – Sir Duke

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=s6fPN5aQVDIrnrnОбјавена е божиќна песна за кучиња што предизвикува интересни реакции.rnrn

    rn

    rn

  • 20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме

    20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме

    Детето-претседател верува дека нештата кои ги кажуваме можат да го направат светот подобро место за живеење. Токму затоа тој направил листа од 20 нешта кои според него треба многу почесто да ги кажуваме.rnrn20 нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажувамеrnrnДел од работите кои тој смета дека недостасуваат во нашето изразување се оние „потешките“ изјави кои ретко се осмелуваме да ги изустиме, но кои можат многу да ни помогнат. На пример, тој верува дека треба да кажувате убави работи и доколку немате ништо добро да кажете, тогаш сигурно не сте размислиле доволно. Исто така кога ќе направите грешка, треба да ја признаете или пак, кога вашиот омилен спортски тим ќе изгуби да го прифатите поразот. Понекогаш потребно е да бидете оптимистични и да ги бодрите вашите најблиски, но само ако навистина верувате дека тие можат да го направат тоа. Тој верува дека работите ќе бидат многу подобри и доколку почесто ги кажувате следниве нешта:rn

      rn011

    • Благодарам.
    • rn011

    • Извини.
    • rn011

    • Ти простувам.
    • rn011

    • Ти можеш!
    • rn011

    • Те молам.
    • rn011

    • Сè ќе биде во ред.
    • rn011

    • Не знам.
    • rn

    rnПогледнете ја целосната листа на 20-те нешта кои според детето-претседател треба повеќе да ги кажуваме, како и неговите неодоливи објаснувања кои ќе ве убедат уште веднаш да почнете да ги применувате неговите совети…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајмунот што стана претседател

    Мајмунот што стана претседател

    Студиото за анимација „3dar studio“ направило еден интересен кус филм насловен како „Shave It“. Во кусото филмче станува збор за еден интересен мајмун кој ќе најде машинка за потстрижување. Со неа тој ќе го истрижи своето крзно и ќе замине во големиот град за да се вклопи со луѓето. Потоа тој напредува во кариерата и станува многу успешен.Мајмунот што стана претседател Доколку ве интересира како продолжува приказната, погледнете го видеото.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Линколн (Lincoln)

    Филм: Линколн (Lincoln)

    Филмски еп за најпопуларниот американски претседател во историјатаrnrnФилм: Линколн (Lincoln)Режија: Стивен СпилбергrnrnУлоги: Даниел Деј Луис, Сали Филд, Томи Ли Џонс, Дејвид СтратернrnrnВреметраење: 150 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 ноември 2012rnrnЖанр: историска драма, биографијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnАбрахам Линколн е една од најважните личности во историјата на Соединетите Американски Држави. Ја водел земјата во тешките времиња на Граѓанската војна, при тоа успевајќи да спречи нејзино распаѓање, а потоа и да ја зајакне економијата и да го укине ропството. Бил многу мудар политичар, роден пред своето време, па логично е што филмскиот еп за толку голема и важна личност го продуцира и режира Стивен Спилберг, а неговиот лик го игра актер од рангот на Даниел Деј Луис.Филм: Линколн (Lincoln)Двата и пол часа се целосно посветени на доследно портретирање на Линколн, а Деј Луис брилира во тоа. Нему треба да му се припишат заслугите што успева филмот да го дигне до височини кои можеби не би ги достигнал ако сè остане на приказната. Неговата изведба не е најдобра само во последната година, туку една од најдобрите во последните декади. Уверливиот израз на лицето и автентичниот начин на кој ги изговара репликите прават да помислите дека поранешниот американски претседател оживеал за да се претстави на филм така како што тој сака, без некој да го филува неговиот лик и дело.Филм: Линколн (Lincoln)А приказната се фокусира на најзначајното што Абрахам Линколн го оставил зад себе – укинувањето на ропството. Амандманот на Уставот кој го овозможува тоа е ставен на дневен ред во Конгресот во време кога Граѓанската војна се ближи кон својот крај. За да ја оствари својата цел, Линколн излегува со став дека укинувањето на ропството ќе ја заврши војната и ќе го донесе долго посакуваниот мир. Сепак, таа може да заврши во секој момент, а тоа ќе значи дека новиот уставен амандман не е потребен, но американскиот претседател е решен тој да се изгласа и ќе посегне по сите расположливи чесни и нечесни средства за да го постигне тоа.Филм: Линколн (Lincoln)Целата приказна се врти околу обезбедувањето на гласовите во Конгресот. Потрагата по нив се одвива главно надвор од него, но и на говорницата каде што се одржуваат извонредни дебати какви што ретко можеме да видиме денес. Впрочем, еден од највозбудливите делови на филмот се острите дискусии во кои ораторите жестоко се расфрлаат со својата елоквенција убедувајќи ја спротивната страна дека „Бог ги создал црнците нееднакви со другите“ и обратно.Филм: Линколн (Lincoln)Токму тоа и го сочинува овој филм. Со неколку мали исклучоци, тој нема некое возбудливо дејствие. Големата прашина која се дигна околу него најмногу се должи на важноста на Абрахам Линколн за американската историја, но тешко е да се очекува дека големината на поранешен претседател на САД многу ќе го интересира просечниот македонски гледач. Затоа на крајот може да делува и малку разочарувачки ако очекувате некоја голема драма. „Линколн“ е бавен филмски еп, но е идеален за ноќите во кои сакате да се опуштите со долг филм кој може цели 150 минути да го држи вашето внимание.Филм: Линколн (Lincoln)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“

    Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“

    Неколку часа откако претседателот беше инаугуриран и долго откако целата парада заврши и скоро сите политичари се вратија на своето работно место, музичкото шоу продолжи до вечерта, во весела и пријатна атмосфера.rnrnАлиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“rnrnНа инаугурацискиот бал настапија големи музички имиња како Џенифер Хадсон, Бред Пејзли и Стиви Вондер, но дефинитивно најголем впечаток остави елегантната, преубава и талентирана пејачка Алиша Кис. Облечена во блескава црвена тоалета, Алиша го „грабна“ големото пијано и ги отпеа нејзините песни „New Day“ и „Girl on Fire“ кои совршено прилегаа на манифестацијата. За да му оддаде особена чест на претседателот, таа дури и го смени текстот во нејзината песна „this girl is on fire“, во „Obama’s on Fire“ (Обама гори). Со голема грациозност, емоција и моќ, Алиша го прослави вториот претседателски мандат на Обама.rn
    rn

    Ова е дел од текстот кој Алиша го посвети на вториот мандат на Обама: „Тој ни е претседателот и тој гори. Натоварен е со катастрофи, но знае дека ќе го пронајде начинот. Стои со двете нозе на земја и не се откажува. Обама гори. Се движи низ оган. Обама гори. Сите стојат додека тој поминува, бидејќи можат да го видат пламенот во неговите очи и го гледаат како ја осветлува ноќта. Сите знаат дека Мишел е неговата девојка. Заедно, тие владеат со светот.“

    rnАлиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“
    rnrn

    По завршувањето на спектакуларниот настап, таа ѝ порача на публиката: „Многу Ви благодарам што срдечно ме примивте на овој фантастичен претседателски инаугурациски бал. Имајте извонредна вечер, прославувајќи ја иднината на нашата земја, којашто е безгранична и бескрајна. Господ да ве благослови!“

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Најсмешните гримаси на Обама

    Најсмешните гримаси на Обама

    Погледнете дел од гримасите на реизбраниот претседател на САД, Барак Обама, „уловени“ за време на неговите појавувања во јавноста, во претходниот мандат.Најсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на ОбамаНајсмешните гримаси на Обама
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Женствениот и елегантен стил на првата дама на Америка

    Женствениот и елегантен стил на првата дама на Америка

    Доказ за вистинитоста на тврдењето дека зад секој успешен маж стои успешна жена, е сопругата на повторно избраниот американски претседател Барак Обама. Мишел Лаван Робинсон Обама, како што гласи нејзиното целосно име, е пример за неверојатна женственост и елеганција. Мишел Обама (48), не е само убаво лице и фигура, туку образована жена која е пример за многу девојки, идни мајки и сопруги.Женствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаОваа извонредна жена го гради својот јавен имиџ, пред сè во улога на мајка, почитувајќи ги и нагласувајќи ги семејните вредности. Иако на почетокот не се согласува целосно со кандидатурата за претседател на нејзиниот сопруг, плашејќи се од негативен ефект врз нивните две ќерки, таа сепак последниве години активно ја поддржува кампањата на Барак. Пишувајќи некои од неговите говори, држејќи јавни настапи најчесто без претходно подготвен говор и учествувајќи во многу кампањи за подобрување на начинот на живот, Мишел докажува дека е почитувана поради нејзините лични способности, а не е ставена во сенка поради успехот на нејзиниот сопруг.Женствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаВо мај, 2006 е прогласена за една од најинспиративните жени во светот. Таа верува дека успехот се постигнува кога „макотрпно работиш за она што го сакаш во животот, цврсто стоиш на својот збор, го правиш она што си рекол дека ќе го направиш, ги почитуваш луѓето, дури и оние кои не ги познаваш или оние со кои не се согласуваш.“Женствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на АмерикаЖенствениот и елегантен стил на првата дама на Америка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • И Обама заигра во Гангнам стил?

    И Обама заигра во Гангнам стил?

    Ова видео навистина ќе ве изнасмее до солзи. Зарем и старо-новиот американски претседател Барак Обама, го фати светската зараза од Гангнам стилот? :)rn

    rnКолку и да наликува на него, сепак станува збор за неговиот двојник, актерот Реџи Браун, кој преправен како него, покажува како Обама се крши од играње, додека ја прави својата верзија на корејскиот ултра хит „Gangnam Style.“И Обама заигра во Гангам стил?Видеото се појави на Јутјуб и стана голем хит, а голем дел од гледачите беа убедени дека тоа е навистина Обама, со неговата сопруга Мишел. Бидејќи постојано добивал прашања во врска со видеото, и самиот претседател морал да одвои време за да го изгледа.rn
    rn

    Штотуку го гледав видеото првпат. Мислам дека можам да ги направам тие движења, но не сум сигурен дека на инаугурацијата ќе биде вистинско време да го покажам тоа. Можеби, ќе го направам тоа приватно, за Мишел.“ – вели Обама за американската новинска агенција Associated Press.

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?

    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?

    Прочитајте ги барањата и очекувањата на неколку студенти од Универзитетот „Лин“, адресирани до идниот лидер на САД…rnrn

    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Права на хомосексуалците
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повеќе пари, намалување на возрасната граница за консумирање алкохол, повеќе работни места, да нема војна, да нема корупција, да има поголема едукација, да нема неправда и расизам
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повеќе можности за работа за странците кои живеат и студираат во САД
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Да се легализира марихуаната и да се дозволат хомосексуалните бракови насекаде
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Тетовиран претседател
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Да станам американски државјанин и да имам работа
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повисока плата за наставниците, повеќе стипендии за деца кои сакаат да го продолжат своето образование, да легализира и реализира
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Работни места, образование, мир во Израел, здравство и надворешна политика
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Да ја легализира марихуаната
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Истражување на вселената. Што е областа 51? Експедиции длабоко во морето, да им помогне на оние на кои навистина им е потребна помош, да се намали дефицитот на САД, стоп за војната, подобрување на односите со странските земји, да престане да биде во центарот на вниманието заради погрешни причини
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Сакам многу работи! …Дрога-тестови за корисниците на социјална помош
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Мир во светот, оргии низ целиот свет! Пари! Слава! Среќа! Ромни!!! Секс, дрога и рокенрол!!!
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Работни места! Да нема повеќе долгови. Мир. Да нема повеќе војнa!
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Повисока плата за професорите, повеќе работни места, хомосексуални бракови, пониска школарина, подобар државен училишен систем, права на жените
    rnrn
    Што очекуваат студентите во Америка од идниот претседател?
    Помалку тешкотии за средната класа
    rnrnИмате ли и вие некоја порака за нашиот актуелен или иден претседател? :)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Инспиративни цитати од Винстон Черчил

    Сер Винстон Ленард Спенсер – Черчил бил британски политичар, најпознат по своето владеење во Велика Британија за време на Втората светска војна. Се смета за еден од најголемите лидери на векот. Покрај политиката тој бил познат и како оратор, офицер во Британската армија, историчар, писател и артист. Черчил е единствениот претседател кој има добиено Нобелова награда во областа на литературата. Еве еден мал дел од неговата колекција на цитати која ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.rnrnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Никогаш, никогаш, никогаш не откажувајте се.“

    rn

    „Најдобрите нешта се едноставни и голем дел од нив можат да бидат изразени со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж…“

    rn

    „Храброст е она што е потребно за да станете и прозборите; храброст исто така е и она што ви треба за да седнете и слушате.“

    rn

    „Лагата ќе го помине целиот свет пред вистината да добие можност да си ги облече панталоните.“

    rn

    „Ние сме господари на некажаните зборови, но робови на оние кои ќе ни се испуштат.“

    rn

    „Песимистот гледа потешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја потешкотија.“

    rn

    „Ставот е мало нешто кое прави голема разлика.“

    rn

    „Нека нашата предвремена загриженост премине во предвремено размислување и планирање.“

    rn

    „Постојан труд – не сила или интелигенција – е клучот за откривање на нашиот потенцијал.“

    rn

    „Има само една работа која е потешка од борење со сојузниците, тоа е да се борите без нив.“

    rnИнспиративни цитати од Винстон Черчилrn
    rn

    „Шегата е сериозна работа.“

    rn

    „Постојат 2 нешта кои се потешки од говор после вечера: да се качите на ѕид кој се навалува накај вас и да бакнете девојка која пробува да се тргне од вас.“

    rn

    „Вистината е непроменлива, злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај таа сепак е таму.“

    rn

    „Успех е одење од неуспех во неуспех без губење на ентузијазмот.“

    rn

    „Ако одите низ пеколот, продолжете да се движите.“

    rn

    „Сакам човек кој се потсмева додека се бори.“

    rn

    „Живееме според тоа што го добиваме, но го си го градиме животот според тоа што го даваме.“

    rn

    „Јадењето зборови никогаш не ми предизвикало лошо варење.“

    rn

    „Имате непријатели? Супер. Тоа значи дека некогаш сте се бореле за нешто во вашиот живот.“

    rn

    „Можеби сум пијан госпоѓо, но наредното утро ќе бидам трезен, а вие сè уште ќе бидете грда.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.