КАФЕ ПАУЗА

Tag: препознатливо

  • Тајната е во двата слога: Како да изберете совршено име за вашето домашно милениче?

    Тајната е во двата слога: Како да изберете совршено име за вашето домашно милениче?

    Како ќе го именувате новото домашно милениче зависи од вас бидејќи нема прописи за тоа и нема регистарска канцеларија што ќе се обиде да ве натера да размислите за тоа. Но, како да најдете соодветно име и како да го научите домашното милениче да го препознае?rnrnТајната е во двата слога: Како да изберете совршено име за вашето домашно милениче?rnrnКученцата со педигре обично доаѓаат со официјално име во два дела. Сите кученца во едно легло добиваат лично име кое обично започнува со иста буква, а другиот дел е ознаката на одгледувачницата, нешто како презиме. Но, имињата во документите обично не се погодни за секојдневна употреба.rnrnСтанува збор за имиња што звучат убаво, но ретко остануваат како вистински имиња, вели Петра Каспелхер од Германското здружение на одгледувачи на кучиња. Нејзиниот австралиски овчар, на пример, официјално се нарекува „Црно срце на реката Нушагак“, но таа го нарекува Гуфи. Таа вели дека клиентите може сами да изберат име за домашното милениче.rn

    Два слога

    rn

    „Треба да биде едноставно за да се повикува колку што е можно полесно, но истовремено и разбирливо за кучето“, вели Петра Каспелхер.

    rnТаа советува имиња со два слога затоа што тие се препознаваат и можат побрзо да се изговорат од оние со три или четири слога. Внимавајте да не го збуните кучето со име што можеби звучи слично на името на некој член на семејство или на друго домашно милениче.rnrnНе реагираат само кучињата на своите имиња, туку и мачките, зајаците, птиците и глодарите.rnrn„Секое животно може да научи да го слуша и да го препознава своето име“, изјави ветеринарката Барбара Шонинг од Хамбург. Таа посочува колку е важно животното да се навикне на своето име и препорачува да го галите животното додека го изговарате неговото име. Ако миленичето чувствува дека ситуацијата во која се повторува неговото име е пријатна, тоа ќе го поврзе името со нешто позитивно и брзо ќе го сфати.rn

    Дел од семејството

    rn

    „Според она што го знаеме, кравите и коњите се првите животни на кои им се дадени имиња“, вели Дамарис Нуеблинг, професорка по историја на лингвистиката на Универзитетот во Мајнц.

    rnСтанува збор за животни што работат и за нив требало да се грижат добро. На кучињата и на мачките што живееле на фарми не им биле давани имиња до пред сто години. Денес, имињата на луѓето се популарни кај многу животни.rnrnПрофесорката Нуеблинг верува дека ова кажува многу за односот помеѓу луѓето и животните и е знак за голема промена во општеството затоа што животните сега се дел од семејството.rnrnПрочитајте зошто кучињата им лаат на некои луѓе, а на други не.

  • Дали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?

    Дали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?

    За некои брендови, боите се исто толку карактеристични и препознатливи како и нивните логоа.rnrnНо, дали знаете зошто познатата компанија Кока-кола ги избрала црвената и белата боја или зошто Фејсбук се одлучил за сината? Следуваат 9 интересни приказни кои ги кријат одговорите на овие прашања.rn

    1. Зошто Кока-кола ги избрала црвената и белата боја?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnВо 1890-тите, компанијата започнала да ги бои бурињата со сокот црвени за даночните агенти да можат полесно да ги распознаваат оние со Кока-кола од оние со алкохол за време на транспортот. Компанијата дури го именувала нивното прво списание „Црвеното буре“ во 1924 година.rn

    2. Зошто Гугл има шарено лого?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnБоите на буквите, како и нивниот распоред, потсетуваат и алудираат на разиграност. Рут Кедар, графичкиот дизајнер кој го изработил логото, вели:rn

    „Се одлучивме за примарните бои, но наместо да имаме редоследна низа на буквите по боја, додадовме и една секундарна боја на буквата ‘Л’, зелената, што нè потсетува на идејата дека Гугл не ги следи правилата.“

    rn

    3. Зошто логото на БМВ е сино и бело?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnПопуларните гласини велат дека логото би требало да претставува пропелерско сечило кое сече низ синото небо. Но, овие гласини се погрешни. Квадрантите ги претставуваат боите на слободната баварска држава.rn

    4. Зошто логото на Фејсбук е сино?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnЗатоа што основачот на позната социјална мрежа, Марк Закерберг, не може да ги гледа и распознава црвената и зелената боја. Тој објаснува:rn

    „Сината боја е најбогатата боја за мене – можам да ги распознавам сите нијанси на сина.“

    rn

    5. Зошто логото на Шел е жолто и црвено?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnКога компанијата за бензин Шел за првпат ја започнала својата дејност во 1915-тата година во Калифорнија, се одлучила за светли бои за да се издвојува од своите конкуренти во индустријата. Биле избрани црвената и жолтата боја, поради силните врски на државата со Шпанија.rn

    6. Зошто компанијата Тифани ја избрала познатата тиркизна боја?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnБојата, која всушност се нарекува „Тифани сина“, била избрана од основачот на компанијата, Чарлс Луис Тифани, како боја која ќе преовладува на првата насловна страница на „Сината книга“ – годишна колекција на накит која за првпат била издадена во 1845-тата година. Од компанијата велат дека бојата, исто така, била избрана поради популарноста на тиркизниот скапоцен камен од 19-тиот век. Каменот бил омилен помеѓу младите невести од викторијанското доба, кои на гостите им подарувале брошови изработени од овој камен во форма на гулаб.rn

    7. Компанијата Старбакс порано имала кафеава боја. Зошто тогаш денес знаеме дека препознатливата боја на компанијата за кафе е зелена?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnИзвршниот директор на Старбакс, Хауард Шулц, отворил свое кафуле за еспресо „Il Giornale“, откако за одреден период ја напуштил компанијата бидејќи не успеал да ги убеди вработените и сопствениците да стават еспресо на менито. Во 1987 година, оригиналните сопственици на Старбакс ја продале компанијата на Шулц, кој го вовел и еспресото во новото мени. Новото лого е комбинација на сирената на Старбакс и зелената боја на неговото поранешно кафуле „Il Giornale“.rn

    8. Зошто бојата на Јаху е виолетова?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnСпоред компанијата Фаст, соосновачот на Јаху – Дејвид Фило, во 1995-тата година отишол да купи боја за да ги пребои ѕидовите на нивната канцеларија. Има две различни страни на приказната. Првата е дека Фило забележал мала продавница во непосредна близина која имала големи количини евтина виолетова боја. Другата страна на приказната вели дека Фило мислел дека бојата е сива, но поради силното флуоресцентно светло во канцеларијата, бојата изгледала виолетова.rn

    9. Зошто логото на Ленд Ровер е зелено?

    rnДали знаете зошто овие брендови ги избрале нивните препознатливи бои?rnrnЛегендата вели дека во периодот на првите трки со автомобили во Европа, британските автомобили биле зелени, а италијанските црвени. Но, брендот никогаш не се натпреварувал во ваквите трки. Портпаролката на Ленд Ровер вели дека зелената боја на возилото била избрана бидејќи таков бил оригиналниот план кога се дизајнирало логото. Оригиналното лого, пак, било светло зелено со црвени букви, потоа светло жолто-зелено, а потоа темно жолто-зелено.

  • Ајфеловата кула од малку поинаква перспектива

    Ајфеловата кула од малку поинаква перспектива

    Изградена во 1889 година, Ајфеловата кула со висина од 320 метри се наоѓа во Шамп де Мар, Париз. Таа и ден денес без сомнение е една од најиконските градби во светот. Повеќе од 40 години го имала статусот на највисоката градба направена од човекот, сè додека не се завршила изградбата на зградата Крајслер во Њујорк во 1930 година.Ајфеловата Кула од малку поинаква перспективаДизајнот на Ајфеловата кула е лесно препознатлив насекаде низ светот, но погледот од долу-нагоре ретко кој имал можност да го доживее. Погледнете ги наредниве фотографии кои одлично доловуваат колку креативно може да биде човековото око и колку лесно може да донесе сосема нова димензија на една многу добро позната конструкција.Ајфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспективаАјфеловата Кула од малку поинаква перспектива
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога познатите би го задржале вистинското име

    Кога познатите би го задржале вистинското име

    Секоја ѕвезда сака да понуди нешто ново на сцената, нешто свежо и невидено, сѐ со цел брзо да се пробие и да се стекне со слава. Сценското име е секогаш главен предизвик, па затоа мора да е препознатливо, но во секој случај и уникатно. Но, како би изгледале работите, кога секој од нив би го задржал своето вистинското име? Следуваат неколку интересни примери.rnrn

    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Лејди Гага
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Вуди Ален и Дајан Китон
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Лари Кинг
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Боб Дилан
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Стинг
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Кети Пери
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Шер
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Мерлин Менсон
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Елтон Џон
    rnrn
    Кога познатите би го задржале вистинското име
    Елвис Костело
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.