Изневерувањето никогаш не се случува изолирано. Тоа секогаш вклучува и мрежа од лаги, тајни и разнишана доверба. Доколку и вие се соочувате со ваков проблем, еве како да излезете на крај со ситуацијата…rnrn
rn
Ситуација 1: Вие сте изневерени…
rnПред се, вие сте убави, така што со ова изневерувачот многу погрешил. За повеќето парови, неверството се дефинира како интимна активност со некоја трета личност којашто вклучува различни нешта, од флертување до сексуални односи.rn
Зошто луѓето изневеруваат?
rnОва е трик прашање. Освен ако лицето кое изневерува не е сосема искрено во врска со своите причини, тешко е да се разберат неговите постапки.rnrnНекои луѓе не се чувствуваат исполнети во нивните врски, што може да биде симптом на некоја моментална состојба на врската, и нешто на што треба да се работи. Ако сакате да го поправите она што е уништено и да продолжите понатаму, разговорот со вашето момче или девојка во врска со тоа зошто се случило неверството би требало да ви помогне да ги најдете одговорите што ги барате. Се разбира, тоа не значи дека треба да побарате да ви ги каже сите интимни детали, бидејќи тоа ќе ви го отежни процесот на лекување.rnrnДруга причина за неверство може да биде копирањето на туѓ модел на однесување (можеби некој близок на личноста бил неверен во врската, што и нејзе ѝ го променил ставот во врска со неверствата), потоа недостаток на самодоверба или проблем со незрелост или анксиозност.rn
Што потоа?
rnОткако ќе дознаете дека некој ве изневерува – или партнерот ви признал или некој друг ви кажал или пак сте го фатиле прељубникот на дело – очекувајте многу гнев. Најдете начин да ги искажете вашите емоции. Тоа може да биде со пишување на хартија, разговор со некој кому му верувате, или – ако се чувствувате доволно храбри – кажете му на лицето кое ве повредило како се чувствувате.rnrnМногу е важно да барате од вашиот партнер да ги прифати вашите чувства. Ако сакате да останете со лицето кое ве изневерило, побарајте да ве осигури дека сака да биде со вас и дека ја цени вашата врска исто колку што и вие.rn
Почитување
rnПростувањето може да биде тешко, но во ред е да сакате некого да вратите назад (сѐ додека сте сигурни дека тоа е една минлива работа, а не навика на вашиот партнер, и ако тој навистина се кае за тоа што го сторил). Сè е до почитта – колку подостоинствено се чувствувате во вашата врска, толку повеќе ќе се почитувате себеси. Имајте го ова на ум додека одлучувате дали ќе останете во контакт. Никако не брзајте, па дури и ако сте притиснати да дадете одговор.rnrn
rn
Ситуација 2: Вие сте изневериле…
rnПостојат многу причини зошто луѓето изневеруваат – некои се појасни од други – и зависи од двајцата партнери во врската што е она што го сметаат за неверство. Ако сте вие личноста којашто изневерила, не би било лошо да се вратите чекор назад и да се запрашате зошто сте го направиле тоа. Нормално е да се чувствувате збунето, виновно и засрамено од она што се случило. Исто така нормално е да сакате да избегнете соочување со партнерот и сериозен разговор за проблемот. Изреката: „Она што не го знаеш не може да те повреди“ може да биде вистина, но секогаш е подобро да бидете искрени и да ѝ дадете право на личноста со којашто сте во врска да избере дали сака да биде со вас откако ќе дознае.rn
Кој е следниот чекор?
rnПрво, мора да бидете искрени кон себеси – дали сте изневериле затоа што повеќе не сакате да бидете во врска со таа личност (и се плашите да ѝ го кажете тоа во лице) или пак, сте направиле грешка и сакате да ви биде простено?rnrnАко сакате да останете со личноста којашто сте ја изневериле, кажете ѝ дека сте направиле грешка и дека сакате да работите на вашата врска за да ја направите подобра. Исто така, мора да бидете трпеливи, бидејќи опоравувањето после неверство трае долго. Бидете отворени и покажете ја вашата волја за да ги поправите работите и одново да ја вратите изгубената доверба.rn
Како да продолжите понатаму?
rnАко ова не ви е првпат да изневерувате некого, можеби е време да побарате стручна помош и да се обидете да разберете зашто ви се случува истата грешка. Добивањето на овие важни одговори ќе ви ги подобри вашите идни врски. Секој може да се промени и да стане верен, само прашање е дали тоа го сака.rn
Автор: Антонина Велјановска





rnrnГлорија е најмладата, слободоумна и дива сестра која има афера со познат оженет политичар. Со еден збор, овој роман е збир на откриен „валкан веш“. Отворено зборува за неверството и прељубата, но и за фазите низ кои минува личноста која е изневерена и која некогаш изневерила, поттикнувајќи го во нас прашањето дали сето тоа е еден магичен круг?rnrnЌе ве натера да се замислите дали некогаш би биле во состојба да изневерите и дали би простиле неверство. Не, не е плитка приказна за скршено срце, но искрена и длабока исповед на образована, интелигентна жена со скршено срце и распарчени илузии која се бори да излезе на крај и да ја поправи пукнатината во довербата во нејзиниот брак.rnrnДоколку сакате зрел, искрен роман, женско соголување на чувствата, отворен, див, остроумен и експлицитен јазик, „Роман за прељубата“ треба да биде следната книга која ќе ја прочитате. Интригантните наслови на секое поглавје нема да ве остават рамнодушни и ќе ве привлекуваат како магнет да продолжите со читање.rnrn

rnrnСпоред ова истражување, личностите кои полесно одат во кревет со други луѓе, изневерувајќи ги своите партнери, сакаат слични мириси. Жените се посклони кон сензуални моќни мириси, додека машките ги преферираат свежите цитрусни ноти.rnrnНе значи дека доколку вашиот партнер или партнерка обожава некој од овие парфеми, автоматски и ве изневерува. Сепак, доколку себеси се пронајдете во соодветната листа, можеби ќе откриете нешто за себе, што не сте биле свесни дека го имате.rn


rnrnОткако тој ќе излезе од соблекувалната, неговата поубава половина ја чека непријатно изненадување. Ситуацијата ја зачинува втората девојка која излегува од соблекувалната неколку секунди подоцна. Како вие би реагирале доколку се најдете во ваква ситуација?rnrnrnrn