КАФЕ ПАУЗА

Tag: празен

  • Зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?

    Зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?

    Мачките се навистина мистериозни суштества. Многу сопственици на мачки забележуваат дека тие понекогаш зјапаат во одредена точка, но не можат да разберат зошто. Постојат неколку чудни теории за натприродните моќи на мачките, но, сепак, подобро е се придржувате до науката. Ако сте љубопитни и ако сакате да ги знаете причините зошто мачките се однесуваат необично, во продолжение прочитајте ги објаснувањата за таквото однесување.rn

    Мачките имаат неверојатен вид

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnМачките секогаш ги забележуваат најситните работи, дури и малите пајаци и сенките на ѕидот. Ова можеби не е нешто значајно за човекот, но мачките имаат различна перцепција. Покрај тоа, мачките можат да видат некои различни бранови светлина, како ултравиолетовата, кои се невидливи за луѓето. Тоа е причината зошто одеднаш почнуваат да гледаат во нешто, а вие не треба да се плашите затоа што тие можат само да видат повеќе од вас.rn

    Мачките слушаат звуци што луѓето не можат да ги слушнат

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnОвие мали суштества имаат многу подобар слух, не само од луѓето, туку и од другите цицачи. На пример, опсегот на слухот на кучето е од 67 херци до 45 килохерци, а кај мачката е од 48 херци до 85 килохерци. Ова им помага на мачките да ги откријат дури и најтивките звуци, како движење по тревата или течење на водата. Значи, ако тие гледаат во ѕидот, можеби постои некој проблем со цевките или некои инсекти се населиле таму.rn

    Се обидуваат да дознаат нешто

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnМозоците на мачките веќе долго време се многу интересен предмет за истражување. И покрај тоа што научниците не го разбираат целосно, откриено е дека мачките имаат епизодна меморија исто како и луѓето и можат да ги користат информациите од претходните искуства.rnrnМачките се многу љубопитни суштества и кога долго време се фокусираат на нешто, тоа може да биде знак дека се обидуваат да дознаат нешто, на пример од каде потекнува изворот на бучава или на светлина. Исто така, тие се обидуваат да откријат каква било опасност.rn

    Таквото однесување може да биде знак на медицинска состојба

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnСостојбата наречена хиперестезија е еден вид абнормално однесување кај мачките. Симптомите вклучуваат ненадејно грчење на опашката, проширување на зениците, гласно мјаукање, исклучително фокусирање на нешто и неконтролирано уринирање. Причините за оваа состојба не се многу јасни и може да вклучуваат стрес и напади. Ако забележите вакво однесување кај вашата мачка, веднаш консултирајте се со ветеринар.rnrnПрочитајте кои се најчестите заблуди за мачките.

  • 5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

    5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

    Од моментот кога ќе станете од кревет, па сѐ до ноќта кога ќе треба повторно да легнете, вие можете да имате толку многу активности, поради што можеби ќе го заборавите најважното нешто – да јадете. Но, со пропуштањето на некој оброк можете да си предизвикате здравствени проблеми. Отсекогаш се сметало дека треба да се јадат три стандарди оброци на ден, но јадењето пет до шест помали, може да биде дури и подобро за вашиот организам. Но, нивното прескокнување во никој случај не е добро. Тоа може да ве направи уморни и нервозни, а еве ги петте активности кои без сомнение треба да избегнувате да ги правите кога немате јадено.rnrn5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомакrn

    1. Купување во продавница

    rnКога сте гладни и ќе отидете во продавница, вие постојано ќе посегнувате кон тортите, колачите и друг вид брза храна. Едно истражување во кое учествувале 68 учесници го тестирале ова. Имено, на половина од учесниците им било кажано дека можат да јадат колку што сакаат, додека на другите не им било понудено ништо. Потоа, од нив било побарано да купуваат онлајн, каде што покрај високо калоричната храна, како што се тортите и колачите, било понудена и здрава храна како овошје и зеленчук. Во просек, погладните учесници избирале да купат високо калорична храна, додека пак другата група ги избирала поздравите опции. Иако можеби ќе помислите дека кога ќе пазарувате на празен стомак сепак би избирале овошје и зеленчук, ова истражување покажува дека вашата волја не може да биде толку силна колку што мислите. За да го избегнете искушението, понесете со себе здрава ужина.rn

    2. Земање лекови

    rnИма причина зошто на кутијата од вашите лекови пишува дека треба да ги консумирате заедно со храна. Додека некои се препорачуваат да се пијат на празен стомак, оние кои препорачуваат да јадете пред да ги пиете, го спречуваат чувството на гадење кое може да ви се појави подоцна. Медицинските лица објаснуваат дека лековите против воспаленија што не содржат стероиди, како што се ибупрофенот или аспиринот, може да предизвикаат гастроинтестинални проблеми или крвавење доколку се консумираат на празен стомак. Опивните средства за намалување на болката исто така може да предизвикаат гадење и повраќање, па нив најдобро е да ги земате заедно со храна.rn

    3. Вежбање во теретана

    rnПостојат две гледишта на ова прашање: Некои велат дека најдобро е да се вежба на празен стомак, при што директно ќе ги согорувате мастите, наместо јаглехидратите коишто само што сте ги внеле. Ова има некаква смисла, но практикувањето тешки кардио вежби на празен стомак може да резултира со губење на мускулите. Всушност, кога вежбате на празен стомак, нивото на гликоген е ниско. Ако премногу го оптеретувате вашето тело, ќе немате доволно сила за да ги издржите вашите напори, при што тогаш наместо мастите, ќе ги согорувате мускулите. Вежбањето по јадењето ќе ви даде доволно калории, јаглехидрати и протеини, при што ќе можете да вежбате напорно и многу побрзо ќе ги видите резултатите отколку кога би вежбале на празен стомак.rnrn5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомакrn

    4. Пиење кафе

    rnДали и вашата утринска рутина вклучува станување од кревет, пресоблекување и пиење кафе? Тогаш треба да знаете дека нивото на киселина во стомакот се зголемува кога консумирате кафе без појадок. Ова може да резултира со проблеми при варењето или киселини во желудникот што ќе ви бидат присутни во текот на целиот ден, а на подолг период може да предизвика стомачни чиреви, синдром на нервозно дебело црево и слично. Ако се чувствувате дополнително нервозни и под стрес по вашето испиено утринско кафе, ова исто така може да биде показател дека не сте јаделе доволно. Веќе е познато дека кофеинот во кафето во некои случаи го зголемува стресот, па ефектот би бил поголем доколку пиете кафе на празен стомак.rn

    5. Пиење алкохол

    rnСтарата поговорка дека треба да пиете алкохол само доколку имате јадено, е сосема точна. Всушност, храната може да спречи и да се опијаните пребрзо. Научниците препорачуваат да јадете храна богата со протеини, масти и јаглехидрати, за да го забавите процесот на апсорбирање на алкохолот. Телото исто така го апсорбира побрзо алкохолот кога тој е топол или е помешан со друг вид алкохол, па дефинитивно треба да ги избегнувате овие пијалаци доколку пиете на празен стомак.

  • Градот на духови во Кина

    Градот на духови во Кина

    Ордос, наречен и Дубаи на Северна Кина, е град опсипан со богатство, со одлична инфраструктура и е лоциран во близина на наоѓалишта со природни ресурси. Но урбаниот град Ордос, е претежно напуштен во последните 5 години. Ова не е град на духови поради економски проблеми, загаденост или нешто слично. Проблемот е во тоа што владата не може да ги убеди луѓето да почнат да се вселуваат тука.rnrnГрадот на духови во КинаrnrnИзграден е да вдоми 1 милион луѓе, иако моментално во него живеат само неколку илјади (владата тврди дека се околу 28.000, а поголемиот дел од нив се градежни работници). На улиците во градот скоро и да нема сообраќај, а облакодерите и другите јавни згради кои вредат околу 5 милијарди американски долари остануваат празни и никогаш неупотребени. Но и покрај целата ситуација, градежните работи во Ордос и понатаму продолжуваат. Градските власти се уверени дека во многу брзо време, голем број од 1,5-те милиони жители кои живеат 20 километри подалеку во стариот дел од Ордос, конечно ќе почнат да се доселуваат.rnrnГрадот на духови во КинаГрадот на духови во Кина
    rn

    „Прилично е осамено тука. Повеќето луѓе кои доаѓаат во нашиот ресторан се од градските власти и нивни гости. Во близина нема вселено жители“, – вели Ли Ли, маркетинг менаџерот на елитниот ресторан кој се наоѓа во често празниот хотел Лидо.

    rnГрадот на духови во КинаrnrnЛокалната економија на градот треба да е во подем, со оглед на тоа што се наоѓа во близина на наоѓалишта на природни богатства, како природен гас и јаглен. Како и во остатокот на целата територија на Кина, недвижниот имот во Ордос е во подем и становите не се празни поради недостаток на купувачи. Инвеститорите ги имаат купено скоро сите расположливи резиденции, уверени дека ќе имаат голема заработка. Но токму оваа активност ги загрижува аналитичарите, кои се плашат дека балонот на интензивно купување недвижент имот, неизбежно и болно ќе пукне.rnrnГрадот на духови во КинаПа зошто луѓето не сакаат да живеат во овој модерен град? За сега селењето во новиот град е непогодно. Најмногу поради тоа што има 30 минути возење од новиот до стариот дел од градот каде што живеат најголемиот дел од жителите и каде што се наоѓаат пазарите и рестораните.rnrnГрадот на духови во КинаГрадот на духови во КинаГрадот на духови во Кина
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.