КАФЕ ПАУЗА

Tag: поткошула

  • Шик модни комбинации кои се носат со патики

    Шик модни комбинации кои се носат со патики

    Трикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnЕден од најкласичните начини да се облечете ем спортски ем трендовски, е да искомбинирате тесни „цевка“ фармерки и високи патики до глужд. Фанки антилопски патики и тенко џемперче во костенлива боја со широк отвор, е нешто што морате да го имате на есен. Како моден додаток одлично ќе изгледа едно шалче во сенф боја, кое ќе ви даде малку старовремски изглед. Ако сте љубители на леопардова шара, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој часовник или некоја алка во овој стил. На крајот, закачете едноставни сини обетки-копчиња на вашите уши.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnНекои луѓе сметаат дека е тешка задача добро да се искомбинира фустанче со патики. Но, ако додадете на себе некои обични парчиња, практикувањето ваков стил не би требало да ви претставува некаков проблем. Овој изглед вклучува спортски дуксер, фустанче со линии и едноставни бели патичиња. На крај, за да изгледате уште посекси, ставете на лице очила за сонце, во стилот на Силвестер Сталоне.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnКратките летни фармерчиња и патики се добро позната, класична комбинација за „кежуал“ изглед. За да се истакнете помеѓу толпата, обидете се да ги искомбинирате со струкирано сако. Едноставна сива маичка на прерамки е одличен избор за под сакото, а на стапалата обујте височки патики со шарени принтови. На крај, потенцирајте го таквиот изглед со црвено ланче и црвена чанта која се носи дијагонално на торзото.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrnЗа овој изглед, основни парчиња облека ви се тесно здолниште, припиено до телото и едноставни еднобојни патики. И покрај тоа што цветното здолниште е доста женствено и може да се носи за вечерен изглед, ако го искомбинирате со едноставна црна „рамбовка“, која ќе ја облечете под долг фустан-кошулка ќе изгледате многу кул и тренди. Можете да ја носите долгата кошула откопчана или пак да ја врзете однапред, за да постигнете ултра-тренди изглед. Со овие бои, одлично ќе стојат сребрени патичиња и розова чантичка, чија нијанса на боја, ќе биде иста како онаа во шарата на здолништето.rnrnШик модни комбинации кои се носат со патикиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како треба да се облекуваат полните мажи?

    Како треба да се облекуваат полните мажи?

    Не е лесно во светот на пополничките мажи, без разлика дали се високи или ниски, бидејќи трендовите во модата не се водат баш според нивните пропорции. Но, сепак низ историјата постојат познати мажи со облини, кои сепак успевале да бидат во тек со модата. Како за пример може да се земе уредникот на списанието „Vogue“, Андре Леон Талеј, кој тежеше околу 135 килограми, а сепак права реткост беше да не биде забележан обвиен во најмодерните парчиња облека.rnrnКако треба да се облекуваат полните мажиrnrnЗа жал не секој маж има гардеробер, пари, или пак шивачи како г. Леон Талеј. Но како и да е, секој човек може да стори неколку работи, за да ги минимизира ефектите од својата прекумерна килажа. Ова се неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да се справите со овој „проблем“. Целта е да изгледате послабо или пак во најмала рака да не носите нешто што премногу ги потенцира вашите килограми. Постојат неколку трикови помеѓу кои се носењето облека во вертикални линии или пак комбинирање слични бои.rn

      rn011

    • Што помалку толку подобро. Ова значи да не ги полните џебовите на пантолоните, јакната или кошулата со разни предмети, мобилни, кутии од цигари и слично, бидејќи секој од нив, допринесува визуелно да го зголемите обемот.
    • rn011

    • Вертикални линии. Нежните и тенки вертикални линии на облеката ќе ви создадат вештачка виткост и ќе ве издолжат. Само внимавајте, доколу линиите се премногу смели и широки, тие само ќе направат да изгледате полошо и ќе ја истакнуваат вашата тежина.
    • rn

    rnКако треба да се облекуваат полните мажиrn

      rn011

    • Поткошула. Обидете се во секоја можна прилика, да носите поткошула, бидејќи ќе ви создаде еднаква и мазна силуета.
    • rn011

    • Тенок ревер (крај од горна облека превртен на градите, најчесто на сако). Доколку сте малку се пообли во пределот на вратот и лицето, тенките ревери ќе го затскријат тоа.
    • rn

    rn

    Како треба да се облекуваат полните мажи

    rnrn

      rn011

    • Горен дел со „V“ отвор. Исто како и реверот, ваквиот отвор ќе ви помогне визуелно да ја намалите облината на вратот, бидејќи тој нема да биде опколен со материјалот од облеката. Исто така, доколку под парчето облека, не облечете ништо друго, можете да постигнете ефект на мускулести гради.
    • rn011

    • Облеката совршено да прилега на телото. Ова најмногу важи за пополните мажи. Доколку облеката е минимално тесна, ќе се покаже она што најмногу сакате да го сокриете. Во спротивен случај, пак, доколку е прешироко, ќе изгледате како телото да ви нема форма. Вашата облека мора да биде совршено точна, ниту претесна, ниту преширока.
    • rn

    rn

    Како треба да се облекуваат полните мажи

    rnrn

      rn011

    • Слични бои. Доколку се држите до слични бои при облекувањето, вие на останатите визуелно ќе им изгледате многу потенки и повитки. Најдобар пример е закопчан костум – споеноста на сакото со пантолоните создава обединувачи ефект, кој додава височина.
    • rn011

    • Коланот. Обидете се коланот да ви биде затегнат, но пред се и да ви биде комотен. Доколку ви е затегнат премногу силно, вишокот ќе ви излезе од страните.
    • rn

    rnКако треба да се облекуваат полните мажиrnrnЗа потсетување, пред неколку недели можевте да прочитате и за тоа како треба да се облекуваат слабите мажи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.