КАФЕ ПАУЗА

Tag: потег

  • Престанете да плачете со само еден потег

    Престанете да плачете со само еден потег

    Нема ништо лошо во плачењето, но понекогаш солзите ни доаѓаат на очите во време кога не сакаме да се случи тоа. Има моменти кога сме излезени некаде, на факултет, на работа и слично, па не сакаме да привлекуваме внимание на себе. Не е лесно да се запрат солзите, но има неколку точки на телото кои можат многу да го забрзаат тој процес.rnrnПрестанете да плачете со само еден потегrnrnБез разлика каде се наоѓате, ако очите почнат да ви солзат а вие не го сакате тоа, силно штипнете ја кожата помеѓу палецот и показалецот на раката или по средината на носот. Болката што ќе ја почувствувате ќе го дефокусира мозокот од она што ве тера да плачете и ќе престанете со тоа. Овој метод, за жал, не функционира кога сте премногу тажни и тогаш ништо не може да ги спречи солзите, но може да ви помогне и побргу да се разбудите наутро.

  • Гафовите на Силвио Берлускони

    Гафовите на Силвио Берлускони

    Силвио Берлускони не е повеќе во италијанската и европската политика, но и покрај неговите 17 години на власт, никој нема да го памети по неговите политички потези, туку по гафовите. Тој нив ги објаснува како хумор и иронија, иако многумина во нив препознаваат непочитување кон жените и конкуренцијата. Еве дел од неговата чудна смисла за хумор, која од него создаде слика за необичен политичар.rnrnГафовите на Силвио БерлускониrnrnВо февруари, 2002 година за време на групното сликање на самитот на ЕУ кој се одржал во Шпанија, Берлускони кренал два прста зад главата на шпанскиот шеф на дипломатијата, Жозеф Пике.rn
    rn

    „Најостроумните сигурно можат да најдат и втора работа, можеби некоја неофицијална“ – им рекол Берулскони на отпуштените работници од фабриката на Фиат, поттикнувајќи ги да бараат работа на црно во декември, 2002 година.

    rn

    „Сите жители се еднакви, но можеби еден од нив е малку поеднаков од другите, со оглед на фактот што 50% од Италијанците му ја доделиле одговорноста да ја води државата“ – рекол тој, мислејќи на себе за време на неговото судење за корупција во Милано, во јуни, 2003 година.

    rn

    „Господине Шулц, знам дека во Италија има еден човек кој снима филм за нацистичките концентрациони логори. Би сакал да ве препорачам за улогата на капо. Би биле совршени.“ – Ова го изјавил Силвио за време на една дебата на Европскиот парламент во јули, 2003 година, откако претходно се замерил со германскиот пратеник, Мартин Шулц. Капо е затвореник во концентрационен логор кој ги има привилегиите да врши надзор над другите. Овие привилегии му ги давале вистинските стражари на затворот и најчесто тој бил безмилосен кон останатите затвореници.

    rnГафовите на Силвио БерлускониrnrnВо септември 2004 година за британскиот магазин „Spectator“ тој изјавил:rn
    rn

    „Мусолини никогаш не убил никого. Тој ги праќал луѓето на одмор.“

    rnПодоцна се пожалил дека никој не ја разбрал неговата шега.rnrnВо 2005 година, во Парма се одржала конференција за безбедност на храната, којашто било предвидено да се одржи во Финска. Берлускони објаснил како дошло до разубедување на претседателката на Финска, за конференцијата да биде во Италија:rn
    rn

    „Морав да ја разубедам претседателката на Финска. Кога имате некаква цел, потребно е да ги употребите сите оружја кои ви стојат на располагање, па затоа јас ги искористив моите плејбој-способности, иако одамна ги немав употребено.“

    rnВерувале или не, пред изборите во јануари, 2006 година, поранешниот премиер на Италија бил пофален од свештено лице поради неговата заложба во одбраната на семејните вредности, на што тој во свој стил изјавил:rn
    rn

    „Ви благодарам, оче Масимилијано. Нема да ве изневерам и ви ветувам дека ќе апстинирам од секс во следните два и пол месеци до изборите на 9 април.“

    rnrnГафовите на Силвио БерлускониrnrnНа едно телевизиско ток шоу во февруари, 2006 година тој кажал:rn
    rn

    „Само Наполеон направил повеќе од мене. Но, дефинитивно јас сум повисок од него.“

    rn

    „Јас сум Исус Христос во политиката. Јас сум истрајна жртва, се жртвувам за секого“ – вака тој го објаснил неговиот лик и дело во говор пред сопартијците во февруари, 2006 година.

    rnПри гостување на едно ТВ шоу каде што се разговарало за иднината на младите во Италија, една студентка, жалејќи се за целокупната ситуација во земјата, го прашала што треба да направи за да просперира во Италија. Тој одговорил:rn
    rn

    „Пробај кај син му на Берлускони. Со таква насмевка имаш одлични шанси“.

    rnВо ноември 2008 година, откако Обама беше изгласан за прв црн претседател во историјата на САД, Берлускони го опишал како згоден, млад и исончан. Наредната година на самитот на Г-20, тој повторно се пошегува на сметка на Обама:rn
    rn

    „Како се викаше, оној исончан тип… А, Барак Обама! Нема да верувате, но се сонча заедно со жена му, и таа е исончана.“

    rnrnrnГафовите на Силвио БерлускониrnrnПри една посета на Њујоршката берза, италијанскиот премиер се обидел да ги убеди инвеститорите да дојдат во неговата земја употребувајќи еден неконвенционален аргумент:rn
    rn

    „Италија е одлична земја за инвестирање. Денеска речи си и да нема комунисти, а друга добра причина да дојдете се прекрасните секретарки.“

    rn

    „Имам малку коса затоа што мојот мозок е голем и ја турка косата надвор“ – неговото објаснување за опаѓањето на косата.

    rnВо 2009 година градот Л’Аквила го погоди силен земјотрес, кој остави многу луѓе без дом. На новинарско прашање во врска со условите во кои живеат погодените, Берлускони изјавил:rn
    rn

    „Се разбира дека овие живеалишта се привремени. Тие треба да се чувствуваат како да се на кампување за викенд.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Додај ме за пријател

    Додај ме за пријател

    Автор: Столеrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnДодај ме за пријателПогледни го мојот профил,rnизмами се да стиснеш „Add friend“.rnМожеби не бев вреден за да ме викнеш на кафе,rnама барем однесувај се како што е во тренд.rnrnСе знаеме девојко, не биди инат.rnЗнам дека од мене чекаш да направам потег,rnама мене „фраер“ ми е средно име,rnедноставно не сум таков човек.rnrnСменив и слика за повеќе да те привлечам,rnсе активирав и на другите мрежи.rnНемам намера на мене да те навлечам,rnсамо сакам да ми бидеш виртуелен френд.rnrnПа имавме нешто мајку му стара,rnкликни за да знам дека осети страст.rnНаправи ми „Follow“ или барем прати едно „Invite to connect“,rnизбери си мрежа, само пушти некој глас.rnrnЗнам дека и тебе те мами тоа копче, тој линк,rnби сакал да ти олеснам,rnно јас нема да го направам тој клик.rnrnАко треба, уште долго ќе чекам тоа да се случи,rnа можеби во меѓувреме и во живо ќе те сретнам.rnЕ тогаш нема да дојдам да ти кажам „здраво“,rnНо ќе дојдам да ти признаам: да ме додадеш за френд уште чекам.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни. rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #44

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #44

    Некои недели почнуваат напорно… т.е. кога се работни, секогаш се такви. Сепак, понеделничкото кафе е посебно моќно, ве подготвува за долги часови, работни обврски, нови луѓе, дружење со старите… Како ќе одлучите да ви помине оваа недела, така и ќе биде. Кафето е подготвено. Вие сте на потег!

    rnrnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #44
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и за да ја преземете на вашиот компјутер.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.