КАФЕ ПАУЗА

Tag: посветеност

  • 8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаат

    8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаат

    На почетокот на врската зборовите може да бидат многу збунувачки и да ве натераат да бидете во дилема за тоа што чувствува партнерот за вас. Мажите кои ја совладале уметноста на заведувањето знаат што точно да кажат за да ве заведат. Но, овие зборови што ќе ги прочитате во продолжение имаат скриено значење и ги докажуваат љубовта и посветеноста на партнерот кон вас.rnrn8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаатrn

    1. „Ме инспирираш.“

    rnСекој може да ви каже дека изгледате убаво и секси. Секој може да ви каже дека ве посакува.rnrnНо, вашата сродна душа ќе црпи инспирација од вас и ќе почне да се однесува поинаку кога ќе почнете да се состанувате. Тој ќе почне да прави долгорочни планови со вас и ќе се обиде да направи нешто повеќе со својот живот отколку што правел пред да ве запознае.rn

    2. „Не сакам да се состанувам со некоја друга или ти да се состануваш со некој друг.“

    rnОва треба да биде прилично јасно. Ако тој сака да ве задржи, многу рано ќе каже дека не сака никоја друга освен вас.rn

    3. „Би сакал да дојдеш со мене во…“

    rnОва може да се однесува на забавата што ја организира неговата компанија, во неговиот духовен центар, во неговиот омилен ресторан или на кое било друго место каде што ќе ве запознае со најблиските пријатели. Ако го стори тоа, тој сака да бидете вклучени во најважните делови од неговиот живот.rn

    4. „Сакам да ти помогнам со…“

    rnАко тој постојано ви помага во некои обврски или поправки, тогаш тоа значи дека се грижи за вас.rn

    5. „Сакам да те запознаам со моето семејство (или со најблиските пријатели).“

    rnИако можеби сè уште не ви признал дека ја планира иднината заедно со вас, тој сака да види дали неговото семејство ви се допаѓа, дали вие им се допаѓате ним и дали се чувствувате како дома таму каде што тој се чувствува како дома.rn

    6. „Пресели се кај мене.“

    rnАко тој сака секој ден да бидете до него кога ќе се разбуди, тоа значи дека е многу поврзан со вас. Ако партнерот сака да биде со вас секој ден, тоа значи дека тој мисли дека вие сте вистинската и сака да го помине животот со вас.rn

    7. „Кога ќе стапиме во брак / ќе имаме деца / ќе се преселиме на друга локација…“

    rnАко тој ги кажува овие работи, не само што сака да живеете заедно, туку сака да бидете покрај него кога ќе ги остварува своите главни цели.rn

    8. „Те сакам.“

    rnОвие три збора може да се појават во секое време од патувањето. Ако постојано ви повторува дека ве сака, тоа покажува дека е грижлив и комуникативен човек и сака да ве израдува.rnrnПрочитајте кои 3 несомнени знаци откриваат дека тој се вљубува во вас.

  • Како Скорпијата може да стане подобар партнер во врската?

    Како Скорпијата може да стане подобар партнер во врската?

    Скорпијата е добар и посветен партнер, но понекогаш претерува со својата посесивност и љубомора. За тоа како може да стане подобар партнер, прочитајте во текстот што следува.rnrnrnrnВие сте исклучително посветени на вашиот партнер. Не само што му се посветувате, туку и целосно се спојувате со него. Немојте да се изгубите себеси поради вашата желба за целосно спојување. Зачувајте ја вашата индивидуалност и почитувајте ја неговата. Запомнете дека имате право на лична и емоционална автономија. Врската не значи и целосно спојување. Може да имате врска што ги опфаќа умот, телото и душата, без притоа да се обидувате да станете единствен ентитет.rnrnНаучете како да не контролирате сè и престанете да бидете толку сигурни дека моќта е во ваши раце. Престанете да размислувате за тоа како секогаш да донесете одлука за сè и дозволете да има поголема рамнотежа во вашата врска. Вие сте тврдоглава личност и решени сте сè да биде по ваше. Ќе направите сè што е потребно, дури ќе прибегнете и кон мамење и сексуална манипулација за да имате контрола врз вашата врска. Престанете постојано вие да ги влечете конците, работите нема да одат секогаш по ваше и треба да го прифатите тоа. Имајте поголема почит кон вашиот партнер и не се трудете секогаш да го контролирате. Не користете го сексот како оружје.rnrnИм давате приоритет на малите работи. Престанете да им давате толку голема важност на деталите и видете ја поголемата слика.rnrnИмате двоен стандард кон вашиот партнер. Очекувате тој да биде целосно транспарентен со вас кога станува збор за неговите емоции и тајни, додека вие многу работи криете под површината. Сакате да ги знаете неговите најинтимни мисли, а понекогаш дури и го заведувате за да го дознаете тоа, но многу сте затворени за вашите сопствени внатрешни случувања. Делувате отворено, но сте далеку од такви. Вие му го покажувате на саканиот само тоа што сакате да го види. Престанете да се плашите од откривањето, љубовта бара ранливост. Вие не сакате да ги осветлите работите од вашето минато, работите што ве прогонуваат, па дури и необичните нешта на кои некогаш помислувате. Нема потреба да се плашите и да се срамите. Не може да имате длабока врска каква што посакувате, ако не дозволите вашиот партнер да ве разбере. Престанете да очекувате вашиот сакан да биде „отворена книга“ без вие да се „отворите“.rnrnИсто така, треба да пронајдете рамнотежа кога станува збор за приватноста. Постојат работи што луѓето имаат право да ги чуваат за себеси, па вие не треба да ги знаете сите мисли и чувства што вашиот партнер некогаш ги имал, ги има или ќе ги има.rnrnПрестанете да го шпионирате. Постојано „душкате“ околу него. Ѕиркате во неговиот телефон, е-пошта и неговите нешта, секогаш кога имате шанса. Имате чувство како тој нешто да крие. Престанете да ја нарушувате неговата приватност.rnrnТреба да научите да направите разлика помеѓу вашата интуиција и паранојата. Не дозволувајте вашата страст да ја надвладее вашата логика. Имајте поголема доверба кон партнерот затоа што го повредувате со вашите сомнежи и еден ден тој ќе се измори од тоа. Вашата љубов е опсесивна и ве тера да имате ирационални стравови. Вдишете длабоко, рационализајте, па дури и медитирајте, отидете на јога пред да донесете заклучоци. Работете на вашата интензивна љубомора и посесивност, кои се загушувачки.rnrnСправете се со вашата непредвидливост. Топли сте и ладни истовремено. Еден ден го обожувате партнерот, па се осамувате. Не го наведувајте вашиот партнер да се посомнева дека нешто не е во ред со вас. Ако нешто ве мачи, кажете му. Никогаш не бидете пасивно-агресивни.rnrnСо вас човек тешко може да се справи бидејќи имате толку многу емоции со кои тешко управувате. Ова станува особено тешко кога ќе се разгневите наместо да се ослободите од гневот. Сакате да се одмаздите, го повредувате вашиот партнер иако знаете дека потоа ќе биде тешко да му се вратите. Престанете да се обидувате да ги „израмните сметките“ со него. Разговарајте и не дозволувајте вашата гордост да ја надвладее љубовта.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 3-те хороскопски знаци што се најкомпатибилни со Скорпијата.

  • Топ 5 најверни жени во Зодијакот

    Топ 5 најверни жени во Зодијакот

    Постојат жени што се целосно посветени на партнерот. Целата околина им завидува на нивната верност и решителност да издржат во бракот. Прочитајте во кои хороскопски знаци се родени жените што никогаш нема да ве изневерат.rnrnТоп 5 најверни жени во Зодијакотrn

    Лав: 7/10

    rnЛавовите се сакаат и се ценат себеси. Овој факт може некого и да изнервира, но тоа е причината што Лавовите не се трошат себеси на ситници. Жената родена во знакот Лав бара сè најдобро, и тоа кај еден маж. Но, ако нејзиниот партнер потфрли, таа нема да издржи долго и веднаш ќе тргне во потрага по нов партнер.rn

    Рак: 7/10

    rnЖените родени во знакот Рак не се менуваат и не сакаат да променат ништо околу нив. Ако сопругот ја изневери, жената Рак нема да бара развод, туку ќе бара начин како да го спаси бракот. Таа ќе го изневери сопругот само поради голем очај или поради голема потреба за одмазда. Овие жени го избираат вториот партнер долго и внимателно.rn

    Водолија: 8/10

    rnВодолијата флертува често и со задоволство, но никогаш нема да изневери. Жените родени во овој хороскопски знак сакаат да се забавуваат и да се дружат и тоа секогаш го прифаќаат како понуда. По расправијата со сопругот, жената Водолија со задоволство ќе отиде во бар со друштвото за да заборави на сè. Меѓутоа, сопругот го изневерува само во краен случај.rn

    Бик: 10/10

    rnБикот е направен од чист принцип. Жената родена во знакот Бик никогаш нема да го изневери својот сопруг. Сепак, нејзиниот сопруг не ни помислува да ја изневери затоа што знае дека сопругата нема никогаш не му го прости тоа.rn

    Девица: 10/10

    rnИсто како Биковите, жените родени во знакот Девица никогаш не би го изневериле сопругот, но не поради разумот, туку поради чувствата. Верноста на Девицата се заснова на тоа што таа е толку вљубена во својот сопруг, што не гледа никој друг околу себе. Нивните сопружници го разбираат тоа, па затоа и никогаш не ги изневеруваат.rnrnПрочитајте и кои се хороскопските знаци кои ги чека голема среќа во следната година.

  • Хороскопскиот знак во кој се раѓаат најпосветените мажи

    Хороскопскиот знак во кој се раѓаат најпосветените мажи

    Мажите со овој хороскопски знак имаат многу мани, како и сите останати, но нив ги краси една многу важна особина. Штом ќе одлучат, тие се посветени како никој друг и ќе направат сè за да бидете среќни покрај нив. Можеби веќе погодивте дека станува збор за мажите Риби.rnrnХороскопскиот знак во кој се раѓаат најпосветените мажиrn

    Рибите се сочувствителни

    rnМажите Риби не можат да поднесат и да дозволат другите околу нив да страдаат. Ова важи и за пријателските, и за романтичните односи. Вљубените Риби можат да ја видат вашата болка и ќе ја направат нивна сè додека не најдат начин да ви помогнат. Ова сочувствување ги прави неверојатни партнери. Тие секогаш се свесни за вашите чувства и ќе се потрудат и двајцата да чувствувате радост, а не болка и тага во врската. Овие мажи сакаат да се грижат за другите и секогаш ќе бидат чувствителни на вашите емоции.rn

    Лесни се за договарање и соработка

    rnРибите се навистина флуидни – тие настојуваат да се движат со текот и се навистина едноставни. Во која било врска, нивната способност за прилагодување на ситуацијата и луѓето им е од голема корист. Доколку сте силни и барате партнер што ќе го следи вашето водство, тогаш одлично ќе се согласувате со Рибите. Само бидете внимателни – познато е дека Рибите можат да бидат мрзливи, а ова може да биде непријатен несакан ефект на вашиот однос.rn

    Можат да бидат неодлучни

    rnРибите понекогаш можат да бидат навистина неодлучни. Тие лебдат помеѓу реалноста и фантазијата и многу лесно паѓаат под влијание на нивното опкружување. Поради ова се и нестабилни. Доколку треба да одлучите каде ќе одите на вечера, не допуштајте му на партнерот со знак Риби да го прави тоа, бидејќи одлучувањето ќе трае вечно.rn

    Лесно паѓаат под влијание

    rnРибите се прилагодуваат на она што се случува околу нив и на луѓето со коишто се опкружени. Ова може да биде одлична особина доколку се во позитивна ситуација. Но доколку се во врска со незадоволна личност со многу проблеми, на Рибите ќе им биде тешко да најдат рамнотежа и многу интензивно ќе ја чувствуваат негативноста околу нив. Доколку сте имале напорен ден и потребен ви е партнерот за разговор, Рибите можеби нема да се снајдат најдобро.rn

    Сепак, тие се посветени

    rnНикој не е совршен и ниту една врска не е совршена. Па вашиот партнер со знак Риби може да биде малку емотивен и одвреме-навреме да живее во светот на соништата. Но истовремено тој е полн со љубов и ви е целосно посветен. Љубовта на Рибите се карактеризира со емотивно исполнет однос. На овие мажи најважна им е вашата среќа, а ова му е потребно на секого.rnrnДознајте и какви се мажите во бракот според нивниот хороскопски знак.

  • 5 знаци дека вашата врска е навистина стабилна

    5 знаци дека вашата врска е навистина стабилна

    Понекогаш, кога се расправате со партнерот, навистина ви е тешко да се сетите што е она што ве прави совршени еден за друг. Но, научниците ги идентификувале главните карактеристики на здравите врски. Па, погледнете ги знаците кои покажуваат дека вашата врска е стабилна и ќе трае.rnrn5 знаци дека вашата врска е навистина стабилнаrn

    1. Правите мали нешта еден за друг

    rnНавистина треба да се грижите за малите нешта. Овие мали гестови кои покажуваат дека се грижите се моќен начин да ја зголемите позитивноста во врската. Од диплењето на неговата облека, до купување на нејзината омилена вечера, овие мали нешта се многу важни. Кога ќе се соочите со конфликт, ќе ви биде полесно да правите позитивни работи кои ќе го надминат негативното.rn

    2. Си покажувате внимание

    rnНема потреба да имате секс секоја вечер за да имате фантастична врска. Многу парови се соочени со различно либидо. Но, дури и најмалите гестови на покажување внимание имаат голем удел. Физичкиот контакт покажува дека сакате да бидете блиски, да имате секс и создавате интерес за врската. Дури и кога паровите немаат секс, тие ја зајакнуваат нивната врска со физички контакт. Дури и прегратката може да го намали стресот, да ја намали депресијата и да го подобри имунитетот.rn

    3. Имате слични манири и начин на зборување

    rnСекогаш се интересни луѓето кои одбираат партнери кои личат на нив, но ова може и да биде знак за трајна љубов. Луѓето во добрите врски ги прифаќаат навиките, интересите и манирите на партнерот. По некое време можно е да ги прифатат и нивните цели и интереси. Ова е знак дека љубовта ќе трае.rn

    4. Позитивно реагирате на вашите меѓусебни интереси

    rnТука се работи за обидите за емоционална конекција кои се или прифатени или одбиени. Во едно истражување биле набљудувани 130 нововенчани парови и се набљудувало што се случувало кога едниот партнер се обидувал да воспостави конекција. На пример, сопругот премногу сака птици и забележал некоја прекрасна птица надвор, п потоа отишол да ѝ каже на сопругата. Ова не е само за птицата, ова е шанса за парот да се зближи. Ако сопругата одговори со ентузијазам за птицата, наместо да се налути бидејќи ја прекинал во нешто, таа ја направила конекцијата. Среќните двојки кои останале во брак подолго од 8 години, во 87% од случаите одговарале на овој начин.rn

    5. Верувате во посветеност

    rnКога станува збор за романсата, начинот на кој ги перципираме нештата постанува реалност. Воглавно, ако вашиот поглед кон врските е дека се среќни и исполнувачки, поголеми се шансите да бидете задоволни од вашата. Погледот што го имате кон врските потекнува од вашите родители. Децата кои изјавиле дека нивните родители биле среќни имале помали шанси да се разведат.

  • Дали е во ред да сакате да бидете прифатени од сите?

    Дали е во ред да сакате да бидете прифатени од сите?

    Според психолозите, најголема емоционална потреба на една личност е безбедноста и заштитеноста. Всушност, кој не сака да им се допадне на другите? Сепак, обидот да им се допаѓате на останатите често е спротивен на вредностите кои ги негувате, па доаѓа до внатрешен конфликт. Затоа, воопшто и не треба да се обидувате да бидете сакани и прифатени од сите.rnrnДали е во ред да сакате да бидете прифатени од сите?rnrnМногу одамна, Џон Ленон кажал:rn

    „Да се обидувате да ги задоволите сите е невозможно – а ако го правите тоа, на крај никој нема да ве сака. Мора да размислите и да одлучите што е најдобро за вас и да го направите тоа.“

    rnДа сакате да бидете прифатени и да имате потреба од тоа се две различни нешта. Сите сакаме да бидеме прифатени. Но, како да препознаете дали имате патолошка потреба за тоа?rn

      rn 011

    • Очајни сте
    • rn 011

    • Прифаќате нешта што не ви одговараат
    • rn 011

    • Немате контрола на внатрешниот компас
    • rn 011

    • Врските се секогаш еднострани, површни и не водат кон ништо сериозно
    • rn

    rnВашата потреба да бидете прифатени може да се спореди со тоа да јадете лоша храна која всушност не сакате да ја јадете. Како да работите работа која не ве возбудува. Лесно можете да бидете обесхрабрени од проблеми кои едноставно се решаваат.rnrnАвторката Џојс Мејер во книгата „Зависност од прифаќање: Како да ја надминете потребата да ги задоволувате сите“ (Approval Addiction: Overcoming Your Need to Please Everyone) објаснува дека оваа потреба понекогаш доаѓа од преживеана траума поврзана со насилство, било да е физичко, вербално или емоционално.rnrnЖелбата за прифаќање доаѓа заедно со три непосакувани емоции: вина, срам и бес. Ниту една од нив не е здрава основа за создавање врска со себе и со останатите. Ако сакате да живеете живот со цел, треба да заборавите на оваа потреба, да им верувате на претчувствата и искрено да ги искажете вашите ставови.rnrnДали е во ред да сакате да бидете прифатени од сите?rn

    Здравите меѓучовечки односи вклучуваат и конфликти и разлики

    rnМожно ли е да се препознае кога вашата потреба за прифаќање не е здрава? Најпрво треба да бидете искрени со себе. Наместо да испратите порака, сретнете се со личноста. Охрабрете се преку разговор да ги искажете вашите чувства. Секако, сето ова не може да се направи преку ноќ, но со доволно ментални вежби ќе успеете да се изборите со емоционалните потешкотии и полесно да се изразите. Ако не го направите ова сега, ќе биде уште потешко во иднина. Сетете се само дека вашиот живот на оваа планета е само момент кој треба да го искористите и не смеете да се плашите што другите ќе мислат за вашиот избор.rnrnВрските можат да бидат вистински, но во основата на секоја од нив постои и по некој конфликт. Кога на две лица им е удобно во меѓусебниот однос, тие се обидуваат да ја задржат и искреноста, која може да доведе и до караница. Штом доаѓа до ваков момент, тие двајца веќе знаат на каде одат и до каде се со она што им е заеднички.rn

    Сигурноста треба да доаѓа и внатре од вас

    rnПотребата за безбедност и сигурност е една од најголемите човечки потреби, но најпрво таа треба да доаѓа од вас. Дури и кога ви се чини дека нештата се распаѓаат, треба да си верувате на себе, но и да не се срамите да побарате поддршка од блиските. Сепак и во ваквите случаи треба да балансирате со околината, за да можете да го задржите квалитетот на односите што го имате со луѓето.rnrnНа пример, не можете да се обидувате да бидете прифатени со тоа што ќе се расфрлате со подароци, затоа што таквиот начин на прифаќање и припадност е очаен и нездрав. Кога сте начисто со своите емоции, ставови и верувања околу едно нешто, тогаш со сигурност ќе знаете дали некој однос, можност или состојба се добри за вас. Ова е важно за секогаш да бидете во тек со сè и вашата работа да биде на највисоко ниво. На овој начин ќе успеете да привлечете луѓе и можности кои се во согласност со вашите ставови и потреби.rnrnИсто така, во ред е да „изгледате глупаво“ во 99% од ситуациите. Луѓето најчесто бараат совети за да не изгледаат глупави. Но, ако побарате инструкции или помош, тоа ве прави компетентни за вашата улога и искрени во желбата добро да ги завршите задачите.rnrnДали е во ред да сакате да бидете прифатени од сите?rn

    Барате прифаќање на погрешно место?

    rnКога имате потреба за нечие одобрување и прифаќање, често тоа е погрешна личност. Потрудете се да избегнете зближување со личности со кои реално не ви е потребна блискост, ниту пак ви се допаѓаат нешто посебно.rnrnЗатоа, пред да сакате некому да му се допаднете, поставете си ги следниве три прашања:rn

      rn 011

    1. Од кого барам прифаќање и одобрување?
    2. rn 011

    3. На кои личности сакам да им бидам на располагање?
    4. rn 011

    5. Кои се луѓето со кои сакам да работам?
    6. rn

    rnОткако ќе си ги одговорите овие прашања, запомнете едно: Не можете да ги задоволите сите. Не се ни обидувајте, затоа што така создавате лажни и површни односи со луѓето. Концентрирајте се на она што вистински го сакате и во кое можете да се вложите.rn

    Квалитетот не зависи од другите

    rnАко сакате да станете добри во некоја област, тогаш не ви треба одобрување од други луѓе. Оние на кои вистински им значите, ќе ве поддржуваат какви и да сте. Споредете го ова со примери на познати музичари или уметници. Ако тие чекале одобрување од сите, тогаш сигурно немало да бидат снимени најдобрите песни, отсвирени најубавите мелодии и насликани најголемите уметнички дела. Не се стремете кон перфекционизам и дозволете си да бидете неинформирани за некои нешта.rnrnДа не зависите од туѓото одобрување може да биде тешко за вас, особено ако сте личност на која постојано ѝ е потребно да ѝ се кажува дали нешто прави добро или не. Сепак, следете ги советите и обидете се да си докажете себеси дека навистина нема потреба од сето тоа. На тој начин може да избегнете и доста големи разочарувања.rnrnПотсетете се и на овие 14 најлоши интервјуа за работа.

  • Едноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за вас

    Едноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за вас

    Вашата вистинска љубов е човекот кој се појавува во вашиот живот и останува во него, без да се трудите околу тоа. За да ја препознаете вашата сродна душа не треба да решавате загатки. Тоа не е мистериозна тајна што треба да ја дешифрирате. Не е нешто што треба да си го докажувате себеси со знаци и причини зошто сте совршени еден за друг. Вашата вистинска љубов нема да ве натера да барате докази или да ја предвидувате иднината.rnrnЕдноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за васrnrnЉубовта на вашиот живот се појавува во сегашноста. Тоа не е човекот кој мислите дека еден ден можеби ќе ве засака или личноста која знаете дека ве сака, но „моментално не е подготвена за врска“. Тоа не е ниту личноста која сака да се гледа со други луѓе, бидејќи не е сигурна дали треба да бидете заедно. Тоа не е човекот со кого само се допишувате и никогаш не ви изјавува чувства, ниту пак личноста со која не поминувате многу време, а сепак наоѓате причини за карање.rnrnЛичноста која ви е судена ќе биде со вас. Кога сте премногу неодлучни и несигурни, кога поголемиот дел од вашата врска го минувате во сивата зона на „не знаеме на што сме“, одговорот е дека не сте на ништо, но се плашите да признаете.rnrnЉубовта на вашиот живот ќе сака да поминува време со вас и нема да размислува 2 пати пред да реши дали целосно ќе ви се посвети. Тоа е човекот со кого ќе се расправате за нечистите садови и плановите во петок навечер, а не околу тоа дали еден ден конечно ќе започнете врска.rnrnВашата вистинска љубов е личноста која ќе ви помогне да се чувствувате пријатно во своја кожа. Личноста која ќе ги победи сите ваши стравови и ќе успее да ве види во вистинско светло како целина. Тоа е човекот со чие присуство ќе направи вашиот живот да расцути како никогаш дотогаш, а не личноста која ќе ве зароби и ќе ве оддалечи од вашите соништа. Љубовта на вашиот живот е човекот со кого односот едноставно функционира и одлично се согласувате без да вложите голем напор.rnrnЕдноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за васrnrnЛуѓето не се толку комплицирани колку што мислиме. Човечките суштества се своеволни битија кои генерално ги прават работите што сакаат да ги прават. Понекогаш тоа се случува на сметка на нечии чувства. Но, тоа не е вистина кога се работи за романтичната љубов.rnrnАко некој не е со вас, тоа значи дека не сака да биде со вас. Ако не ви се јавува, тоа значи дека не сака да разговара со вас. Ако не се врзува, тоа значи дека не сака да се врзе. Тоа се случува во реалноста, без разлика колку противаргументи имате за да ја побиете бруталната вистина. Привлечноста и страста се чести појави, но посветеноста е поретка. И тоа е добро. Тоа ги издвојува врските што функционираат од врските што пропаднале.rnrnЉубовта на вашиот живот е човекот кој ќе биде тука за вас и кој нема да размислува дали сака или не сака да биде со вас. Тоа не значи дека нема воопшто да се карате, но тоа ќе биде личноста на која ќе сакате да ѝ се јавите пред да заспиете. Личноста со која сте духовно поврзани.rnrnЉубовта не е болна, туку загубата. Ќе ви биде уште потешко доколку одбивате да прифатите дека личноста која не се плаши да ве изгуби, не ве љуби вистински. Почекајте додека не го најдете човекот кој нема да ве тера да се прашувате и сомневате секој ден. Личноста со која треба да бидете е онаа со која ќе бидете без дополнителни проблеми и компликации. Не си го трошете времето на луѓето кои не ве заслужуваат.rnrnВо продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

  • 8 начини за надминување на стравот од посветеност во љубовта

    8 начини за надминување на стравот од посветеност во љубовта

    Се плашите од врзување? Се плашите да се венчате? Ако одговорот е да, можеби имате страв од посветеност. Додека разговорот за дефинирање на врската е сосема нормална работа за едни, за други може да биде навистина застрашувачка. Ако спаѓате во овие вторите, време да преземете контрола и да го надминете вашиот страв. Еве 8 начини кои ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Откријте го коренот на вашиот страв

    rn(1)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnПостојат разни причини за појавата на овој страв. Може да станува збор за расипан дом, страв од скршено срце или неспособноста да ја спуштите вашата одбрана. Што побрзо ќе го најдете коренот, толку побрзо ќе се ослободите од стравот.rn

    2. Соочете се со стравот

    rn(2)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnНадминувањето на стравот е важно сè додека му додава вредност на вашиот живот. Секој има нешто што е далеку од неговата зона на удобност, а кога ќе дозволите вашиот страв да одлучува како да живеете, вие не живеете во сегашниот момент. Вие му дозволувате на стравот да ги донесува вашите одлуки, па затоа е и важно да се соочите со него.rn

    3. Направете си простор

    rn(3)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnКај некои луѓе стравот од посветеност е резултат на пренатрупаниот распоред. Секој од нас е многу зафатен, но важно е да запомните дека треба да обрнувате внимание и на вашите врски. Можеби сметате дека е невозможно посветувањето на само една личност бидејќи немате ни време ни енергија. Вашите потреби се единственото нешто со кое можете да се справите, но дали е навистина така? Кога мислите само на вашите потреби вие не си давате можност да ги прифатите другите луѓе, па дури и да се заљубите. Научете да се опуштите и ќе бидете изненадени на она што животот има да ви го понуди.rn

    4. Не чекајте другите да направат да се чувствувате подобро

    rn(4)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnАко ви е страв да се посветите некому, можеби му давате големо значење на мислењето кое другите го имаат за вас. Штом ќе се посветите на некоја личност, се појавува ризикот од одбивање. Но, ова не треба да ви претставува проблем. Без разлика дали луѓето ве прифаќаат или не, тоа не ја менува личноста којашто сте. Ако стравот од судење ја „убива“ вашата способност за посветување, размислете колку всушност се потпирате на мислењата на другите. Пронајдете ја вашата самодоверба во нештата кои ве прават среќни наместо да ја саботирате секоја можност за љубов чекајќи ја совршената личност.rn

    5. Најдете слобода во љубовта

    rn(5)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnЧувството на заробеност во врската може да води до страв од посветување. Па, време е да го смените начинот на кој размислувате. Наместо да се чувствувате заробени, размислете какво е чувството да бидете заљубени. Со вистинската љубов доаѓа и чувството на слобода, слобода да бидете свои, слобода да љубите безусловно и слобода да бидете ранливи. Љубовта е нешто што вреди да го истражите.rn

    6. Барајте личност со исти вредности

    rn(6)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnПосветувањето на некоја личност значи дека со неа ќе ги делите вашите најдлабоки верувања, а ова може да биде навистина застрашувачки. Затоа е важно да најдете личност со исти верувања како вашите со цел врската да биде здрава. Можеби нема да се согласувате за спортските тимови, но кога ќе ги делите најважните вредности, како религијата или семејството, ќе ја забележите разликата.rn

    7. Опкружете се со луѓе кои имаат здрави врски

    rn(7)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnПокрај личното искуство, нема подобар начин да ја почувствувате здравата врска од нејзиното гледање. Луѓето кои постојано се опкружени со лоши врски имаат поголеми шанси да развијат лошо мислење за нив. Но, кога ќе го пронајдете доброто друштво ќе имате и друг аспект на врските кој можеби ќе ви помогне да го надминете стравот од посветување.rn

    8. Размислете за придобивките

    rn(8)8-nachini-za-nadminuvanje-na-stravot-od-posvetenost-kafepauza.mkrnrnНе дозволувајте вашиот отпор кон врските да ја надмине целата убавина која ве чека. Живеењето во страв само ве спречува да живеете во сегашниот момент. Големата посветеност ви ги покажува значењето, целта и насоката кои се поголеми од вас, а ова може да биде навистина задоволувачко. Пред да се откажете од сериозната врска, размислете што всушност испуштате.rnrnПогледнете ги и 10-те работи кои можете да ги научите од здравите љубовни врски.

  • Инспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовта

    Инспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовта

    Идејата да се биде посветен на една личност до крајот на животот буди чувства на сигурност, страв и исполнетост. Љубовта е појава што тешко може да се објасни и дефинира, но сепак мајсторите на пишаната мисла барем до некаде успеваат да го преточат овој комплексен феномен во зборови. Во продолжение прочитајте ги најубавите цитати за посветеноста во љубовта од најталентираните писатели во светот…rnrnИнспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовтаrn

    „Без посветеност, постојат само ветувања и надеж, но не и планови.“ – Питер Ф. Дракер

    rn

    „Слободата не е отсуство на обврски, туку способност да се одберат вистинските и човек целосно да се посвети на она што е најдобро за него.“ – Пауло Коелјо, „Захир“

    rn

    „Посветеноста е дело, а не збор.“ – Жан-Пол Сартр

    rn

    „Мора да разбереме дека не може да постојат врски без посветеност, лојалност, љубов, трпение и упорност.“ – Корнел Вест

    rn

    „Без посветеност, нема да можете во ништо да постигнете длабочина, без разлика дали се работи за врска, бизнис или хоби.“ – Нил Штраус, „Игра“

    rn

    „Изреката дека човек чека цел живот за да се појави неговата сродна душа е парадоксална. На луѓето им се смачува да чекаат. Пробајте си ја среќата со некого и со помош на посветеноста станете сродни души, но имајте на ум дека ќе ви треба цела вечност за да го усовршите тоа.“ – Крис Џеми

    rn

    „Сѐ додека човек не се посвети на нешто, ќе постои двоумењето, сомнежот и непродуктивноста.“ – Вилијам Хачинсон Мареј

    rn

    „Поставете критериуми. Престанете да очекувате од другите да ви покажат љубов, прифаќање, посветеност и почит, кога ни самите не си го покажувате тоа на себе.“ – Стив Мараболи

    rnИнспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовтаrn

    „Да се вљубите и да се посветите на љубовта значи дека вашиот сакан ќе биде единственото нешто што ќе го цените најмногу на светот.“ – Коу Јонеда

    rn

    „Кога мажите ќе чујат дека жените сакаат посветеност, мислат дека станува збор за посветеност на љубовната врска, но не се работи за тоа. Се мисли на тоа да не се талка насекаде наоколу. Сакам маж кој има стабилен живот.“ – Минди Калинг

    rn

    „Љубовта, пред сѐ, е посветеност на сопствениот избор.“ – Роб Лиано

    rn

    „Ми се чини дека постои тенка граница помеѓу лудоста и преданоста. Таа граница ја нарекувам посветеност.“ – Џереми Алдана

    rn

    „Доколку не знаете да ја цените туѓата посветеност, вашата лична посветеност исто така ја губи нејзината вредност.“ – Рам Мохан

    rn

    „Лесно е да се посветите на саканата личност 5 минути. Голема обврска е да се посветите на саканата личност целиот живот веднаш откако сте ја запознале. Но, кога ќе се посветите на саканата личност пред да ја запознаете до крајот на животот, тоа е најголемата посветеност што еден човек може да ја понуди во врската.“ – Том Хоук

    rn

    „Љубовта цути и венее, но честа, должноста и посветенста се постојани и стабилни. Тие ја дефинираат вашата личност.“ – Ришел Е. Гудрич

    rn

    „Доколку сакате маж кој е посветен, побарајте го во ментална институција.“ – Александра Потер, „Дали често доаѓате овде?“

  • 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцето

    5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцето

    Кога станува збор за романтични подароци, многу момци не знаат баш најдобро да се снајдат во изборот, кој би направил девојката да полета од среќа. Затоа, кога се наближуваат годишнините од врската, момците ги фаќа паника околу прашањето каков подарок да изберат за својата сакана. Не е мал бројот на оние кои сметаат дека треба да дадат цело богатство за да ја импресионираат партнерката. Но, запомнете, вистинската љубов не се мери со пари и таа е сосема бесплатна. Да се биде романтичен не значи дека треба да се фрлаат илјадници денари. Затоа, ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни подароци кои ќе го стоплат срцето на секоја девојка.rnrn(3) 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцетоrnrn

    1. Дизајнирате календар, перниче, модни додатоци

    rnОва е една идеја за која многумина не помислуваат многу често, но покажува големо внимание и посветеност. Денес е многу лесно преку голем број веб-сајтови да дизајнирате фотографии кои ќе го отсликуваат времето во кое сте започнале да се забавувате, нејзиниот роденден или слични прекрасни заеднички моменти и нив да ги поставите како позадина на календар. Но, не застанувајте единствено на календар. Личниот печат од вашата девојка можете да го поставите на најразлични модни додатоци, ќебиња, перничиња, рамки за слики. Сè што укажува дека тој предмет е уникатен и специјално направен за неа, таа ќе го доживее како нешто магично.rn

    2. Изненадете ја!

    rnСекоја девојка сака изненадувања. Еве на пример за годишнината којашто ви следува, украсете го креветот со ливчиња од роза, надувајте 12 балони и на нив залепете фотографии од најубавиот момент што сте го овековечиле во месеците зад вас. На секоја фотографија запишете по некоја романтична порака и искрена емоција и ќе го добиете најубавиот подарок за вашата девојка. Можете да ја пуштите фантазијата да работи и да смислите илјада начини како да го уредите овој уникатен подарок.rnrn(2) 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцетоrnrn

    3. Смислете авантура и пикник во природа

    rnЗа ова изненадување ви се потребни само кошница со вино, две чаши, омилената закуска на вашата девојка и секако убаво црвено, карирано ќебе или чаршав. Можете од претходно да смислите некое убаво, романтично и тивко место во блискиот парк, на планина или можеби на плажа. Таму, под отворено небо, може да се релаксирате и да се потсетите на најубавите моменти во изминатите месеци или години. Верувајте, девојката по тој прекрасен и едноставен пикник, ќе се вљуби во вас повторно.rn

    4. Напишете ѝ писмо или љубовна картичка

    rnМожеби не сте Шекспир, но не грижете се, таа веќе го знае тоа. Понекогаш, момците кои не се баш најдобри во пишаниот збор, кога ќе се потрудат да ги стават своите чувства на лист хартија, знаат да направат чуда. Затоа, не двоумете се! Ако ви е тешко да ги искажете своите емоции и вербално и преку пишување, охрабрете се. Со самото тоа што сте се обиделе да напишете неколку искрени реченици, вие веќе сте ја растопиле својата сакана. Тоа ќе ѝ покаже дека навистина давате сè од себе да ја направите среќна, а нема подобар подарок од тоа за секоја девојка.rnrn(1) 5 неверојатно оригинални подароци за годишнина кои ќе ѝ го стоплат срцетоrnrn

    5. Подарете ѝ ѕвезда

    rnЗнаете ли дека за малку пари може да именувате некоја ѕвезда по вашата девојка. Тоа е навистина романтично, затоа што на тој начин во буквална смисла ќе ја реализирате познатата љубовна фраза „Тој ѝ симнува ѕвезди“. За тоа повеќе информации можете да најдете на голем број веб-сајтови. Исто така, не мора да трошите многу финансии на скапи часовници, чанти, чевли… Тие пари донирајте ги во некоја од хуманитарните организации. Кој вели дека кавалерите повеќе не постојат. Единствено што ви треба е малку да размислите и да ја побарате вистинската идеја.