Во просек, ние поминуваме околу 1/3 од нашиот живот во спиење, па токму затоа постелата треба да биде одбрана со внимание. Таа треба да биде удобна и да ве топли кога е ладно, но во зависност од вашите години, и да ве штити од чудовишта. Доколку ви се потребни декоративни идеи и сакате да ја направите совршената атмосфера во вашата детска или спална соба, погледнете ги наредниве неколку постелнини за инспирација.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




















Кога соновите се одамна почнати,rnкога низ прозорецот ѕиркаrnиспрекината светлинаrnод уличната сијалица,rnкога дождот непрестајно удираrnво лимениот олукrnи сенките на дрвјата се клатат,rnнебаре ветрот ќе ги сотре,rnтогаш моите очи се ширум отворени,rnтогаш се претворам во кроткост,rnтогаш испарува сета моја стабилност и возрасност,rnтогаш треперам во пижамите,rnзабите ги заривам во ќошот од јорганот,rnи низ измешаната постелаrnсе провирам,rnбрчкам,rnлутам,rnбарајќи ја твојата заспана рака.
rnrnВеднаш зад нив се наоѓаат оние чија спална соба е црвена, а на трето место се оние во чија соба доминира небесно сината боја. Истражувањето опфатило 2.000 луѓе, а со него се докажало и дека луѓето кои имаат свилена постела имаат 4,25 пати секс во просек неделно.rn
rnrnЗа само 50 секунди, овој футуристички кревет ќе ја намести вашата постела совршено. Во него е вграден и сигурносен систем, кој спречува механизмот да се активира доколку некој лежи на креветот. Механизмот има копче на кое се одбира дали сакате креветот да се мести сам или механички. Па доколку е подесен на механичко местење, 3 секунди откако ќе станете од него, тој ќе почне да се мести.rn
rnrnЗимата е период од годината кога најголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории. Ладното време е најголемиот демотиватор за излегувања надвор од домот. Дружбата со креветот кај повеќето луѓе е една од поомилените зимски активности. Сами или во друштво, во тишина, со добар филм или со омилената музика, одберете сами. Удобната и топла постела нека биде во служба на вашите зимски активности. Може подолу прикажаните слики ќе ја разбудат вашата желба за нова декорација во спалната соба, за нова постелнина за вашиот кревет. Нека ладните зимски ноќи и вообичаената „досадана“ постела не бидат причина за лош сон. Разбудете ја вашата фантазија и создадете мало царство од вашиот кревет, удобно место за пријатни сни.rnrn

















rnrn