КАФЕ ПАУЗА

Tag: послужување

  • Ресторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на храната

    Ресторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на храната

    Хипстерскиот начин на живот стана толку популарен во денешно време што и рестораните се обидуваат да го имитираат. За жал, не е лесно да се биде хипстер, бидејќи доволно е да направите мала грешка за да се претворите од хипстери во невидени катастрофи. Следниве ресторани навистина претерале со послужувањето на храната. Во продолжение погледнете ги нивните урнебесни идеи и размислете дали би сакале вашиот оброк да изгледа вака…rn

    Попладневен чај во полици за книги

    rnРесторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на хранатаrn

    Тортички

    rnРесторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на хранатаrn

    Сите зборови се излишни

    rnРесторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на хранатаrn

    Јајце во трофеј

    rnРесторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на хранатаrn

    Кој вели дека една чаша не може да собере сѐ?!

    rnРесторани кои имаат урнебесни идеи за послужување на хранатаrnrnПродолжете на следната страница за останатите урнебесни фотографии…rnrn

  • Неверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативност

    Неверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативност

    Многумина од нас не можат да се наситат од вкусното овошје кое изобилува во летните месеци. Не само што тоа може да ни ја згасне жедта исто толку ефективно како кој било друг пијалак, туку е и полно со витамини корисни за нашето здравје. Ако ништо друго, неговите светли бои секогаш можат да ве развеселат. Овошјето може да биде уште повкусно доколку го послужите на уникатен начин. Погледнете ги следниве креативни идеи кои ќе го направат овошјето уште попривлечно и неодоливо…rn

    Ражнич од шумски плодови

    rnНеверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативностrnrnОвие овошни ражничи се прават многу лесно и брзо. Доколку организирате забава можете да им дозволите на гостите самите да си ги направат така што ќе им понудите голем избор на различни овошки и шумски плодови.rn

    Пита од лубеница

    rnНеверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативностrnrnНикој нема да остане гладен откако ќе го види ова вкусно уживање. Навистина неодоливо!rn

    Цреши во чоколадо

    rnНеверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативностrnrnИзгледаат толку добро, што ќе ви биде жал да ги изедете! Изненадете ги вашите најблиски со овој вкусен десерт кој ќе ги направи летните денови уште послатки.rn

    Овошен букет

    rnНеверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативностrnrnВеднаш ќе се расположите само од тоа што ќе фрлите поглед на овој сочен овошен букет. Разбудете ја вашата креативност и одберете овошје во што е можно повеќе бои.rn

    Банани во смрзнато чоколадо

    rnНеверојатно уникатни начини да го послужите овошјето кои ќе ја разбудат вашата креативностrnrnОваа вкусна закуска треба да биде неминовен дел од секоја забава. Гостите ќе бидат презадоволни, а вие ќе станете нивниот омилен организатор на забави.rn

  • Исповеди на келнерите: Зошто понекогаш „не“ нè слушаат кога ги викаме?

    Исповеди на келнерите: Зошто понекогаш „не“ нè слушаат кога ги викаме?

    Келнерите на социјалната алатка Whisper ни ги откриваат своите мрачни тајни. Се чудите зошто имате малку компирчиња во порцијата? Зошто салатата испадна малку „солена“ на сметката? Што зборува персоналот кога ќе влезе во кујната? Еве ги одговорите…rnrnispovedi-na-kelnerite-zoshto-ponekogash-ne-ne-slushaat-koga-gi-vikame-kafepauza.mkrnrnЈас сум келнерка и ако не ми се допаѓаат луѓето на мојата маса се преправам дека не ги слушам кога ме викаат.rnrnЈас работам во ресторан и кога некој ќе ја врати храната зашто била „премногу изладена“ ние не правиме нова, само ја пикаме во микробрановата.rnrnЈас сум келнер и секогаш посакувам девојките да ми го оставаат нивниот телефонски број наместо бакшиш.rnrnЈас сум послужувач и да, зборуваме за вас кога ќе влеземе во кујната. Ако мислите дека ве мразиме, да, така е.rnrnЈас сум послужувач и кога ќе ми побараат диетален дресинг, секогаш им носам обичен. Ако навистина сте на диета, не би нарачувале дресинг воопшто.rnrnИмам обичај да ги јадам остатоците од храна што ги оставаат муштериите во ресторанот во кој работам.rnrnСакам да сум поднапиена кога сум на работа. Јас сум келнерка и ова го правам за да изгледам посреќно и поуслужливо.rnrnЈас сум келнерка во бар и кога ќе забележам дека муштериите се премногу пијани, „заборавам“ да им го вратам кусурот.rnrnЈас сум универзитетски професор кој навечер работи како послужувач со цел да ги вратам студентските кредити. Кога ми доаѓаат студенти, се кријам.rnrnСлужам во ресторан и понекогаш кога муштериите ќе ме прашаат за некоја салата им кажувам дека чини повеќе за да не морам да им ја направам.rnrnЈас сум келнер и јадам по некое компирче од секој помфрит што го послужувам.

  • Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

    Кинески ресторан во кој ве услужуваат роботи

    Еден ресторан во Харбин, Кина има вработено 20 роботи кои ја спремаат, сервираат и служат храната, а воедно и ги анимираат гостите. Ресторанот започнал да работи во јуни, 2012 година.rnrnКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиrnrnКога ќе влезете, еден робот ве отпоздравува со „Здраво, жителу на Земјата. Добредојде во роботскиот ресторан“. Потоа вашата нарачка ја спрема еден од четирите роботи-готвачи, кои знаат да подготват голем број вкусни јадења. Откако јадењето ќе биде спремно и сервирано од страна на помошници-луѓе, робот-келнер движејќи се по ленти поставени на подот, ја носи храната од кујната до вашата маса. Додека јадете, робот-пејач ве забавува.rnrnКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиrnrnРоботите се со висина од 120 до 150 сантиметри, а можат да направат 10 фацијални експресии. Тие можат без престан да работат 5 часа, а потоа треба 2 часа да се наполнат со електрична енергија. Но ваквиот персонал, воопшто не е евтин. Еден робот чини од 200.000 до 300.000 јуани (од 31.500 до 47.000 американски долари). Дополнително, оспособувањето на ресторанот го чинело газдата 5 милиони јуани (790.000 американски долари).rnrnКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботиКинески ресторан во кој ве услужуваат роботи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Корисни совети за сите обожаватели на кафе

    Корисни совети за сите обожаватели на кафе

    За сите кафе-манијаци кои обожаваат да подготвуваат кафе, да пијат кафе и со задоволство да се среќаваат на кафе-муабет со своите пријатели, им нудиме неколку интересни, а воедно и корисни совети за кафето.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Што треба да знаете кога купувате кафе?

    rnКога се работи за свежо кафе, најдобро е да знаете кога е печено. Вистинските благодети од кафето можат најдобро да се осетат, доколку кафето се искористи еден или два дена по печењето. Исто така е важно кафето да се чува во сад којшто вакуумира и е тесен, при што првичната арома останува дури по 7 до 10 дена. Старото кафе веднаш ќе го препознаете по неговата арома која или ја нема или е непријатна, а исто може да ви изгледа како да има фатено мрсни наслаги.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Мелење на кафето

    rnДоколку ги мелете зрната кафе во вашиот дом, никогаш немојте да го мелете целото кафе, туку онолку колку што планирате да искористите во моментот. Маслата коишто се наоѓаат во зрната кафе, се изложени на штетните влијанија од воздухот. Кога тие ќе испарат, се губи и самата арома на кафето. Различните начини на подготовка на кафето, бараат различни методи на мелење. На пример, кога се работи за филтер кафе, подготовката треба да биде од 4 до 6 минути. Кога користите француска машина за мелење, кафето треба да биде измелено погрубо. За да подготвите еспресо пак, потребно е што поситно да ги измелете зрната, пришто измеленото кафе треба да личи на прав. Многу важно за еспресото е да внимавате целата процедура на подготовка да изнесува од 25 до 30 секунди.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Како правилно да го складирате кафето?

    rn

    Никогаш не чувајте го кафето во фрижидер. Од фрижидерот, кафето може да ги апсорбира мирисите и вкусовите на другите прехранбени продукти. Освен ако не планирате да го користите во наредните две недели, наша препорака е да го избегнувате фрижидерот. За да ја зачува прекрасната арома, кафето треба да се складира во чисти, суви садови што вакуумираат и да биде поставено на ладно и темно место.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафе

    rnrn

    Дозирање на кафето

    rnКога подготвувате кафе, внимавајте да ставите околу 250 милилитри вода за околу 30 до 40 грама кафе. За еспресо кафе, ставете 7 до 8 грама за една доза, а доколку сакате дупло еспресо ќе ви бидат потребни од 14 до 16 грама кафе.rnrnКорисни совети за сите обожаватели на кафеrn

    Како да го послужите кафето?

    rnВерувале или не, на кој начин и во каква шолја ќе го послужите кафето, може многу да влијае на неговата арома и на самото уживање во кафето. Исто како и виното, вкусот на кафето се чувствува по неговата арома. Затоа најдобро е тоа да се служи во шолји со дебели ѕидови, кои ќе бидат доволни за да ја задржат топлината на кафето. Пример за тоа е еспресото, кое најчесто се служи во мали шолји со дебели ѕидови, кои имаат благ наклон. Дебелината на ѕидовите ја одржува вистинската температура на кафето, а самиот наклон овозможува подобро да се прошири аромата.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ресторан во кој работат мали дечиња

    Ресторан во кој работат мали дечиња

    Kinderkookkafé“ е семеен ресторан во Амстердам кој е целосно управуван од дечиња. Тие готват, сервираат, им ја носат сметката на муштериите и ги мијат садовите, се разбира со мала помош од повозрасен персонал. Менито е многу едноставно и вклучува главно јадење и десерт. Состојките се свежи, храната е здрава, а цените се многу ниски. Пред да дојдете во ресторанот, најчесто ќе треба да направите резервација.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаОва место е дел ресторан, дел училиште за готвење и дел детска градинка. Родителите ги остават нивните деца попладне и се враќаат подоцна за да го изедат оброкот кој тие им го приготвиле. Додека се децата таму, возрасните вработени ги подучуваат како да готват, да сервираат и да им стојат на располагање на муштериите. Ресторан во кој работат мали дечињаСо помош и надзор од страна на двајца возрасни, децата можат да учат како да подготват вечера во сабота, а да печат колачи и пита за ужина во недела. Доколку дечињата сакаат, тие можат да се приклучат во кујнската бригада, заедно со останатите деца кои си работат таму или да уживаат во послужен топол оброк, заедно со нивните родители.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаИзработени се и сликовити менија за муштериите да си одберат што сакаат дечињата да им зготват: сендвичи, милкшејк, колачиња… Начинот на готвење, користењето на потребните состојки и инструкциите од страна на нивните учители по готвење е на нивно ниво, за да можат да сфатат и сработат сè што е потребно за услугата да биде како што треба. Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаДецата тука можат да работат сè: од готвење, примање нарачки, сервирање храна, миење садови, служење безалкохолни пијалаци од зад шанкот, па сè до носење сметки за наплата. Основната идеја која стои зад интересниот начин на работа на холандскиот ресторан, е да се научат децата како да станат одговорни и корисни, во една забавна и пријателска детска атмосфера.Ресторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечињаРесторан во кој работат мали дечиња
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги нервира келнерите?

    Што ги нервира келнерите?

    Како резултат на големата невработеност во нашата држава, многу млади момци и девојки, но и повозрасни луѓе одлучуваат да се вработат како келнери во некој кафе бар, затоа што тоа е единствената работа која лесно може да се најде. И покрај тоа што платата не е голема, на некои луѓе им е неопходна за да си ги покријат трошоците за кирија или за студирање.rnrn1-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrnrnОние кои немале потреба да ја работат оваа работа, сметаат дека буквално секој може да биде келнер. Но, во реалноста келнерите, покрај тоа што работат физичка работа, трошат многу енергија и на меморирање на стотиците нарачки во текот на денот, а за возврат очекуваат поголема почит од своите муштерии.rnrnЕве неколку ситуации во кои келнерите се чувствуваат понижено од страна на своите муштерии:rn

    „Колку треба?“

    rnКелнерите се чувствуваат навредено кога муштеријата ќе им ги фрли парите на маса уште пред да ја добие сметката. Гостите очекуваат дека келнерот треба на памет да ги знае сметките од сите маси и прашуваат колку чини тоа што го пиеле.rnrnТака излегува дека келнерот не бил доволно брз (и покрај тоа што давал сé од себе за да биде), па се случува гостинот да нема трпение да ја почека сметката и да остави помалку пари.rnrn2-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Немам ситно“

    rnТочно е дека келнерите работат со пари и треба да имаат ситно во секој момент за да враќаат кусур. Но, невозможно е келнерот да има ситно ако сите муштерии плаќаат со илјадарки за сметка од 80 денари. Па тогаш келнерот, ако е сам на смена, треба да трча низ маало и да бара да му раситнат пари во локалните продавници, обложувалници, банки…rnrn3-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Многу ви се високи цените“

    rnКафе баровите се во приватна сопственост и за цените на пијачките одлучуваат нивните сопственици. Тоа значи дека дури и келнерот да сака цените да бидат пониски, за жал нема моќ да ги промени. Неговата работа е да го внесе артиклот во компјутер, да ве послужи, да ви ја одржува масата чиста и да ви донесе сметка. Толку!rn

    Правење неред на масата

    rnГостите седнуваат во кафе бар за да се релаксираат, да се видат со пријателите и да се освежат со една кафе пауза. Келнерите треба да бидат љубезни и услужливи со своите муштерии и да ги исполнуваат нивните желби за да бидат тие задоволни од услугата. Меѓутоа, само затоа што седнувањето во кафе бар кошта пари, не значи дека гостите треба намерно да истураат шеќер и кафе по масата или да кинат хартија на ситни парчиња. Келнерите навистина немаат време да раскреваат сè што муштериите ќе остават зад себе.rnrn4-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Ова не е тоа што го нарачав“

    rnКако и на секој друг човек, така и на келнерот понекогаш може да му се случи да ја заборави нарачката или да ги помеша нарачките со некоја друга маса. Меѓутоа, откако ќе му објасните дека не ви го донел тоа што сте сакале да го пиете, тој/таа ќе ја поправи грешката. Од друга страна, ако гостинот нарачал макијато во лето, а не потенцирал дека сака ладно макијато, тогаш тоа не е грешка на келнерот.rnrn5-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    „Продавате цигари?“

    rnПоголемиот број кафе барови во Македонија не држат цигари, меѓутоа муштериите упорно ги прашуваат келнерите дали продаваат. До тука е сé во ред. Меѓутоа некои гости мислат дека келнерот е нивни слуга, па се дрзнуваат да им кажат да отидат да им купат цигари и притоа да го остават полниот локал со гости. Келнерите се само вработени лица како и сите останати, меѓутоа дел од нивната работа не е да пазарат низ маало за да ги задоволат побарувањата на гостите.rn

    Правење неред во тоалетот

    rnТочно е дека ве-цето во кафе баровите е јавно и секој муштерија има право да го користи, но тоа не значи дека кога ќе влеземе во него треба да се однесуваме како да сме во шума. Без разлика што тој тоалет не е дел од нечиј дом, сепак на крајот од работниот ден, келнерите се тие кои треба да го исчистат хаосот и притоа да останат живи.rnrn6-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrn

    Зборување на мобилен додека келнерот прави нарачка

    rnКелнерите кои се трудат да бидат професионални во својата работа, сакаат да бидат гостопримливи и да комуницираат со своите муштерии, но тоа не е возможно доколку гостинот зборува на мобилен додека нарачува кафе. Ако тој телефонски разговор мора да се случи токму во тој момент, би било културно барем гостинот да му каже добар ден и пријатно на келнерот.rnrn7-Shto-gi-nervira-kelnerite-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.