Дали ќе се изненадите доколку ви кажеме дека сите мажи сакаат кога некој ги посакува и им се восхитува? Или ако дознаете дека сакаат да добиваат комплименти и дека понекогаш сакаат кога партнерката прва ќе иницира за секс, особено ако се во долга, сериозна врска?rnrnrnrnМинативе месеци многу се пишуваше за мажи кои ги злоупотребуваат нивните влијателни позиции, кои не прифаќаат „Не“ за одговор, кои очекуваат жените да им бидат сексуално потчинети и кои не покажуваат никаква свесност за штетата што ја предизвикуваат некому. Но, сигурно момците со кои излегувате или сте во врска не се вакви. Повеќето мажи не ги присилуваат жените на сексуални односи.rnrnПоентата е дека многу мажи се исто толку срамежливи колку и жените кога треба да ги искажат своите сексуални желби, бидејќи се плашат дека нивните барања ќе бидат изложени на потсмев. Постојат многу мали шанси тие отворено да кажат дека понекогаш сакаат да бидат пасивни во кревет или да побараат да им кажете нешто убаво.rnrnВистината е дека мажите потајно посакуваат да ги имаат сите тие работи што списанијата постојано нагласуваат дека жените ги сакаат, како на пример да добиваат внимание, да добиваат комплименти, да водат љубов и да знаат дека партнерката сѐ уште ги посакува и ги смета за привлечни. Но, жените најчесто не знаат како да го покажат тоа и што да направат.rnrnМожете да почнете на тој начин што ќе му кажете како се чувствувате и што ви се допаѓа кај него. Можете да му кажете дека изгледа одлично во новата кошула. Погалете го по грбот кога ќе му го подавате столот. Во кревет, посегнете по него и дајте му повеќе од вообичаениот бакнеж за добра ноќ или доближете се до него и почнете да го милувате. Повеќето мажи ќе можат да ги прочитаат овие сигнали.rnrnОва не би требало да се случува само одвреме-навреме, туку да стане секојдневен дел од вашата врска. Давајте му комплименти 3 пати дневно. Погалете го случајно барем 2 пати дневно. Направете го првиот чекор во кревет барем еднаш неделно. Сето ова нека ви стане навика. Постои голема веројатност дека неговата реакција ќе биде позитивна.rnrnВашиот партнер е човечко суштество исто како и вие. Верувањата од типот „Мажите се од Марс, а жените од Венера“ се измислени. Сите сакаме да добиваме љубов, пријателство и да се чувствуваме безбедно во врската. И мажите ги сакаат сите овие работи исто како и жените. Можете да го прашате вашиот партнер дали се чувствува сакано и безбедно во ваше присуство. Ако одговори одречно, прашајте што можете да направите во врска со тоа. Тоа одличен почеток на интересен разговор, се согласувате?rnrnСакате да му покажете на вашиот партнер колку многу ви значи? Вратете ја изгубената страст со помош на овие 5 прашања.
Исто како што формалниот предмет на верувањето е вистината, така и формалниот предмет на емоциите е евалвацијата. И верувањата и емоциите се стремат да бидат оправдани според реалноста. Поконкретно, тие целат во рефлектирањето на важноста или значењето на нивниот предмет за субјектот. Желбите, од друга страна, се стремат да ја променат реалноста за таа да дојде во согласност со нив. Така, додека емоциите и верувањата се движат во насока „умот кон светот“, желбите се движат во обратен правец – „светот кон умот“. Значи, емоциите ја рефлектираат реалноста, а желбите ја пременуваат.rnrnrnrnЕмоциите во себе често ги вклучуваат и желбите. На пример, ако сме лути на некој, тоа е така затоа што посакуваме таа личност да покаже поголема почит кон нас или ако сме исплашени од некоја смртоносна змија, тоа е така затоа што посакуваме да останеме живи. Емоциите исто така можат и да предизвикаат различни желби. На пример, да ѝ се развикаме на личноста на која ѝ сме лути или да посакаме да ја убиеме змијата користејќи ја само нашата храброст.rnrnНо, треба да се забележи дека првите желби, кои се вмешани во емоциите, се разликуваат од вторите желби кои се предизвикани од емоциите по тоа што се поапстрактни, поопшти или поскриени и посклони кон диспозициите. Иако желбите можат да бидат предизвикани од емоциите, сепак за тоа нема потреба и тие доаѓаат во многу различни форми: Желби, нагони, потреби, импулси, пориви, посакувања, копнежи.rnrnЖелбите често не можат да бидат исполнети, бидејќи понекогаш се нереални, како на пример мислата: „Камо да можеа да запрат да зборуваат“. Нагоните ги предизвикува телото. Потребите се нагони кои станале итни и потребни. Импулсите се непланирани, ненадејни желби кои се поврзуваат со некое дејство. Поривите се импулси на кои тешко можеме да одолееме, како на пример опсесивно компулсивното нарушување. Копнежот е силна и скриена желба, понекогаш непријатна или исполнета со тага, за нешто недостапно или нешто што тешко може да се достигне.rnrnТака, некои желби се чисто физиолошки или биолошки, но дури и овие, независно од тоа дали се задоволени или не, можат да предизвикаат различни чувства. Важно е да знае што се појавило прво, желбата или емоцијата, и да не се рационализираат нашите основни желби како поблагородни емоции, што многу често се случува во романтичната љубов и други слични животни ситуации. Затоа често не можат да се разликуваат. Желбите родени од емоциите и емоциите родени од желбите можат да имаат и своја приказна и не треба да се гледаат како помалку вистински или секундарни.rnrnВо овој момент, вие ги читате овие зборови бидејќи, од која и да било причина или причини, сте формирале желба да ги прочитате и тоа ве мотивирало така и да направите. И „мотивација“ и „емоција“ се зборови кои потекнуваат од латинскиот израз „movere“ што во буквален превод значи „се движи“. Луѓето кои доживеале мозочна повреда и кои немаат капацитет за емоции имаат потешкотии позитивно да одлучат и да имаат желби бидејќи тие немаат основа да изберат помеѓу две натпреварувачки опции. Затоа, филозофот Дејвид Хуме забележува дека еден човек не може да разликува „е“ од „треба да биде“, односно не може да ги разликува моралните заклучоци од голите факти и по продолжение сите морални заклучоци се засновани во емоциите.
Доколку сакате да знаете кои се оние нешта кои тој ги посакува кај една девојка, што го возбудува и на што не може да одолее, тогаш продолжете со читање. Доколку ги запомните овие совети од астрологијата, големи се шансите дека уште долго време ќе го задржите покрај себе…rnrnrn
Овен
rnОвенот ужива кога е нечиј трофеј. Тој сака прво да се покаже, а дури потоа да води љубов. Исто така очекува да му одадете признание и да му се восхитувате кога сте во негово друштво. Од друга страна, тој не поднесува кога флертувате со други мажи.rn
Бик
rnБиковите се сјајни љубовници. Тие најмногу уживаат во фина вечера по која следува бакнување од глава до пети. Погрижете се амбиентот да биде декориран со луксузни детали, а атмосферата мирна и очекувајте награда за трудот. Биковите не сакаат да спијат во туѓ кревет.rn
Близнаци
rnИако се облекуваат провокативно, поголемиот дел од Близнаците не се многу заинтересирани за секс. Тие обожаваа флертување и длабоки разговори кои му претходат на самиот сексуален однос. Откако ќе ги одвлечете во кревет, мора да најдете начин како да ги натерате да останат верни. Најдобро е доколку секогаш ги држите во неизвесност, бидејќи тие се љубопитни по природа.rn
Рак
rnАко ве привлекува личност родена во знакот Рак, подгответе се да го освоите неговото его. Тој бара многу внимание и тежнее за физички контакт, приврзаност и емоции. Вие ќе мора постојано да ја докажувате својата љубов доколку сакате да останете заедно, а тоа значи дека пред сè, ќе мора да ги одржувате вашите ветувања. Ако не ви верува, нема сексуално да може да се опушти.rn
Лав
rnАко излегувате со личност родена во знакот Лав, тогаш потрудете се без прекин да му делите комплименти кои се искрени. Пофалете ги неговите неверојатни способности поради кои добро заработува и погрижете се да знае дека го доживувате како гениј.rn
Девица
rnДевицата најчесто има проблеми со контролата. Таа има тенденција да измисли свој свет и потоа да живее во него. Најчесто се работи за практичен свет, чија цел е достигнување долгорочен план. Нив ништо не ги возбудува повеќе од самата идеја за обврски.rn
Вага
rnМажите родени во овој знак имаат вродена смисла за хумор која е на некој начин програмирана да одбива секаков вид интимност. Вам ќе ви биде потребно многу време за да добиете искрен одговор од него, бидејќи хуморот го користи како одбранбен механизам за да се заштити од повреди.rn
Скорпија
rnСкорпиите ги мотивира љубомората. Тие посакуваат девојка за која знаат дека и другите мажи копнеат. Токму затоа и целосно се фокусираат на физичкиот изглед, па ако сметаат дека сте пожелни, без разлика каква личност навистина сте, тие нема можат да ви одолеат.rn
Стрелец
rnОва сензуално суштество обожава храна и пијалаци, како и парфеми и сè друго што добро мириса. Стрелците не сакаат љубомора, ниту обиди за контрола, а сакаат да делуваат недостижно. Бидејќи станува збор за знак кој симболизира патување, имајте на ум дека со малите авантури можете засекогаш да ги задржите покрај себе.rn
Јарец
rnНа Јарците им е најпријатно кога се сигурни дека зад нив стои личност со огромна поддршка и безусловна љубов. Кај мажите во овој знак можете соберете поени само со вашето присуство покрај нив – на вистинско место, во вистинско време. Тие се склони кон луксуз.rn
Водолија
rnОмиленото сценарио на секоја Водолија е седење и долго разговарање со личноста која ја сакаат. Тие сакаат да зборуваат за себе и своите долгорочни планови, па токму затоа погрижете се да го споделите со нив ентузијазмот околу планирањето на иднината. Бидејќи овој знак ужива во модата и културата, вие лесно можете да го освоите со беспрекорен стил.rn
Риби
rnРибите сакаат да поделат сè со вас, дури и парите, бидејќи сметаат дека заедничката сметка во банка е многу секси. Сепак, емоционално се многу несигурен знак. Вие постојано мора да ги уверувате дека се број 1 за вас доколку сакате да ги задржите покрај себе.
Сите ние познаваме жена која е независна. Таа им откажува на момците, присуствува на разни забави, оди на кампувања и патувања. Сите ја озборуваат зад нејзиниот грб. Момците ја посакуваат или пак сакаат таа да биде во нивна близина. Таа го фасцинира секој маж веднаш штом ќе се појави. Оваа жена постои, а ова се причините зошто секој маж ја посакува.rnrnrnrn1. Таа знае како да се справи сама на забава. Дури и ако не познава никого. Таа е способна да започне разговор и да запознае нови луѓе.rnrn2. Таа има многу приказни за раскажување.Ако сака нешто да направи, ќе го направи тоа. Таа не очекува останатите луѓе да го сакаат истото што таа го сака. Затоа, ако таа сака да танцува, а нејзините пријатели се противат на тоа, тогаш таа ќе го направи тоа без нив.rnrn3. Таа знае да разговара. Таа има исполнет социјален живот, па затоа комуницирањето со останатите луѓе не ѝ претставува проблем. Таа постојано испробува нови работи, добра e во запознавањето на нови луѓе, комуникацијата со нив и во зближувањето на односите со нив.rnrn4. Таа не бара маж за да ја поддржи.Таа воопшто не размислува да ја напушти својата работа откако ќе се омажи, бидејќи не сака да мисли дека не придонесува со никакви приходи – или уште полошо, дека нема своја сопствена кариера.rnrn5. Таа не е опседната со мали работи. Таа не сака да ја троши својата енергија на мали и непотребни караници. Таа има поголеми проблеми со кои треба да се соочи и е добра во избегнувањето на мали драматични ситуации.rnrnrnrn6. Таа никогаш не бара нешто од другите. Тоа е така бидејќи истото важи и за неа. Таа совршено ја знае разликата помеѓу сакањето некој околу себе и потребата од некого. Сепак, таа совршено добро е во состојба самата да си ги задоволи сопствените потреби.rnrn7. Таа има свои цели.Таа нема да го направи нечиј успех нејзин приоритет, бидејќи има своја листа со цели кои сака да ги исполни. Нив не ги жртвува за да успее во врската, бидејќи за неа важи едно правило – подобро сама и среќна отколку во врска и несреќна.rnrn8. Таа нема потреба од маж за да ја комплетира.Многу жени веруваат во тоа дека тие се една половина и мора да го пронајдат совршениот маж да за ги комплетира и да станат целина. Но, независните жени знаат дека најпрво тие треба да бидат задоволни со самите себе, а дури потоа да стапат во здрава и среќна врска.rnrn9. Таа има свои пријатели за дружење. Таа нема да го моли своето момче да гледаат филм, бидејќи таа има пријатели со кои може да го прави тоа. Исто така таа нема да моли тој да ја води на секое излегување со неговите другари.rnrn10. Таа ужива во времето поминато сама со себе. Иако таа нема планови за излегување, со сигурност нема да побара некој за да ја забавува. Таа може да пронајде многу интересни работи во кои ќе ужива сама без никој да ја прекинува. И да, ќе биде совршено задоволна со тоа.
Понекогаш не говориме за она што го сакаме или пак, едноставно се плашиме да го признаеме затоа што не сакаме да ги нарушиме нашите односи со одредена личност. За среќа, секогаш можеме да се потпреме на невербалната комуникација, односно на говорот на телото. Кога мажите чувствуваат привлечност кон жените, нивното тело најчесто ги испраќа следниве знаци…rnrnrnrn1.Длабоко вдишување во моментот кога ќе ве забележи, при кое визуелно му се проширува градниот кош.rnrn2.Му се прошируваат зениците бидејќи му се допаѓа она што го гледа.rnrn3.Веѓите му се подигнуваат како нешто да го изненадило.rnrn4.Се смее повеќе од вообичаено и на тој начин почесто ви го покажува горниот ред заби.rnrn5.Несвесно ги навлажнува усните со врвот на јазикот.rnrn6. За време на вашата комуникација, 80% од времето ве гледа во очи, а останатото време во носот, устата и образите.rnrn7.Се навалува кон вас кога разговарате.rnrn8.Несвесно започнува телесен контакт, без разлика дали ве допира директно вас или само вашата облека.rnrn9. Ги поставува рацете на струк, со раширени лакти кон двете страни.rnrn10.Неговата карлица е насочена кон вас.rnrn11. Кога ги прекрстува нозете, тоа го прави така што двете стапала му се насочени кон вашето тело.rnrn12. Прстите од неговите стапала се секогаш насочени кон насоката во која вие стоите.rnrn13.За време на разговорот нежно го допира својот врат со врвот на прстите.rnrn14. Кога ве држи за рака, со дланките бара потпора на вашите дланки.rnrn15.Вашата телесна близина кај него создава ерекција.
Автор: Al_ex_an_drarn(поднесено преку „Предложи содржина“)Посакај да сум пролет,rnи ќе расцутам во твојата градина.rnПосакај да сум росен цвет,rnи секое утро ќе ме гледаш под прозорец.rnПосакај да сум жолто лисје,rnи паѓајќи ќе се сплеткам низ твојата коса.rnПосакај да сум број,rnда ме запаметиш во својата меморија.rnПосакај да сум солза,rnи ќе се стркалам низ твоето лице,rnќе се претворам во плач,rnи ќе се исушам на твоите усни.rnПосакај да сум синџирче,rnи ќе се сврзам околу твојот врат.rnПосакај да сум оган,rnи ќе ги стоплам твоите гради.rnПосакај да сум искра,rnво мене ќе видиш нова надеж.rnПосакај да сум дете,rnи јас одново ќе се родам за Тебе.rnПосакај да сум машина,rnи ќе ме допреш со твоите прсти.rnПосакај да сум песна,rnи ќе ме испееш низ нови ноти.rnПосакај да сум добар филм,rnи ќе ме изгледаш по сто пати.rnПосакај да сум книга,rnи ќе ме читаш до доцна.rnПосакај да сум светлост,rnи секогаш ќе те избавам од темнината.rnПосакај да сум правда,rnи секогаш ќе ја зборувам вистината.rnСамо не посакај да сум заборав,rnби заминала без да ти ја признам Љубовта!rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.