Доколку сакате да заспивате листајќи низ Фејсбук, тогаш треба да најдете друга занимација пред да легнете во кревет. Оставањето на телефонот во креветот го попречува спиењето, но може да претставува и голем безбедносен ризик.rnrn
rnrnЕдна објава од пожарникарската служба во Њу Хемпшир стана светски популарна поради предупредувачката порака која ја носеше. Службата сподели слики на Фејсбук од случај во кој тинејџерка заспала откако телефонот го оставила да се полни под перницата. Причината за пожарот биле излезените жици од кабелот.rnrnСекогаш, доколку имате расипани електрични уреди или скинати жици, ќе постои и ризик за пожар. Доколку имате скинат полнач, подобро купете нов отколку да пробате да го залепите или да го поправите. Само внимавајте полначот да биде од истата компанија со вашиот телефон, инаку може да го оштетите.rnrnПовеќето телефони не би требало да предизвикаат дефекти или да се прегреваат, но не велиме дека е невозможно. Ризикот е поголем доколку го држите под перницата. Тоа е бидејќи кога ја полните или трошите батеријата, телефонот се загрева – а доколку ја трошите батеријата додека телефонот е на полнач и се полни, тогаш станува уште потопол. Проблемот се јавува кога е покриен со нешто и тоа не дозволува да се ослободува топлината. Перниците и ќебињата може да предизвикаат несреќа со тоа што ќе го прегреат телефонот.rnrnДоколку телефонот не е приклучен за полнач, не би требало да предизвика пожар. Но доколку комбинирате полнење на телефонот, гледање видеа, а потоа заспиете, згора на тоа телефонот да има некаков дефект, тогаш генерирате доволно топлина за да се појави проблем.rnrnЗатоа, бидете внимателни. Полнете го телефонот на рамна површина која нема лесно запалливи материи околу себе. Доколку забележите дека телефонот почнува да крева температура, исклучете го од полнач и оставете го малку да се излади. Доколку е толку топол да не можете да го допрете тогаш нешто не е во ред во вашиот уред. Најдобро би било да го однесете на поправка.rnrnСледно, прочитајте кои се 10-те работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите.
Tag: полнење
-

Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни на креветот
-

Зошто никогаш не треба да ја полните батеријата на вашиот телефон на јавни места?
Сигурно и вие сте се нашле во ситуација кога сте излезени и потоа забележувате дека батеријата на вашиот телефон паднала на 3%, па седнувате некаде да се напиете кафе, го ставате телефонот на полнач и веќе сѐ ви изгледа во ред. Но, вистината е дека сепак не треба да се чувствувате толку опуштено.rnrn
rnrnИако ќе бидете во можност и понатаму во текот на денот да го користите вашиот телефон, ако местото од каде што добивате енергија било пробиено, вие можете сериозно да го загрозите телефонот и податоците кои се наоѓаат во него. На истиот начин, доколку го приклучите вашиот телефон за компјутер со УСБ кабел, вие им овозможувате лесен пристап на хакерите до вашите пораки, фотографии, контакти и слично. Така, бидејќи не постои единствен начин да откриете дали јавните места за полнење се заразени или не, најлесниот начин да се заштитите е да ја избегнувате оваа навика.rnЕве уште неколку трикови кои ќе ви помогнат да го заштитите вашиот телефон
rn
- rn011
- Обидувајте се секогаш да излегувате со речиси полна батерија на вашиот мобилен телефон.
- Размислете за купување преносна батерија и бидете сигурни дека секогаш ја носите со себе.
- Купете си УСБ кабел кој не пренесува податоци, како што тоа го прават повеќето.
- Во краен случај, доколку сепак треба да се одлучите за јавно полнење на телефонот, тогаш бидете сигурни дека вашиот телефон е заклучен со лозинка.
rn011
rn011
rn011
rn
-

Научниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?
Повеќето корисници на паметни телефони по неколку месеци употреба се соочуваат со ист проблем – сѐ почесто и почесто посегнување кон полначот. Сепак, научниците од универзитетот во централна Флорида се сѐ поблиску до неверојатно откритие. Тимот научници развил нов процес за изработка на флексибилни суперкондензатори кои чуваат повеќе енергија и може да се полнат повеќе од 30.000 пати без некое позначајно оштетување.rnrn
rnrnНовиот метод на универзитетскиот центар за технологија и нанонаука би можел да биде револуционерен во технолошка смисла и за мобилни телефони и за електрични возила. Научниците велат дека доколку батериите би се замениле со овие суперкондензатори, би можеле да наполните мобилен телефон за неколку секунди и не би ви бил потребен полнач повеќе од една недела. Сите кои имаат паметни телефони ќе го препознаат овој проблем: По отприлика 18 месеци, функцијата на батеријата почнува да опаѓа и ќе морате сѐ почесто и почесто да ја полните. Научниците ја анализирале употребата на наноматеријалите со цел да ги подобрат суперкондензаторите кои од друга страна би можеле да ги подобрат, па дури и да ги заменат батериите во електричните уреди. Тоа е малку незгодно, затоа што суперкондензаторот кој би задржувал онолку енергија колку и литиум-јонската батерија, би требало да биде многу, многу поголем.rn„Постои проблем во начинот на кој луѓето ги вметнуваат овие дводимензионални материјали во постоечките системи – тоа е тесно грло во оваа област. Имаме развиено едноставен пристап на хемиска синтеза, за да можеме убаво да ги интегрираме постоечките материјали, со дводимензионалните“, вели професорот Јеонвунг Јунг.
rn
rnrnНеговиот тим има развиено суперкондензатори составени од милион жици со нанометарска дебелина кои се обложени со двонимензионален материјал. Високо проводното јадро овозможува брз пренос на електроните за брзо полнење и празнење, а рамномерно обложените обвивки со дводимензионални материјали се висок пренос на енергија и моќност на густина. Научниците веќе знаеле дека дводимензионалните материјали имаат голем потенцијал во примената за складирање енергија, но сѐ додека не бил развиен процесот за интегрирање на овие материјали, не постоел начин тој потенцијал да се реализира.rn„За малите електронски уреди, нашите материјали ги надминуваат оние конвенционалните во поглед на густината на енергија, моќта и цикличната стабилност“, вели Нитин Чаудхери.
rnЦикличната стабилност дефинира колку пати батеријата може да се наполни и испразни пред да почне да ја губи нејзината функција. На пример, литиум-јонската батерија може да се полни помалку од 1.500 пати, пред да биде значително оштетена. Последните создадени суперкондензатори со дводимензионални материјали може да се полнат неколку илјадници пати. Суперкондензаторите кои користат нови материјали би можеле да бидат употребени на телефоните и другите електронски уреди, како и кај електричните возила, што би можеле да донесат придобивки во поглед на брзината и силата. Затоа што се флексибилни, тие би можеле да придонесат и за значаен напредок во технологијата.
-

Како да ви трае подолго батеријата на лаптопот?
Батериите за лаптопот се доста скапи за постојано да се заменуваат, па затоа овие пет начини да ѝ го продолжите векот на траење можат да ви бидат од голема корист.rnrn
rn1. Не дозволувајте лаптопот да постигне висока температура
rnАко можете да ја почувствувате високата температура на лаптопот врз вашата кожа, тоа не е добро ниту за вас, ниту за него и неговата батерија. Уште полош симптом е ако тој сам се исклучува поради оваа причина.rn
2. Не ја отстранувајте батеријата додека лаптопот е вклучен
rnЗа доброто на батеријата, потребно е лаптопот да биде целосно исклучен пред да направите што било со неа. Не ја вадете или ставајте додека тој е вклучен.rn
3. Правилото 80/20
rnНекои информатичари велат дека векот на батеријата се продолжува доколку секогаш е полна помеѓу 20 и 80%. Значи не треба да дозволите да дојде под 20%, а кога ќе ја полните тоа не треба да надмине 80% исполнетост.rn
4. Никогаш на 100%
rnНе се препорачува батеријата да се наполни 100%. Не оставајте ја да се полни ниту откако ќе дојде до својот максимум, тоа е уште полошо за неа.rn
5. Не оставајте ни да се испразни целосно
rnПостои некој мал ризик од оштетување на лаптопот и на батеријата доколку оставите тој сам да се исклучи.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Најголемите заблуди во врска со полнењето на батеријата на вашиот смартфон
Кога станува збор за траењето на вашата батерија, постојат многу правила кои одредуваат што можете, а што не треба да правите со вашиот смартфон. Некои од нив имаат врска со реалноста, но некои се само митови. Еве 5 правила кои можете слободно да ги прекршите и едно до кое треба да се придржувате.rnrn
rn1. Полначите од помалку познати производители ја уништуваат батеријата
rnИако не се оптимизирани за паметните телефони од познатите производители, тие нема да им наштетат. Сепак, треба да купувате полначи од легитимни производители, а не лажни копии на познатите брендови.rn
2. Не е добро да го користите мобилниот додека се полни
rnУште еден мит. Можете да го користите колку сакате сѐ додека не користите сомнителен полнач. Сѐ додека си ја користите оригиналната батерија и полнач кој е одобрен од производителот, единствена последица од користењето на мобилниот додека се полни е тоа што полнењето ќе оди малку побавно.rn
3. Полнењето во текот на ноќта ја „убива“ батеријата
rnПа не баш. Повеќето паметни телефони препознаваат кога е полна батеријата и во тој момент прекинуваат со полнење. Всушност, тогаш тие не ја ни користат батеријата. Сепак, не мора да го полните мобилниот преку ноќ секоја ноќ. Батеријата ќе потрае подолго ако мобилниот го одржувате со капацитет на батеријата помеѓу 40 и 80%.rn
4. Никогаш не треба да го исклучувате смартфонот
rnПонекогаш и него им е потребна пауза. Ако не морате баш секогаш да бидете достапни, во ред е повремено да го исклучувате телефонот, на пример пред да си легнете. Се препорачува да го правите ова еднаш неделно. Ако не можете да го исклучите, барем ресетирајте го.rn
5. Не го полнете телефонот сѐ додека батеријата комплетно не ви се испразни
rnПогрешно! Многу подобро е ако го дополнувате секој ден, отколку да го трошите до нула и потоа да го полните докрај. Литиум-јонските батерии какви што користат Епл и Самсунг подобро се одржуваат кога се наполнети. Ако постојано ги цедите до максимум, можат да постанат нестабилни. Секоја батерија може да издржи одреден број полнења пред да треба да се замени со нова. Секој пат кога ја празните докрај, многу поблиску сте до замената.rn
Факт: Топлината ја уништува батеријата
rnТочно! Технологијата и високите температури обично не одат заедно. Батериите не се исклучок од ова. Литиум-јонските батерии се загреваат при работа, повеќе во текот на полнењето. И ладното време може да има негативен ефект врз траењето на батеријата – ладната батерија побрзо ќе се испразни при ниски температури.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Иновативни торби кои ќе се погрижат мобилниот никогаш да не ви биде празен
Колку пати ви се случило на излегување од дома да забележите дека вашиот мобилен има нешто помалку од 7% батерија? Во такви ситуации сигурно сте многу нервозни и постојано се прашувате дали ќе издржи батеријата додека да се вратите дома. Но, благодарение на иновативните луѓе, овој проблем може набрзо да стане минато.rnrn
rnrn„GoPlug“ торбите во себе содржат вградена батерија која ви овозможува преку стандарден или УСБ кабел да го полните вашиот мобилен телефон, фотоапарат, компјутер и таблет без разлика на вашата локација. Батеријата ќе го наполни вашиот мобилен 6-8 пати, таблетот 2 пати и двојно ќе му го продолжи животот на вашиот лаптоп пред да треба повторно да го полните. Овој пронајдок е совршен за оние кои постојано патуваат, а особено од корист може да ви биде за по аеродроми, конференции и сл. Постојат неколку различни видови торби, во зависност од намената, од мали торбички за таблет, торби за лаптоп и за фотоапарат, па сѐ до големи куфери.rnrn
rnrnПроектот се финансира преку Кикстартер, а преостануваат уште само неколку дена пред официјално да се најде на рафтовите во продавниците.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Живот на далечинско управување
Автор: Димитар ГошевскиrnrnЗамислете си далечинско со кое можете да го управувате (скоро) секој аспект од вашиот живот. Замислете, седнувате пред телевизорот, го земате далечинското во рака и пуштате телевизија, притоа ја намалувате светлината на ламбите или ја заклучувате вратата без да направите ниту еден чекор од удобниот „трон“. Сето тоа со вашето магично далечинско веднаш до вас. Сега замислете си дека ова е реалност. Звучи убаво? Па, веќе и не мора да си замислувате, ова е веќе реалност, постои уште од 2007 година и се нарекува „WiTricity“ (зборот доаѓа од Wireless и Electricity).
Сѐ што треба да направите е да го насочите далечинското кон една мала црна плоча која се наоѓа на ѕидот и откако ќе го приклучите, ќе светнат три зелени сијалички, означувајќи дека плочката се полни. Сите електрични апарати се само на неколку метри од оваа плочка и не се поврзани со контакт, туку токму оваа плоча ја пренасочува струјата кон нив.rnrnДиректор на компанијата е Ерик Гилер, кој силно верува и се надева дека со ова ќе ја започне револуцијата во електрониката, заменувајќи ги безжичните системи, т.е. оние кои работат со батерии, со такви кои ќе испраќаат електрична енергија преку воздух, а воедно ќе бидат и безбедни, како за средината, така и за живите суштества околу нив. Од „WiTricity“, чија технологија била развиена во техничкиот институт на Масачусетс, најавуваат дека со своите пилот продукти ќе се појават на пазарот кон крајот на оваа година и по година-две би можеле да стигнат до тој степен, што сопствениците на елктромобили ќе ги полнат батериите на своите коли без да бидат приморани да користат жици.
Иако овој изум изгледа како да е еден од оние на новиот век, идејата за безжично предавање на електрична енергија и не е толку нова. Имено, Никола Тесла ја демонстрирал во поинаква форма уште пред 100 години и денес има многу електрични уреди кои се полнат со помош на индуктивно електрично коло, т.е. работат на батерии кои, за жал, имаат потреба од физички допир со колото (како најосновен пример можеме да ги земеме безжичните телефони и лаптопите) и тоа не е многу удобно.
Индуктивното полнење кое го предлага Гилер, работи со префрлување на напонот во навој кој генерира магнетно поле, кое создава друг електричен напон во ист таков навој кој се наоѓа во другиот уред. Ако двата навои се оддалечат еден од друг, ефективноста на предавањето на енергија веднаш опаѓа, па за да го зголемат растојанието, преку кое енергијата би се предавала ефективно, „WiTricity“ ги подесуваат навоите да работат на специфична фреквенција, која би гарантирала мала загуба на електрична енергија за секој од уредите. rnrnРастојанието, сепак, зависи од размерот на навојот, ако двата навои се мали, како што е случајот кај мобилните телефони, двата навои мораат да се наоѓаат на растојание од неколку сантиметри. Но, „WiTricity“ демонстрирале прототипови со поголеми навои кои можат да предаваат струја на растојание од еден метар. Гилер исто така ја споменува можноста сигналот да биде засилен преку навои, кои тој ги нарекува рипитери, притоа демонстрирајќи како навоите, инсталирани под делови од килимот, дозволуваат струјата да поминува од плочката до кое и да е место во собата.
rnДом без жици, од вратата на гаражата до машината за кафе
rn„WiTricity“ е една од малкуте компании кои се обидуваат да ја рашират сферата на електричниот полнеж на уредите. Компанијата разработила голем број прототипови, поставени насекаде по површината на куќата, поставувајќи дури и полнач за електромобил, кој треба само да биде паркиран над плочката за батериите на колата да започнат да се полнат. Тие имаат потпишано мултимилонски договор со Тојота за разработка токму на ваквите полначи.rnrnЗасега нема информации колку би чинеле ваквите уреди, но според Гилер, нивната цена нема да биде многу поголема од трошоците за нивното производство.rnrnДоколку сакате да слушнете нешто повеќе за „WiTricity“, погледнете ја демонстрацијата на Ерик Гилер:rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Работата од дома создава стрес и караници
Иако примарна цел на оние луѓе кои прифаќаат да работат од дома им е поминувањето на поголемиот дел од времето со своето семејство, како и заштеда на некој денар на сметка на превозот и храната, сепак, последните истражувања докажуваат дека е неопходно да излегувате од дома за да ги наполните батериите и да ги избегнете непотребните кавги и недоразбирања.
Институтот „Rensselaer Polytechnic“ од Њујорк открил дека работата од дома исцрпува повеќе од онаа на работното место. Нивната цел била да го докажат стресот при мешање на приватниот и професионалниот живот. Докажано било дека четири од пет работници кои имаат работно место надвор од домот, се чувствуваат лошо затоа што не можат да ги ускладат семејните и работните обврски, а оние кои работат од дома се во уште полоша состојба.
Нивниот најголем проблем се куќните обврски, кои не стигнуваат да ги завршат иако се дома, како и караниците со домашните, поради долгиот период поминат заедно во истиот простор. Колку повеќе домашните проблеми и караници се мешаат со работните обврски, толку поголем е стресот врз лицето кое работи од дома. Па така, иако технологијата овозможува работење од дома, сепак треба да убаво да се размисли дали е паметно да се одбере ваква опција.rnrnШто мислите вие? Работењето од дома е придобивка или недостаток на јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Нетбук на соларна енергија
Претставништвото на Самсунг во Русија го најави новиот модел на нетбук кој ќе може да се полни додека е изложен на сонце. Капакот, е прекриен со соларен панел од надворешната страна, кој му овозможува еден час работа на уредот за секои два часа изложеност на енергија од сонцето. Моделот Samsung nc215s ќе се продава летово во Русија и во Сад.
Се работи за 10,1-инчен модел чиј екран, кој поддржува резолуција од 1024×600 пиксели, е прекриен со антирефлексивен слој и е специјално дизајниран за директна изложеност на сонце.
Samsung nc215s доаѓа со dual core процесор n570 или со single-core n455 Intel atom процесор, а го има во варијанта со хард диск со капацитет од 250GB и од 320GB.
Модот наречен „брзо подигање“ (samsung fast start) ги комбинира непроменливоста на работната состојба која ја овозможува хибернацијата и брзината на подигање кога уредите се во sleep-мод. Многу практична е и функцијата „спиј и полни“ (sleep-and-charge) кој овозможува полнење на други екстерни уреди преку УСБ дури и кога компјутерот не работи.
Нетбукот доаѓа со шест-ќелијна батерија која, кога е максимално наполнета, може да издржи до 14,5 часа непрекината работа.rnrnSamsung nc215s ќе се појави на американскиот пазар на 3 јули и ќе чини 400 долари, додека во Русија ќе излезе во август и ќе се продава по цена од 14.000 рубљи или 500 американски долари.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук