Грижата за децата е навистина работа со полно работно време. Но, доколку имате дете со попреченост, кое секако ја заслужува сета љубов на светот, тоа дополнително ги отежнува работите. Дури и најмалите активности кои ги земаме здраво за готово, како играњето со топка, претставуваат сон за овие дечиња.rnrn
rnrnКога Деби Елнатам го добила Ротем, докторите ја известиле дека нејзиното дете има церебрална парализа, болест чии симптоми се: слаби моторни способности, недоволен развој на мускулите и неможност за држење на телото. Поради ова, Ротем своите денови ги минувал лежејќи, а сите обиди за негово застанување на нозе биле неуспешни.rnrn
rnrnНо, Деби цврсто решила да најде начин да му помогне на својот син. Таа добила идеја да направи прототип на специјален појас кој ќе служи за прицврстување на детето за телото на родителот. Па така, секогаш кога Деби ќе направела чекор, тој чекор го правел и Ротем. Насмевката на лицето на Ротем додека тој одел, била доволна причина таа да го сподели овој појас и со останатите родители чии деца имаат церебрална парализа.rnrn
rnrnТаа наскоро почнала да бара компанија која ќе ги произведува и продава појасите на интернет. По 11 години, благодарение на компаниите Firefly и Leckey, појасот е во продажба и им служи на голем број дечиња во светот. Функционира слично како прототипот на Деби и им помага на дечињата да стојат исправено, прикачени за телата на нивните родители. Со помош на ова појасче, многу дечиња сега можат да одат, да ги гушкаат своите братчиња и сестрички и исправено да ги поздравуваат соседите.rnrn
rnrnДенес Ротем, момчето со коешто започна оваа успешна приказна, има 24 години и е активно вклучен во активностите во семејството.rn
„Тој е убаво и среќно момче. Мислам дека среќното детство му даде самодоверба и добар поглед кон животот“ – вели Деби.
rn
rnrnПогледнете ја иновативноста и на оваа жена – таа прави персонализирани кукли за деца со попреченост во развојот.


Свиочната структура има метална рамка на која се навртени колани, создавајќи удобна површина за седење. Сите појаси употребени за изработката на ова дело се собрани преку донации на луѓето од Медисон, Висконсин, така што секој од нив има своја приказна.rn
Интересно е тоа што делото всушност е составено од неколку посебни криви клупи, правејќи го лесно за складирање и транспорт.rn


