КАФЕ ПАУЗА

Tag: погреб

  • Ова момче носи дреч зелен фустан на погреб. Еве зошто…

    Ова момче носи дреч зелен фустан на погреб. Еве зошто…

    Пред да замине за Авганистан, британскиот војник Кевин Елиот на шега направил пакт со неговиот најдобар пријател Бери Делејни дека доколку биде убиен во акција, неговиот пријател ќе го облече најгрозниот фустан што ќе може да го најде и така ќе појде на неговиот погреб. Делејни секако се сложил на ова мрачно, но сепак смешно барање.rnrn1-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mk copyrnrnДодека бил во Авганистан, Елиот и Делејни останале во контакт. Иако не се гледале многу, нивното пријателство останало силно. За жал барањето на Елиот дошло да се исполни 3 години подоцна.rnrnКога дошло време да го погребат Елиот, Делејни знаел што морал да направи. Си ја турил омилената пијачка на неговиот пријател, наздравил за загинатиот херој и го облекол најужасниот фустан кој успеал да го најде. И да, изгледот го зачинил со високи розови чорапи.rnrn2-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mkrnrnИако фустанот на Делејни може да изгледа дека не е соодветен за приликата, приказната позади тоа сосема добро го објаснува неговиот избор. Сите кои присуствувале на погребот знаеле за ветувањето кое Делејни му го дал на Елиот, па не го осудувале, туку напротив биле емотивно соборени од она што тој го направил во име на цврстото пријателство.rnrn3-Ova momche nosi drech zelen fustan na pogreb. Eve zoshto...-kafepauza.mkrnrnКолку тажно оддавање почит. Не може да не се воодушевите на исполнителноста на Делејни. Војникот Елиот направил голема жртва, па што е губењето на малку достоинство во споредба со тоа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како ќе реагирате ако ве поканат на сопствениот погреб?

    Како ќе реагирате ако ве поканат на сопствениот погреб?

    Една маркетинг агенција од Белгија направила необичен краток филм со цел да ѝ предочи на јавноста кои точно се последиците од брзото возење. Тие собрале повеќе луѓе – блиски пријатели, љубени или членови на семејството на брзи возачи. Овие луѓе ги поканиле бесните возачи на нивниот погреб, а тие ја прифатиле необичната покана и си заминале со солзи во очите. rnrnkako-kje-reagirate-ako-ve-pokanat-na-sopstveniot-pogreb-kafepauza.mkrnrnПогледнете го краткиот филм кој на многу екстремен, но убедлив начин прикажува како би изгледало кога повеќе би нѐ немало како резултат на брзото итање по улиците. Морничаво? Моќно?rnrnНапомена: Вклучете го копчето Captions (cc) за превод на англиски.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Амстердам“ – Јан Мекјуан

    Книга: „Амстердам“ – Јан Мекјуан

    Погребот на Моли – признат критичар за ресторани, ги собира на едно место угледните личности на Лондон, а Клајв Линли и Вернон Халидеј не можат да ги избегнат љубопитните погледи и трачеви предизвикани од нејзиниот возбудлив живот но и прераната, трагична смрт. И двајцата не можат да замислат како е праведно Моли – блескава шегаџика, одличен фотограф и омилена помеѓу важните фаци од џет сетот, да го заврши својот живот уништена од сурова болест, неспособна да се грижи сама за себе и под постојан надзор од нејзиниот опсесивен сопруг.rnrnКлајв Линли е британски композитор со блескава кариера и со задача да ја напише симфонијата на милениумот, Вернон Халидеј е главен уредник на познат дневен весник кој се труди да го одржи тиражот и сопственото работно место – двајцата се стари пријатели кои дел од својот живот го посветиле на љубовта кон Моли. Иако се обидуваат да се вратат на своите животи после загубата и двајцата сфаќаат дека се длабоко погодени и почнуваат да размислуваат за она што ги чека доколку некогаш доживеат слична судбина. Како најстари пријатели склучуваат пакт – доколку едниот од нив некогаш се најде во слична ситуација, другиот нема да дозволи да страда и ќе му ги скрати маките.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnВо меѓувреме Вернон добива одлична и скандалозна приказна за својот весник и тоа токму од сопругот на Моли. Во негови раце се наоѓаат компромитирачки фотографии кои ги направила Моли додека била во љубовна врска со министерот за надворешни работи и кои можат преку ноќ да му ја уништат кариерата. Ако се земе предвид дека министерот има голем потенцијал да стане новиот премиер на државата, Вернон во рацете ја држи политичката иднина на сопствената земја. Воден од верувањата дека министерот би бил ужасен премиер и дека би ја одвел неговата земја во пропаст, Вернон е спремен да ги објави фотографиите но претходно се обраќа кон Клајв за совет кој пак строго се противи на неговата намера. Тој верува дека Вернон го сквернави сеќавањето на Моли па несогласувањето помеѓу двајцата пријатели се претвора во конфликт кој не можат да го надминат, Моли повторно игра огромна улога во нивните животи, но овој пат сеќавањето за неа на некој начин ги уништува. Без нејзиното присуство да го одржува пријателството, Клајв и Вернон сфаќаат дека нивното пријателство било само површно.rn
    rn

    „.. Заедничка им беше само Моли, се нанижаа години, а тука беа и навиките на пријателството, но во срцевината на тоа пријателство всушност немаше ништо…“

    rnrnrnВо меѓувреме Клајв минува низ сопствена морална сага и Вернон дознава дека не е баш морален лик како што се претставува што пак уште повеќе го разјадува нивниот веќе нарушен однос. Склопот на околности ја сели приказната во Амстердам каде што двајцата „пријатели“ сепак ќе го одржат ветувањето, морничавиот пакт.rnrnКнигата е навистина возбудлива но исто толку и необична, се чита брзо и со уживање. Помеѓу сите бизарни ситуации и ликови со сомнителни морални вредности ќе пронајдете навистина длабоки мисли кои ќе ве допрат. Сигурно ќе се запрашате како би постапиле вие и на чија страна би застанале, а што е добра книга ако нè онаа која не тера да откриеме нешто повеќе за себе?rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 25 декември 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rn

  • Книга: „Ексклузивна приказна“ – Ферн Мајклс

    Книга: „Ексклузивна приказна“ – Ферн Мајклс

    Опуштена приказна за четири откачени баби кои купуваат пропаднат весник и неволјите во кои успеваат да се вовлечатrnrnНаслов на оригиналот: Exclusive – Fern MichaelsrnrnЕксклузивна приказна - Ферн Мајклс Ферн Мајклс е американска писателка и еден од најпродаваните автори на USA Today и New York Times, позната е по серијалите: „Сестринство“, „Кумите“, „Фамилијата Циско“ и „Тексас“, освојувајќи ги читателите со интересните, но не премногу тешки содржини и досетливиот стил на пишување. Всушност, ова лесно можете да го откриете од начинот на кој што раскажува за сопствениот живот кој на почетокот би ви звучел исто како на типична американска домаќинка, но за кратко сфаќате дека нема ништо типично поврзано со оваа интересна писателка.rnrnОткако изгледала 5 деца и најмалечкото тргнало во градинка нејзиниот сопруг ја известил дека треба да „стане од нејзиниот задник“ и да си најде работа (буквално со овие зборови, барем сама така вели), а бидејќи немала никакво работно искуство освен она што е потребно да се биде посветена мајка и жена, се решила на единственото логично решение – да пишува книги. Секако, сопругот ја разуверувал дека никогаш нема да успее, па затоа денес повеќе не и е сопруг, а Ферн има напишано стотина книги!rnrnИ да, верува во духови и дури тврди дека со новата куќа си добила и нова „пријателка“ која ѝ ги разместува перниците од една соба во друга и ѝ ги крши шолјите за кафе кои не ѝ се допаѓаат. Има изградено и финансирано неколку дневни центри за деца и многу сака животни, всушност самата има 4 кучиња кои заедно со „пријателката“ ја дружат во нејзиниот дом во Јужна Каролина.rn

    „Ексклузивна приказна“ е втора книга од серијалот „Кумите“.Ексклузивна приказна - Ферн Мајклс

    rnrn

    Синопсис

    rnДоколку барате тотално релаксирачка книга за четири луди пријателки кои имаат по скоро 70 години и живеат повозбудлив живот од вас самите, тогаш дефинитивно ова е книгата за вас. Не е премногу зачудувачки што книга за четири бабички започнува со погреб, но може да се каже дека е прилично интересен фактот што погребот е на осмиот маж на една од пријателките која не може ниту да дочека свештеникот да ја заврши молитвата и се мисли дали десетте дена жалење да ги смета со денот на погребот затоа што црната боја ја правела многу бледа и непривлечна. Всушност, на погребот не присуствува ниту една од трите пријателки затоа што не успеале да се видат цели 6 години, но благодарение на Интернетот и новогодишните честитки останале во контакт. Затоа нема да бидете премногу зачудени од следниот разговор:rn
    rn

    „Сакам да ми дојдеш на гости, Мејвис. Ти отсекогаш си била таа со идеи. За колку време можеш да бидеш тука? Инаку, денеска го закопав Лиленд и потиштена сум.“ rnrn„Жалам Тутс. Не можам да си дозволам такво патување. Не можам да ја оставам Коко, кучката. Таа ми е единственото друштво овие денови. Жал ми е што починало твоето куче Лиленд. Не знаев дека имаш куче. Ужасно е кога ќе ти умре миленичето…“

    rn

    Да, на ваков разговор ќе наидете во првите неколку страни, и погодете што? Ова навистина е само почетокот, всушност, да бидам искрена, книгата нема никаква врска со погребот! Како и да е, Тутс – главната бабичка во книгата, успева да ги собере пријателките и да ги убеди да ја спроведат нејзината брилијантна идеја на дело. Нејзината ќерка Аби која живее во Лос Анџелес и која пишува за локален таблоид има проблеми на работното место, весникот се продава, а „Тајфунот Тутс“ се решава ни повеќе ни помалку да стане новиот сопственик. Секако, заедно со трите пријателки и нејзината ќерка. Е, тука почнува хаосот од книга и сите сплетки во кои успеваат да се најдат.Ексклузивна приказна - Ферн Мајклс

    rnrn

    Лична критика

    rnПосле напнати трилери, корпорациски сплетки и разни мистерии бев решена да побарам нешто полабаво, ама да бидам искрена, мислам дека претерав. Книгата е далеку од мој жанр, но интересниот старт и смешните разговори меѓу лудите баби изгледаа како интересна занимација, па успеав да ја дочитам. Реалноста е, вакви книги има во изобилие, но очигледно има нешто во нив затоа што бројна публика просто ги обожува. Можете да ја отворите кога сте во поопуштено издание, кога едноставно не сакате премногу да ги напрегате вијугите и малку да се посмеете со досетките и идеите на четири бабички кои немаат попаметна работа.rnrnПриказната во суштина е интересна, па дури и делува мотивирачки. Сериозно, кога четири жени во веќе поодминати години ќе се решат да купат пропаднат весник, тоа мора да делува позитивно на вашите ставови. Како што напредува содржината има доста интересни моменти кои ќе ве натераат да ја свртите наредната страница. Книгата нема да ве просветли и малку веројатно е дека ќе се навратите на неа повторно, но сигурно вреди да одвоите време и за неа и да се позабавувате со „кумите“.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrn30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.rnrnОние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.rnrnКлиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrnНа сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“rnrnИскуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.rn
    rn

    Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер

    rnКомпанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.rnrnОваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.rn
    rn

    Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични желби и тестаменти

    Необични желби и тестаменти

    Иако тестаментите вообичаено се користат за да се дефинира наследството, некои луѓе ги имаат искористено за политички цели или едноставно за да направат шега. Еве ги 10-те најчудни претсмртни желби и тестаменти од познати и помалку познати личности:rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn1. Последната желба на римскиот поет Публиј Вергилиј Марон била да се запали неговото најпознато дело, епопејата „Енеида“. Во неа ги обработувал „Илијада“ и „Одисеја“, но за разлика од Хомеровите 24 епски песни, Вергилиј успеал да заврши само 12. Токму поради неуспехот да ја комплетира „Енеида“, побарал таа да биде запалена по неговата смрт. За ова дознале неговите пријатели, кои едвај го разубедиле во намерата и го натерале да ја тргне оваа последна желба од тестаментот. Се согласил со нив и дозволил поемата да биде објавена.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn2. Вилијам Шекспир посакал неговиот втор по удобност кревет да го добие неговата сопруга Ен Хетвеј. Оваа чудна последна желба на познатиот англиски поет и писател била дочекана со многу шпекулации. Некои тоа го сметале како навреда за Ен, а некои на тоа гледале со голема почит, бидејќи биле убедени дека креветот е брачен и затоа е од големо значење. Во тоа време било тешко да се поседува скап кревет, без болви и други штетници.rnrnПо неговата смрт, јавноста ја разбранувал и епитафот на неговиот гроб: „Благословен нека е секој што ќе го сочува овој камен, а проколнат тој што ќе ги помести моите коски“. Ова некои го сметале како предупредување за крадците и за посетителите, но сите се плашеле од клетвата. Дури и по смртта на неговата сопруга, никој не се осмелил да го отвори гробот. Таа починала седум години подоцна и била закопана на друга локација.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn3. Необична е и последната желба на еден од најпознатите романсиери во светот, Чарлс Дикенс. Тој побарал на неговиот погреб, ожалостените да не носат црни шамии, марами, наметки, црн лак или како што напишал, и други одвратни работи и апсурди. Тој не сакал погребот да биде јавен и сметал дека времето и местото не треба да бидат објавени. Побарал едноставен и евтин погреб. Но, овие негови барања биле занемарени. Неговото погребување станало национален настан.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn4. Џорџ Бернард Шо наредил да нема богослужба на неговиот погреб и на гробот да нема форми на крст, инструменти за тортура или симболи за принесување жртви. Овој британски писател, романсиер, музички и драмски критичар од ирско потекло, очигледно бил „скаран“ со религијата.rnrnБернард Шо бил фасциниран од идејата за реформирање на англискиот правопис. Тој измислил 40 букви во фонетската азбука, со што значително го поедноставил спелувањето. Тој оставил голем дел од наследството за промоција на новата азбука. Но, судот го отфрлил ова барање и парите ги пренасочил за Британскиот музеј, Националната галерија на Ирска и за Кралската академија за драмски уметности.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn5. Последната желба на Бенџамин Френклин се однесува на неговата ќерка. Преку тестаментот побарал таа да не го троши залудно времето во бескорисно носење скап накит. Корените на ова чудно барање се во Франција. Френклин, за време на неговата амбасадорска функција во оваа земја, добил подарок портрет од кралот Луј XVI, во рамка изработена од 408 дијаманти. Овој портрет го оставил во наследство на ќерка си, а со барањето сакал да спречи таа да ги искорне дијамантите и од нив да направи накит. Френклин е познат американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Како физичар е заслужен за откривањето на громобранот.rnrnНеобични желби и тестаментиrnrn