КАФЕ ПАУЗА

Tag: подиум

  • Книга: „Електрошок“ – Лоран Гарние

    Книга: „Електрошок“ – Лоран Гарние

    Патување низ историјата на хаус музиката – вистинско пишано, визуелно и музичко задоволство.

    rn

    1-kniga-elektroshok-loran-garnie-kafepauza.mkНаша оценка: 10/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrnАко бараат да го опишам во неколку збора овој феноменален приказ на историјата на хаус музиката, мислам дека би ја употребила токму претходната реченица. Да се пропатува назад низ годините, да се биде дел од едно друго време преку звуците избрани токму од Лоран Гарние надополнети со совршено избрани зборови на новинарското перо на Давид Брен-Ламбер, комплетирани со графика за дополнително визуелно уживање е искуство кое и вистинските лаици за електронска музика, меѓу кои и јас, не би смееле да го пропуштат. За оние кои живеат за електронска музика, верувам дека книгава е нивна Библија.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnrnОд Манчестер – каде што очигледно е изворот на квалитетните звуци до Париз – метрополата на сè што е важно во светот, од Hacienda каде Лоран прв пат ја слушнал токму таа важна трака до Rex и ноќта на вистински делириум кога Французите се претопуваат со новиот звук во градот… Лоран нè води на бескрајна журка а кулминацијата е всушност од почеток до крај, без намалување на интензитетот но со совршен ритам. Дел од главите имаат и плејлиста за целосно доживување (или за такви залутани читатели како мене кои секое второ име мора да го гуглаат). Доживувањето на клубовите и атмосферата, запознавање на публиката и „фаците“ кои редовно се среќаваат на журките, описите на уникатната енергија која ја создава диџејот ќе ви ја разгорат желбата за забава.rnrnСтанува збор за автобиографија која го опфаќа зачетокот на хаус музиката во 1987 година во Манчестер каде што прв пат настапува Лоран, до доживувањето на Summer of love кога преминува во андерграунд сцената и добива своја публика па до популаризирањето и преминот во мејнстрим и последиците поврзани со квалитет кои доаѓаат со тоа (никогаш не мислев дека ќе употребам толку фенси зборови во една реченица, во рецензија). Иако целата автобиографија е во прво лице, логично, делови од книгата се всушност и раскажувања на негови пријатели диџеи кои му се обраќаат на читателот и го зголемуваат доживувањето.rnrn2-kniga-elektroshok-loran-garnie-kafepauza.mk
    rnrn

    „Играчите замрзнаа на подиумот за играње, со дигнати раце, со спуштени глави, со големи блажени насмевки што им ги исполнуваа лицата. Возвишен миг. Браздата на плочата стигна до својот крај и потпукна, а потоа ѝ го отстапи местото на тишината. Играчите не мрдаа, како на почетокот на некоја голема емоција, како да се плашеа да ја растурат магијата.“

    rnrnВеќе се замислувате на подиум, нели?rnrnВсушност, случувањата во оваа музичка енциклопедија не се воопшто далечна историја, но верувам дека со она што се нуди на музичката сцена во светот денес и она што се нуди од ноќниот живот кај нас, веројатно ќе почувствувате илјадници светлосни години разлика. Постојано ќе ве следи чувство дека некој ви дал можност да ѕирнете и да доживеете за кратко свет кој одамна е изгубен, енергија која долго време нема да се повтори, револуција која го изменила текот на историјата.rnrnЛоран раскажува едноставно но возбудливо, ќе уживате во неговите приказни од детството за првата дискотека во неговата детска соба и ќе играте во ритамот на музиката на подиумот на францускиот клуб Palace со скинхедси и шминкери на едно место. Дополнително, реално го прикажува и проблемот со дрогата која е неизбежна на ваков тип журки и особено ќе ви се допадне неговото размислување за нејзиното уништувачко дејство, не само кон луѓето туку и кон самиот правец, стилот на живот и сè она што електронската музика е. Драго ми е што излегов од комфор зоната и овој пат одбрав друг жанр, особено нешто што е сосема различно од моето секојдневие а верувам и вашето. Читајте и журкајте се!rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 22 октомври 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Модерни латино музички стилови за танцување

    Модерни латино музички стилови за танцување

    Латино музиката лесно го освојува секој подиум за танцување и успева да ги натера да мрдаат дури и оние кои ретко се препуштаат на музичките ритмови. Во последните неколку години со влијанието на електронската музика се создадоа уште неколку латино стилови кои забрзано го освојуваат светот, а ако сакате да додадете некој таков на вашата летна музичка плејлиста, тогаш сигурно ќе се пронајдете во некој од следните ритмови.Модерни латино музички стилови за танцувањеrn

    Регетон

    rnРегетон е музички стил кој последните неколку години достигна светска популарност. Неговите заразни ритмови претставуваат мешавина од салса, хип хоп и електронска музика со одредено влијание од јамајканското реге. Своите корени ги влече од Порто Рико и Панама.rn

    rn
    rn

    Мумбатон

    rnКога диџејот Дејв Нада во 2010 година ги споил регетонот и хаус музиката добил сосема нов жанр на електронска музика со темпо на регетон. Потоа мумбатонот многу брзо станал популарен во целиот свет.rn

    rn
    rn

    Кандомбе

    rnКандомбе е музички стил кој се изведува со жестоко удирање на тапани и е совршен за танцување. Добиен е од микс на музиката донесена од африканските робови во Уругвај и латино музиката. Ритамот на кандомбе е заштитен и од УНЕСКО.rn

    rn
    rn

    Кумбија Вилјера

    rnКумбија Вилјера потекнува од сиромашните предградија на Буенос Аирес, а текстовите се вртат главно околу забави, жени и уличен живот. Претставува мешавина од повеќе латиноамерикански и карибски звуци.rn

    rn
    rn

    Кудуро

    rnВеќе добро познатиот жанр кудуро патувал долго низ целиот свет пред конечно да стигне до Јужна Америка и да ја стекне светската слава. Корените ги влече од анголскиот уличен танц семба, а кога стигнал преку Атлантикот претрпел влијание од карибските мелодии зук и сока. Откако кудуро изведувачот Дон Омар учествуваше во филмот „Брзи и бесни 5“, кудуро го освои целиот свет.rn

    rn
    rn

    Романтикео

    rnРомантикеото важи за романтичен подправец на регетонот, иако многу повеќе наликува на Р‘н‘Б. Името го добил од зборовите романтик и миксео.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диско светла кои играат заедно со вас

    Диско светла кои играат заедно со вас

    Што велите за играње на подиум опколен со илјадници LED-светла, кои играат истовремено со вас? Ова е вистинско место за уживателите на играњето и особено на хаус музиката. Уживањето можете да го задоволите во ноќниот клуб Smack кој се наоѓа во Лемингтон, Англија. Диско светла кои играат заедно со васrn

    rn

    rn

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn