КАФЕ ПАУЗА

Tag: пирамида

  • Пирамидата на Дилтс: Концепт кој ќе ви помогне да сфатите што имате

    Пирамидата на Дилтс: Концепт кој ќе ви помогне да сфатите што имате

    Сите имаме различни животи – некои се успешни, а некои не успеале да ги средат работите. Животните тренери користат разни шеми со цели да ја подигнат вашата свест за вашите животни проблеми. Пирамидата на Дилтс е модел за лична промена која оди од едно ниво кон друго. Кога ќе промените нешто на повисоко ниво, ќе промените нешто од пониските нивоа. Овој принцип, доколку го разберете правилно, може засекогаш да ви го промени животот.rnrnПирамидата на Дилтс: Концепт кој ќе ви помогне да сфатите што иматеrn

    Значењето на пирамидата

    rnПирамидата на Дилтс за логични нивоа е концепт кој би требало да го знае секого. Има најмалку 2 добри причини за ова:rn

      rn011

    • Можноста да го анализирате вашиот живот – анализата преку прашањата во пирамидата може да ви помогнат да сфатите одредени нешта кои ќе функционираат во ваша корист.
    • rn011

    • Шанса за влијание врз животот – штом ќе ги откриете главните проблеми, ќе имате јасна слика за тоа што е потребно да го направите за промена.
    • rn

    rn

    Нивоата на пирамидата

    rnПред да продолжиме со објаснување на секое од нивоата, важно е да знаете еден трик – одговорот на прашањето на секое ниво може да се најде на погорното ниво.rn

    Ниво 1: Што имам?

    rnПрашањето од ова ниво е директно поврзано со обврски, финансии, семејство и сè што е поврзано со вашата околина. Разумното прашање овде е: Зошто ги имате сите нешта што ги имате? За да го одговорите ова, потребно е да одите на повисокото ниво.rn

    Ниво 2: Што да правам?

    rnОва прашање очигледно е поврзано со одредени постапки. Логично е дека тие постапки имале влијание на сè што имате. Во овој случај, паметно е да размислите зошто го работите тоа што го работите. Одговорот можете да го најдете на следното ниво.rn

    Ниво 3: Како да одберам

    rnОчигледно, изборите кои ги правите имаат важна улога во вашиот живот. Разни фактори може да имаат влијание на вашите избори – цели, здравје, страст и слично. Но овде треба да поставите и уште едно прашање. Зошто го избирате тоа што го избирате? Веројатно веќе знаете, одговорот ќе го најдете на следното ниво.rn

    Ниво 4: Во што верувам?

    rnОвде станува збор за личните верувања на една личност. На пример, ако сметате дека сè може да се постигне без многу напор, нема да се обидувате премногу за вашата цел. Но ако верувате дека е потребно многу труд, ќе направите сè за да ја постигнете целта. Но зошто верувате во тоа што верувате?rn

    Ниво 5: Кој/а сум јас?

    rnОвде станува збор за свесноста и разбирањето кои ги имате за себе. Овие концепти ги одредуваат вашите верувања. Важно е да носите реалистични заклучоци за себе и да избегнувате намалување на силните страни, како и криење на вашите недостатоци.rn

    Ниво 6: Зошто сум жив/а?

    rnПоследното ниво е за најважниот концепт – значењето на животот. Клучно е секој да има мисија низ животот. Оваа мисија не треба да биде контрадикторна со вас, вашите верувања, избори или постапки.rnrnКога ќе го најдете вистинскиот одговор на сите прашања, ќе ги идентификувате сите недостатоци во вашиот живот. Сигурно веќе ви е јасно дека е многу полесно да станете подобра личност кога ќе знаете кои се вашите слаби страни. Искрените одговори ќе ви помогнат навистина да го подобрите вашиот живот. Обидете се да сфатите што се случува во вашиот живот и одговарајте ги прашањата по ред.

  • Слатко уживање: Чоколадна пирамида

    Слатко уживање: Чоколадна пирамида

    Овој едноставен чоколаден десерт е секогаш на менито на оние луѓе кои обожаваат да ја засладуваат својата трпеза, но и својот ден. Направете ја и вие оваа чоколадна пирамида и уживајте во незаборавниот вкус.

    rnСлатко уживање: Чоколадна пирамидаrn

    Потребни состојки:

    rn

    За кората:

    rn

      rn011

    • 150 грама шеќер
    • rn011

    • 5 белки
    • rn011

    • 1 лажица брашно
    • rn011

    • 150 грама мелени ореви
    • rn

    rn

    За филот:

    rn

      rn011

    • 5 жолчки
    • rn011

    • 125 грама шеќер
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 100 грама чоколадо
    • rn011

    • 250 грама маргарин
    • rn

    rn

    За декорациите:

    rn

      rn011

    • 50 грама чоколадо
    • rn011

    • 1 кафена лажичка масло
    • rn011

    • 50 грама ореви
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Кора:

    rnСматете ги белките во цврст шлаг, постепено додавајќи го шеќерот. На крајот додадете ги брашното и оревите и полека помешајте ги сите состојки со лажица. На правоаголен плех ставете хартија за печење, турете ја подготвената смеса и израмнете ја. Печете во рерна на 180°C, околу 20 минути.rn

    Фил:

    rnСоединете ги жолчките со шеќерот и гответе на пареа додека не добиете густа и хомогена смеса. Додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека не се растопи. Оставете смесата да се излади. Сматете го маргаринот во пена и соединете го со изладениот крем.rn

    Финална постапка:

    rnИздвојте ја печената кора од хартијата за печење и исечете ја на четири линии со еднаква ширина. Премачкајте ја секоја линија со филот (оставете малку фил за да го премачкате целосно колачот) и наредете ги една врз друга. Колачот оставете го во фрижидер. rnОткако ќе се излади, извадете го од фрижидерот и поставете го вертикално на работна површина, па дијагонално пресечете го на половина. Добиената половина спојте ја со малку фил за да добиете изглед на пирамида. Колачот премачкајте го со остатокот од филот. Растопете го чоколадото со малку масло и со него напрскајте го и посеете го со мелените ореви.

  • Слатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел свет

    Слатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел свет

    Сте слушнале ли некогаш за куче, или воопшто за животно, кое го прошетало светот? Запознајте го Оскар, првото куче што го прошетало светот. Тој е мешавина од германски овчар, корги, кокер шпаниел и басет, а неговото потекло било откриено по пат на ДНК анализи.rnrnПред неколку години, односно во 2009 година, ова куче било спасено од Џоан Лефсон, која го земала од центарот за згрижување животни SPCA во Кејптаун, Јужна Африка. Од тој суден ден, па до денес, ова мало „момче“ шеташе низ целата Земјина планета, со цел да ја покрене свеста за постоењето на глобален проблем од 475 милиони бездомни кучиња, од кои повеќето завршиле во засолништа за животни.rnrnСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светrnrnЏоан го понела нејзиниот бушав пријател на некои од најпознатите дестинации во светот и направила фотографии со него, додека тој ѝ позирал пред Ајфеловата Кула во Париз, пред Статуата на слободата во Њујорк, пред пирамидите во Египет, пред Кинескиот ѕид, во Холивуд, па дури и на врвот на Мачу Пикчу во Перу. Пасошот на Оскар е полн со печати кои зборуваат за неговата светска аф-аф тура, преку која се сретнал со огромен број нации, за што повеќето од нас би можеле само да сонуваме. rnrnСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светrnrnЗа жал, Оскар имал несреќна судбина. На 11 јануари 2013 година, бил удрен од автомобил во Калифорнија и починал. Денес, во Кејптаун ќе се одржи комеморација во негова чест. Наспроти неговата прерана смрт, Оскар живеел исполнет живот и оставил белег во сите делови од светот, овозможувајќи им на луѓето да го видат чудесниот „втор“ живот на едно спасено куче.rnrnСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел светСлатките авантури на Оскар, кучето кое го прошета цел свет
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Највисоките работи во светот

    Највисоките работи во светот

    Знаете ли кои се највисоките работи во светот? Највисоката зграда, највисокиот водопад, највисокиот мост…?rnrnНајвисоката зграда во светот е Бурџ Калифа, во центарот на Дубаи. Нејзините 160 ката се исполнети со канцеларии, 900 приватни резиденции, хотел Армани, фитнес-комплекс на 4 ката и палуба за набљудување на 124-от кат.Највисоките работи во светотНајвисоката црква во светот е „Ulm Münster“ во Улм, Германија. Со висина од речиси 162 метра, оваа црква го имала епитетот највисока зграда во периодот од 1890 до 1901 година. За време на Втората светска војна, при едно бомбардирање, голем дел од црквата бил уништен. Денес црквата нуди прекрасна панорама за најхрабрите кои ќе ги искачат сите 768 скали.Највисоките работи во светотНајвисоката пирамида во светот е Кеопсовата пирамида во Гиза, Египет. Таа е едно од оригиналите седум светски чуда. Не е познато кога точно е изградена, но според одредени проценки тоа би требало да биде околу 2.600 година п.н.е. Кеопсовата пирамида во минатото била повисока, но временските услови ја намалиле нејзината висина и денес таа е висока колку една зграда со 45 ката.Највисоките работи во светотНајвисоките водопади во светот се Ангелските водопади во Венецуела. Ангелските водопади се 19 пати повисоки од Нијагарините водопади и заради нивната висина водата паѓа во вид на вител од магла. Овие водопади не беа познати сè додека американскиот авијатичар Џими Ангел не ги прелетал во 1933 година, барајќи злато, па така овие водопади го добиле своето име.Највисоките работи во светотНајвисоката статуа во светот е Пролетниот храм на Буда во Хенан, Кина. Храмот и статуата на Буда која се наоѓа над храмот заедно се високи нешто повеќе од 153 метри. Завршена во 2002 година, оваа статуа била изградена како одговор на нападот на Талибанците во 2001 година.Највисоките работи во светотНајвисокиот мост во светот е вијадуктот Мијо во јужна Франција. Овој коловозен мост е повисок и од Ајфеловата кула во Париз. Единствена конкуренција на вијадуктот Мијо е автопатот „Durango-Mazatlan“ во Мексико, кој се очекува да биде завршен оваа година и да конкурира за највисок мост.Највисоките работи во светотНајвисокиот гејзир во светот е гејзирот во Националниот парк во Јелоустоун. Овој сè уште активен гејзир може да не еруптира со децении. Неговата последна ерупција беше во 2005 година, кога водата и пареата достигнаа височина од 122 метра.Највисоките работи во светотНајголемото панорамско тркало во светот е во Сингапур. Потребни се 32 минути за ова панорамско тркало да направи еден круг. Заради неговата големина, познато е уште и како „тркало за набљудување“. Панорамското тркало во Сингапур не се издвојува само по неговата големина, туку и по кабините кои се статични, за разлика од другите панорамски тркала чии кабини се нишаат.Највисоките работи во светотНајвисоката фонтана во светот е фонтаната на Кралот Фад во пристанишниот град Џеда, во Саудиска Арабија, која водата ја повлекува од Црвеното Море. Муслиманите со години доаѓале во овој град, а таквата посета била на исто ниво и со иста важност како и посетата на Мека.Највисоките работи во светотНајвисоката планина во светот е Монт Еверест. Во Тибет ја нарекуваат „Chomolungma“, што значи „мајка божица на универзумот“. Во Непал ја нарекуваат „Sagarmatha“, или божица на небото. За остатокот од светот беше позната како Врвот 15, сè додека Сер Џорџ Еверест, британски геодет, не ја измерил точната висина и планината го добила неговото име. Но, висината на Монт Еверест постојано се менува затоа што тектонските плочи постојано се поместуваат и така планината секоја година е повисока за 4 милиметри.Највисоките работи во светотНајвисоката бетонска брана во светот е браната „Grande Dixence“ во Швајцарија. Висока 285 метри, со помош на оваа брана се генерира доволно хидроелектрична енергија за осветлување на 400.000 домови. За да се помине целата брана, потребни се 2 часа возење низ јужните Алпи.Највисоките работи во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.