КАФЕ ПАУЗА

Tag: пилоти

  • Најпознатите пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

    Најпознатите пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуации

    Иако воздушниот сообраќај е можеби најбезбеден, многумина се чувствуваат непријатно додека летаат. Често гледаме фотографии од срушени авиони, па помислуваме на најлошото. За среќа постојат неверојатни пилоти чии херојски подвизи ќе ви помогнат да се чувствувате побезбедно. За да бидете пилот потребно е да бидете прибрани и смирени, и тоа и во најекстремни услови и опасности. Па, ова се тројцата пилоти херои за кои би требало да знаете.rn

    1. Теми Џо Шулц

    rnТројца пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуацииrnrnЛетајќи од Њујорк кон Далас на 18-ти април, 2018-та година, Југозападниот лет 1380 налетал на неволја само 20 минути по полетувањето. Одеднаш откажал левиот мотор, па метално парче го скршило прозорецот на ред број 18 и авионот се навалил за 40 степени.rnrnДодека патниците паничеле и биле спуштени маските со кислород, патничката Џенифер Риордан била „вшмукана“ од скршениот прозорец. Останатите патници реагирале навреме и успеале да ја вратат назад. Но за жал, Џенифер подоцна им подлегнала на повредите.rnrnИ покрај ужасните услови, капетан Теми Џо Шулц веднаш почнала да комуницира со контролата на земјата за да обезбеди безбедно слетување. Таа успешно го слетала оштетеното летало во Филаделфија.rnrnКога се појавиле вестите за несреќата, кон неверојатната пилотка биле покажани многу благодарности и љубов. 56-годишната Теми покажала неверојатна храброст и поддршка кон патниците со кои и лично се поздравила по слетувањето на авионот. Теми почнала да управува комерцијални авиони по успешна кариера како еден од првите женски воени пилоти.rn

    2. Челси „Сали“ Суленбергер

    rnТројца пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуацииrnrnЧелси е еден од најславните пилоти по неговото неверојатно слетување на американскиот лет 1549 на реката Хадсон на 15-ти јануари 2009-та година.rnrnСамо што полетал од Њујорк, авионот бил онеспособен од огромно јато канадски шатки. Без речиси никаква моќ во моторите и во неможност да се врати на аеродромот, Челси се упатил кон реката Хадсон и успешно го слетал авионот во водата. Сите 155 патници и целиот екипаж преживеале. Капетанот го напуштил авионот дури откако се осигурил дека сите се безбедни. Во негова чест е направен и филм во 2016-та година – „Сали“ (Sully).rn

    3. Диетер Денглер

    rnТројца пилоти херои кои имале челични нерви во екстремно опасни ситуацииrnrnРоден во Германија во 1938-ма година, Диетер бил пилот на морнарицата на САД, ветеран од Виетнамската војна и воен затвореник. Само еден ден од почетокот на мисиите во Виетнам, Диетер бил соборен поради неколку компликации. И покрај неговиот напор, денот по рушењето на неговиот авион тој бил заробен од непријателите и поминал 6 месеци како воен затвореник. Бил мачен и страдал од болести и глад.rnrnОткако слушнал како чуварите разговарале за тоа дека ќе го убијат него и другите затвореници, Диетер и 7-те затвореници ги нападнале чуварите и избегале во џунглата. Диетер бил единствениот преживеан и бил спасен по 23 денови во џунглата.rnrnПо бегството бил поздравуван како херој, а направени се многу филмови и документарци кои ја прикажуваат неговата авантура и закрепнувањето. Диетер продолжил да лета уште неколку години и преживеал 4 несреќи како тест пилот.rnrnДали сте слушнале за овие женски воени херои?

  • Најчудните глетки коишто пилотите ги виделе од авионите

    Најчудните глетки коишто пилотите ги виделе од авионите

    Работата како пилот бара голема храброст, но понекогаш тие се соочуваат со доста интересни ситуации. Овде ви прикажуваме неколку необични глетки со коишто се соочиле пилотите во текот на нивното работно искуство.rnrnrn

    1. Меѓународна вселенска станица

    rn

    „Летавме на висина од 13.100 метра, а сонцето заоѓаше зад нас. Одеднаш здогледавме сјајна точка на хоризонтот директно пред нас. Почна да се движи неверојатно брзо. Го повикавме центарот и прашавме дали имаат некаква информација, затоа што навистина изгледаше како таа точка да се движи директно кон нас. Тие ни одговорија дека нема ништо таму, па ние им ја опишавме светлата точка којашто се упатуваше кон нас, а авионот позади нас го потврди истото. Од центарот нè замолија да причекаме, а потоа следуваше одговор: ‘Она што сте го виделе е вселенска станица’.“

    rn

    2. Куче и елен на пистата

    rnКога пилотите побарале извештај за тоа што се приближува на малата писта во Пенсилванија, ним им било одговорено со напомена:rn

    „Внимавајте на црното куче на пистата за слетување. Тоа брка стадо елени.“

    rn

    3. Американска подморница

    rnУште еден пилот опишал како летал преку планинскиот гребен на Хаваите, а од другата страна на гребенот имало мала надолнина каде што се наоѓало нешто огромно.rn

    „Прво помислив дека се работи за кит, а потоа сфатив дека е нешто многу поголемо. Тоа беше подморница на американската морнарица и најголемото водно возило коешто некогаш сум го видел во животот.“

    rn

    4. Комбајн како „јаде“ автомобил

    rnЕден пилот тврдел дека, додека надлетувал едно мало село, забележал како еден комбајн „јаде“ автомобил додека неколку луѓе панично трчале наоколу.rnrnrn

    5. Гулаби

    rnГулабите на неколку илјади метра височина се невообичаена глетка.rn

    6. Розово езеро

    rnКога летал од Мелбурн во Перт, еден пилот забележал розово езеро. Езерото добива розова боја поради зелените алги „Dunaliela salina“, а можно е и поради високата концентрација на морски ракчиња. Кога водата ќе стане посолена од морската, под вистинска температура и светлосни услови, алгите акумулираат пигмент бетакаротен, што на водата ѝ дава розова боја.

  • 10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

    10 морничави тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријат

    Некои луѓе повеќе се плашат од тоа што го знаат, отколку од тоа што не го знаат. Но сепак, кога човек е свесен за одредени работи, стравот понекогаш исчезнува. Многумина уживаат во летањето и се препуштаат целосно на машинеријата која ќе ги вивне кон небото и на луѓето кои управуваат со неа. Ако и вие сте едни од овие луѓе, тогаш погледнете ги следниве 10 тајни кои стјуардесите и пилотите нема да ви ги откријат кога се подготвувате за полетување.rnrn10 тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријатrnrn1. Дали сте знаеле дека од моментот кога маските се појавуваат над вашите глави, имате кислород за само 15 минути? Тоа време е доволно за пилотот да го спушти авионот на висина каде ќе можете нормално да дишете, па оттука нема причина за паника.rnrn2. Дали знаете која е вистинската причина зошто се гаснат светлата во текот на ноќното слетување? Тоа е за да ви се прилагодат очите на мракот во случај нешто да тргне наопаку.rnrn3. Сте чуле ли некогаш дека во текот на летот во авионот удираат грмотевици, без вие да го забележите тоа?rnrn4. Интересен е фактот дека тоалетите во авион можат да се отклучат и од надвор. Ако мислите дека сте заклучени, реалноста е дека во секој момент може некој да влезе.rnrn5. Дали знаете дека пилотите секогаш носат дополнителна храна, во случај храната во авионот да е затруена?rnrn10 тајни кои пилотите и стјуардесите никогаш нема да ви ги откријатrnrn6. Ако се случи некаква несреќа, повеќето од комерцијалните авиони можат да летаат само со еден мотор.rnrn7. Сѐ уште нема точно објаснување зошто мобилните телефони и компјутерите секогаш мора да ни бидат исклучени.rnrn8. Авионот може да лета уште кратко време и откако ќе откажат двата мотори. Затоа полетувањето и слетувањето се најкритичните делови од летот.rnrn9. Водата во авионите нема посебен квалитет. Некои од авионите се прилично стари, дури и по 50 години, а тоа значи дека толку се стари и резервоарите за вода кои скоро и да не се чистат.rnrn10. Иако во авионите пушењето е забрането, сепак во тоалетите може да се најдат пепелници. Објаснувањето е дека ако некој го прекрши правилото и падне во искушение да запали цигара во тоалетот, тогаш мора да има сигурно место каде што ќе ја изгасне цигарата.

  • 7-те најчудни аеродроми во светот

    7-те најчудни аеродроми во светот

    При секоја работа, инженерите се соочуваат со безброј предизвици. Особено си имаат тешкотии оние кои треба да изградат аеродром на кој треба да слетуваат и полетуваат милиони патници годишно. Тие треба да имаат предвид аеродромот да е на идеална локација, да има голем простор, бескрајно рамен терен и голема видливост, па дури и ветровите во тој предел да се поволни. Но, во реалниот свет условите ретко се идеални, а инженерите се принудени да работат со она што го имаат пред себе и притоа да изградат нешто што ќе биде сигурно, стабилно и безбедно. Видете ги најчудните аеродроми во светот според локацијата, начинот на изградба и други дополнителни фактори.rn.rn

    Интернационалниот аеродром во Куршевел, Франција

    rnЗа да се пристигне до иконскиот ски центар  во Куршевел, Франција, потребно е да се помине преку застрашувачките француски Алпи, а потоа да се слета на интернационалниот аеродром. Слетување кое ќе го паметите засекогаш. Пистата е долга само 520 метри, но вистинското изненадување е големиот рид на средината од пистата.7-те најчудни аеродроми во светот„Слетувате во удолница, а полетувате од угорница“ – вели еден од пилотите. Тој додава дека ридот, кој има 18,5% нагиб, е толку стрмен што помали авиони често имаат големи проблеми. Слетувањето на аеродромот во Куршевел очигледно не е лесна работа, па така пилотите треба да добијат сертификат пред да пробаат да ја совладаат оваа опасна писта.rn.rn

    Аеродромот Конгонхас (Сао Паоло, Бразил)

    rnПовеќето главни градови имаат аеродром, но ретко кој од нив го има на само 7 километри од строгиот центар во градот. Ова особено не е случај со метрополи како Сао Паоло. Неговата близина до центарот може да се надоврзе на фактот дека тој е направен во 1936 година, а градот многу се разви во наредните децении.7-те најчудни аеродроми во светотИмањето аеродром толку блиску до градот можеби изгледа погодно за патниците, но претставува голем напор за пилотите и за екипите кои го контролираат воздушниот сообраќај. Претставува предизвик во однос на безбедноста само да се доведе авионот до пистата. За среќа високите згради во Сао Паоло се малку подалеку од пистата, па не се директна пречка за слетувањето и полетувањето на авионите.rn.rn

    Ледената писта (Антарктик)

    rnЛедената писта е една од трите главни писти кои се користат за пристигнување на истражувачи и резерви за Мекмурдо станицата на Антарктик. Како што имплицира и самото име, тука нема асфалтирани писти, само писти од мраз и снег кои се уредно негувани.7-те најчудни аеродроми во светотНема недостиг од простор на Ледената Писта, па така супер големи авиони од типот на C-130 Hercules и C-17 Globemaster III, слетуваат релативно лесно. Вистинскиот предизвик е да се процени дали тежината на авионот и на каргото нема да го скрши мразот или пак да го заглави во мекиот снег. Кога мразот од пистата почнува да се крши, авионите се пренасочуваат да слетаат на другите две главни писти Pegasus Field и Williams Field.rn.rn

    Интернационален аеродром Дон Муанг (Бангкок, Тајланд)

    rnОд далечина, интернационалниот аеродром Дон Муанг изгледа како и секој друг просечен аеродром. Но, разликата е во тоа што помеѓу двете писти се наоѓа еден голф-терен со 18 дупки.7-те најчудни аеродроми во светотГолф-теренот и аеродромот порано биле дел од воена база, но подоцна биле отворени за комерцијален промет. Сепак, поради безбедносни причини, граѓаните имаат ограничен пристап до голф-терените.rn.rn

    Интернационалниот аеродром Мадеира (Мадеира, Португалија)

    rnМадеира е мал остров оддалечен од брегот на Португалија, што го прави аеродромот клучен за неговиот развој . Првично, пистата била долга само 1.524 метри и претставувала голем ризик, дури и за најискусните пилоти, а го ограничувала и увозот и туризмот.7-те најчудни аеродроми во светотЗа овој проблем инженерите ја продолжиле пистата, така што нејзината моментална големина изнесува 2.743 метри, правејќи мост кој е поткрепен од 200 столбови. Самиот мост е долг околу 900 метри и е широк 180 метри, сосема доволно за да издржи авион од типот на Боинг 747 и други слични. Во 2004 година, Меѓународната асоцијација за мостови и градежништво му даде признание на овој проект, доделувајќи му ја наградата за извонредна структура на годината, истакнувајќи дека дизајнот и изградбата биле „осетливи поради еколошки и естетски причини“.rn.rn

    Аеродромот Гибралтар (Гибралтар)

    rnПомеѓу Мароко и Шпанија се наоѓа малечката британска територија на Гибралтар. Изградбата на нејзиниот аеродром датира уште од времето на Втората Светска војна, а денеска сè уште служи како база на воздухопловните сили на Велика Британија, но и како аеродром за комерцијални летови.7-те најчудни аеродроми во светотНајинтересното е тоа што најпрометната авенија „Винстон Черчил“ поминува директно низ пистата на аеродромот, па така секој пат кога слетува или полетува авион се спуштаат рампите на патот. Проблемот е во тоа што ова е единственото рамно место во целата околина, бидејќи целиот град е опколен со планини, па така ова било најповолното решение.rn.rn

    Интернационалниот аеродром Кансаи (Осака, Јапонија)

    rnЗемјиштето е недоволен ресурс во Јапонија, па така инженерите се упатиле 5 километри од брегот на заливот Осака за да го изградат овој аеродром. Работата за изградба на вештачкиот остров започнала во 1987 година, а веќе во 1994 година авионите можеле да слетуваат на овој аеродром. До аеродромот патниците можат да стасаат со кола, воз или со траект.7-те најчудни аеродроми во светотВештачкиот остров Кансаи е долг 4 километри и е широк 2,5 километри, така што е видлив и од вселената. Земјотреси, опасни циклони, нестабилно морското дно и обидите за саботажа од демонстрантите се само неколку од проблемите кои инженерите биле принудени да ги земат предвид. Колку и да изгледа импресивно овој аеродром, професорот по воздухопловството и технологија на универзитетот „Purdue“ и поранешен консултант за авијација, Шрекенгаст Стјуарт, предупредува дека климатските промени и зголемувањето на нивото на морето претставуваат многу реална закана за постоењето на овој аеродром. „Кога овој аеродром е изграден, најверојатно не се водело сметка за глобалното затоплување. За околу 50 години, аеродромот може да биде под вода.“