КАФЕ ПАУЗА

Tag: пијан

  • Забавен тест: Дали сте пијани?

    Забавен тест: Дали сте пијани?

    Погледнете ја фотографијата подолу и проверете дали можете да се фокусирате. Сите знаеме дека станува збор за дигитална манипулација, каде што на една девојка ѝ се додадени двојни очи и уста, но сепак, зошто е толку тешко да се гледа во неа? Можеби има врска тоа што нашиот мозок автоматски го препознава лицето и неговите главни елементи, а потоа се обидува да ги обработи добиените информации кои доаѓаат во судир со она што нашите очи всушност го гледаат. Или пак можеби во прашање е нешто друго…rnrnЗабавен тест: Дали сте пијани? rnrnПа, успеавте ли да се фокусирате?rn

  • 20 типови момци што секоја девојка ги запознава на забава

    20 типови момци што секоја девојка ги запознава на забава

    Забавите се луди. Таму може да сретнете сè и сешто. Овие момци ги среќавате на секоја забава, без исклучок.rnrn20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забаваrn

    1. Очајниот дечко

    rnНајверојатно е нов во градот и не познава многумина. Очајно ја чекал оваа забава цела недела со пуста надеж дека ќе запознае добра женска и дека ќе им тргне муабетот. Не пребира, тоа ќе биде која било што ќе се согласи да се дружи со него. Ќе се служи со крајно клише изрази и по малку наивно ќе ви симнува ѕвезди. Очаен да придобие пријатели ќе учествува во секоја игра и во сè што налага забавата.rn

    2. Оној кој не може да престане да пие

    rnКога ќе влезе на забавата најпрво истражува ситуација. Ќе му се приближи секому но ќе остане со она друштво каде најмногу се пие. Можеби пијалакот го користи како лек за неговата срамежливост, така ќе има помалку трема за да зборува со некоја девојка, а ако е пијан и добие корпа, нема да боли толку. Но неретко пијалакот е поважен од девојките, така што целосно ќе му се посвети игнорирајќи сè околу него. Последен си заминува од секоја забава, очајно држејќи се до забавно и пијано друштво до последен момент. Дома има колекција од чаши што ги собирал по забави бидејќи никогаш не си оди со празни раце.rnrn20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забаваrn

    3. Оној кој им се пушта на сите

    rnОвој тип има добро разработена тактика – им се пушта на сите. Од сите девојки на забавата, макар 5 ќе му дадат број и тој тоа го перципира како повеќе шанси да го добие она што го сака. Во моментот кога вие со вашите другарки влеговте низ врата, тој почнува да ви се пушта на сите. Да, ќе речете дека е одвратен и за жалење, но една од вас завршува со него на крај на журката.rn

    4. Снабдувачот

    rnНеретко забавите ги организира тој самиот, или пак е задолжен за храната на другите забави. Знае да ужива во добрата храна, и додека сите ќе речат дека тука се за друштвото, тој отворено признава дека храната е важна. Тоа е оној кој прв се јавува да среди каков било проблем или штета, како и да ја снабди забавата во случај да се потроши целата храна или пијалак. Овој дечко е материјал за брак.rn

    5. Дечкото кој има очајна потреба да биде центар на внимание

    rnПогледнете го, ве молам. Цела вечер пробува да го придобие вниманието на присутните со своите постапки, зборови, раскажувања и шеги. Себеси се смета за учен човек кој има многу животно искуство, доволно за да ви каже како треба да живеете. Сака да се фали со своето образование или со способноста брзо да ги ќарува женските. Телефонот постојано му ѕвони бидејќи навистина е баран.rn

    6. Оној кој мисли дека сите сакаат да ги чујат неговите теории

    rnНа забава со гласна музика тој може да развие дебати за комунизмот, невработеноста, владата, образованието, здравството… Зборува како навиен на теми на кои никој друг не сака да зборува во дадената пригода. Но, за чудо, секогаш ќе се најде макар еден кој ќе му се придружи во муабетот и сè што сакате е да ги исфрлите низ балкон бидејќи навистина се напорни.rn

    7. Оној кој добро прикрива дека е под дејство на разни супстанци

    rnИзгледа како навистина кул, смирен и повлечен дечко, тивок набљудувач на секоја ситуација. По 4 часа сфаќате дека тој е напушен, издрогиран, пијан. Најверојатно ќе сфатите кога со него ќе направите муабет подолг од 2 минути, па ќе почне да ги развлекува зборовите, непотребно да филозофира, да ви зборува за вашата натална карта или да ги гледа ѕвездите… во затворен простор.rn

    8. Диџејот

    rnТој е оној кој ја „снабдува“ забавата со добра музика бидејќи вие не знаете што слушате. Дозволете му музички да ве образува. Во случај да не го одберат за главен диџеј на забавата, единствениот муабет што знае да ви го направи е правење забелешки за оној кој пушта ваква глупава музика по глупав редослед.rn

    9. Оној чии приказни се секогаш супериорни

    rnБрзо ви здосадува бидејќи изгледа како голем фалбаџија. Само пробајте да направите муабет со него. Што и да кажете, тој има подобра приказна од вашата и неретко не им дозволува на своите соговорници да се доискажат. „Го положи приемниот испит? Браво! Ха, баш сега се сетив на денот на моето магистрирање…“ Некогаш знае да биде толку груб, што ќе ве прекине сменувајќи сосема нова тема на муабет.rn

    10. Оној кој постојано јаде

    rnСериозно, размислете малку. Сте го виделе некогаш со празна уста? Баш сега кога размисливте сфаќате дека тој навистина секогаш јаде! Да, тој доаѓа на забава заради храната.rnrn20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забаваrnrn

  • Само уште едно пиво

    Само уште едно пиво

    Кој во животот барем еднаш испил повеќе отколку што требало, дефинитивно знае што е проблемот со балансот на човекот во ова видео. Проблемот не во тоа што испил повеќе, туку што влегува во супер маркет да купи уште некое пиво, но не знае како да излезе. Само уште едно пивоrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најважни правила за пијанење

    10-те најважни правила за пијанење

    Пиеме за да се развеселиме, на излегување, на прослави, на домашни собири. Пиеме од тага за да заборавиме некого или да надминеме нешто. Пиеме и за да „утепаме“ време. Но, од која причина и да пиеме, мора да ги знаеме 10-те правила за пијанење.rnrn10-те најважни правила за пијанењеrnrn1. ОК е и да се пие сам.rnrn2. Вотката може да се меша со сè, вклучително и со повеќе вотка.rnrn3. Во виното е вистината, во пивото е силата, но вискито е водата на животот.rnrn4. Пијаните зборови се трезни мисли. Слушај внимателно.rnrn5. Ако некогаш направиш нешто многу глупаво, не се вади на пијанство.rnrn6. Ако тој/таа е сè уште грд/а после 7 пијачки, откажи се.rnrn7. Пивото е храна. Виното оди со храна. Коктелите бараат храна.rnrn8. Кога пијачките се служат бесплатно, опасно е. Почитувај ги ваквите ситуации.rnrn9. Никогаш не одбивај бесплатна пијачка и не се жали за нејзиниот квалитет или бренд.rnrn10. Секогаш останувај на повеќе од една пијачка. Тогаш работите почнуваат да се случуваат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Урнебесно смешни цитати

    Урнебесно смешни цитати

    Ви сервираме добра доза хумор за предпразнично расположение… :)rnrnУрнебесно смешни цитати
    rnrn

    „Се бања оној што го мрзи да се чеша.“

    rn

    „Сите имаат фотографска меморија, но некои немаат филм.“

    rn

    „Седам и си мислам… понекогаш само седам.“

    rn

    „Кој е совршен? Никој! Па, зошто сакаш да бидеш никој?“

    rn

    „Ако трет ден по ред не ви се работи, тогаш мора да е среда.“

    rn

    „Детска мудрост: ако мама се смее на шегите на тато, значи дома има гости.“

    rn

    „Заради Фејсбук, никако FACE-ов да ми види BOOK.“

    rn

    „Кога ќе умрам, сакам тоа да биде мирно како што умре дедо ми, во сон. А, не да врескам како патниците во неговиот автомобил.“

    rn

    „Жена без големи гради и задник е како село без црква и училиште.“

    rn

    „Со непознат во ноќта, со СИДА утрото.“

    rn

    „Ако еволуцијата е факт, зошто тогаш мајките сè уште имаат само по две раце?“

    rn

    „Завршив ликовна академија, сега можам да се сликам.“

    rn

    „Во мене се борат гениј и будала. Се плашам да не попушти паметниот.“

    rn

    „Во нашето племе нема веќе канибали. Вчера го изедовме последниот!“

    rn

    „Ќегоубијамонојштомигорасипалкопчетоспејснатастатурата.“

    rn

    „Најбрз и најлесен начин да ги удвоите парите, е да ги свтикате и да вратите во паричникот.“

    rn

    „Врв на упорноста: да пишуваш погрешна лозинка, сè додека компјутерот не ја прифати.“

    rn

    „Изеди дабар – спаси дрво!“

    rn

    „Ако си легнал без чевли, тоа значи дека си се вратил трезен.“

    rn

    „Многу е тешко да го задржиш мислењето, особено ако никој не го бара.“

    rn

    „Не си пијан, ако можеш да лежиш без да се држиш за подот.“

    rn

    „Кога смртта ќе ти заѕвони на врата, направи се луд и крени ја телефонската слушалка.“

    rn

    „Точноста ви гарантира само дека ќе ја направите грешката навреме.“

    rn

    „Без храна можеш да живееш еден месец, без вода – една недела, а без памет – цел живот.“

    rn

    „Има само два начина да се справите со жените… но никој не ги знае.“

    rn

    „Не пијте додека возите – може да ви се истури пијалакот.“

    rn

    „За да не се соочувате со мамурлакот, останете пијани.“

    rn

    „Најсигурен начин да ја натерате сопругата внимателно да ве слуша, е да зборувате во сон.“

    rn

    „Што значи да живееш во илузија? Кога после 25 години брак, откриваш дека сопругата не е страсна, туку асматичар.“

    rn

    „Сите печурки се јадат, но некои само еднаш.“

    rn

    „Сакај го ближниот свој, само внимавај да не те фатат.“

    rn

    „Возам како гром. Секој ден удирам во некое дрво.“

    rn

    „Времето е релативен поим, зависи од која страна на WC-то се наоѓате.“

    rn

    „Постојано одам во џамија, но никако да најдам мој број чевли.“

    rn

    „Зошто слонот има големи уши? За полесно да може да скока од цвет на цвет.“

    rn

    „Смеј се… утре ќе биде полошо.“

    rn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Алкохолот прави да престанеме да се срамиме од нашите постапки

    Алкохолот прави да престанеме да се срамиме од нашите постапки

    Освен ако не сте од оние кои никогаш не пијат алкохол, сигурно барем еднаш во животот сте искусиле утро, кога сте се прашувале зошто сте ја направивте таа ужасно срамна работа, претходната вечер додека сте биле пијани.rnrnБез разлика дали станува збор за СМС-порака поради која се срамите воопшто да го погледнете мобилниот телефон, пијана изјава на љубов на некој кој не заслужил или нешто поекстремно, тоа е сепак некоја ваша реакција, која не би се случила доколку би биле во трезна состојба.Алкохолот прави да престанеме да се срамиме од нашите постапкиЗа конечно да се разреши дилемата, како алкохолот нè тера да ги преминуваме нашите сопствени граници, направени се голем број детални скенирања на мозокот, кои откриле дека алкохолот во суштина, не нè тера да се однесуваме лошо, туку прави да престанеме да се грижиме за тоа дали се посрамуваме пред другите луѓе.rnrnЕдно истражување спроведено од тим од универзитетот во Мисури, покажало дека пијаните луѓе се сè уште свесни дека прават грешка, но алкохолот ги ослабува мозочните сигнали, кои нè тераат да чувствуваме грижа на совест.rnrnПрофесор Брус Бартолоу, кој ја водел студијата рекол:rn
    rn

    „Кога правиме грешки, се зголемува активноста во делот од мозокот, која е одговорна за следење на нашето однесување. Таа активност ги алармира другите делови од мозокот дека нешто тргнало наопаку. Нашето истражување покажа дека алкохолот не ја намалува нашата свесност дека правиме грешка, туку само го намалува чувството на грижа, во врска со правење на таа грешка.“

    rnВо текот на истражувањето, тимот составен од психолози на проф. Бартлоу, ја мерел активноста на мозокот на луѓе на возраст помеѓу 21-35 години, додека тие извршувале некоја сложена компјутерска задача. На една третина од нив им биле дадени алкохолни пијачки, а на останатите не им било дадено ништо или пијалаци кои треба да создадат плацебо ефект.rnrnСо цел добро да биде проследена мозочната активност на учесниците, истражувачите ги мереле промените во нивното расположение, нивната прецизност во решавањето на компјутерската задача, како и нивната способност за сфаќање на задачата.rnrnРезултатите покажале дека „алармот“ на мозокот како реакција на направените грешки, „потивко ѕвонел“ кај оние кои пиеле алкохол.Алкохолот прави да престанеме да се срамиме од нашите постапкиВо секој случај, пијаните учесници биле свесни кога правеле грешка во задачата, но тие едноставно, помалку се грижеле за тоа. Исто така, било докажано дека луѓето кои консумирале алкохол, не сакале да забават и да бидат повнимателни во решавањето на зададената задача откако ќе направеле грешка.rn
    rn

    Проф. Бартолоу рекол: „Честа појава кај луѓето е да реагираат побавно откако ќе направат некаква грешка, бидејќи се обидуваат да ја повратат нивната самоконтрола. Групата луѓе кои консумираа алкохол, не го сторија тоа.“

    rnПрофесорот вели дека овие откритија се важни за да сфатиме како алкохолот нè предизвикува да направиме вакви видови грешки и социјални посрамотувања, кога сме пијани. Тој додава:rn
    rn

    „Во одредени околности намалувањето на мозочните сигнали под дејство на алкохол може да биде добра работа, бидејќи некои луѓе, како на пример оние кои имаат проблем со нервите и чувството на неспокојност, стануваат хиперсензитивни кога нештата ќе тргнат на лошо. Кај овие луѓе, мала количина на алкохол може да ги отстрани тие чувства на вознемиреност.“

    rnАко баш вчера се посрамотивте, денес барем ублажете ги негативните ефекти од пијанството на кои може да се делува.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

    7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

    Најверојатно на секој од вас му се има случено да прими некоја шокантна СМС-порака, но уште полошо е ако вие сте испраќачот на некоја таква. Ситуациите со лошите пораки можат да бидат екстремно непријатни и да доведат до сериозни последици кои тешко се преболуваат. Овие седум ситуации ги издвоивме како најкритични, кога најбезбедно би било да не притиснете „send“ на планираната СМС-порака.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    1. Пијана порака

    rnНајверојатно не постои личност која не испратила некоја „опасна“ СМС-порака во пијана состојба, но тоа е дефинитивно лоша идеја бидејќи наредното утро со сигурност ќе умирате од срам поради вашето непромислено однесување. Без разлика колку очајно сакате да му се јавите на вашиот бивш партнер и да му кажете колку ви недостига или сакате да му ги кажете на некој ваш непријател сите негативни работи кои ги мислите за него, верувајте дека тоа може да почека до наредното утро кога ќе знаете што зборувате.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    2. Гневна порака

    rnТекстуалните пораки пратени во моментот кога сте лути некому, е исто толку лоша идеја колку и пијаните пораки. Имајте на ум дека СМС-пораките нема да исчезнат во воздухот како изговорениот збор. Можете да негирате дека нешто сте кажале, но никогаш не можете да се расправате со некого кажувајќи дека вие никогаш не сте ги напишале тие грди зборови, кога постои доказ за нив. Кога губите контрола врз сопствените емоции, автоматски не можете да размислувате рационално. Затоа, доколку имате нешто кое сакате да му го кажете на вашиот партнер или пријател, разговарајте со него кога ќе бидете смирени.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    3. Порака за сериозно извинување

    rnАко навистина сте ја зафркнале работата, праќањето СМС-порака за да кажете некому „извини“, едноставно нема да го реши проблемот. Секако доколку сте заборавиле да купите млеко или да му дадете храна на вашето милениче, пред да излезете од дома, во ред е да пратите порака за да известите некого. Но, доколку „не сакајќи“ сте се „смувале“ со другар/ка на вашиот партнер, праќањето порака за да кажете колку ви е жал, не е доволно и навистина фрустрира. Спуштете го телефонот на маса, фатете такси и појдете да се извинете лице в лице, бидејќи тоа е единствениот начин.rn
    rn

    4. СМС-известување до шефот дека сте болни

    rnНикогаш, ама баш никогаш немојте да го правите ова, ако ви е битно да ја задржите вашата работа. Праќањето СМС-порака до вашиот шеф во која пишува дека сте болни, нему ќе му звучи исто како да му кажувате „денес некако не ми се доаѓаше баш на работа“. Секогаш практикувајте да му се јавите на шефот за да бидете поуверливи дека навистина не ви е добро, а доколку сте премногу болни за да зборувате, замолете го вашиот партнер или некој пријател да го стори тоа место вас.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    5. Прашање до вашиот професор преку СМС

    rnДоколку сте студент и некако сте дошле до мобилниот телефон на некој ваш професор, немојте да го злоупотребувате тоа со праќање СМС-порака, во која го прашувате нешто во врска со материјалот или тестот. Всушност, избегнувајте воопшто да праќате порака на професор преку мобилен. Ако имате некои прашања, пратете му имејл и закажете консултации на кои разговорот ќе биде појасен и поефикасен. На овој начин вашиот многу зафатен професор нема да треба да потроши цел век, пишувајќи ви долги СМС-пораки за да ви одговори на прашањето.rn
    rn

    6. Порака во која барате некоја огромна услуга

    rnПраќањето СМС-порака до пријател, во која пишува дека барате некоја огромна услуга, е исто како да признавате дека сте знаеле дека нема да го направи тоа што го барате, но секако сте си прашале. Исто како со пораките за извинување, овој тип на барање најдобро е да се направи лице в лице, а доколку чувствувате дека не можете, најдобро воопшто не ја барајте услугата.7 ситуации во кои не треба да праќате смс поракиrn

    7. СМС со кој ставете крај на вашата врска

    rnРаскинување на вашиот љубовен партнер преку СМС, стана навистина клише, но немојте да го правите тоа. Раскинувањата се тешки, но многу е важно да не го одберете полесниот пат, со тоа што ќе напишете пораче со кое набрзина ќе завршите работа, бидејќи можете навистина да ги повредите чувствата на оној со кој до пред малку сте биле во врска. Без разлика дали партнерот ве сакал доволно или не, ве заслужувал или едноставно не бил ваш тип, вие ќе бидете подобра личност, со цврст карактер доколку кажете сè што имате да му кажете в лице.7 ситуации во кои не треба да праќате смс пораки
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn