Вистина е дека женските нозе изгледаат фантастично во чевли на високи штикли. Тие со нивната висина може да ја подигнат вашата самодоверба. Но, ова не значи дека треба да го жртвувате своето здравје поради тоа. Редовното носење штикли може да предизвика многубројни проблеми. Нив слободно може да ги обвиниме за проблемите како што се: болки во грбот, плускавици, испакнати коски на нозете, но виновни сте и самите – бидејќи ги носите секојдневно. Затоа умерете ја вашата љубов кон нив.rnrn
rnrnПоследиците од редовното носење штикли при секојдневните активности не се реално прикажани во филмовите и сериите. Одењето во супермаркет, стоењето во редица во банка и возењето во јавен превоз не се прилики во кои би требало да носите штикли. Но, ако погледнете една епизода од серијата „Сексот и градот“ ќе забележите дека реалноста таму е поинаква. Постојат жени кои можат да истрчаат маратон во штикли и оние кои се толку добри во нив што циркусантите за нив изгледаат како аматери, но никој не тврди дека тоа е добро. На секого му е потребен одмор. Следниот пат кога ќе поминете пет часа во штикли од 10 см сетете се на вашите стапала и запрашајте се што тие ви згрешиле за да ги казнувате на тој начин.rnrn
rnrnОва се најчестите болни точки и проблеми кои ги предизвикува константното носење штикли.rn
1. Проблем со држењето
rnШтиклите ја туркаат телесната тежина нанапред и така ги преоптоварувате колковите.rn
2. Болка во колената
rnНеправилното држење врши притисок на внатрешното колено. Внатрешното колено е најчеста болна точка кај жените кои патат од артритис и остеопороза, а притисокот што се врши на коленото може да се зголеми за 26% доколку носите штикли.rn
3. Оптоварување на бутовите
rnКога ќе облечете штикли, бутовите мора да се прилагодат на новата висина и аголот под кој стои ногата, т.е. мускулите се затегаат.rn
4. Болка во ахиловите тетиви
rnБидејќи предниот дел е спуштен, Ахиловата тетива се затегнува, што по некое време може да стане многу болно.rn
5. Деформитет на петите
rnГрубите штикли може да ја иритираат петата и може да ја зголемат. Овој деформитет се нарекува Хаглундова болест.rnrn
rn
6. Повреда на зглобовите
rnШтиклите влијаат на балансот и рамнотежата на личноста која ги носи, па затоа може лесно да паднете. Падот може да предизвика изместување или кршење на зглобот.rn
7. Искривени коски на стапалата
rnТесните штикли може да предизвикаат болен раст на коските во коренот на палците и да го промени нивниот агол кон останатите прсти.rn
8. Мортонова болест
rnВисоките и тесни штикли може да го задебелат ткивото околу нервот помеѓу третиот и четврт прст, што како резултат создава голема болка и губење на чувството во прстите.rn
9. Искривени прсти
rnВо високите и тесни штикли прстите се постојано згмечени, дури и испреплетени. За жал, доколку често носите штикли оваа состојба може да продолжи да трае дури и кога ќе носите удобни чевли.

rn
rnrnЗа да го решите својот проблем, кога ќе ги местите врвките на вашите обувки, прескокнете еден ред во делот каде што најмногу ја чувствувате болката.rn
rnrnЗа оваа цел ќе ви требаат по 2 врвки за секој чевел. Почнете од долу со едната врвка и врзете ја со машничка во средината. Потоа, другата врвка протнете ја во слободните отвори над машничката, наместете ја до горе и врзете уште една машничка кога ќе дојдете до крај. Експериментирајте додека не ја добите посакуваната удобност.rn
rnrnРешете го проблемот со паралелно местење на врвките. Не вкрстувајте ги врвките на секое отворче, туку одете нагоре прескокнувајќи по едно дупче во вид на скала.rn
rnrnНаместете ги врвките нормално, но на врвот, каде што стрчи јазикот, искористите ги празните дупчиња за да ги протнете нагоре кон надвор и да направите јамчиња. Потоа вкрстете ги врвките и протнете го крајот од секоја страна во спротивната јамка од горе надолу. На крајот затегнете.rnrn rnrn