КАФЕ ПАУЗА

Tag: пестициди

  • Едноставен и лесен рецепт кој ќе ви помогне да го спречите труењето со пестициди

    Едноставен и лесен рецепт кој ќе ви помогне да го спречите труењето со пестициди

    Кога ќе одите во супермаркет или на пазар за да купите овошје и зеленчук, сигурно мислите дека сте купиле здрава храна за вас и вашето семејство. Сепак, тоа не е секогаш така, затоа што пестицидите се користат во сите држави ширум светот. Една од главните „причини“ за користење пестициди е тврдењето дека доколку се престане со нивно користење, процесот на производство ќе забави, а цената на храната ќе порасне.rnrnЕдноставен и лесен рецепт кој ќе ви помогне да го спречите труењето со пестицидиrnrnСпоред резултатите од последната статистика, Бразил го зазема првото место за употреба на пестициди. Според Националниот институт за рак, една просечна возрасна личност консумира околу 5 литри пестициди годишно и тоа се навистина шокантни резултати. Една студија пак, спроведена во 2015 година од група истражувачи, дошла до заклучок дека речиси 70% од свежата храна во таа држава е заразена со отрови. Добрата вест е дека постојат методи со чијашто помош можете да отстраните некои од нив. Еден од тие методи е развиен од еден познат бразилски кардиолог и нутриционист, д-р Леир Риберо. Сѐ што треба да направите е да следите едно едноставно упатство.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 литар вода
    • rn011

    • 5 милилитри јод
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво, измијте го зеленчукот со вода. Потоа додајте 5 милилитри јод во 1 литар вода и целиот зеленчук ставете го во таа мешавина. Покријте го садот и оставете да отстои така 1 час.rnrnЗабелешка: Садот ставете го на темно место, затоа што недостатокот на светлина ќе ја спречи оксидацијата на јодот. После еден час, можете да го извадите зеленчукот и повторно да го измиете со чиста вода, па тој ќе биде спремен за јадење и нема да содржи никакви пестициди.rnrnТреба да знаете дека долгорочното консумирање овошје и зеленчук кои содржат високо ниво хемикалии и пестициди, може да му наштети на вашето здравје. Најчестите несакани ефекти може да варираат, почнувајќи од главоболка и алергија, па до генитални деформации и неколку видови рак. Токму поради ова, од особена важност е да се заштитите себеси и вашето семејство од овие скриени опасности. Најдобро решение е самите да одгледувате овошје и зеленчук, затоа што така ќе бидете најсигурни дека јадете здрава и органска храна, без какви било пестициди и хемикалии.

  • Трулост

    Трулост

    Автор: Дарко СоколовrnrnТрулостrnrnПомина многу време откако последен пат ја силував хартијата и зачнав мисли, идеи, визии, кои ги оставам како копилиња да се родат, да израснат и да се расеат меѓу народот.rnrnСлучајно го видов Вардар како тече, полн, многу полн, онака, мирен, спокоен, безгрижен. Цела среќа што беше прилично мрачно, па не успеав да прозрам под површината, да видам што СÈ носи со себе.rnrnНо, затоа секогаш е светлина да видам што ЈАС носам со себе. Ништо. Едноставно, ништо не носам со себе. Како парталав скитник, нарамен само со своето крпче, полно со минати падови и идни искачувања… по некоја идеја… неколку спомени и еден куп предизвици, лутам низ Светот и среќавам луѓе.rnrnОнака, наивно, ѕиркам во нивната душа и барам причини за разбирање. Оние дребулии што ги наоѓам само ми ја разгоруваат желбата да копам подлабоко, со голи раце, искршени нокти, да гребам за грам надеж дека, дај Боже, трулоста не отишла предлабоко.rnrnВеќе и пестицидите не се тоа што беа… Не штитат од модерните болести… штета. А од надвор ги гледаш, цвеќиња, убавина, да застанеш и цел ден да им се восхитуваш, ма два дена. Внатре – трулост.rnrnСреќа што некои генетски се отпорни на модерните болести, инаку, ни пестициди ќе ги спасеа, ни ништо! Е, ама тие се старомодни, заостанати. Денес е ИН да си трул. Колку потрул, толку покул. А има и такви, калемени, на трулост.rnrnШтета што единствен критериум за вредност е трулоста. Таква ни е почвата, само трулост успева на неа. Еве, луѓе, зошто не можете да успеете. А ако успевате, овде, на сред ораница, БРАВО!