КАФЕ ПАУЗА

Tag: песочни плажи

  • Најдобрите плажи во светот според „TripAdvisor“

    Најдобрите плажи во светот според „TripAdvisor“

    Постојат илјадници прекрасни плажи ширум светот кои со својата убавина привлекуваат огромен број туристи и посетители секоја година. Но, сте се запрашале ли некогаш кои се 10-те најдобри кои на некој начин се издвојуваат од останатите? Погледнете ја нареднава листа составена од страна на „TripAdvisor“ со најдобрите плажи во светот.rnrn

    Најдобрите плажи во светот според „TripAdvisor“
    „Baia do Sancho“, Фернандо де Норонја, Бразил
    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите летни карипски дестинации

    Најдобрите летни карипски дестинации

    Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.rn

    Аруба

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnОва е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Бонер

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnОва мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Бахами

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnБахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Пунта Кана, Доминиканска Република

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnПрекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrn

    Курасао

    rnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrnМожеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.rnrnНајдобрите летни карипски дестинацииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Островите на Флорида – рај на земјата

    Островите на Флорида – рај на земјата

    Флорида е дом на илјадници помали и поголеми острови, атоли и заливи. Покрај брегот на Флорида се распространети 1.700 од кои најпознат е островот Естеро на кој се наоѓа прекрасната плажа Форт Маерс.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Амелија

    rnОстровот Амелија претставува тенка бариера помеѓу Флорида и Џорџија. Овој остров е познат по пријатната клима, а од плажите најпозната е плажата Фернандина каде што се сместени градбите на Националниот регистар на историски места.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Мајами Бич

    rnПесочните плажи, прекрасните хотели во арт-деко стил и целовечерните забави се синоним за Мајами Бич. Островот е широк само еден километар и се наоѓа блиску до брегот на Мајами. Најдобро време за посета на Мајами Бич е од први до четврти декември, за време на фестивалот на уметноста во Мајами.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островите Санибел и Каптива

    rnСанибел и Каптива се острови кои успеале да ја зачуваат природната убавина во југозападниот дел на Флорида и да ја заштитат од индустрискиот развој. Туристите може да уживаат собирајќи школки и ракчиња по плажите, а љубителите на птици може да го посетат Националниот природен резерват за животни, каде што живеат 272 различни видови птици.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Анастасија

    rnНајпозната туристичка атракција на островот Анастасија е градот Свети Августин, најстариот град кој бил постојано окупиран и основан од Шпанците во 1565 година. Привлечна за туристите е и прошетката низ Најстарата куќа, како и Мостот на лавовите. За оние кои повеќе сакаат да се релаксираат, тука се многубројните мотели на плажата кои немаат историски шарм, но затоа се одлични ако сакате да го почувствувате песокот меѓу прстите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Ки Вест

    rnКи Вест некогаш беше последна станица на 106-километарскиот архипелаг на коралните острови и рај за хомосексуалците и хипиците. Денес Ки Вест е станица за туристите кои ги преплавуваат крајбрежните барови и продавници. Географски, Ки Вест е поблиску до Хавана, Куба, отколку до Мајами. Овој остров е полн со историја, а меѓу многуте знаменитости, најпознат е музејот кој порано бил дом на Ернест Хемингвеј.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот на ѕвездите

    rnКако што кажува самото име, Островот на ѕвездите е елитна населба во Мајами Бич која претставува рај за богатите и славните. Иако стражарницата која се наоѓа на влезот на оваа населба создава илузија на ексклузивност, Островот на ѕвездите е целосно отворен за јавноста. Најдобар начин да ги видите куќите на Глорија Естефан, Пи Диди и Шекил О’Нил е да се одлучите за крстарење покрај Островот на ѕвездите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Плажата Свети Пит

    rnПлажата Свети Пит е најпозната плажа во заливот Тампа. На оваа плажа има одлични вечерни забави, а истовремено е доволно мирна за сите оние кои сакаат да се релаксираат. На плажата Свети Пит се наоѓа препознатливото летувалиште во розова боја, Дон Цезар, како и многу други ексклузивни хотели.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Ки Ларго

    rnКи Ларго е рај за љубителите на нуркањето и подводните истражувања. Се протега на 112 километри квадратни во Коралниот национален парк. Оние кои сакаат да пливаат заедно со рибите, тука може да видат околу 600 различни видови тропски риби.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

    Островот Марко

    rnОстровот Марко се наоѓа во близина на Нејплс, во југозападниот дел на Флорида. Целиот остров е опкружен со диви места кои личат на пустини, а во средината се наоѓаат оази од плажи и хотелите Хилтон и Мериот, како и многу други луксузни апартмани.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Крф – дестинација за летен одмор

    Крф – дестинација за летен одмор

    Магичниот островот Крф се наоѓа во Јонското Море, покрај брегот на Епир, во Грција. Овој остров ги комбинира софистицираната атмосфера, зелените падини, сината вода и долгите песочни плажи. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморОстровот Крф има богата историја и затоа претставува место за туристичко разгледување. Во него се забележуваат историските влијанија на Венеција, Британија, Франција и Русија, кои прават ова место да биде необично и привлечно. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморСтариот град на Крф е едно од најатрактивните места во светот. Карактеристични за Стариот град се тесните улици во венецијански стил, елегантните аркади и опуштената пријателска атмосфера. Историјата на Стариот град се забележува на секој чекор. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморМногу од планините на Крф се дом на ретки видови орли и орхидеи. На веб-страницата за светско наследство на УНЕСКО Крф е наречен „град кој зрачи со аристократска аура“ заради многубројните космополитски ресторани. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморПокрај идиличното и фасцинантно крајбрежје на Крф се наоѓаат карпести заливи и долги песочни плажи, додека самиот остров изобилува со маслинови градини кои служат како природна граница меѓу древните села. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморНајпопуларните плажи на Крф се оние по должината на западниот брег. Најразвиени се плажите на источното крајбрежје, каде што се наоѓаат и многубројни хотели и барови. Северниот дел од Крф е резервиран за одморалишта, додека плажите во јужниот дел на Крф се мирни и идеални за оние кои сакаат да уживаат во природните убавини. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф е вистински рај за туристи заради одличната туристичка инфраструктура која вклучува забавен ноќен живот, агенции за изнајмување автомобили, туристички агенции и бесконечен избор на хотели, соби за изнајмување, станови, студија и вили кои ќе ги задоволат вкусовите на посетителите. Крф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одморКрф – дестинација за летен одмор
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фантастична песочна уметност

    Фантастична песочна уметност

    Со гребло и малку имагинација, Андрес Амадор од Сан Франциско создава перфектни уметнички дела на песочни плажи. На еден пејзаж работи со часови, а можност да ужива во истиот има само неколку мигови, пред да надојде плимата и да го избрише. Во тие малку минути, единствено што успева е да ја фотографира сопствената уметност.Фантастична песочна уметностАндрес точно знае кога да ја очекува плимата. Тој изборот на локацијата го прави преку „Google Earth“ и трпеливо ја чека полната месечина, според која проценува колку време има на располагање, за да ја наслика својата најсвежа идеја.Фантастична песочна уметностФантастична песочна уметност41-годишниот Андрес по професија е еколог, а цртежите во песок се негова пасија од 2004 година. Тој неколку пати досега дизајнирал и интересни понуди за брак, за заљубените двојки кои уживаат во морето и песочните плажи. Во процесот на изработка на фантастичните уметнички дела, често му се приклучуваат и доброволци.Фантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметностФантастична песочна уметност
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.