Не постои девојка која како мала не ги носела оние мали шноли што нејзината мајка ѝ ги закачувала на косата за да изгледа слатко. Тогаш, сите ние ги мразевме шнолите и одвај чекавме да пораснеме и да започнеме да носиме едноставни фризури, пуштена коса, без никакви украси. Но, во светот на модата се случи чудо и сите трендови од 80-тите и 90-тите започнаа да се враќаат. Дали ќе ви се допаѓа и ќе го носите она што како мали сте го мразеле? Па добро, луѓето и стиловите се менуваат, баш како и модните трендови.rnrnrnrnНа пример, ако ги преживеавме хеланките, чокерите и широките тексас јакни во комбинација со фармерки со висок струк, дали ќе ги преживееме и шнолите со облик на пеперутки?rnrnrnrnВоопшто не се шегуваме! Токму тие шноли повторно се вратија во мода, а трендсетерките тотално полудеа по нив. Зошто е тоа добро? Овие пеперутки сега изгледаат навистина стилски. И навистина може да ја украсат секоја ваша фризура или да ги надополнат вашите лежерни летни модни комбинации.rnrnrnrnШнолите во форма на пеперутка се достапни во сребрена и златна нијанса, мали и големи, а доколку не сакате металик украси за коса, тогаш дефинитивно треба да ги испробате стегачите за коса кои се украсени со везени пеперутки.rnrnrnrnОсвен тоа што и вие самите сте ги носеле овие пеперутки како мали, тие ни се познати од ТВ серијата „Лизи Мекгвајер“ во која Хилари Даф секоја своја фризура ја украсуваше со нив. Денес, таа повеќе не ги носи, но затоа пак со задоволство ги носи Венеса Хаџинс која има слободен, сладок, бохо стил.rnrnrnrnДоколку го сакате тој младешки дух во вашиот стил во текот на ова лето, тогаш задолжително набавете вакви аксесоари за вашата коса.rnrnrnrnДоколку мислите дека пеперутките нема да се вклопат во вашиот стил, тогаш секогаш можете да изберете ретро аксесоари за коса кои совршено ќе ја искажат вашата сензуална и женствена страна.
Совршена уметност во шолја полна со штотуку сварено кафе. Има ли подобар начин за започнување на денот? Оваа позадина е за луѓето кои ги сакаат едноставните нешта, кои умеат да уживаат во нив, кои умеат да го видат и доживеат очигледното на поинаков начин. Одличен сервис за кафе, пеперутка во филџан, сосема доволно пена и многу кафен простор за вашите икони.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn