Тони Вилијамс е 75-годишен пензионер кој со денови останува сам и без да разговара со никого откако неговата сопруга починала. Тој нема деца и рече дека честопати седи дома чекајќи некој да го побара, но тоа никогаш не се случува. Затоа поставил постер на својот прозорец преку кој бара пријатели откако смртта на неговата сопруга го оставила тотално изолиран. На постерот напишал дека ја изгубил сопругата и неговата сродна душа, па сега бара пријатели со кои ќе се дружи. Смета дека 24 часа тишина е неподнослива тортура и затоа бара помош и пријател.rnrn
rnrnНеговиот најдобар пријател била неговата сопруга, а сега тој бара нови пријатели со кои ќе може да слуша музика, да седи во градината или да оди на прошетки. Пробал да дели картички низ супермаркетите и случајните минувачи, но никој не бил заинтересиран за неговото пријателство. Иако многу луѓе не минуваат покрај неговата куќа тој решил да постави постер преку кој бара нови пријатели.rnrnТој вели дека не бара никој да го гледа како плаче, туку сака нормална личност со која ќе разговара, бидејќи повеќето денови ги минува дома во тишина.rnrnЗа неговата врска со сопругата вели дека секогаш биле искрени еден со друг. Имале разни активности. Готвеле заедно, слушале музика, уживале во прошетките во природа. Сè било совршено, но сега таа починала и неговиот живот е многу осамен.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за првиот патувач во инвалидска количка кој ги посети сите 7 континенти.
Tag: пензионер
-

По смртта на неговата сопруга останал сам, а еве што направил за да пронајде нови пријатели
-

Џеф Данам и неговиот хумор без граници
Џеф Данам е американски вентрилоквист (зборување од стомак) и стенд-ап комичар. Неговата популарност постојано расте, а неговиот хумор се шири како зараза. Запознајте ги најпопуларните ликови на Данам…
На врвот е Ахмед – мртвиот терорист. Тој е бомбаш-самоубиец, кој често вели дека не е ниту Арап, ниту муслиман, бидејќи на задникот му пишува дека е произведен во Кина. 🙂 Неговата најпозната реченица е: „Тишина, ќе ве убијам“. Минатата година Данам нè запозна и со синот на Ахмет, Еј Џеј.rnrnНиту Мелвин нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве насмее до солзи, со неговите шеги на сметка на суперхероите. Облечен е во син костум на суперхерој и тврди дека поседува две натчовечки особини, рендгенски вид и способност за летање. Кога Данам го прашува колку далеку може да лета, тој му одговара со: „Колку далеку можеш да ме фрлиш?“rn
rnВолтер пак, е оженет и мрзлив пензионер, со негативен поглед на денешницата. Тој е виетнамски ветеран и поранешен заварувач, кој не може да ја поднесе сопругата.rn
rn
rnrnДанам, преку своите кукли, често се шегува и на своја сметка. Тоа најдобро го прави преку хиперактивниот Пинат. Овој лик е особено интересен. Тој е виолетов, има зелен прамен коса и носи само една патика на левата нога. За разлика од останатите ликови, неговите веѓи не се мрдаат. Опишан е како „лошото дете“.rnrn
rn
Овој неверојатно талентиран комичар има и своја кукла-менаџер. Тоа е Афроамериканецот Свит Деди Ди, кој се претставува како макро на Данам. Погледнете зошто:
rnrn
rn
Меѓу најпопуларните ликови е и Хозе Халапињо. Тој е кукла на стапче, која зборува американски со шпански акцент. Носи малечко сомбреро и мустаќи. Обично настапува во комбинација со Пинат. Тука е и пивопиецот Баба Џеј. Тој може да мрда само со едното око и тоа кон лево…rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.