Есента е период од годината кога можеме да го украсиме нашиот дом со прекрасни украсни детали бесплатно. Со веќе познатите есенски лисја, гранки и есенски плодови, зошто да не се обидете да направите некои промени оваа година и да му дадете поизразен изглед на вашиот сезонски декор? Тоа е прекрасна декорација која доаѓа директно од полето, а во последно време се почесто ја гледаме во домовите – пченицата. Пченицата за многумина е драг материјал за украсување на домот, нè враќа во детството и безгрижното играње на село.rnrn
rnrnПрекрасната златна боја на класовите пченица може да создаде многу импресивен изглед во просторот и да го збогати со своето присуство, а можете да ја користите сама или во комбинација со лисја, костени, шишарки, тикви и сите други есенски плодови.rnrnВашиот нов украс можете да го прикажете во стаклена вазна, плетена корпа, керамички или порцелански сад, метални кофи, дрвени кутии или други соодветни садови и да ја украсите скоро секоја просторија во домот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ги овие едноставни трикови со кои можете да создадете пријатна есенска атмосфера во домот.
Tag: пченица
-

Топло и разиграно: Есенски украси со класови пченица
-

Сок од пченична трева за повеќе енергија, имунитет и природна боја на косата до длабока старост
Овој неверојатен рецепт ќе ви помогне да ја повратите животната енергија и да го зајакнете имунитетот, а притоа нема да мора ни да се фарбате затоа што нема да имате бели влакна на косата.rnrn
rnrnДоаѓањето на убавите сончеви денови е идеално време за чистење на организмот од токсини. Еден од најдобрите начини за тоа е терапијата со трева од пченица која се смета за една од најсилните средства за детоксикација.rnrnПченичната трева делува како чиста сончева енергија, а само 7,5 грама имаат еднаква хранлива вредност како 175 грама моркови, салата или целер. Оваа терапија за чистење на организмот била позната уште од времето на фараоните.rnrnДенес се соочуваме со секојдневни стресови, загадена околина, штетни зрачења и нездрава исхрана, па затоа способноста за детоксикација на тревата од пченица е поважна од кога било.rnrnАко се чувствувате уморно, лошо и постојано сте деконцентрирани, тогаш ваквото чистење на организмот може да ви помогне да ја вратите енергијата и да го подобрите здравјето.rnЗнаци кои покажуваат дека ви е потребна детоксикација:
rn
- rn011
- Главоболка
- Алергија
- Проблеми со кожата
- Непријатен здив и лош мирис на телото
- Лошо варење на храната
- Надуеност и гасови
- Дебелеење или претерано слабеење
- Запек
- Замор, лоша концентрација, слабо памтење
- Депресија
- Предвремено стареење
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Предности на тревата од пченица
rn
rnrnТревата од пченица содржи повеќе од 100 елементи кои му се потребни на човекот, а меѓу нив се основните масни киселини, некои важни ензими и антиоксиданси.rnrnЕден од поважните елементи е хлорофилот, на кој отпаѓа околу 70% од составот на пченичната трева.rnrnХлорофилот е важен за исфрлање на отровите и тешките метали од телото. Тука се и витамините А, Б, Б17, Ц, Е, Ф и К, како и минералите калиум, железо, магнезиум и калциум.rnrnПченичната трева го зголемува бројот на црвените крвни клетки, ги чисти крвта и другите органи и го стимулира метаболизмот. Поради големата застапеност на хлорофилот, тревата од пченица ја збогатува крвта со кислород. Ефикасно го чисти црниот дроб и ги неутрализира токсините. Ја поттикнува работата на тироидната жлезда и ја намалува киселоста во организмот.rnСокот од пченична трева ја враќа бојата на влакната на косата
rnРедовното консумирање на свеж сок од млада пченична трева ни нуди многу предности, а една од нив е тоа што можеме да го забавиме растот на белите влакна и да ѝ ја вратиме природната боја на косата.rn
Вистинска приказна: Има 82 години, а нема ниту едно бело влакно!
rn
rnrnД-р Ен Вигмор прва го промовирала сокот од млади зелени житарици. Таа детално ги истражила својствата на сокот од млада пченица и го развила, потоа детално го опишала процесот за одгледување млада пченица во плитки садови во куќа или на кое било место. Вигмор измислила и евтин соковник за млада пченица со цел да го направи овој животен еликсир достапен за секого.rnrnСокот од трева од пченица воедно е и одличен чистач на крвта и помага во подмладување и регенерација на кожата.rnrnПоради високото учество на хлорофилот, како и на аминокиселините, минералите, витамините и ензимите, тревата од пченица има широк спектар на здравствени придобивки и лековити својства.rnrnПочнете да пиете секој ден по 30 милилитри сок, па постепено можете да ја зголемувате дозата до два пати на ден по 30 милилитри.rnrn
rnЕве како да одгледувате трева од пченица:
rn
- rn011
- Потопете ги зрната пченица и оставете ги да стојат така 8-12 часови.
- Ставете ги зрната во стаклена тегла и во текот на наредните 24 часа исплакнете ги три пати.
- Кога ќе почнат да се гледаат ‘ркулци, посадете ги зрната плитко во земјата. Односот треба да биде 1 дел ѓубриво на 3 дела земја.
- Налејте ја засадената пченица и покријте ја теглата во првите три дена за да не се исуши. Во текот на тие три дена, добро налевајте ја наутро, а навечер само пропрскувајте ја со вода.
- Четвртиот ден откријте ја теглата и зрната нека бидат на индиректна светлина.
- Идеалната температура за растење на пченицата и спречување појава на мувла е од 21 до 26 степени Целзиусови. Ако се појави мувла тогаш почнете да одгледувате нова трева од пченица.
- Тревата од пченица можете да ја сечете кога ќе порасне околу 20 сантиметри. Два дена пред да ја сечете, изнесете ја надвор на сонце за да дојде до синтеза со хлорофилот.
- За ново одгледување користете нови зрна и земја.
- Сокот од трева од пченица можете да го исцедите со помош на соковник или да ја сомелете во блендер заедно со вода.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnrn
Сок од трева од пченица
rn
Измешајте ги следниве состојки во миксер:
rn
- rn011
- 30 милилитри сок од пченична трева
- една лажица нане
- 225 г ананас
- 240 мл сок од портокал
- 120 мл сок од лимон
- една лажичка мед
- Мраз по желба
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
-

Важно: 3 работи кои мора да ги знаете за глутенот
Иако во последно време многу се зборува за глутенот и голем број луѓе веќе го имаат исфрлено од исхраната, всушност малубројни се оние кои знаат што тој претставува. Глутенот на човечкиот организам може да му наштети на два начина: може да предизвика алергиска реакција или нетолеранција, која во најсериозниот облик се нарекува целијакија. Еве кои три работи треба да ги знаете за глутенот.rnrn
rnГлутенот е протеин
rnГлутенот е вид протеин кој природно се наоѓа во пченичните и други житарици, како што се јачменот и ржта. Но, тој може да се најде и во многу други производи како преливи за салати, мешани зачини, па дури и во балзами за усни. Многу луѓе мислат дека не внесуваат глутен ако не конзумираат житарици, леб и тестенини, но вистината е сосема поинаква.rn
Го нема во сите житарици
rnОдредени житарици не содржат глутен, како оризот, пченката, квинојата, хелдата, просото, сиракот и овесот, освен ако не се контаминирани со пченица при процесот на обработка. Житариците кои не содржат глутен се преполни со витамини, минерали и влакна и сѐ додека не претерувате конзумирајќи ги, можат да ви помогнат во ослободувањето од вишокот килограми и подобрувањето на здравјето на срцето.rn
Подобро ќе се чувствувате без глутен
rnЛицата кои имаат целијакија мораат во целост да ги исфрлат намирниците кои содржат глутен, бидејќи дури и најмалите количини можат да предизвикаат појава на симптоми како болка во стомакот и подуеност. Но, и оние кои не патат од оваа болест може да имаат корист ако го елиминираат глутенот од исхраната доколку се нетолерантни на овој протеин. Тој може да предизвика надуеност, замор, па и симптоми слични на грип.
-

Кога било направено првото пиво?
Токму пред мамурлакот. Шега на страна, пивото датира од времето на житното земјоделие, за кое се верува дека започнало околу 10.000 година п.н.е во античка Месопотамија, регион од северозападна Азија кој во моментов е окупиран од Ирак.rnrn
rnrnСе верува дека почетоците на алкохолот настанале кога некои фармери ја пробале водата во која неколку дена стоел (се ферментирал) леб. Првите верзии на пивото биле напитоци од искршени или измешани житарици кои биле натопени и полека загревани во вода, а потоа печени и повторно натопувани.rnrnНајстарите податоци за подготвено пиво се забележани во епот „Гилгамеш“ (2.000 п.н.е – 3.500 п.н.е). До 2.000 година п.н.е Сумеријанците веќе имале измислено рецепти за 8 различни видови пиво направени од јачмен и други 8 за пиво од пченица. Овие мешавини биле рангирани од „јаки“, „црвено кафеави“ до „добро темни“ – и брзо потоа се појавиле насекаде.rnrnАнтичките Египќани ги обожавале своите напитоци, преферирајќи пиво пред водата (која често била загадена). Египќаните со тек на време го пренесле пивото на Грците, кои тогаш го преферирале виното како нивен главен пијалак.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Скулптури од трева
Овие скулптури, изработени од почва и пченични семки, прицврстени на конструкции од рециклирано железо, се резултат од креативната работа на Матилда Русел-Жироди.

rn„Природниот свет кој го апсорбираме станува дел од човековото постоење. Преку овие антропоморфски (човечки форми) скулптури од почва и пченични тревни семиња, се залагам да покажам дека храната, нејзиното потекло и нејзиниот транспорт имаат влијание врз нас, повеќе од нејзиниот вкус. Нејзината внатрешна моќ влијае на секој орган од нашето тело. Набљудувајќи ја природата и станувајќи свесни за тоа што јадеме и како јадеме не прави почувствителни на циклусите на исхрана во светот, за изобилието, за немаштијата и ни овозможува да бидеме физички, интелектуално и духовно поврзани со глобалната реалност.“
rn













