Можеби никогаш не сте помислиле на бојата на вашиот пасош, но веројатно сте забележале дека овој документ за патување го нема во многу колоритни изданија. Постојат 4 примарни бои на пасоши во светот и секоја земја има причина за избор на една од нив како боја за корицата. Па, следниот пат кога ќе се најдете во долги редици на аеродромите, сетете се информациите од оваа објава. Времето ќе ви помине побрзо. :)rnrn
rn
Црвена
rnОва е највообичаената боја. Пасошите со ваква корица се најчест избор на земјите со историски или моментален комунистички систем. Граѓаните на Словенија, Србија, Русија, Латвија, Романија, Полска и Кина имаат црвени пасоши. Земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, исто така користат пасоши со боја на бургунди или различни нијанси на црвена. И земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, како што се нашата, Турција и Албанија, неодамна ги сменија пасошите во црвени. Андската заедница на земји: Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу, исто така имаат пасоши со бургунди боја.rnrn
rn
Сина
rnОва е следната боја по вообичаеност. Сината боја на кориците го симболизира „новиот свет“. 15 карипски земји имаат сини пасоши. Во рамките на земјите од Јужноамериканскиот блок, синиот пасош ја симболизира врската со Меркосур – трговска унија. Ова ги вклучува Бразил, Аргентина и Парагвај. Венецуела е исклучок бидејќи исто така припаѓа на унијата, но нејзините жители имаат црвени пасоши. Пасошите на американските граѓани беа променети во сини во 1976 година.rnrn
rn
Зелена
rnПовеќето муслимански земји имаат зелени пасоши, на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан. Зелената се смета за омилена боја на пророкот Мухамед и е симбол на природата и животот. Граѓаните од неколку западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Брегот на слоновата коска, Нигер и Сенегал, исто имаат документи за патување во различни нијанси на зелена. Во нивниот случај, бојата означува дека припаѓаат на Економската заедница на западноафрикански држави.rnrn
rn
Црна
rnНајретките пасоши во светот имаат црна корица. Овие можете да ги забележите помеѓу граѓаните од некои африкански земји, меѓу кои Боцвана, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго, Малави и други. Граѓаните од Нов Зеланд исто така имаат црни пасоши бидејќи ова е националната боја на нивната земја.rnrn
rnrnПогледнете ја мапата за подобро да ги проучите боите на пасоши кои се карактеристични за сите земји во светот.rnrn

rnrn


















Во блиска иднина, и во овој дел од животот сè помалку ќе зависиме од луѓето, а сè повеќе од технологијата. Виртуелни водичи на вашиот смартфон или ајпад, ќе ви посочуваат интересни туристички места и ќе ве носат во нивна обиколка. Предноста е во тоа што самите ќе одредувате колку време ќе се задржите на една локација. Нема да трчате по водичот од избраната агенција, бидејќи сте сакале малку подолго да уживате во посетата.
Турканиците пак, на аеродромите, автобуските и железничките станици, ќе станат минато. Нема да ви бидат потребни пасоши, доволно ќе биде само скенирање на очите и земање отпечатоци од прстите. Можеби во моментот тоа ви звучи невозможно, но истражувањето на експертите од „Амадеус“ прогнозира ваква иднина во туризмот. Нема повеќе да се грижите дали пасошот сте го заборавиле дома или сте го изгубиле. Сè ќе се одвива автоматски, со цел да се избегнат долгите редици пред шалтерите и доцнењето предизвикано од бавните рачни проверки од страна на службите. Нема да има хартиени кодови ниту на вашиот багаж, и тој ќе се евидентира електронски. Сè на сè, студијата ветува патувања без комплицирани процедури и обемна документација.





