КАФЕ ПАУЗА

Tag: пасивност

  • 10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

    10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

    Вашата пасивност зависи од вашиот карактер, вашите перцепции за светот и вашето место во него, и се разбира, специфичноста на дадената ситуација. Пасивноста може да биде корисна стратегија и здрав механизам за соочување со некои животни моменти, но, исто така може да стане и навика. Кога пасивноста ќе почне да доминира во вашите одговори и интеракции и кога ќе почне да го одредува вашиот општ пристап во животот, тоа може да резултира со повеќе штета отколку корист. Следната листа може да ви помогне да процените дали имате пасивни тенденции и навики и дали треба да се обидете да ги промените.rn

    Како пасивните луѓе го гледаат светот?

    rn10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во живототrnrn1. Својата иднина ја препуштаат на судбината. „Ако ни е пишано да бидеме заедно, ќе бидеме“. Понекогаш работите навистина можат да се средат сами од себе, но тоа многу почесто се случува ако двајцата партнери имаат активна улога во градењето поцврст однос.rnrn2. Веруваат дека работите можат едноставно да се случат. „Зошто секогаш ми се случуваат лоши работи?“ Во реалноста, добри и лоши работи му се случуваат на секој човек. Можете да чекате да ви се случи нешто добро или можете да се обидете сами да го остварите тоа.rnrn3. Го поистоветуваат неуспехот со судбината. „Мислам дека едноставно не ми е судено да го правам ова.“ Неуспехот е дел од сечиј пат, но не е последната станица. Избегнувајте го ваквиот начин на размислување и секогаш имајте ги на ум следниве 3 работи: Трпение, упорност и доследност.rnrn4. Веруваат дека среќата е важна состојка во успехот. „Среќата не била на моја страна.“ Среќата, како и да ја дефинирате, не е под ваша контрола, но подготовката, планирањето, трудот и времето се исти. Фокусирајте се на тие варијабли.rn

    Како пасивните луѓе комуницираат?

    rn10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во живототrnrn1. Нивниот јазик е несигурен и неодлучен. „Во ред, може да биде така некако.“ Обидете се да практикувате директен и јасен говор. Обрасците на говорот се обична навика и можат да се сменат.rnrn2. Постојано бараат одобрувања. „Се надевам нема да ти смета тоа што ќе го кажам…“ Ако сите други кои се вклучени во разговорот даваат сугестии и мислења, а вие барате дозвола за нешто да кажете или предложите, можете да дадете слика на слаба и помалку вредна личност.rnrn3. Ги омаловажуваат своите ставови. „Можеби грешам, не сум експерт, но можеби…“ Започнувањето разговор со изјава дека можеби не сте во право ќе ги доведе другите учесници во разговорот до заклучок дека најверојатно и не сте во право. Вие на тој начин им отежнувате да го прифатат тоа што сакате да го кажете.rnrn4. Имаат проблем да се одлучат. „И двете опции имаат смисла…“ Можеби се обидувате да го намалите потенцијалниот конфликт со неподдржувањето на која било од опциите кои се пред вас, но поради тоа изгледате неодлучно или како да се плашите да направите избор. Ако имате мислење, изразете го.rn

    Како пасивните луѓе им ги препуштаат работите на другите?

    rn10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во живототrnrn1. Потребите на другите ги ставаат на прво место. „Можам да јадам и десерт, но ако сакате да си одиме, ќе си одиме.“ Преку овој начин на комуницирање велите дека потребите на другите личности се поважни од вашите, што веројатно не е вид на општата динамика којашто сакате да ја воспоставате.rnrn2. Велат „да“ кога повеќе би сакале да речат „не“. „Морам рано да станам утре, но се разбира дека можам да те испратам.“ Сметате дека личноста која ви е драга ќе се навреди ако кажете „не“, но тоа навистина зависи од начинот на кој тоа го кажувате. Можете да бидете искрени, но секогаш нагласете ги своите потреби и нивната важност.

  • Животот е прекраток за…

    Животот е прекраток за…

    Доколку сметате дека треба да направите промени во животот, тогаш треба да се откажете од многу нешта, но и да научите дека некои работи едноставно не треба да ги толерирате. Преземете ја контролата во своите раце и од утре престанете да се заморувате со непотребните нешта во животот. Животот е убав, искористете го максимално.rnrnrnЖивотот е прекраток за...rnrnЛуѓе кои ви влијаат негативно – Односите со луѓето треба да ви помагаат во животот, а не да ве повредуваат. Поминувајте повеќе време со паметни и фини луѓе.rnrnРаботна средина или кариера која ја мразите – Не се задоволувајте со првата работа со која ќе ја започнете кариерата. Продолжете да трагате. По извесно време сигурно ќе најдете занимање кое ќе го обожавате. Доколку се вложите целосно и ја сакате секоја секунда помината работејќи, тогаш не прекинувајте. Дури тогаш правите нешто големо во животот. Тешката работа, не е напорна кога ја работите со љубов.rnrnВашата негативност – Пазете се од гласот во вас. Сите ние тивко си зборуваме самите на себе во нашите глави, но не секогаш сме свесни што си зборуваме и како тоа ни влијае. Почнете да си ги „слушате“ мислите. Исфрлете ги негативните мисли  и заменете ги со позитивни.rnrnНепотребни недоразбирања – Кажувајте го она што го мислите. Мислете го она што го кажувате. Зборувајте јасно, поставувајте прашања и разјаснувајте си ги нештата додека не ги сфатите целосно.rnrnНеорганизиран живот и работен простор – Исчистете ја средината. Ослободете се од работите кои не ви се потребни.rnrnВашето доцнење – Станувајте 30 минути порано за да не мора да трчате како луди. Тие 30 минути ќе ви помогнат да избегнете многу проблеми.rnrnПритисокот за да се вклопите во толпата – Честопати за да се вклопите во некое друштво глумите нешто што не сте. Избегнувајте ги таквите ситуации. Бидете тоа што сте.rnrnНездраво тело – Вашето здравје е вашиот живот. Не играјте си со него. Јадете правилно, вежбајте и правете редовни докторски контроли.rnrnСтравот од промени – Животот е една голема промена. Секој ден е различен од претходниот. Секој ден е нов почеток и нов крај.rnrnСамо работа, ни момент уживање – Уживајте во животот и забавувајте се додека можете. Доколку сте насмеани, тогаш сигурно правите нешто вистински и како што треба.rnrnНедоволно спиење – Изморениот ум никогаш нема да биде целосно продуктивен.rnrnПравење на истото нешто повторно и повторно – Вие го живеете животот согласно вашите искуства. Колку повеќе искусувате, толку поинтересна станува вашата приказна.rnrnАлчноста – Не дозволувајте алчноста и измамата да бидат дел од вашиот карактер. Алчноста ќе ја изгори дури и најмалата трошка среќа која ја имате.rnrnДолгови – Секогаш живејте едно скалило пониско. Не купувајте работи кои не ви се потребни. Создадете буџет и план за штедење и држете се до него.rnrnНечесност – Чесното живеење создава мир во душата, а тоа е бесценето.rnrnНеверство – Интимните односи се нешто свето, врска која се базира доверба. Ако двата партнера не се чувствуваат исто околу тоа, тогаш не треба да вложуваат во врската.rnrnНебезбеден дом – Доколку не се чувствувате безбедно дома, никогаш нема да се чувствувате безбедно никаде. Изградете прекрасно домаќинство, на безбедно место, за кое ќе бидете горди да го наречете дом.rnrnНеспремност – Животот е непредвидлив. Има голема разлика помеѓу стравот и спремноста. Секогаш бидете подготвени за изненадувања.rnrnПасивност – Или ќе преземате акција и ќе ги користите можностите кои ќе ви се појават на патот или некој друг ќе го стори тоа наместо вас. Не можете нешто да смените или да направите прогрес во животот, доколку само седите и размислувате, а не преземате ништо околу тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.