Просечните луѓе поминуваат по околу 3 часа на ден на нивните паметни телефони. Психолозите предупредуваат дека родителите поминуваат сè повеќе време „сами, а заедно“. Тоа значи дека родителите се физички присутни, но жртвуваат драгоцено време, за сметка на комуникацијата преку социјалните мрежи. И на крај, децата се тие што патат поради тоа.rnrn
rnrnТука сме да ве предупредиме за сериозните последици што ваквото однесување може да го предизвика во развојот на децата.rn
1. Децата може да имаат проблеми со социјалниот развој
rnНедостатокот на родителско внимание ги прави децата да немаат иницијатива и да се однесуваат нервозно, па дури може да предизвика и оштетувања во развојот на нивниот мозок. Стручните лица од Универзитетот Калифорнија открија дека недоволната мајчина грижа може да има негативно влијание врз развојот на детето и да биде причина за емоционални нарушувања.rnrnДури и помалите нешта, како пишувањето пораки, може да има негативно влијание на долги стази. На децата им треба стабилна и предвидлива средина за нормално да се развива нивниот мозок. Недоволното внимание може да предизвика психолошки проблеми како: депресија, ризично однесување или употреба на забранети супстанции.rn
2. Децата стануваат лути и не се однесуваат пристојно
rnПсихолозите велат дека родителите треба да постават ограничувања во употребата на паметните телефони, не само кај нивните деца, туку и кај нив самите. Кога родителите ги одбираат нивните паметни телефони, а не нивните деца, тоа кај децата предизвикува тие да се чувствуваат тажно, луто и осамено. Кај некои деца дури почнуваат да се појавуваат и благи знаци на агресија, како уништување на телефоните на нивните родители, за да го добијат посакуваното внимание.rnrnКога родителите ги одбираат телефоните наместо децата, децата се чувствуваат запоставено и како да не се доволно интересни за сакање. Тоа ја нарушува нивната самодоверба и доведува до проблеми со однесувањето. Тоа го влошува и квалитетот на „родителствувањето“, а неземањето предвид на потребите на детето предизвикува и непотребен стрес кај децата.rnrn
rn
3. Децата не ги гледаат своите родители како добри примери
rnЗа многу луѓе, непроверувањето на телефонот, дури и на една минута, е мачење. Стручните лица го набљудувале однесувањето на родителите и децата во рестораните за брза храна и откриле дека дури 70% од нив ги користеле своите телефони за време на оброкот. Некои од нив, веднаш по седнувањето ги извадиле своите телефони. Со ова родителите им ја одземаат можноста на децата за директна комуникација со нив, како и можноста да научат како треба да се однесуваат.rnrnДецата го имитираат однесувањето на родителите и стекнуваат социјални вештини во комуникацијата со нив. Така тие учат како да разговараат, како да ја изразат својата љубов и како да покажат интерес кон другите луѓе. Ако родителите не се пример за нив, децата ги пропуштаат тие вештини и може да имаат проблем при воспоставувањето емоционални врски со другите, подоцна во животот.rn
4. Децата страдаат затоа што мора да се борат за вниманието на нивните родители
rnИако родителите ги сакаат и ценат нивните деца, без разлика на сè, децата чувствуваат дека не се доволно вредни бидејќи мора да се борат за вниманието на нивните родители. Тие велат дека проверувањето на телефонот за време на разговор е една од најлошите родителски навики. Некои деца дури велат дека би им ги одзеле телефоните на нивните родители, ако им се дозволи.rnrnНа децата им треба внимание за да се чувствуваат безбедно и самоуверено. Тоа влијае на нивниот емоционален развој и им ја олеснува комуникацијата со другите луѓе. Кога децата чувствуваат дека родителите ги сакаат и ги ценат, тие ја сфаќаат својата вредност и знаат дека го заслужуваат најдоброто. Знаат дека се добри и дека не треба никому ништо да докажуваат.rn
5. Децата стануваат пасивни и неповрзани со родителите
rnЕмотивната поврзаност помеѓу родителите и нивните деца е силна, но ранлива. За да го докажат тоа, истражувачите го оцениле однесувањето на новороденчиња на возраст од 7 до 24 месеци во ситуација кога нивните мајки престанале да играат со нив и наместо тоа, го свртеле вниманието кон нивните телефони. Нивниот емоционален одговор бил прилично изненадувачки.rnrnИстражувањето покажало дека децата покажале знаци на незаинтересираност и не биле мотивирани да ја истражуваат околината околу нив кога мајката го користела нејзиниот телефон. Притоа се појавиле и овие негативни последици: колку подолго мајката го користела телефонот, толку повеќе детето се оддалечувало и било понезаинтересирано за околината. Дури и кога нивните мајки биле повторно подготвени да си играат со нив, тие не се вклучиле во комуникацијата како претходно.rnrn
rnrnДецата копнеат по љубов и внимание и задача на родителите е да им го овозможат тоа. Во ред е да одговорите на итен повик, но во повеќето случаи, подобро е да го оставите телефонот и да поминете квалитетно време со вашето дете. Тоа не само што ќе донесе радост кај вас двајцата, туку ќе придонесе за емоционалниот развој на детето, што е уште еден важен чекор тоа да стане среќно и самостојно човечко суштество.rnrnПрочитајте и какво влијание има зјапањето на родителите во телефоните врз нивните деца.


rnrnАко барате не толку скап уред кој функционира на Андроид, тогаш би требало да дознаете нешто повеќе за Moto G. Можеби не е најмоќниот телефон на пазарот, но е доволно добар за секој корисник кој бара просечни перформанси.rn
rnrnМожеби на прв поглед изгледа како iPhone, но HTC One A9 има сосема поинаков софтвер. Последниот уред од HTC има премиум хардвер дизајн и минимални промени на Андроид системот. Сѐ на сѐ, телефонот нуди одлично искуство.rn
rnrnHTC One M9 има солиден дизајн, но не претставува нешто повеќе од тоа. При крајот на месец март, HTC ќе го лансира и новиот One M10 за кој се претпоставува дека ќе има многу подобри карактеристики.rn
rnrniPhone 6 Plus е сѐ уште еден од подобрите големи телефони на пазарот. Го нуди скоро истото искуство како новиот iPhone 6S Plus, а со неговото купување заштедувате 100-тина евра.rn
rnrniPhone 6 е можеби лански модел, но сѐ уште претставува добра опција ако сакате да заштедите малку пари, а сепак да купите iPhone.rnrn
rnrnИзвештајот, кој го опфати анкетирањето на 100.000 жители во Шведска и уште 39 други земји, открива дека мнозинството од испитаниците веруваат дека паметните телефони ќе станат уреди на минатото.rnrnСега, вниманието и интересот се пренасочуваат на вештачката интелигенција, односно на помагалата без екран. Многу истражувачи од полето на информатичката технологија предвидуваат дека носливите направи како Apple Watch, полека ќе почнат да ги заменуваат паметните телефони.rnrnПаметните телефони и не се толку практични во рацете, на пример кога готвиме или возиме автомобил. Постојат и голем број други ситуации во кои уредите со екрани не се покажаа практични. Затоа се смета дека во рок од 5 години, паметните телефони ќе престанат да се употребуваат и ќе останат во заборав – коментира Ребека С. Ангсторм, дел од тимот на „Ериксон“.
rnrn rnrn
Но дали некогаш сте се запрашале за што најмногу се користат паметните телефони? Кои нивни карактеристики се најмногу користени? Овој иконографик, направен од „