КАФЕ ПАУЗА

Tag: палми

  • Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снег

    Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снег

    Со своите прекрасни песочни плажи, чисти сини води и палмови дрвца, овој вештачки ресорт потсетува на сите оние спектакуларни и луксузни одморалишта кои ги огрева сонце, само што тука нема сонце. Туристите овде се релаксираат во своите костими за капење, се лизгаат по тобоганите и се капат во водите, небаре е лето и уживаат во сончевите зраци. Но, ништо не е онака како што изгледа во ресортот „Tropical Islands“.Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегОвој „ресорт“ е во суштина сместен во внатрешноста на поранешната воздухопловна база на Советскиот сојуз, во Краушник, Германија. Под куполата на советскиот хангар, се наоѓа прав тропски рај! Можеби ви изгледа како тука температурите да се високи, но надвор од хангарот, всушност паѓа снег. Колку е тоа неверојатно?! 🙂 Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегРесортот располага со базени, плажи, лагуна, авантуристички парк, дождовни шуми, тропско цвеќе, многу ресторани, вечерни шоу-забави и сауна. Низ ресортот може да се видат птици како фламинго и канаринци, слободно пуштени во лет.Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЗа гостите постојат различни опции за нивниот престој, од основен до најлуксузен. Во цената за сместување се вклучени и вилите, а дури и шаторчиња за на плажа. Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегОвој простор дозволува капацитет од 6.000 посетители дневно, а во првата, 2004-та година од постоењето, ресортот привлекол 975.000 гости. Илјадници луѓе го посетуваат секојдневно, а во него работат околу 500 луѓе. Хангарот е 360 метри долг, 210 метри широк и 107 метри висок и е доволно голем за во него да ја собере Статуата на слободата.Луксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снегЛуксузен ресорт со песочни плажи, палми и базени, сместен во огромен германски хангар опкружен со снег
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најсекси плажи во светот

    Најсекси плажи во светот

    Најубавите плажи во светот доаѓаат во сите облици и големини, бои и видови, започнувајќи само од далечинскиот управувач, преку рајски места со палми и бел ситен песок, па сè до тренди места за социјализација и хедонистички центри за забава. Во потрага по песочни плажи кои ги поттикнуваат романтиката, страста и заводливиот дух, издвоивме кои се најсекси плажи во светот.rn

    Плажата Зума во Малибу, Калифорнија

    rnКалифорнија има една од најсекси плажите што се наоѓаат покрај брегот на Пацификот. Плажата Зума во Малибу е место каде што планините на Санта Моника речиси се спојуваат со океанот, каде може да пиете изладено Шардоне гледајќи ги делфините. Оваа плажа нуди долг песочен брег и одлично засолниште за славната клиентела. Во непосредна близина се наоѓаат куќите на Џенифер Лопез, Бред Пит и Анџелина Џоли. Плажата Зума е вистински избор за сите што ги сакаат песокот и ѕвездите.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Плажата Менли во Сиднеј, Австралија

    rnИако Австралија има голем избор на плажи, сепак најпопуларна е космополитската плажа Менли во Сиднеј. Како што кажува самото име, оваа плажа е рај за сурферите. Тука можете да седнете, да им се восхитувате на сонцето и брановите и да се предозирате со сладолед. Оваа плажа нуди релаксирачки одмор, мали заливи, предели со борови и целосно опуштена атмосфера.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Малдиви

    rnЗамислете си алеи од палми, приватни куќички покрај море, песок бел како креда и бесконечни базени со поглед кон рајот. Тоа се Малдивите, земја на корални острови на југозападниот брег од Индија, во Индискиот Океан. Малдивите нудат голем избор на хотели со пет ѕвездички и други луксузни сместувања, сончеви зраци во текот на целата година, прекрасни лагуни, па затоа се најчест избор кога станува збор за меден месец или некое друго романтично патување.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Туркс и Каикос

    rnТуркс и Каикос се островски архипелаг јужно од Бахамите, составен од 40 острови од кои само неколку се населени. Плажите на овие острови, поради својата географска положба (затскриени се зад Карибите) се едни од ретките кои изобилуваат со чиста и недопрена природа. Една од најубавите плажи на Туркс и Каикос е заливот Грејс, со брег долг 12 милји покриен со песок бел како шеќер. Туркс и Каикос се дестинација за сите романтичари кои обожаваат вечера на свеќи.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Копакабана и Ипанема во Рио де Жанеиро, Бразил

    rnЗа љубителите на жешки плажи и луди забави, сензационалните плажи Копакабана и Ипанема се вистински избор за нив. Овој рај во Јужна Америка ги има најпопуларните и најпровокативните брегови покрај Атлантикот, покриени со бел песок. Преку ден можете да уживате гледајќи ги бразилските убавици како шетаат по плажите, а навечер клубовите покрај шеталиштето нудат целовечерни забави.rnrnНајсекси плажи во светотНајсекси плажи во светотrn

    Свети Мартин

    rnЕден од најсофистицираните острови на Карибите, Свети Мартин, се наоѓа источно од Порторико и претставува спој на европската култура, создавајќи фузија на историјата и чувство на хедонизам. Една од најзначајните области на островот е областа Гранд, поранешно рибарско село, а денес кулинарски епицентар на Свети Мартин, ако не и на Карибите воопшто. Гранд изобилува со крајбрежни гурмански бистроа кои се наоѓаат наспроти тиркизните води.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Северен Брег, Оаху, Хаваи

    rnВулканскиот тропски архипелаг на Хаваи е оддалечен илјадници километри од најблискиот континент и изобилува со осамени плажи. Плажите на Северниот брег на Оаху се познати по нивната природна убавина и брановите погодни за сурфање. Во текот на летото, брановите се речиси рамни и се добри за сурфери-почетници, но во октомври и март, брановите формирани од зимските бури, патуваат од Алјаска сè до Оаху и се одлични за професионалните сурфери.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Хаад Рин, Тајланд

    rnАко ве привлекува лудиот ноќен живот проследен со романтични средби, плажите на Тајландските острови се вистинскиот избор за вас. Секој месец, кога настапува полна месечина, 20.000 трагачи по луди забави доаѓаат на плажата Хаад Рин за да присуствуваат на целовечерната забава позната како „Полна месечина“. Патниците привлечени од танцовите кои се изведуваат со помош на оган, конзумираат евтино локално виски и одат од еден во друг клуб сè до изгрејсонце.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Црвената плажа во Санторини, Грција

    rnИако овој грчки остров има многу плажи, сепак најнеобична е Црвената плажа која има облик на млада Месечина. Заради посебните географски карактеристики и вулканската активност, брегот на оваа плажа е црвен и црн. Карпите создадени од лавата полни со железо, навлегуваат длабоко во Егејското Море. Во текот на летните месеци, Црвената плажа нуди луди вечерни журки во крајбрежните клубови.rnrnНајсекси плажи во светотrn

    Боракеј, Филипини

    rnПлажата Боракеј е вистински трофеј за Филипините. Оддалечена 30 минути со авион од Манила, Боракеј не е многу долга плажа. Широка е помалку од еден километар и се смета за туристички центар, каде што луѓето доаѓаат за да се дружат и да ја апсорбираат културата на Филипините. Плажата Боракеј нуди бел песок ситен како прашина и чиста сина вода. Оваа плажа е вистинската дестинација за сите кои ги преферираат водните спортови.rnrnНајсекси плажи во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најголемата затворена плажа во светот

    Најголемата затворена плажа во светот

    Вештачките плажи почнуваат да стануваат вистински хит во светот. На ваква плажа можеме да наидеме во Монако, Хонг Конг, Париз, Берлин, Ротердам, Торонто и на многу други места, но сепак најголемата, а можеби и најубавата се наоѓа во Мијазаки, Јапонија.rnrnНајголемата затворена плажа во светотrnrn„Seagaia Ocean Dome“ е вештачки затворена плажа долга 300, а широка 100 метри. Во неа има направено вулкан, плажа од вештачки песок на која има и вештачки палми, а за дождливите денови направен е најголемиот покрив на затворање, кој обезбедува сино ведро небо во секое време. Температурата на воздухот е постојано регулирана околу 30 степени Целзиусови, додека температурата на водата се движи околу 28 степени Целзиусови. Вулканот се активира на секои 15 минути и испушта огнени пламени на секој час, кога во океанот се прават огромни бранови за големо задоволство на сурферите. rnrnНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотrnrnОваа плажа може да пречека 10.000 туристи одеднаш, а интересното е тоа што вистинската плажа се наоѓа на само 300 метри од овој објект. Официјално е отворена во 1993 година, а најмногу посетители се забележани во 1995 година кога се избројани 1.25 милиони луѓе. Билет за возрасен чини околу 30 американски долари, додека за деца приближно 20.rnrnНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светотНајголемата затворена плажа во светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.