КАФЕ ПАУЗА

Tag: Пајо Паторот

  • Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

    Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnДа се потсетиме на цртаните филмови од детството. Кој Дизни-јунак ви е најомилен? Дали е тоа можеби Доналд Фаунтлерој Дак или кај нас попознат како Пајо Паторот? Ако е така, еве некоја информација плус за овој анимиран лик.rnrnЗнаете ли како е полното име на Пајо Паторот?rnrnТој за првпат се појавува на 9 јуни 1934 година, во цртаниот филм „Паметна мала кокошка“. Во приказната, Пајо Паторот и неговиот пријател г-дин Свиња се мрзеливи, постојано танцуваат и одбиваат да работат. Погледнете и потсетете се што понатаму се случува во цртаниот…rnrnrnrnТри години подоцна, Пајо Паторот добива и сопствен цртан филм, а на врвот се искачува кога Дизни ги создава неговите внуци Рајо, Гајо и Влајо. Речиси секогаш е во морнарска кошула и не носи панталони. Една од информациите кои кружат, но до ден денеска не се потврдени, е дека токму заради тоа што е без панталони, Пајо Паторот бил забранет во Финска. Како и да е, за ваквиот изглед  е заслужен познатиот американски цртач, Карл Баркс.rnrnЗнаете ли како е полното име на Пајо Паторот?rnrnСо смешниот глас кој му го позајмува Кларенс „Даки“ Неш, овој мрзелив Патор ги освои срцата на милиони лица пред малите екрани. Уживаа во неговите лудории, несмасните потези, интересни изблици на лутина. По смртта на Неш во 1985 година, новиот глас на Пајо Паторот е на Тони Анселмо. За да го долови овој специфичен начин на зборување, Анселмо бил претходно обучуван токму од Неш. Дури и синхронизираните верзии на цртаните со овој анимиран јунак, одлично беа прифатени.rnrnЗнаете ли како е полното име на Пајо Паторот?rnrnСега Пајо Паторот има 77 години, сопствена ѕвезда на улицата на славните во Холивуд и Оскар за најдобар краток анимиран филм. Оскарот го добива во 1942 година за  филмот „Fuehrer’s Face“.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.