Постои научна дисциплина која се занимава со проучување на отпечатоците од прстите и која се нарекува дерматоглифика. Таа ни помага полесно да ги разбереме обрасците на нашите отпечатоци и начинот на кој тие се поврзани со нашата личност и однесување. Овие интересни откритија, преку различен пристап, ќе ви помогнат да научите нешто ново за себе.rn
Јамки
rn
rnrnЈамките се највообичаениот образец кај Европејците. Овој дизајн на отпечатоците од прстите одговара на смирени и балансирани карактери. Луѓето со вакви отпечатоци вообичаено се сочувствителни и се обидуваат да им помогнат на другите луѓе. Иако се внимателни, вредни и одговорни, тие ретко преземаат иницијатива.rnrnГлавниот извор на информации и чувства за овие луѓе е интеракцијата со другите. Тие се емотивно предвидливи и имаат големо срце. Вообичаено се во одлична здравствена состојба, иако како деца веројатно биле често болни. По правило, луѓето со ваков образец имаат сангвиничен темперамент. Ја презираат работата за која немаат интерес. Ако имате јамки на сите прсти, тогаш имате голема имагинација и вие сте сонувачи.rn
Криви линии
rn
rnrnЛуѓето со ваков образец на прстите се енергични и самоуверени. Нивната самодоверба може да се забележи во нивната појава, држење и движења. Понекогаш таа се граничи со тврдоглавост и скоро никогаш не можете да ги натерате да го променат своето мислење. Секоја одлука што ја носат, за нив е конечна.rnrnОвие луѓе вообичаено имаат проблеми со прилагодувањето на нова средина и со слушањето на туѓото мислење. Тие го формираат своето мислење од практични примери, но често преферираат да ги користат другите луѓе за остварување на своите цели. Луѓето со криви линии на своите отпечатоци најчесто имаат колеричен темперамент. Тие ја ценат уметноста и музиката и имаат изразен и уметнички говор на телото.rn
Вртлози
rn
rnrnЛуѓето со вртлози на отпечатоците од прстите се избувливи, но искрени и широкогради. Тие поседуваат природни таленти, брзо учат и се подготвени да го анализираат своето опкружување. Често почнуваат повеќе работи одеднаш и се откажуваат на половина пат, откако ќе го изгубат интересот. Овие луѓе имаа нестабилен карактер, непредвидливи се и ги кријат своите вистински чувства и мисли. Се стремат кон осаменост. Често се незадоволни од себе и се сомневаат во сѐ и во секого. Нивниот извор на импресии се наоѓа длабоко во нив, додека информациите најчесто ги собираат преку читање.rnrnНивниот темперамент е флегматичен. Говорат безизразно, тивко и бавно. Ако луѓето имаат вртлози на показалецот од двете раце, тогаш тие се родени мислители. Ги привлекуваат програмирањето, правните науки и истражувањата. Луѓето со ваков образец имаат сестран и комплексен карактер и често не се свесни за своите можности.



rnrn





























rnrn
rnrnНацртајте стебло и потоа секој од семејството нека направи отпечаток од својата дланка со различна боја. Откако ќе го направите вашето семејно дрво, можете да напишете и некоја убава порака и да ја урамите прекрасната слика.rnrn
rnrn rnrn
rnrnНа храната ѝ се потребни само 7 секунди од устата преку хранопроводот да стигне во желудникот.rnrnПостојат околу 9.000 рецептори во устата. 3.000 од нив се наоѓаат на површината на јазикот. Рецепторите за вкус содржат хеморецептори. Тие реагираат на хемикалии од храна и други супстанци кои се разградуваат во плунката и можат да го задржат вкусот во устата дури до 10 дена.rnrnЖенските имаат повеќе рецептори од машките.rnrn
rnrn50% од бактериите во устата живеат на површината на јазикот. Кога се бакнувате, може да добиете 265 видови бактерии од вашиот партнер.rnrn
rnrn85% од луѓето можат да го свиткаат својот јазик во облик на цевка.rnrnСекој човек има единствен отпечаток на јазикот, исто како и отпечатоците на прстите.rnrnАко вашиот јазик е многу сув, вие нема да можете да разликувате вкусови. Затоа пијте доволно вода.rnrn
rnrnЗа да почнете да зборувате потребно е да активирате 72 мускули.rnrnНајсилниот мускул во човечкото тело е јазикот (во однос на мускулите со слична големина). Тој е единствениот мускул кој е прикачен за телото само со едниот крај.rnrn
rnrnЛуѓето кои ја користат десната рака, несвесно и храната ја џвакаат на десната страна во устата, а леваците, на левата.rnrnВо устата на еден човек, во текот на животот се лачат околу 37.854 литри плунка или 1,5 литри на ден. Таа е неопходна за да можеме да го почувствуваме вкусот на храната. Додека храната не се разгради во нашата уста, ние не можеме во целост да го почувствуваме нејзиниот вкус и да уживаме во него.rnrn
Сетилото за вкус е најслабото од петте сетила кај човекот.rnrnЛековите, пушењето, недостатокот на витамини, повредите на главата, тумор на мозокот, како и изложеноста на хемиски материјали и радијација може да го оштетат сетилото за вкус.rnrn
rn
Со варирање на притисокот на нејзините усни врз платното, како некој страстен љубовник, Натали ги создава сликите во повеќе различни нијанси од бојата на карминот.
Погледнете ја нејзината нежна и романтична техника на работа и немојте да го пропуштите последниот дел од видеото, каде што целото лице ѝ е прекриено со кармин после работа. :)rn
rn
Таа исто така вели дека нејзините очи многу се изморуваат од постојаното движење напред кон платното за да го бакне и назад за да провери како изгледа.
Портретите нацртани со бакнежи и со прсти, не се единствените видови