КАФЕ ПАУЗА

Tag: оригинали

  • 6 нови идеи како да го прославите вашиот роденден оваа година

    6 нови идеи како да го прославите вашиот роденден оваа година

    Секоја година иста приказна! Кога ќе дојде месецот на вашето раѓање, постојано ви доаѓаат идеи како би можеле да го прославите вашиот роденден, а тоа да биде поразлично, несекојдневно, како никогаш до сега… А на крајот се случува истото – одите со вашите пријатели на некоја журка. Евентуално ќе го промените ноќниот клуб или пијалакот што го пиете и тука завршува иновативноста. И најинтересниот дел, секоја година, ви е дувањето на роденденските свеќички. Но, доколку сакате оваа година вашата роденденска забава да биде оригинална, тогаш погледнете ги овие нови идеи за славење на роденденот, па можеби токму сега ќе ја пронајдете инспирацијата за вашиот роденден од соништата!rnrn1-ovaa-godina-imajte-nezaboraven-rodenden-6-novi-idei-kako-da-go-proslavite-vashiot-rodenden-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Направи сам“ вечера

    rnНаместо вашите сакани луѓе да ги однесете во некој ресторан на вечера, направете го тоа во рамките на вашиот дом, но нема да ја подготвувате сами, туку сите заедно ќе се вклучите. Можеби вашето момче сѐ уште не знае да направи обично турско кафе, но барем може да ја нареди масата. Што ќе зготвите, тоа ќе јадете, а сигурни сме дека ќе биде доста интересно да ги набљудувате луѓето што не знаат ништо да зготват во кујната. За среќа, тука е Интернетот, па ако и вие не сте по готвењето, можете да најдете многу туторијали кои ќе ви помогнат да зготвите нешто. Кој обожава да готви од вашите пријатели, тој ќе биде ѕвезда на вечерта!rn

    2. Нешто што досега го немате направено, бидејќи се плашите, но навистина сакате да го пробате

    rnСтравот ве спречил да скокнете од авион или да одите на картинг, но роденденот е вистинскиот момент да излезете од вашата удобна зона и да го направите тоа! Со пријателите, секако, така вашиот страв ќе биде помал. На овој начин ќе имате роденден кој ќе го памтите засекогаш, бидејќи навистина бил поразличен.rn

    3. Нешто што отсекогаш сте сакале да го научите, а не сте го сториле тоа никогаш

    rnНа пример, да плетете, да научите стомачен танц или нешто друго. Секој има тајна страст. Затоа, прославете го вашиот роденден сосема поразлично и конечно научете го она за кое отсекогаш сте фантазирале!rnrn2-ovaa-godina-imajte-nezaboraven-rodenden-6-novi-idei-kako-da-go-proslavite-vashiot-rodenden-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кампување

    rnАко не сакате класично патување кое сте го доживеале многупати досега, тогаш изберете кампување. Вистинско кампување, со шатори, логорски оган… Или пак нешто слично. Ослободете ја вашата фантазија! Соберете ги вашите пријатели и забавата нека започне. Да, ниту ваквиот роденден никогаш нема да го заборавите.rn

    5. Нешто целосно детско

    rnБез разлика на тоа колку години полните, никогаш нема да бидете премногу стари за да се потсетите како ви било во детството и роденденот да го поминете во некој забавен парк врескајќи на сите оние „справи за мачење“, на трамбулината, или на пејнтбол… Што било поради кое ќе ви „скокне“ адреналинот или поради кое ќе плачете од смеење.rn

    6. Разгалете се

    rnВашиот роденден, на крајот на краиштата, е ваш ден. Затоа, посветете го целото внимание кон себе и почестете се со некои козметички третмани, спа третмани, масажи… Барем за вашиот ден чувствувајте се како принцеза!rnrn3-ovaa-godina-imajte-nezaboraven-rodenden-6-novi-idei-kako-da-go-proslavite-vashiot-rodenden-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

  • Како нашиот мозок создава креативни и оригинални идеи?

    Како нашиот мозок создава креативни и оригинални идеи?

    Според истражувачите, креативноста е способност да размислуваме на нови и оригинални начини за решавање на проблемите. Но, не секое ново решение е креативно. Ако идејата не е целосно применлива, тогаш не се смета за креативна, туку како конзервативна. Претпоставка на истражувачите е дека за да биде создадена креативна идеја, мозокот мора да активира многу различни, а понекогаш и контрадикторни мрежи.rnrnrnrnВо првиот дел од истражувањето на испитаниците им била дадена половина минута да дојдат до нова и оригинална идеја за употреба на различни објекти. Добиените одговори биле со висок процент на оригиналност. Во вториот дел од истражувањето од испитаниците било побарано во рок од половина минута да го дадат нивниот најдобар карактеристичен (и прифатлив) опис на дадениот објект. Во текот на истражувањето сите испитаници биле скенирани со помош на функционална магнетна резонанца за испитување на мозочната активност.rnrnИстражувачите откриле покачена мозочна активност во асоцијативната област на мозокот на испитаниците чии креативни идеи биле со највисока оригиналност. Оваа област која ги опфаќа предните медијални подрачја на мозокот, главно работи „во позадина” кога личноста не е концентрирана, слично на начинот на „сонување со отворени очи”.rnrnНо, истражувачите исто така откриле дека оваа област не работи сама. За одговорот да биде оригинален, дополнителната мозочна област која има административна контролна улога е во тесна соработка со асоцијативната област. Паралелната соработка помеѓу овие две мозочни област допринесува до создавање оригинална креативна идеја.rnrnРезултатот од паралелното управување на мозокот со овие две области резултира со креативност. Истражувачите заклучуваат дека е можно најголемите креации на човештвото да се создадени од луѓе кои имале многу силна врска помеѓу овие две мозочни области.

  • Оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани од Дизни

    Оригиналните застрашувачки приказни кои стојат зад вашите омилени цртани од Дизни

    Сигурно веќе сте слушнале дека со текот на годините, бајките од Браќата Грим се „модификувани“ со цел да бидат попријатни за малите деца. Но, до кој степен се променети овие приказни? Започнувајќи од силувањето на Заспаната убавица, па сè до крвавата одмазда на Пепелашка, погледнете ги 7-те најзастрашувачки и најужасни оригинални приказни на добро познатите ликови од Дизни.rn

    1. Пепелашка

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Во цртаниот филм од Дизни кој бил направен во 1950 година, Пепелашка и Принцот се венчаат и живеат заедно до крајот на нивниот живот.rnrnКако навистина завршува приказната: Во бајките на браќата Грим, Ашенпутел и нејзиниот принц го добиваат својот среќен крај, но нејзините полусестри имаат крвав и застрашувачки крај. Во цртаниот филм сестрите беа приморани да живеат со својата љубомора кон Пепелашка, но во вистинската приказна една од нив ги сече своите прсти за да може нејзиното стапало да го собере во златната чевла, додека пак нејзината сестра ја отсекува својата пета. Но, тоа не е најлошо од сè. За време на свадбата на Ашенпутел и нејзиниот принц, гулаби долетуваат од рајот и им ги откопуваат очите на сестрите. Ужасно.rn

    2. Малата сирена

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Ариел засекогаш е претворена во човек од страна на својот татко и до крајот на својот живот е среќна со нејзиниот сопруг, принцот Ерик. Колку убаво.rnrnКако навистина завршува приказната: Во верзијата на Ханс Кристијан Андерсен, неговата сирена не посакала нозе само за да може да го добие момчето, туку поради тоа што сирените не одат во рајот како луѓето. Исто така, во неговата верзија од бајката, таа чувствувала како да оди врз ножеви секогаш кога ќе направела чекор. Но, тоа не е сè. Таа не успеала во својата мисија да го натера принцот да ја засака, кој доколку се заљубел во неа, неговиот бакнеж ќе префрлел дел од неговата душа во нејзиното тело и со тоа ќе ѝ овозможел задгробен живот. Токму затоа на денот на нивната венчавка, таа се фрлила во океанот и се удавила.rnrnНа страна од сè, оваа приказна на некој начин има среќен крај, бидејќи наместо да се претвори во морска пена, таа станала „ќерката на воздухот“, а со тоа добила втора шанса да ја заслужи својата душа. Сè што треба е да направи доволно добри дела.rn

    3. Снежана

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Принцот со бакнеж ја буди Снежана и ја носи до својот замок. Исто така, Злобната кралица умира откако ќе падне од карпа.rnrnКако навистина завршува приказната: На истиот начин, но повторно во верзијата од браќата Грим имало посуров завршеток за негативниот лик. Кралицата била поканета на свадбата на Снежана и принцот, што изгледа како добар гест, но откако пристигнала на свадбената забава ѝ дале пар жешки чевли од железо во кои била присилена да танцува до својата смрт.rn

    4. Заспаната убавица

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Принцот го победува змејот, ја бакнува заспаната девојка и потоа танцува со неа додека ѝ се менуваат боите на фустанот.rnrnКако навистина завршува приказната: Во приказната „Сонце, Месечина и Талија“ од 17-ти век, напишана од страна на Џамбатиста Басил, принцот не ја бакнува Талија која ја нашол како спие. Тој всушност бил крал и ја силувал. Таа се разбудила неколку месеци подоцна, со 2 близнаци, Сонце и Месечина, па дури потоа се нашла со кралот кој бил веќе во брак. Таа го добила својот среќен крај, но дури откако актуелната кралица се обидела да го натера кралот да ги изеде своите бебиња, поради што тој ја фрлил во оган и се оженил со Талија за казна.rn

    5. Пинокио

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Пинокио го спасува Џепето од китот и токму затоа е награден од страна на Сината самовила со човечки живот. Џимини штурецот добива работа како лиценцирана совест.rnrnКако навистина завршува приказната: Вистинската приказна од Карло Колоди е навистина ужасна. Тој го убива Џимини во првата сцена, а Џепето оди во затвор за немарност. Откако ќе излезе, кутриот Џепето го продава своето единствено палто за да му купи книга на Пинокио и да го испрати во училиште. Но, Пинокио ја продава својата книга за театарски билети и приказната од тука нагло се влошува. На крај, Фокс и Кет го обесуваат Пинокио за дрво, каде што ќе го остават да се загуши.rn

    6. Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Квазимодо не го добива баш својот среќен крај со Есмералда, но го прифаќа фактот дека таа не го гледа него на тој начин. Исто така, тој повторно станува дел од општеството откако ќе го победи злобниот Фроло и луѓето го обожаваат!rnrnКако навистина завршува приказната: Бајката „Грбав“ била оригинално напишана од Виктор Иго, па можете да замислите како завршува оваа приказна. На кратко, Фроло ја обесува Есмералда, па Квазимодо го убива Фроло и на крај Квазимодо плаче покрај трупот на Есмералда кој се распаѓа и со тек на време умира од глад.rn

    7. Лисицата и ловечкиот пес

    rnЗастрашувачките оригинални приказни на вашите омилени ликови од ДизниrnrnКако вие мислевте дека завршува приказната: Тод го живее својот живот надвор, како лисица, а Купер продолжува со својот живот како ловечко куче и никогаш нема да ги заборават оние години кога другаруваа.rnrnКако навистина завршува приказната: Дали седите? Добро. Затоа што во оригиналната приказна од страна на Даниел П. Маникс, Купер го брка Тод сè додека не умре од умор. Потоа сопственикот на Купер се преселува во дом за стари, но претходно го убива Купер со сачмарка. Толку од среќниот крај.

  • 10 преработки на песни што се подобри од оригиналот

    10 преработки на песни што се подобри од оригиналот

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnОткако постои музиката, создавањето и снимањето песни, луѓето се занимаваат со нивна преработка и реинтерпретирање. Голем број преработени песни се забораваат, но постојат и такви кои се толку успешни што го фрлаат во сенка оригиналниот материјал. Следува листа која е составена од некои од оние исклучително добри преработки, кои на различни начини ги засенија нивните претходници.10 преработки на песни што се подобри од оригиналотrn

    1. „Twist And Shout“ во изведба на Битлси

    rnОдамна пред „Twist And Shout“ да се појави во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“ (Ferris Bueller’s Day Off), пред да ја прослават Битлси во 1963 година, беше снимена од бенд со име The Top Notes. Битлси ја зедоа песната и ја направија хит. Можеби The Top Notes имале добри намери, меѓутоа нивната верзија звучи малку безживотно, додека неверојатната четворка од Ливерпул понуди разиграна мелодија, која поттикнува на танцување и не може да го изгуби својот сјај. Слушнете го оригиналот.rn

    rn.

    rn

    2. „Nothing Compares To You“ во изведба на Шинед О’Конор

    rnМногумина ја поврзуваат оваа балада со Шинед О’Конор и само со нејзе. „Nothing Compares To You“, хитот што во 1990-та ја проби O’ Конор, е всушност песна напишана од Принц (Prince) во 1985 година, снимена од група со име „The Family“ и се наоѓа на нивниот еден и единствен истоимен албум. Нивната верзија на песната никогаш не излегла како сингл и поминала многу незабележана. За среќа, се појави О’Конор и преку нејзиниот успех му го претстави на светот ова неверојатно парче уметност. И самиот Принц ја изведе песната во живо во шоуто на Елен Деџенерис во 2004 година, но неговиот перформанс по незаменливата изведба на О’Конор, звучеше како лоша, дневна џез верзија. Едноставно речено, Шинед О’Конор ја направи оваа песна само своја и ничија друга.rn

    rn.

    rn

    3. „Over The Rainbow“ во изведба на Израел Камакавиво’оле

    rnИзраел можеби не го поседува моќниот вокал на Џуди Гарланд, ниту пак главната улога во филмот за кој беше напишана оваа песна, но неговата верзија на „Over The Rainbow“ ја има предноста да биде свечена и возвишена. Прекрасниот оригинал на Гарланд пак, има некоја нишка на меланхолија која едноставно не може да се најде во верзијата на Израил. Дополнително, покрај оваа мелодија од 1993-та, истиот изведувач ја потсети публиката на уште една убава песна од ’68, „What A Wonderful World“.rnrnСвирењето на укулеле (хавајска гитара) стана исклучително популарно последниве години. Звукот од оваа гитара неколкупати се слушна на Билборд топ листите, беше дел од многу реклами, телевизиски емисии и филмови вклучувајќи ги и „50 први состаноци“ (50 First Dates) и „Итна служба“ (ER). И двете верзии од песната се прекрасни и вредат да им се восхитувате, онака како што му се восхитувате на појавувањето на дуплото виножито на небото.rn

    rn.

    rn

    4. „Lady Marmalade“ во изведба на Кристина Агилера, Л’ил Ким, Пинк и Миjа

    rnОваа женска заведувачка химна првично ја прослави ЛаБел (LaBelle) во 1974 година, меѓутоа доби вистински третман на дива во 2001 година кога беше повторно снимена за филмот „Мулен Руж“ (Moulin Rouge) на Баз Лурман. Кристина Агилера, Л’ил Ким, Пинк и Миjа ги позајмија своите вокални способности на преработката продуцирана од Миси Елиот, која го изведе почетокот и крајот на темата.rnrnПреработката на „Lady Marmalade“ беше втора песна во историјата на Билборд-музичката листа (Billboard chart) која стигна до првото место според слушаност, без претходно да биде објавена во комерцијален формат, или со други зборови, без да биде издадена на цеде-албум или како сингл-цеде. Видеоспотот ја зеде наградата за видео на годината на Видео музичките награди на МТВ (MTV Video Music Awards).rn

    rn.

    rn

    5. „Sweet Dreams“ во изведба на Мерилин Менсон

    rnЈуритмикс (The Eurythmics) и Мерилин Менсон се разликуваат еден од друг во однос на жанрот. Меѓутоа, верзијата на Менсон ја зграпчува границата на агресивната природа на Ленокс и нејзината двополова појава во оригиналниот музички спот. Водејќи се по својот препознатлив стил, Менсон ги помести границите на оваа песна подалеку отколку што ги поставија Јуритмикс со нивната верзија и со тоа постигна оваа преработка да биде еден од неговите најголеми мејнстрим хитови.rnrnМенсон ја продуцираше својата верзија заедно со Трент Резнор, кој сигурно бил шокиран, како и многу други, кога открил дека оваа преработка била употребена на турнејата Циркус (The Circus) на Бритни Спирс во 2009 година. Двете верзии делат сличен дух, но Менсон е далеку позабавен со неговата верзија (многу е потешко да се игра на оваа) која е доста соодветна да ја згрмите кога возите по автопат.rn

    rn.

    rn

    6. „The Man Who Sold The World“ во изведба на Нирвана

    rnПреработката на Нирвана на песна од Дејвид Боуви првично може да изгледа несоодветно, но сепак и двете дела се револуционерни и токму тоа прави оваа врска да има смисла. Различни написи ги цитираат зборовите на Боуви:rn

    „После неколку мои изведби на таа песна, неколку деца ми пријдоа и ми рекоа, кул е што изведуваш песни од Нирвана, а јас само си помислив, носете се мали никаквеци“.

    rnИсто така, беше цитиран како го вели следново за преработката:rn

    „Бев едноставно воодушевен кога открив дека мојата работа му се допаѓа на Курт Кобејн и отсекогаш сум сакал да разговарам со него за причините поради кои ја преработи „The Man Who Sold The World“. Тоа беше јасен препев и некако звучеше многу искрено. Ќе беше убаво да имамве нешто сработено заедно, но и еден разговор ќе беше доволен“.

    rnТешко е да се каже дали овие изјави се точни од збор до збор, но едно е сигурно „The Man Who Sold The World“ е редок препев кој лесно можел да го создаде кој било од нив двајцата.rn

    rn.

    rn

    7. „Baby One More Time“ во изведба на Bowling For Soup

    rnВо 2005 година, Bowling For Soup ја препеаја песната со која се проби Бритни Спирс во 1999 година, за саундтракот на филмот „Лудиот петок“(Freaky Friday) од 2003 година. Оставајќи ја зад себе лесно сварливата поп мелодија на Бритни, нивниот препев доби епитет на мрачна и гневна рок песна. Иако има простор да се каже нешто и за носталгијата кон стариот звук на поп хичето од Бритни, сепак верзијата на оваа група, ја направи песната далеку потрајна и подрага.rn

    rn.

    rn

    8. „Hurt“ во изведба на Џони Кеш

    rnПомалку од една година пред неговата смрт во 2003-та, Џони Кеш се позанимава со мрачната мелодија на Nine Inch Nails, „Hurt“. Песната и придружниот спот добија многу признанија, а таа остана како негово последно писмо до светот и неговите фанови. Песната му беше предложена на Кеш од страна на продуцентот Рик Рубин, исто така пријател со Трент Резнор. Додека Резнор влева чувство на самопрезир со својот вокал, песната станува помоќна со изведбата на Кеш, во која можат да се прочитаат интензивни чувства на гнев и тага.rn

    rn.

    rn

    9. „Blinded By The Light“ во изведба на Manfred Mann’s Earth Band

    rnАко некогаш воопшто имало песна која го покажува феноменот „преработките што никој не знае дека се преработки“, тоа веројатно е оваа.  Кога Брус Спрингстин ја сними и ја издаде „Blinded By The Light“ на својот деби албум во 1973 година, таа остана многу незабележана. Кога Manfred Mann’s Earth Band ја снимија песната во 1977, таа стана сензација. Преземената песна на Mанфред Мен сè уште добива прилично добра застапеност на одредени радио станици и со право беше хит број еден.rn

    rn.

    rn

    10. „Hallelujah“ во изведба на Џеф Бакли

    rnПрекрасниот, речиси ангелски глас на Џеф Бакли е комплетна спротивност на рапавиот, зарипнат глас на Леонард Коен. Иако двете верзии се фасцинантни на свој начин, верзијата на Бакли преминува во нешто поголемо. За жал, Бакли не доживеа да го види успехот на музичките листи на она што остана како негов личен потпис.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оригинали vs. преработки на познати музички хитови

    Оригинали vs. преработки на познати музички хитови

    Големите хитови кои оставиле трага во музичкиот свет се паметат и пеат со генерации. Сепак, за продолжување на животот на некои антологиски песни, заслужни се и нивните преработки, кои понекогаш звучат дури и подобро од оригиналот.rnОригинални vs. Преработени музички хитовиНие направивме мала споредба на неколку песни, па вие одлучете која повеќе ви се допаѓа.rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    1. Red Hot Chili Peppersrn- Under the Bridge

    rn

    rn

    –> All Saints

    rn

    – Under the Bridge

    rn

    rn

    2. 50 Cent ft. Justine Timberlakern- Ayo Technology

    rn

    rn

    –> Milowrn- Ayo Technology

    rn

    rn

    3. Michael Jacksonrn- Smooth Criminal

    rn

    rn

    –> Alien Ant Farmrn- Smooth Criminal

    rn

    rn

    4. Bob Marleyrn- No woman no Cry

    rn

    rn

    –> Stephen Marleyrn- No woman no Cry

    rn

    rn

    5. Patti Smithrn- Because the Night

    rn

    rn

    –> Cascadarn- Because the Night

    rn