Оваа реклама, што оригинално била создадена како краток филм од Greenpeace, се фокусира на палминото масло и на опасностите за околината што настануваат како резултат на сечење на шумите во региони како Малезија и Индонезија. На овие места, повеќе од 2,5 милиони акри дождовна шума се губи на годишно ниво. Сечењето на дрвјата за да се направи простор за палми од кои потоа ќе се произведува масло, води до драстично намалување на популацијата на орангутаните. Во моментов тие се критично загрозени, со само 3 преостанатите видови. Според истражувањата, се верува дека од 1.000 до 5.000 орангутани умираат во процесот на создавање палмино масло секоја година.rnrn
rnrnРекламата се фокусира на орангутанчето Ран-Тан, што се плаши од загубата на природното живеалиште, најблиското семејство и можноста за изумирање на неговиот вид. Целта е да се прошири свесноста за уништувањето на дождовните шуми предизвикани од создавањето палмино масло, и застрашувачкото влијание на овој процес врз орангутаните. Сепак, и покрај добрата намера, оваа реклама е забрането да се пушта на телевизија покрај останатите реклами од слични супермаркети. Според Clearcast, компанијата одговорна за одобрување на рекламите пред емитување, приказната на Ран-Тан е премногу политичка за да се покажува на малите екрани. Но, дали тоа е навистина така? Дали оваа реклама не заслужува да биде покажана на што поголем број луѓе ширум светот? Погледнете го видеото и одлучете самите!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JdpspllWI2o
Tag: орангутан
-

Моќна божиќна реклама е забранета во Исланд, под изговор дека е „премногу политичка“
-

Верното пријателство помеѓу кучето Роско и орангутанот Сурија
Орангутан и куче, кој би рекол? Но, сепак постои и вакво пријателство. Кучето Роско и орангутанот Сурија си имаат и своја сликовница која им ја направиле сопствениците, каде што сите нивни фанови можеле да се потпишат на нејзината промоција во една книжарница во Џорџтаун, Јужна Каролина.rnrnПриказната за нив започнува на плажата Миртел бич, каде Сурија го забележала напуштениот Роско. Таа му пришла и тоа веднаш прераснало во неразделно пријателство. Сопствениците на Сурија го вдомиле и Роско и оттогаш па натака тие прават сè заедно, но се чини највеќе уживаат во пливањето. Едно е сигурно. Природата понекогаш нè изненадува со нејзините чудни пријателства.rnrn

















rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Орангутан бакнува мало момче в уста
Кога ова момченце ги залепило неговите усни на стаклото, за возврат добило повеќе отколку што очекувало. Џиновскиот орангутан очигледно е доста емотивен бидејќи веднаш возвратил на невиниот детски бакнеж, односно ја изимитирал неговата постапка. Мајмунска работа! 🙂
Овој неверојатен момент го уловила руската фотографка Олга Димитриева, на која фотоапаратот ù бил при рака во моментот на случување на необичниот бакнеж во московската зоолошка градина. Присутните луѓе останале вџашени кога ја виделе фотографијата. Олга вели дека тоа било прекрасно нешто кое имала прилика да го посведочи.rnrnВо московската зоолошка градина има повеќе од 6.000 животни и 1.000 различни видови, кои се сместени на површина од 21 хектар земја. Експертите во овој центар го проучуваат однесувањето на животните, нивниот начин на исхрана и размножување. Многу од животните кои се чуваат во оваа зоолошка градина се ретки и загрозени видови.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината
Орангутаните се познати како „шумски луѓе“, а откако ќе го погледнете видеото кое се наоѓа во продолжение, ќе ви стане јасно зошто го имаат добиено тој назив.
Бришејќи се со мокра крпа, овој орангутан знае точно како да се справи со летните горештини. Интелигентното животно седејќи на тревата во зоолошка градина во Токио, прво си ја натопува крпата во базен, а потоа со рацете убаво ја цеди од водата, исто како што тоа го правиме ние луѓето.
Допирајќи се со мократа крпа, орангутанот изгледа како да ужива во својата генијална идеја за разладување.
За да биде уште поинтересно, до базенот доаѓа уште мало орангутанче кое сака да ја позајми мократа крпа. Откако орангутанот одбива да му ја даде на малиот мократа крпа, тој почнува да плиска вода по своето лице, користејќи ги рацете.
Орангутанот ги воодушевил посетителите на јапонската зоолошка градина, а сега тој забавува илјадници љубители на животни ширум светот, откако стана голем хит на Јутјуб. Видеото е поставено пред една седмица, а веќе има над 300.000 гледања. Уживајте во мајмунскиот перформанс. :)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.