КАФЕ ПАУЗА

Tag: опкружување

  • Еве како стоењето покрај вода може да влијае на вашиот мозок

    Еве како стоењето покрај вода може да влијае на вашиот мозок

    Најверојатно и вие сте ја почувствувале онаа смиреност кога се наоѓате покрај езеро, море, океан или река. Истражувањата покажале дека водата дава чувство на смиреност и има позитивен ефект врз вашиот мозок. Гледањето на водата и слушањето на нејзиниот звук има моќ да релаксира и да го ослободи вашиот мозок, при што се подобрува и вашето расположение. Често нарекуван „син простор“, влијанието на реките, морињата и езерата врз вашата среќа е истражувано од повеќе невронаучници и психолози. Валејс Ј. Николс, морски биолог, вели дека со самото тоа што околу вас имате син простор, можете да го подобрите вашето ментално здравје.rnrnrnrnЕве кои придобивки ќе ги имате доколку сте опкружени со вода.rn

    1. Водата предизвикува состојба на медитација

    rnКога ќе го слушнете бранувањето на водата, тоа веднаш може да ве воведе во состојба на медитација. Звукот на брановите предизвикува опуштена состојба, а дури и едноставното набљудување на движењето на водата го смирува вашиот ум. Ова може да ви помогне да ги намалите депресијата, нивото на стрес, анксиозноста, како и значително да го подобрите спиењето.rn

    2. Водата предизвикува инспирација и креативност

    rnКога сте во близина на водата, вашиот мозок се опушта и ви овозможува да не бидете фокусирани само на мислите околу работните обврски, коишто пак се главните виновници за стресот или анксиозноста. Кога сте поопуштени, вие имате поголема инспирација и сте повеќе креативни.rn

    3. Водата ви дава чувство на страхопочит

    rnСтрахопочита е важен фактор во психологијата. Всушност, ова не само што ви овозможува да живеете во сегашниот момент, туку предизвикува да размислувате и за светот околу вас и поврзувањето со околината.rnrnrn

    4. Водата ги зголемува придобивките од вежбањето

    rnНесомнено е дека вежбањето е добар начин да ја подобрите вашата ментална благосостојба, а доколку трчате или пешачите околу вода, вие десет пати ќе ги зголемите овие придобивки. Пливањето или возењето велосипед покрај река ќе ви даде поголем душевен мир отколку вежбањето во затворена просторија. Ова е последица на синиот простор којшто ве опкружува, при што предизвикува да имате поголеми придобивки од вежбањето.rn

    5. Водата е богат извор на негативни јони

    rnПозитивните и негативните јони влијаат на тоа како се чувствувате. Позитивните јони се испуштаат од електричните апарати како што е компјутерот, микробрановата печка или пак фенот, додека пак негативните јони се создаваат од водопадите, брановите и бурите. Богатата количина на негативни јони ја забрзува вашата способност за апсорбирање кислород, го балансира нивото на серотонин (хемиски поврзан со расположението и стресот) и придонесува кон подмладување на умот и подобрување на будноста и концентрацијата.rn

    6. Капењето ви овозможува да го освежите вашето тело

    rnПриродното капење во море, езеро или река има моќ во голема мера да го „оживее“ вашето тело. Со температурните разлики можете да обезбедите смирувачки третман за вашите нерви и да го освежите вашето тело, како физички, така и метално, додека пак капењето во потопла вода во текот на летото може да ви помогне да ги релаксирате вашите мускули.

  • Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

    Како да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?

    Сите сакаме да бидеме здрави, среќни и продуктивни, трите нешта кои гарантираат исполнет живот. Кои се навиките на здравите, среќни и продуктивни личности?rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rn

    1. Благодарност

    rnОние кои можат да го видат доброто во секоја ситуација имаат поголема веројатност да живеат среќен живот. Така што, без разлика во која фаза од животот се наоѓате и што ви се случува, барајте го доброто и позитивното во секоја ситуација. Фокусот на позитивните нешта може да стори чуда за вас.rnrnВо едно истражување спроведено на Универзитетот Дејвис во Калифорнија, психолозите утврдиле дека луѓето кои пишувале дневник со само 5 нешта за кои се благодарни за секоја недела се чувствувале подобро, биле пооптимистични, имале помалку здравствени проблеми и повеќе спиеле.rnrnВо духот на оваа поука, слушнете една позитивна песна која ќе ве натера да помислите со што сè сте благословени.rn

    2. Преземање акција

    rnНајчесто е многу тешко да се направи првиот чекор, да се излезе од безбедната зона, да се победи стравот и да се соочите себеси со предизвикот. Но, токму надвор од безбедната зона се случуваат чуда. Зацртување на целите и работењето на нив се загарантиран пат до успехот.rnrnСпоред Американското здружение за среќа (American Happiness Association), нашата среќа е 50% генетски предодредена, 40% зависи од нас самите, додека 10% зависи од демографските услови, односно статистиката на населението и оние кои нè опкружуваат.rn

    Не грижете се доколку изгубите чувство за време!

    rnГубењето чувство за време не значи дека губите време, па не плашете се понекогаш едноставно да заборавите на времето што минува. Често се случува среќните и исполнети луѓе целосно да се внесат во она што го работат и да изгубат осет за време, правејќи го она што ментално ги стимулира и исполнува. Губењето чувство за време е природен тек на креативноста и луѓето кои знаат да се „изгубат“ правејќи го она што го сакаат се позафатени, имаат поголема самодоверба и создаваат подолготрајно чувство на среќа и задоволство. Затоа доколку имате хоби, препуштете му се, правете го со страст, изгубете се во она што го правите.rn

    3. Физичка активност на чист воздух

    rnЕдна од многуте придобивки на вежбањето и физичката активност е тоа што ви помага да се ослободите од негативните емоции, а вежбањето во природа на чист воздух само ќе ви ги разбистри мислите и ќе ви даде една поинаква перспектива на светот.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rn

    Вежбањето на отворено:

    rn

      rn011

    • ќе ви помогне побрзо да се ревитализирате и заздравите
    • rn011

    • ќе ви го зголеми нивото на енергија и на уживање од вежбањето
    • rn011

    • ќе ви го намали чувството на депресија, бес и тензија
    • rn

    rnИнтересен факт: Според американското метеоролошко здружение, совршената температура за среќа е 14˚C.rn

    4. Смеење

    rnСмеењето е јасен знак на среќа, но редовното смеење е многу подобро за вас отколку што можете да си замислите. Смеењето помага при ослободување на хормонот ендрофин кој се бори со стресот и болката.rn

    Сте знаеле ли дека:

    rn

      rn011

    1. 15 минути смеа може да го зголеми прагот на издржливост на болка за 10%?
    2. rn011

    3. Смеењето е поврзано со вашиот социјален живот. За 30 пати е поверојатно дека ќе се насмееме во друштво на други отколку кога сме сами.
    4. rn

    rnНе заборавајте дека смеата е заразна. Сигурно сте забележале дека кога некој се смее поттикнува смеа и кај оној кој е во негово друштво.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rnrnИнтересен факт: Во 1962 во Танзанија децата на училиште почнале неконтролирано да се смеат што придонело за спонтани насмевки кај околу 1.000 луѓе.rn

    5. Зборување наспроти слушање

    rnСослушувањето на другите не значи само одржување на постабилни врски со луѓето и создавање позитивна атмосфера. Слушањето исто ви помага да ги спречите мислите кои ве деконцентрираат. Пробајте да слушате повеќе отколку да зборувате. Така апсорбирате повеќе знаење и изгледате посамоуверено, иако ви изгледа дека важи обратното.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rn

    Значењето на зборовите го извлекуваме:

    rn

      rn011

    • 55% од изразот на лицето на соговорникот
    • rn011

    • 38% од начинот на кој зборовите се кажани
    • rn011

    • 7% од зборовите кои се кажани
    • rn

    rnИнтересен факт: Помалку од 2% од луѓето општо стекнале формално образование за тоа како да слушаат.rn

    Ако мислите дека не ги слушате доволно луѓето кога разговарате, пробајте ги следниве совети:

    rn

      rn011

    1. Гледајте го соговорникот и внимавајте на контактот со очи.
    2. rn011

    3. Навалете се кон соговорникот и не прекрстувајте ги рацете.
    4. rn011

    5. Не прекинувајте го соговорникот додека зборува и не дозволувајте си да бидете деконцентрирани од вашиот мобилен.
    6. rn011

    7. Парафразирајте го она што сте го чуле за вашите соговорници да бидат сигурни дека сте ги слушнале и разбрале.
    8. rn

    rn

    6. Дарување

    rnСо правење добро на другите си правите добро и самите себе. Хуманитарната работа и донациите се добри за физичкото како и за менталното здравје.rnrnВерувале или не, алтруизмот, односно грижата за другите и несебичноста, го поттикнуваат чувството на еуфорија во мозокот. Оние кои редовно волонтираат и помагаат имаат подобро психичко здравје од другите и помалку се склони кон депресија.rnrnИнтересен факт: За жените е поголема веројатноста да донираат пари, додека мажите почесто волонтираат и им пружаат помош на непознати.rn

    7. Опкруженост со среќни личности

    rnСреќата не е изолирана туку постојано е под влијание на опкружувањето. Колку посреќно и попозитивно е вашето опкружување, толку посреќни ќе бидете и вие самите.rnrnКако да бидете поздрави, посреќни и попродуктивни личности?rnrnЕдно истражување спроведено на 4.000 луѓе во времетраење од 20 години покажало дека среќата е феномен на поврзаноста. Оние кои се опкружени со среќни луѓе и самите имаат поголема шанса да бидат среќни.rn

    Колку е заразна среќата?

    rn

      rn011

    • 15,3% од луѓето имаат поголема веројатност да бидат среќни ако нивен близок пријател е среќен.
    • rn011

    • 60% од луѓето имаат поголема веројатност да бидат среќни ако близок заеднички пријател кој живее блиску до нив е среќен.
    • rn

    rnИнтересен факт: Најчесто нивото на вашата среќа е просек од чувствата на 5-те личности со кои најчесто го минувате времето.rnrnУште еден интересен факт: Вашата среќа е толку заразна што може да се пренесе до 3 нивоа, односно до пријател на пријателот на вашиот пријател!

  • 15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

    15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

    Среќата не е дестинација каде треба да се стигне, среќата едноставно е пат низ животот, начин на размислување и гледање на нештата. Кога ќе ги погледнете среќните луѓе сфаќате дека тие шират топлина, љубезност и разбирање, дека се чувствуваат удобно во својата кожа и се прифатиле себеси такви какви што се. Најважно од сè тие не се преокупирани со наоѓање среќа бидејќи знаат дека таа е пред нив, спакувана во сите мали животни задоволства. Еве за што не се грижат навистина среќните луѓе и за што не треба да се грижи никој од нас.rnrn15 нешта за кои не се грижат среќните луѓеrn

    1. Материјалните работи

    rnСекако, материјалните работи се важни, и како што некој рекол подобро ќе плачам во Ферари отколку во Југо. Но, дали материјалните работи треба да ни бидат главниот фокус во животот? Дали се мерило за нашата среќа? Не. Одберете да си ја вршите работата со страст и љубов, да дадете најмногу од себе за да разубавите нечии животи, а кога одвреме-навреме ќе се слеат пари, бидете задоволни, но не зависете од нив. Луѓето кои се зависни од материјалните нешта ја наоѓаат својата лажна среќа во нив и никогаш не им е доста, никогаш нема да бидат исполнети ниту пак вистински среќни.rn

    2. За она што ќе го добијат за возврат

    rnНе е добро дело доколку очекувате награда, и никогаш нема јасно да ги видите „сметките“ колку сте дале и колку ви должат. Наместо да се преокупирате со тоа, живејте слободно, правете добри дела не очекувајќи „исплата“ за истите.rn

    3. За очекувањата и нормите на општеството

    rnПостојаните обиди да ги задоволите другите и да се вклопите негде може да бидат стресни и да влијаат многу лошо на вашата среќа. Наместо тоа, живејте го животот на ваш начин. Да, многу полесно е да се каже отколку да се направи, но претпоставувам за тоа е потребно вежбање. Почнете да се ослободувате себеси и да се чувствувате удобно во својата кожа. Бидете свои и со тек на време тоа ќе ви стане навика. Наместо да следите некои здодевни веќе поставени шеми, вие создавајте свои правила. Никој не гради среќно постоење со обидите да се вклопи некаде или да биде нечија копија, нели?rn

    4. За предрасудите на луѓето

    rnЛуѓето имаат многу предрасуди, најчесто со цел да се чувствуваат подобро самите за себе бидејќи им недостига самодоверба. Среќните луѓе не се грижат за предрасудите на општеството бидејќи знаат дека тие се поставени од личности кои се борат со своите комплекси. Во живеењето на својот сон нема да ги попречи нивниот пол, возраст, висина, потекло, боја на кожа и сл.rn

    5. За нечија дозвола

    rnНели е заморно да се живее со постојана потреба да се задоволат сечии барања? Што правиме доколку за сè чекаме зелено светло од некој друг? Можеби токму на тој начин го одлагаме нашиот исполнет живот. Никогаш нема сите да се согласуваат 100% со вас и секогаш ќе има некој кој ќе ве гледа со сомнеж. Вие сепак продолжете и сторете го она што сте го наумиле. Не дозволувајте ничие мислење да ве обесхрабри.rn

    6. За потребата постојано да се во право

    rnНема некој кој знае сè и кој има одговори на секое прашање. Бидете отворени за нови лекции и не поставувајте се како супериорни личности кои знаат сè што треба да знаат за животот. Не секогаш ќе бидете во право и тоа е во ред. Слушнете што другите имаат да ви кажат. Некогаш најголемите лекции доаѓаат кога најмалку ги очекувате.rn

    7. Не се зависни од погодно опкружување

    rnЗошто да се преокупирате со вашето опкружување и да дозволите тоа да ви биде пречка во животот? Променете го она што не ви одговара, прифатете го она што не може да го промените, дајте сè од себе. Никогаш околностите нема да бидат совршени, сепак одберете да дејствувате.rn

    8. За споредување со другите

    rnПостојаното споредување со другите е нездрава навика која ве спречува да живеете слободно. Никогаш нема да знаете како им е на другите и никогаш нема да ја согледате објективната слика. Наместо тоа, одберете да се споредувате самите со себе. Гледајте секој ден да станувате подобра верзија од себеси.rnrn15 нешта за кои не се грижат среќните луѓеrn

    9. Не се мешаат во туѓите животи

    rnМешањето и зборувањето за туѓите животи е само показател дека твојот живот не е доволно возбудлив и исполнет. Среќните луѓе одбираат да си ги средат сопствените дворови наместо да зборуваат за туѓите.rn

    10. Не се грижат за озборување

    rnОзборувањето е плитка карактеристика на луѓето кои немаат попаметна работа, и среќните луѓе се свесни за тоа. Озборувањата се шират како вирус и со секое прекажување добиваат нова форма. Одберете да не го пополнувате слободното време со ваква активност и да ја запознаете личноста сами наместо да ја оцените според тоа што другите зборуваат.rn

    11. Не трошат време на отровни врски

    rnБез разлика дали станува збор за љубовна или пријателска врска, секој од нас искусил токсична врска која ви ја зема позитивната енергија и не ви дозволува да живеете слободно. Да, можеби на почетокот ќе ви биде тешко отсечно да пресечете и ставите крај, но за брзо ќе си бидете благодарни самите себе. Опкружете се со позитивни личности кои ве надградуваат и ве мотивираат да го истакнете најдоброто од себе, само така може да бидете среќни.rn

    12. Не чуваат омраза и лоши мисли

    rnОдберете да им простите на луѓето од вашето минато, не заради нив туку заради самите себе. Чувањето омраза во себе и памтењето на лошите работи само се пласти слој по слој уништувајќи ве и оневозможувајќи ви да живеете слободно.rn

    13. Не обрнуваат внимание на лагите

    rnСекој лаже понекогаш, само што некој лаже навистина често. Среќните луѓе не се грижат за оние кои шират лаги и невистини за нив или за нивните пријатели и блиски. Таквите личности едноставно ги игнорираат.rn

    14. Не трошат време на самосожалување

    rnПонекогаш животот не е фер, и не само кон поединци туку кон сите. Наместо да заглавите во шема на самосожалување, вперете го прстот најпрво кон себеси. Што вие може да направите за да ја подобрите ситуацијата? Ако животот ви зададе удар а вие одберете да останете на земја сожалувајќи се, никогаш нема да се исправите на нозе и да се обидете повторно.rn

    15. Не размислуваат за одмазда

    rnКроењето планови за одмазда ви троши скапоцено време и ја цица позитивната енергија. Секој може да му згреши некому, некогаш и несвесно. Ослободете се од тој товар и дозволете вашиот слободен, среќен и успешен живот да зборува наместо вас.

  • Комплексноста на светот преку уникатни фотографии

    Комплексноста на светот преку уникатни фотографии

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnТатјана Плахова е млад талентиран уметник од Москва која што има две сосема различни професии. Откако магистрирала на социјална психологија, се запишала на Високата академија за графички дизајн во Москва за да може да се занимава со нејзината најголема страст – фотографијата. Таа многу умешно ги соединува знаењата од двете области и создава уметност која не може да се спореди со ничија друга.Комплексноста на светот преку уникатни фотографииТатјана смета дека светот се развива во насока на културна комплексност, па токму преку своите дела се обидува да ја прикаже разновидноста на опкружувањето во кое живее, црпејќи инспирација од најразлични извори – релјефот, фолклорните елементи, геометријата, па дури и биологијата.Комплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографииКомплексноста на светот преку уникатни фотографии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.